Скопје Сити мол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-siti-mol/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Mar 2022 10:29:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје Сити мол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-siti-mol/ 32 32 Почнува првата сезона на Скопски моден фестивал во Сити мол https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/pochnuva-prvata-sezona-na-skopski-moden-festival-vo-siti-mol/ Fri, 04 Mar 2022 10:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=467659

Од денеска до 27 април во трговскиот центар Скопје сити мол ќе се одвива првата сезона на Скопски моден фестивал. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата.

Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела и брои над дваесет македонски и интернационални учесници.

Првиот викенд од март е резервиран за сценски спектакл со модни ревии и шоуа кои се закажани на 04.03 (петок), 05.03 (сабота) и 06.03 (недела) од 19 до 22 часот на првиот кат од Скопје Сити Мол. Ден подоцна, на 07.03 (понеделник) во 19 часот свечено ќе се отвори и тринеделниот изложбено-продажен салон во трговскиот центар, каде ексклузивно ќе можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници.

Познати имиња како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, односно брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA Jewelry ќе се запишат како првите учесници на Скопски моден фестивал, заедно со странските гости: STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово).

Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов - Excellent Kitsch, додека премиерните чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции. Првата сезона на настанот е под слоганот „The Future was Present”, а официјално ќе започне со гала вечер во петок од 19 часот во Скопје Сити Мол.

The post Почнува првата сезона на Скопски моден фестивал во Сити мол appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 27 април во трговскиот центар Скопје сити мол ќе се одвива првата сезона на Скопски моден фестивал. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата. Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела и брои над дваесет македонски и интернационални учесници. Првиот викенд од март е резервиран за сценски спектакл со модни ревии и шоуа кои се закажани на 04.03 (петок), 05.03 (сабота) и 06.03 (недела) од 19 до 22 часот на првиот кат од Скопје Сити Мол. Ден подоцна, на 07.03 (понеделник) во 19 часот свечено ќе се отвори и тринеделниот изложбено-продажен салон во трговскиот центар, каде ексклузивно ќе можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници. Познати имиња како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, односно брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA Jewelry ќе се запишат како првите учесници на Скопски моден фестивал, заедно со странските гости: STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово). Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов - Excellent Kitsch, додека премиерните чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции. Првата сезона на настанот е под слоганот „The Future was Present”, а официјално ќе започне со гала вечер во петок од 19 часот во Скопје Сити Мол.

The post Почнува првата сезона на Скопски моден фестивал во Сити мол appeared first on Република.

]]>