Скопје синема сити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-sinema-siti/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 10:30:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје синема сити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-sinema-siti/ 32 32 Прајснер: Се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас https://arhiva3.republika.mk/scena/film/prajsner-se-nadevam-deka-naskoro-ke-mozham-da-dojdam-vo-skopje-i-da-ja-spodelam-muzikata-so-publikata-bidejki-ne-ja-komponirav-muzikata-samo-za-filmovite-tuku-i-za-vas/ Tue, 02 Jul 2024 10:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=792724

Синоќа со видео порака од годинешниот добитник на наградата за животно дело, филмскиот композитор Збигњев Прајснер беше отворена филмската програма на 10. издание на Скопје Синема Сити. Во своето обраќање тој се заблагодари на фестивалот и на публиката и рече дека се надева на гостување во македонската метропола со изведба на неговите дела.

https://www.youtube.com/watch?v=RNK5NTlZges

Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворна филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити. Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од неговата музика со публиката.

 

Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот Скопје Синема Сити за ова признание за мојата работа и се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер.

 

Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“.

Проекцијата на филмот за отворање „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, беше проследена со аплауз а потоа посетителите уживаа во мало концертно музичко изненадување каде што ги споделуваа впечатоците од филмот.

Програмата продолжува вечерва со со филмовите за една џез и една панк икона: „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“.

„Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин

Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки кои режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез музичар чиј живот бил обележан од долго користење дроги.

„Џо Страмер: Иднината е ненапишана“

Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсаканите британски музичари кој е познат како фронтменот на групата The Clash.  Како фронтмен на групата The Clash почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години после неговата смрт во 2022 и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.

The post Прајснер: Се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас appeared first on Република.

]]>

Синоќа со видео порака од годинешниот добитник на наградата за животно дело, филмскиот композитор Збигњев Прајснер беше отворена филмската програма на 10. издание на Скопје Синема Сити. Во своето обраќање тој се заблагодари на фестивалот и на публиката и рече дека се надева на гостување во македонската метропола со изведба на неговите дела. https://www.youtube.com/watch?v=RNK5NTlZges Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворна филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити. Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од неговата музика со публиката.  
Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот Скопје Синема Сити за ова признание за мојата работа и се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер.
  Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“. Проекцијата на филмот за отворање „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, беше проследена со аплауз а потоа посетителите уживаа во мало концертно музичко изненадување каде што ги споделуваа впечатоците од филмот. Програмата продолжува вечерва со со филмовите за една џез и една панк икона: „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“. „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки кои режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез музичар чиј живот бил обележан од долго користење дроги. „Џо Страмер: Иднината е ненапишана“ Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсаканите британски музичари кој е познат како фронтменот на групата The Clash.  Како фронтмен на групата The Clash почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години после неговата смрт во 2022 и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.

The post Прајснер: Се надевам дека наскоро ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката со публиката, бидејќи не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас appeared first on Република.

]]>
Филмот „Карлос“ на Руди Валдез посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана го отвори 10. издание на „Скопје синема сити“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmot-karlos-na-rudi-valdez-posveten-na-golemata-gitarska-legenda-karlos-santana-go-otvori-10-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Tue, 02 Jul 2024 08:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=792588

Филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, синоќа во киното „Мирно лето“ во Кинотека го отвори 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“.  

Документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“,  претставува портрет на Сантана  и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот.

Карлос Сантана е легендарна личност во светот на музиката. Познат по својот спој на латино рок и блуз, кои за прв пат ја пленела публиката кај Филмор во Сан Франциско а потоа на Вудсток во 1969 година. Неговиот уникатен звук и импровизирачки стил веќе половина век ги трансцендираат границите.

До 4 јули проекциите на филмовите ќе започнуваат во 20.15 часот во летното кино, а во случај на дожд, проекциите ќе бидат организирани во киносалата на Кинотеката.

The post Филмот „Карлос“ на Руди Валдез посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана го отвори 10. издание на „Скопје синема сити“ appeared first on Република.

]]>

Филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, синоќа во киното „Мирно лето“ во Кинотека го отвори 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“.   Документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“,  претставува портрет на Сантана  и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот. Карлос Сантана е легендарна личност во светот на музиката. Познат по својот спој на латино рок и блуз, кои за прв пат ја пленела публиката кај Филмор во Сан Франциско а потоа на Вудсток во 1969 година. Неговиот уникатен звук и импровизирачки стил веќе половина век ги трансцендираат границите. До 4 јули проекциите на филмовите ќе започнуваат во 20.15 часот во летното кино, а во случај на дожд, проекциите ќе бидат организирани во киносалата на Кинотеката.

The post Филмот „Карлос“ на Руди Валдез посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана го отвори 10. издание на „Скопје синема сити“ appeared first on Република.

]]>
Со изложба посветена на Влатко Стефановски ќе биде отворен фестивалот Скопје Синема Сити https://arhiva3.republika.mk/scena/film/so-izlozhba-posvetena-na-vlatko-stefanovski-ke-bide-otvoren-festivalot-skopje-sinema-siti/ Wed, 26 Jun 2024 08:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=790874

Со изложбата насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“, која се состои од концертни фотографии и архивски материјали, вечерва со почеток во 21 часот, во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот Скопје Синема Сити.

Изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ претставува дел од историјата на Влатко видена низ призмата на четворица реномирани фотографи како Стефан Рајхл, Ангел Ситновски, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, а ќе бидат вклучени и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде. Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко, информираат од Скопје Синема Сити.

Филмскиот дел кој ќе се одвива во Кинотека на Македонија од 1 до 4 јули, ќе биде отворен со „Карлос“, филм за големиот гитарист Карлос Сантана, додека вториот ден ќе се прикажат филмовите „Ајде да се изгубиме“ за џез трубачот Чет Бејкер и „Џо Страмер: „Иднината е ненапишана“.

Земја во фокус на фестивалот е Полска, каде ќе бидат прикажани два филма на Грегор Брзозович, кој и ќе биде гостин на фестивалот. Исто така, Скопје Синема Сити ќе додели награда за животно дело на големиот филмски композитор Збигњев Прајснер, соопштуваат од Скопје Синема Сити.

 

The post Со изложба посветена на Влатко Стефановски ќе биде отворен фестивалот Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>

Со изложбата насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“, која се состои од концертни фотографии и архивски материјали, вечерва со почеток во 21 часот, во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот Скопје Синема Сити.
Изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ претставува дел од историјата на Влатко видена низ призмата на четворица реномирани фотографи како Стефан Рајхл, Ангел Ситновски, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, а ќе бидат вклучени и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде. Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко, информираат од Скопје Синема Сити.
Филмскиот дел кој ќе се одвива во Кинотека на Македонија од 1 до 4 јули, ќе биде отворен со „Карлос“, филм за големиот гитарист Карлос Сантана, додека вториот ден ќе се прикажат филмовите „Ајде да се изгубиме“ за џез трубачот Чет Бејкер и „Џо Страмер: „Иднината е ненапишана“.
Земја во фокус на фестивалот е Полска, каде ќе бидат прикажани два филма на Грегор Брзозович, кој и ќе биде гостин на фестивалот. Исто така, Скопје Синема Сити ќе додели награда за животно дело на големиот филмски композитор Збигњев Прајснер, соопштуваат од Скопје Синема Сити.
 

The post Со изложба посветена на Влатко Стефановски ќе биде отворен фестивалот Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>
Скопје Синема Сити ќе додели награда за животно дело на големиот филмски композитор Збигњев Прајснер https://arhiva3.republika.mk/scena/film/skopje-sinema-siti-ke-dodeli-nagrada-za-zhivotno-delo-na-golemiot-filmski-kompozitor-zbignev-prajsner/ Tue, 25 Jun 2024 12:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=790681

Со изложба на концертни фотографии како и архивски материјали, насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“ која ќе се отвори на 26-ти јуни во 21 часот во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот Скопје Синема Сити.

Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко.

Програмата на фестивалот е организирана во два дела: изложба на фотографии во галеријата Мала Станица „The Vlatko Stefanovski Experience“ и филмска програма од 1 до 4 јули и која ќе се одвива во Кинотека на Македонија.

Изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ претставува дел од историјата на Влатко видена низ призмата на четворица реномирани фотографи како Стефан Рајхл, Ангел Ситновски, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, а ќе бидат вклучени и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде. Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко.

Филмскиот дел кој ќе се одвива во Кинотека на Македонија од 1 до 4 јули, ќе биде отворен со „Карлос“, филм за големиот гитарист Карлос Сантана, додека вториот ден ќе се прикажат филмовите „Ајде да се изгубиме“ за џез трубачот Чет Бејкер и „Џо Страмер: „Иднината е ненапишана“.

Земја во фокус на фестивалот е Полска, каде ќе бидат прикажани два филма на Грегор Брзозович, кој и ќе биде гостин на фестивалот. Исто така, Скопје Синема Сити ќе додели награда за животно дело на големиот филмскиот композитор Збигњев Прајснер. Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот „No End“, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“. Нивната соработка не била само насочена кон светот на филмовите туку и кон концерти. „Requiem for my Friend“, кој е посветен на Кишловски, првично бил замислен како концертно дело со поинаква природа, кое требало да се изведува на подиуми во европските метрополи. Всушност, Кишловски и требало да го режира. Но со неговата прерана смрт во 1996 година, природата на ова дело се менува. Поделено на два дела, насловени како „Requiem“ и „Life“, ова е најемотивното дело во опусот на Прајснер.

Покрај Кишловски, Прајснер е автор на музика за десетици филмови, меѓу кои се „Damage“, „Aberdeen“, „The Secret Garden“, „Man of God“. Неговата карактеристична лиричност и емотивност довела и до многубројни соработки, како со Дејвид Гилмор од „Пинк Флојд“ и со Лиса Жерар од „Dead Can Dance“. Последната вечер е посветена на македонските филмови и ќе бидат прикажани филмовите „Лука“ на Ице Виранов и „Тале Огненовски“ на Благојче Трајковски.

The post Скопје Синема Сити ќе додели награда за животно дело на големиот филмски композитор Збигњев Прајснер appeared first on Република.

]]>

Со изложба на концертни фотографии како и архивски материјали, насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“ која ќе се отвори на 26-ти јуни во 21 часот во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот Скопје Синема Сити. Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко. Програмата на фестивалот е организирана во два дела: изложба на фотографии во галеријата Мала Станица „The Vlatko Stefanovski Experience“ и филмска програма од 1 до 4 јули и која ќе се одвива во Кинотека на Македонија. Изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ претставува дел од историјата на Влатко видена низ призмата на четворица реномирани фотографи како Стефан Рајхл, Ангел Ситновски, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, а ќе бидат вклучени и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде. Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко. Филмскиот дел кој ќе се одвива во Кинотека на Македонија од 1 до 4 јули, ќе биде отворен со „Карлос“, филм за големиот гитарист Карлос Сантана, додека вториот ден ќе се прикажат филмовите „Ајде да се изгубиме“ за џез трубачот Чет Бејкер и „Џо Страмер: „Иднината е ненапишана“. Земја во фокус на фестивалот е Полска, каде ќе бидат прикажани два филма на Грегор Брзозович, кој и ќе биде гостин на фестивалот. Исто така, Скопје Синема Сити ќе додели награда за животно дело на големиот филмскиот композитор Збигњев Прајснер. Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот „No End“, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“. Нивната соработка не била само насочена кон светот на филмовите туку и кон концерти. „Requiem for my Friend“, кој е посветен на Кишловски, првично бил замислен како концертно дело со поинаква природа, кое требало да се изведува на подиуми во европските метрополи. Всушност, Кишловски и требало да го режира. Но со неговата прерана смрт во 1996 година, природата на ова дело се менува. Поделено на два дела, насловени како „Requiem“ и „Life“, ова е најемотивното дело во опусот на Прајснер. Покрај Кишловски, Прајснер е автор на музика за десетици филмови, меѓу кои се „Damage“, „Aberdeen“, „The Secret Garden“, „Man of God“. Неговата карактеристична лиричност и емотивност довела и до многубројни соработки, како со Дејвид Гилмор од „Пинк Флојд“ и со Лиса Жерар од „Dead Can Dance“. Последната вечер е посветена на македонските филмови и ќе бидат прикажани филмовите „Лука“ на Ице Виранов и „Тале Огненовски“ на Благојче Трајковски.

The post Скопје Синема Сити ќе додели награда за животно дело на големиот филмски композитор Збигњев Прајснер appeared first on Република.

]]>
Објавена програмата за десеттото издание на Скопје Синема Сити https://arhiva3.republika.mk/scena/film/objavena-programata-za-desettoto-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Mon, 24 Jun 2024 15:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=790377

Скопје Синема Сити е филмски фестивал на музички документарни филмови. Оваа година, фестивалот слави 10 години и програмата е поделена во два дела: изложба на фотографии и проекции.

Програмата почнува со изложбата The Vlatko Stefanovski Experience Photo Exhibition во Мала Станица на 26 јуни. Отворањето е во 21 часот.

Проекциите во Кинотека на Македонија односно во киното Мирно лето (open air) ќе се одржат од 1 до 4 јули. Автори се: Stefan Rajhl, Angel Bigbrother, Ognen Acevski, Nemanja Đorđević, Vladimir Mande Mandicevski и Филиповски Тошо

Фестивалот ќе се отвори на први јули со филмот „Carlos“ за Карлос Сантана на режисерот Руди Валдес.

Земја во фокус за оваа година е Полска. Артист во фокус за оваа година е полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер кому му ја доделивме наградата за животно дело. Фестивалот ќе прикаже дел од опусот на полскиот режисер Грегор Брзозович. Тој и ќе биде гостин на фестивалот.

Последната вечер е посветена на македонскиот филм. Авторите на филмовите Vasil Mihail и Blagojce Trajkovski се и автори на книги, така што ќе имаме и две промоции на книги покрај проекциите.

Во врска со картите, соработуваме со Кинотека која ги продава на денот на проекцијата по принципот, прв дојден, прв услужен.

 

 

The post Објавена програмата за десеттото издание на Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>

Скопје Синема Сити е филмски фестивал на музички документарни филмови. Оваа година, фестивалот слави 10 години и програмата е поделена во два дела: изложба на фотографии и проекции. Програмата почнува со изложбата The Vlatko Stefanovski Experience Photo Exhibition во Мала Станица на 26 јуни. Отворањето е во 21 часот. Проекциите во Кинотека на Македонија односно во киното Мирно лето (open air) ќе се одржат од 1 до 4 јули. Автори се: Stefan Rajhl, Angel Bigbrother, Ognen Acevski, Nemanja Đorđević, Vladimir Mande Mandicevski и Филиповски Тошо Фестивалот ќе се отвори на први јули со филмот „Carlos“ за Карлос Сантана на режисерот Руди Валдес. Земја во фокус за оваа година е Полска. Артист во фокус за оваа година е полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер кому му ја доделивме наградата за животно дело. Фестивалот ќе прикаже дел од опусот на полскиот режисер Грегор Брзозович. Тој и ќе биде гостин на фестивалот. Последната вечер е посветена на македонскиот филм. Авторите на филмовите Vasil Mihail и Blagojce Trajkovski се и автори на книги, така што ќе имаме и две промоции на книги покрај проекциите. Во врска со картите, соработуваме со Кинотека која ги продава на денот на проекцијата по принципот, прв дојден, прв услужен.    

The post Објавена програмата за десеттото издание на Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>
10. издание на фестивалот Скопје синема сити почнува со изложба на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/10-izdanie-na-festivalot-skopje-sinema-siti-pochnuva-so-izlozhba-na-fotografii-the-vlatko-stefanovski-experience/ Sat, 15 Jun 2024 12:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=786754

„The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски - Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски - Манде.

 

„The Vlatko Stefanovski Experience“, е насловена изложбата на фотографии која ќе биде отворена на 26 јуни, во Мала станица, со што ќе биде означен почетокот на 10. Издание на фестивалот Скопје Синема Сити, во организација на Здружението Номад-Арт од Скопје.

Првата деценија на фестивалот кој го негува музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити, со групната изложба на фотографии посветени на нашиот гитарски виртуоз, се поистоветува и со 50. годишнината од почетокот на неговата кариера.

„The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски - Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски - Манде.

Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски низ годините, за соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери.

Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска.

Фестивалот Скопје Синема Сити, во чијшто фокус се музички документарни филмови, оваа година ќе одбележи 10 години постоење. Филмските проекции ќе се одвиваат во Кинотека на Македонија од 1 до 5 јули.

The post 10. издание на фестивалот Скопје синема сити почнува со изложба на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“ appeared first on Република.

]]>

„The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски - Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски - Манде.   „The Vlatko Stefanovski Experience“, е насловена изложбата на фотографии која ќе биде отворена на 26 јуни, во Мала станица, со што ќе биде означен почетокот на 10. Издание на фестивалот Скопје Синема Сити, во организација на Здружението Номад-Арт од Скопје. Првата деценија на фестивалот кој го негува музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити, со групната изложба на фотографии посветени на нашиот гитарски виртуоз, се поистоветува и со 50. годишнината од почетокот на неговата кариера. „The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски - Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски - Манде. Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски низ годините, за соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери. Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска. Фестивалот Скопје Синема Сити, во чијшто фокус се музички документарни филмови, оваа година ќе одбележи 10 години постоење. Филмските проекции ќе се одвиваат во Кинотека на Македонија од 1 до 5 јули.

The post 10. издание на фестивалот Скопје синема сити почнува со изложба на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“ appeared first on Република.

]]>
Со отворање на изложбата на музички фотографии „5х10“ и врачување на наградата за животно дело на Џијан Емин отворен „Скопје синема сити“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-otvorane-na-izlozhbata-na-muzichki-fotografii-5h10-i-vrachuvane-na-nagradata-za-zhivotno-delo-na-dhijan-emin-otvoren-skopje-sinema-siti/ Sun, 18 Jun 2023 13:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=652757

Под мотото  „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Македонија, вчера почна 9. издание на Скопје Синема Сити,  единствениот филмски фестивал кај нас, посветен на музичките документарни филмови.

Фестивалот.кој по деветти пат и оддава почит на синергијата меѓу музиката и филмот, годинава во својата програма вклучува изложба и три исклучителни документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“.

Фестивалот беше отворен синоќа во фоајето на Кинотеката со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Имено, станува збор за избор од по 5 фотографии на 5 истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.

Ова се луѓето кои додека ние гледаме концерт, ја документираат музиката. Перспективата на секој фотограф е тоа што ја прави особена оваа изложба, рече Ана Василевска.

За изложбата говореше фотографот Александар Кондев, кој рече дека за ваква фотографија истовремено треба да бидеш и фотограф и вљубеник во музиката.

Изненаден сум од високото ниво на фотографии на овие мои колеги. Им честитам на сите и драго ми е што во Скопје имаме вакви добри автори. Ние уживаме додека фотографираме, а кога ќе ја прикажеме фотографијата таа веќе станува историја, рече Кондев.

По изложбата, следуваше проекцијата на види  „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната  „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.

Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката,  годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика.

Џијан со целокупниот негов труд и со сето она што ни го даде низ годиниве сметаме дека во вистинскиот миг ја добива оваа награда, рече Василевска.

Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв.

Џијан Емин е мајстор композитор чија кариера имав среќа да ја следам веќе 20 години, почнувајќи од „Проџект Жлуст“, преку соработките со Кирил Џајковски, со „Фејмс“... Ми претставува голема чест што годинава тој е лауреат на нашата награда. Фестивалот ги промовира сите вредности што музиката ги нуди. Џијан има богата активна кариера, неговите вредности се покажани и ова е знак на почит кон неговото дело, рече Ненад Георгиевски, основач на Фестивалот „Скопје синема сити“.

Заблагодарувајќи се на доделеното признание, Емин рече дека „ му е особена чест и задоволство што добива ваква награда и што е дел од импресивната листа на добитници на Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, што ја доделува фестивалот „Скопје синема сити“: Ник Кејв, Дејвид Боуви, Руичи Сакамото.

Возбуден сум и пријатно изненаден. Сите успеси сум ги реализирал заедно со моите соработници со кои работам цел живот, па може оваа награда да биде заедничка на сите нас, рече Емин.

The post Со отворање на изложбата на музички фотографии „5х10“ и врачување на наградата за животно дело на Џијан Емин отворен „Скопје синема сити“ appeared first on Република.

]]>

Под мотото  „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Македонија, вчера почна 9. издание на Скопје Синема Сити,  единствениот филмски фестивал кај нас, посветен на музичките документарни филмови. Фестивалот.кој по деветти пат и оддава почит на синергијата меѓу музиката и филмот, годинава во својата програма вклучува изложба и три исклучителни документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“. Фестивалот беше отворен синоќа во фоајето на Кинотеката со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Имено, станува збор за избор од по 5 фотографии на 5 истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.
Ова се луѓето кои додека ние гледаме концерт, ја документираат музиката. Перспективата на секој фотограф е тоа што ја прави особена оваа изложба, рече Ана Василевска.
За изложбата говореше фотографот Александар Кондев, кој рече дека за ваква фотографија истовремено треба да бидеш и фотограф и вљубеник во музиката.
Изненаден сум од високото ниво на фотографии на овие мои колеги. Им честитам на сите и драго ми е што во Скопје имаме вакви добри автори. Ние уживаме додека фотографираме, а кога ќе ја прикажеме фотографијата таа веќе станува историја, рече Кондев.
По изложбата, следуваше проекцијата на види  „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната  „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли. Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката,  годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика.
Џијан со целокупниот негов труд и со сето она што ни го даде низ годиниве сметаме дека во вистинскиот миг ја добива оваа награда, рече Василевска.
Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв.
Џијан Емин е мајстор композитор чија кариера имав среќа да ја следам веќе 20 години, почнувајќи од „Проџект Жлуст“, преку соработките со Кирил Џајковски, со „Фејмс“... Ми претставува голема чест што годинава тој е лауреат на нашата награда. Фестивалот ги промовира сите вредности што музиката ги нуди. Џијан има богата активна кариера, неговите вредности се покажани и ова е знак на почит кон неговото дело, рече Ненад Георгиевски, основач на Фестивалот „Скопје синема сити“.
Заблагодарувајќи се на доделеното признание, Емин рече дека „ му е особена чест и задоволство што добива ваква награда и што е дел од импресивната листа на добитници на Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, што ја доделува фестивалот „Скопје синема сити“: Ник Кејв, Дејвид Боуви, Руичи Сакамото.
Возбуден сум и пријатно изненаден. Сите успеси сум ги реализирал заедно со моите соработници со кои работам цел живот, па може оваа награда да биде заедничка на сите нас, рече Емин.

The post Со отворање на изложбата на музички фотографии „5х10“ и врачување на наградата за животно дело на Џијан Емин отворен „Скопје синема сити“ appeared first on Република.

]]>
9.издание на „Скопје Синема Сити“, фестивалот посветен на музички документарни филмови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/9-izdanie-na-skopje-sinema-siti-festivalot-posveten-na-muzichki-dokumentarni-filmovi/ Mon, 12 Jun 2023 08:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=650351

Под мотото  „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Македонија, викендов (17 и 18 јуни), ќе биде одржано 9. издание на Скопје Синема Сити,  единствениот филмски фестивал кај нас, посветен на музичките документарни филмови.  Фестивалот. кој по деветти пат и оддава почит на синергијата меѓу музиката и филмот, годинава во својата програма вклучува изложба и три исклучителни документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“.

Фестивалот ќе биде отворен во сабота (17 јуни) во 19 часот во фоајето на Кинотеката со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Имено, станува збор за избор од по 5 фотографии на 5 истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката ќе има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.

По изложбата во 20 часот, следува проекцијата на  „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната  „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.

https://www.youtube.com/watch?v=taZe125bX-w

Следниот ден на 18 јуни ( недела) ќе следат филмот  за „Леб и сол“ насловен како  „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.

Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката,  годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв.

Визуелното решение за 9. Издание е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.

The post 9.издание на „Скопје Синема Сити“, фестивалот посветен на музички документарни филмови appeared first on Република.

]]>

Под мотото  „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Македонија, викендов (17 и 18 јуни), ќе биде одржано 9. издание на Скопје Синема Сити,  единствениот филмски фестивал кај нас, посветен на музичките документарни филмови.  Фестивалот. кој по деветти пат и оддава почит на синергијата меѓу музиката и филмот, годинава во својата програма вклучува изложба и три исклучителни документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“. Фестивалот ќе биде отворен во сабота (17 јуни) во 19 часот во фоајето на Кинотеката со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Имено, станува збор за избор од по 5 фотографии на 5 истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката ќе има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. По изложбата во 20 часот, следува проекцијата на  „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната  „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли. https://www.youtube.com/watch?v=taZe125bX-w Следниот ден на 18 јуни ( недела) ќе следат филмот  за „Леб и сол“ насловен како  „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“. Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката,  годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв. Визуелното решение за 9. Издание е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.

The post 9.издание на „Скопје Синема Сити“, фестивалот посветен на музички документарни филмови appeared first on Република.

]]>
Утре почнува Скопје синема сити 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utre-pochnuva-skopje-sinema-siti-2022/ Tue, 28 Jun 2022 19:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=520906

Со изложбата на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ утре, во галеријата на Културно информативниот центар (КИЦ), со почеток во 20 часот ќе биде означен стартот на 8. издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“. Неговата изложба насловена како „They Long For the Light of Your Touch” се состои од фотографии од бројните концерти на Ник Кејв во Белгрaд, Загреб и Нови Сад во изминатите неколку години и ќе биде премиерно поставена во регионот.

Артист во фокус на фестивалот е славниот музичар, пејач, поет, изведувач Ник Кејв и на 30-ти јуни, во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека фестивалот ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ на Јан Фoрсајт и Џејн Полард.

Земја во фокус за оваа година е Србија и во селекција на Сандра Ранчиќ директорката на фестивалот Докенритам од Белград на 1 јули ќе бидат прикажани 4 филмови кои освоиле награди на овој фестивал. Во рамките на оваа програма ќе бидат прикажани филмовите „Победниците се досадни,“ „Најважниот дечко на светот,“ „Репетитор“ и „Викторија.“

На 2 јули ќе бидат прикажани филмови од џез и блуз рок жанрот и ќе бидат прикажани филмовите за џез дивата Ела Фицџералд „Една од оние работи“ која се смета за најдобрата џез пејачка на сите времиња. Преку бројни сведоштва и концертни снимки, филмот го прикажува нејзиниот живот од сирак па до најголемата џез ѕвезда. Истата вечер ќе биде прикажан филмот за Рони Вуд, членот на Ролинг Стоунси, чија бурна кариера го сместува со средиштето на музичката револуција во Британија во ‘60те а потоа и со Стоунси до ден денес.

На 4 јули, фестивалот ќе направи ретроспектива на македонскиот режисер Јане Алтипармаков и ќе бидат прикажани неколку негови кратки и долгометражни филмови „Гето 103“ „Бадминтонс“ „Фолтин се јави“ i „The Hip- Reality Overdrive.”

Завршната вечер е посветена на електронската музика со филмот „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок.“ „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Изложбата ќе се отвори во 20 часот, додека проекциите во летното кино во Кинотека ќе започнуваат во 20 часот. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Македонија, Културно Информативниот Центар, ПР агенција Навигаторс и „Спона“ центарот за култура на србите во Македонија.

 

The post Утре почнува Скопје синема сити 2022 appeared first on Република.

]]>

Со изложбата на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ утре, во галеријата на Културно информативниот центар (КИЦ), со почеток во 20 часот ќе биде означен стартот на 8. издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“. Неговата изложба насловена како „They Long For the Light of Your Touch” се состои од фотографии од бројните концерти на Ник Кејв во Белгрaд, Загреб и Нови Сад во изминатите неколку години и ќе биде премиерно поставена во регионот. Артист во фокус на фестивалот е славниот музичар, пејач, поет, изведувач Ник Кејв и на 30-ти јуни, во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека фестивалот ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ на Јан Фoрсајт и Џејн Полард. Земја во фокус за оваа година е Србија и во селекција на Сандра Ранчиќ директорката на фестивалот Докенритам од Белград на 1 јули ќе бидат прикажани 4 филмови кои освоиле награди на овој фестивал. Во рамките на оваа програма ќе бидат прикажани филмовите „Победниците се досадни,“ „Најважниот дечко на светот,“ „Репетитор“ и „Викторија.“ На 2 јули ќе бидат прикажани филмови од џез и блуз рок жанрот и ќе бидат прикажани филмовите за џез дивата Ела Фицџералд „Една од оние работи“ која се смета за најдобрата џез пејачка на сите времиња. Преку бројни сведоштва и концертни снимки, филмот го прикажува нејзиниот живот од сирак па до најголемата џез ѕвезда. Истата вечер ќе биде прикажан филмот за Рони Вуд, членот на Ролинг Стоунси, чија бурна кариера го сместува со средиштето на музичката револуција во Британија во ‘60те а потоа и со Стоунси до ден денес. На 4 јули, фестивалот ќе направи ретроспектива на македонскиот режисер Јане Алтипармаков и ќе бидат прикажани неколку негови кратки и долгометражни филмови „Гето 103“ „Бадминтонс“ „Фолтин се јави“ i „The Hip- Reality Overdrive.” Завршната вечер е посветена на електронската музика со филмот „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок.“ „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера. Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Изложбата ќе се отвори во 20 часот, додека проекциите во летното кино во Кинотека ќе започнуваат во 20 часот. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Македонија, Културно Информативниот Центар, ПР агенција Навигаторс и „Спона“ центарот за култура на србите во Македонија.  

The post Утре почнува Скопје синема сити 2022 appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии од Ник Кејв за старт на „Скопје синема сити“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-fotografii-od-nik-kejv-za-start-na-skopje-sinema-siti/ Fri, 24 Jun 2022 11:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=519274

Осмото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе се отвори на 29 јуни (20 ч), во галеријата на КИЦ, со изложба српскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ.

Изложбата е насловена “They Long for the Light of Your Touch“ и е комплетно посветена на годинешниот лауреат на фестивалот, Ник Кејв, кој ќе добие признание за животно дело.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека, Културно-информативниот центар, Здружението на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението „Номад-арт“.

 

The post Изложба на фотографии од Ник Кејв за старт на „Скопје синема сити“ appeared first on Република.

]]>

Осмото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе се отвори на 29 јуни (20 ч), во галеријата на КИЦ, со изложба српскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ. Изложбата е насловена “They Long for the Light of Your Touch“ и е комплетно посветена на годинешниот лауреат на фестивалот, Ник Кејв, кој ќе добие признание за животно дело. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека, Културно-информативниот центар, Здружението на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението „Номад-арт“.  

The post Изложба на фотографии од Ник Кејв за старт на „Скопје синема сити“ appeared first on Република.

]]>
Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozba-na-fotografii-od-nik-kejv-na-belgradskiot-fotograf-nemanja-gjorgjevikj-zapochnuva-osmoto-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Sat, 18 Jun 2022 12:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=516656

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити. Изложбата ќе се одржи на 29. јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19:00 часот.

 

Фестивалот за музички документарни филмови, Скопје Синема Сити ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30. јуни во летното кино „Мирно лето“ – Кинотека на РСМ.

 

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.

 

 

The post Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити. Изложбата ќе се одржи на 29. јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19:00 часот.   Фестивалот за музички документарни филмови, Скопје Синема Сити ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30. јуни во летното кино „Мирно лето“ – Кинотека на РСМ.   Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.    

The post Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>
Ник Кејв во фокусот на 8. издание на Скопје Синема Сити https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nik-kejv-vo-fokusot-na-8-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Tue, 07 Jun 2022 12:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=512227

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити. Изложбата ќе се одржи на 29. јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19:00 часот.

Фестивалот за музички документарни филмови, Скопје Синема Сити ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30. јуни во летното кино „Мирно лето“ – Кинотека на РСМ.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.

The post Ник Кејв во фокусот на 8. издание на Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити. Изложбата ќе се одржи на 29. јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19:00 часот. Фестивалот за музички документарни филмови, Скопје Синема Сити ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30. јуни во летното кино „Мирно лето“ – Кинотека на РСМ. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.

The post Ник Кејв во фокусот на 8. издание на Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>