Скопје Север Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-sever/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Nov 2022 17:06:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје Север Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-sever/ 32 32 Привремено решен проблемот со парно од топланата Скопје-Север, обезбедени пари за гас за 10 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/privremeno-reshen-problemot-so-parno-od-toplanata-skopje-sever-obezbedeni-pari-za-gas-za-10-dena/ Mon, 14 Nov 2022 17:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=573802

Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата Скопје Север за следните 10 дена, потврди првиот човек на топланата Куштрим Рамадани.

Во изјава за МИА, Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење.

Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика каде присуствуваа и претставници од ЕСМ, изјави Рамадани.

Без парно греење останаа домаќинства, училишта, градинки, здравствени установи од Чаир, Бутел и Топанско поле поради тоа што не беше потпишан договорот за деловно техничка соработка меѓу топланата Скопје-Север и АД ЕСМ.

The post Привремено решен проблемот со парно од топланата Скопје-Север, обезбедени пари за гас за 10 дена appeared first on Република.

]]>

Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата Скопје Север за следните 10 дена, потврди првиот човек на топланата Куштрим Рамадани. Во изјава за МИА, Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење.
Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика каде присуствуваа и претставници од ЕСМ, изјави Рамадани.
Без парно греење останаа домаќинства, училишта, градинки, здравствени установи од Чаир, Бутел и Топанско поле поради тоа што не беше потпишан договорот за деловно техничка соработка меѓу топланата Скопје-Север и АД ЕСМ.  

The post Привремено решен проблемот со парно од топланата Скопје-Север, обезбедени пари за гас за 10 дена appeared first on Република.

]]>
Топланата Скопје -Север има гас само за следните три дена, ЕСМ не му дава пари поради долгови од минатата грејна сезона https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/toplanata-skopje-sever-ima-gas-samo-za-slednite-tri-dena-esm-ne-mu-dava-pari-poradi-dolgovi-od-minatata-grejna-sezona/ Mon, 17 Oct 2022 13:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=562131

ЕСМ нема да му даде пари на претпријатието поради долгови од минатата грејна сезона. Директорот Куштрим Рамадани одново ги повика надлежните да изнајдат начин да помогнат бидејќи гас има само за следните 3 дена.

Вели дека до крајот на март на располагање имаат 1 милион евра за набавка на енергенси но со сегашните цени на берза претпоставките се дека трошоците би се зголемиле најмалку двојно.

„Цените на горивото беа многу високи а согласно одлуката на Регулаторна ние фактуриравме и фактурираме со пониски цени. Ние плаќаме 120 а продаваме за 60 денари така што на ваков начин системот е неодржлив. Излегоа во пресрет господата од Промгас и плативме за неколку дена, колку што имавме. Ги убедивме два пати веќе но трет пат нема да има.“- Куштрим Рамадани, директор на Скопје – Север АД.

The post Топланата Скопје -Север има гас само за следните три дена, ЕСМ не му дава пари поради долгови од минатата грејна сезона appeared first on Република.

]]>

ЕСМ нема да му даде пари на претпријатието поради долгови од минатата грејна сезона. Директорот Куштрим Рамадани одново ги повика надлежните да изнајдат начин да помогнат бидејќи гас има само за следните 3 дена. Вели дека до крајот на март на располагање имаат 1 милион евра за набавка на енергенси но со сегашните цени на берза претпоставките се дека трошоците би се зголемиле најмалку двојно.
„Цените на горивото беа многу високи а согласно одлуката на Регулаторна ние фактуриравме и фактурираме со пониски цени. Ние плаќаме 120 а продаваме за 60 денари така што на ваков начин системот е неодржлив. Излегоа во пресрет господата од Промгас и плативме за неколку дена, колку што имавме. Ги убедивме два пати веќе но трет пат нема да има.“- Куштрим Рамадани, директор на Скопје – Север АД.

The post Топланата Скопје -Север има гас само за следните три дена, ЕСМ не му дава пари поради долгови од минатата грејна сезона appeared first on Република.

]]>
Скопје Север добива пристапни патеки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-sever-dobiva-pristapni-pateki/ Fri, 16 Sep 2022 14:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=551508

Општина Бутел започнува со изградба на 17 пристапни патеки во Скопје Север, обави градоначалникот Дарко Костовски на Фејсбук. Тој се пофаали дека во работното лето на општината секој ден започнуват нов проект.

👷 Денес започнавме со изградба на 1️⃣7️⃣ пристапни патеки до станбените згради со павер елементи во Скопје Север.
🏗 Ќе се реконструираат пристапните влезови на станбените згради и ќе се надмине проблемот со поплавување на влезовите.
🛠 Градежното лето се одвива со силна динамика.
Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните.
Еднаков рамномерен развој на сите населени места, пишува Костовски.

The post Скопје Север добива пристапни патеки appeared first on Република.

]]>

Општина Бутел започнува со изградба на 17 пристапни патеки во Скопје Север, обави градоначалникот Дарко Костовски на Фејсбук. Тој се пофаали дека во работното лето на општината секој ден започнуват нов проект. 👷 Денес започнавме со изградба на 1️⃣7️⃣ пристапни патеки до станбените згради со павер елементи во Скопје Север. 🏗 Ќе се реконструираат пристапните влезови на станбените згради и ќе се надмине проблемот со поплавување на влезовите. 🛠 Градежното лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните. Еднаков рамномерен развој на сите населени места, пишува Костовски.

The post Скопје Север добива пристапни патеки appeared first on Република.

]]>
Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-kje-mu-prefrli-shest-milioni-evra-na-esm-za-da-go-prezeme-upravuvanjeto-so-beg-i-skopje-sever/ Fri, 21 Jan 2022 12:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=447690

Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Овие средства, како што кажа при денешната посета на општина Сарај, ќе се користат и во делот на плаќањето на разликата од реалната и постојната цена на топлинска енергија за цела 2022 година.

Прашан дали само шест милиони евра ќе бидат доволни за целата грејна сезона, Бектеши рече дека таквите проекции се направени од страна на ЕСМ, Регулаторната комисија за енергетика и раководството на ЕСМ – Енергетика, која произведува топлинска енергија, согласно постојните цени и берзанските цени на природниот гас за јануари.

Ќе видиме како ќе се движат и фјучерсите посебно за месеците февруари и март и откако ќе имаме понуди секако дека може тоа да биде и помалку, а може да биде и поголема цената што ќе не чини. Но, најверојатно согласно сите предвидувања цените ќе бидат помали од тоа што беа за јануари, рече Бектеши.

Прашан дали ЕСМ има доволно количини на јаглен за производство на електрична енергија, Бектеши посочи дека во моментов на депонија има околу 250 илјади тони.

Како што ме информира Комисијата која ја следи ситуацијата во делот на енергетиката и во топлинската и во електричната енергија можам само да ве информирам дека на депонија имаме околу 250 илјади тони за потребите на РЕК Битола што пред три-четири месеци не надминуваше ни 40 илјади тони. Количините се и наши и од увоз. Со овие 250 илјади тони РЕК Битола работи во континуитет, а дополнително тие може да се користат за да се зголеми производството ако има потреба и ако номинациите за некој ден би биле поголеми, потенцира Бектеши.

The post Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север appeared first on Република.

]]>

Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Овие средства, како што кажа при денешната посета на општина Сарај, ќе се користат и во делот на плаќањето на разликата од реалната и постојната цена на топлинска енергија за цела 2022 година. Прашан дали само шест милиони евра ќе бидат доволни за целата грејна сезона, Бектеши рече дека таквите проекции се направени од страна на ЕСМ, Регулаторната комисија за енергетика и раководството на ЕСМ – Енергетика, која произведува топлинска енергија, согласно постојните цени и берзанските цени на природниот гас за јануари.
Ќе видиме како ќе се движат и фјучерсите посебно за месеците февруари и март и откако ќе имаме понуди секако дека може тоа да биде и помалку, а може да биде и поголема цената што ќе не чини. Но, најверојатно согласно сите предвидувања цените ќе бидат помали од тоа што беа за јануари, рече Бектеши.
Прашан дали ЕСМ има доволно количини на јаглен за производство на електрична енергија, Бектеши посочи дека во моментов на депонија има околу 250 илјади тони.
Како што ме информира Комисијата која ја следи ситуацијата во делот на енергетиката и во топлинската и во електричната енергија можам само да ве информирам дека на депонија имаме околу 250 илјади тони за потребите на РЕК Битола што пред три-четири месеци не надминуваше ни 40 илјади тони. Количините се и наши и од увоз. Со овие 250 илјади тони РЕК Битола работи во континуитет, а дополнително тие може да се користат за да се зголеми производството ако има потреба и ако номинациите за некој ден би биле поголеми, потенцира Бектеши.

The post Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север appeared first on Република.

]]>
Скопје Север остана без греење: „Топлана“ не може да се справи со новата цена на гасот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-sever-ostana-bez-greenje-toplana-ne-moze-da-se-spravi-so-novata-cena-na-gasot/ Thu, 06 Jan 2022 17:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=441386

Веќе неколку дена населбата Скопје Север нема парно греење. Во екот на зимата, на ниски температури, жителите од овој дел од градот останаа без греење, објави ТВ21.

Агим Лека, вели дека не е фер што немаат греење, иако имаат склучено договор.

Се однесуваат како што им е ќеифот, не се казнувани од никого, не поднесуваат сметка пред никого, а граѓаните остануваат без услугата која ја плаќаат за да биде квалитетна. И ова што се случува сега со покачувањето на цената на сред сезона не е во ред, бидејќи ние склучуваме договор со компанијата. Склучуваме договор по одредена цена, тие не ни ја кажуваат бидејќи во меѓувреме можат да се покачат цените… тогаш ќе мора да бараме алтернативни извори - вели Агим Лека, граѓанин на Скопје Север.

Граѓаните се обиделе да стапат во контакт со „Топлана Скопје Север“, но како што велат, телефонот бил исклучен, па поради тоа биле принудени да се јават на приватни броеви за да добијат одговор.

Се обидовме да контактираме со Топлана, но телефонот беше исклучен. Се јавивме на приватните броеви што ги имаме и ни рекоа дека најлошо е тоа што поради празниците нема да имаме греење до понеделник или вторник - велат граѓаните.

Од „Топлана Скопје Север“ велат дека проблемот е поголем отколку што изгледа. Објаснуваат дека побарале помош од надлежните органи поради недостигот на гас.

Врз основа на договорот за снабдување со природен гас за 2022 година со Макпетрол Пром Гас имаме обврска авансно да ги плаќаме месечните планирани количества природен гас. Поради енормно зголемените цени на природниот гас друштвото претрпе ненадоместлива штета и не беше во можност да ги обезбеди потребните финансиски средства за природен гас. Од страна на Макпетрол Пром Гас на ден 05.01.2022 година во 10 часот направен е прекин во испораката на природен гас, а со тоа и прекин во испораката на топлинска енергија до корисниците - пишува во одговорот што го испратиле до ТВ21.

Од „Топлана Скопје Север“ додаваат дека за да се надмине проблемот потребно е да се вклучат и надлежните институции за да се исплати заостанатиот дол за испорачаната топлинска енергија, со што истовремено би се обезбедила и дополнителна финансиска помош која би придонела за натамошното функционирање на Топланата.

The post Скопје Север остана без греење: „Топлана“ не може да се справи со новата цена на гасот appeared first on Република.

]]>

Веќе неколку дена населбата Скопје Север нема парно греење. Во екот на зимата, на ниски температури, жителите од овој дел од градот останаа без греење, објави ТВ21. Агим Лека, вели дека не е фер што немаат греење, иако имаат склучено договор.