скопје - сараево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-saraevo/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 09:21:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопје - сараево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-saraevo/ 32 32 Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vovedena-nova-aviolinija-skopje-saraevo/ Tue, 03 Oct 2023 09:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=687372

Профункционира новата авиолинија на релацијата Скопје-Сараево, што ќе ја опслужува трипати неделно (понеделник, среда и петок) грчката национална авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. За првите патници во заминување на првиот лет за Сараево ТАВ Аеродроми синоќа организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје и им додели симболични подароци за добар пат.

До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје. во 21:50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024.

-Веруваме дека оваа нова авиолинија ќе ја задоволи потребата на патниците за брзо и удобно да стигнат од Скопје во Сараево за нешто повеќе од еден час, наместо копнените видови превоз кои траат долги часови и значат исцрпувачки патувања меѓу двата главни града. Сега, луѓето од Сараево можат со летот на AEGEAN да пристигнат во Скопје за речиси еден час, и да ги откриваат неговите популарни места за разгледување и културно наследство за време на нивниот одмор во градот или пак за време на продолжени рекреативни патувања во земјата, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Роланд Јаги, главен комерцијален директор на „Ејџијан“, истакна дека со  новиот лет сакаат да ја зголемат поврзаноста и да го прошират  присуството на балканските простори.

-Со нашите висококвалитетни услуги сакаме да ја промовираме меѓудржавната мобилност, да го промовираме туризмот и да ги зајакнеме трговските односи, не само меѓу двете земји, туку и со Грција. Воведувањето на оваа нова авиолинија е и резултат на соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Скопје и би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од ТАВ за одличното партнерство што го имаме, рече Јаги.

Важноста на новата авиолинија ја истакнува и Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево, кој посочува дека нејзиното воведување е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу скопскиот аеродром, управуван од ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Сараево и грчката авиокомпанија AEGEAN.

-Возбудени сме што AEGEAN ја препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа линија како одлично подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Сараево ќе биде долга и успешна, изјави Бајиќ.

Во периодот од јануари до август годинава се регистрирани 2.049.157 патници на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова, според евиденцијата на ТАВ Аеродроми, претставува пораст од 32 проценти споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15 проценти зголемување на бројот на патници.  Во осумте месеци од годинава реализирани се 15.344 летови, или 20 проценти повеќе летови од 2022, односно четири проценти повеќе споредено со 2019 година. 

The post Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево appeared first on Република.

]]>

Профункционира новата авиолинија на релацијата Скопје-Сараево, што ќе ја опслужува трипати неделно (понеделник, среда и петок) грчката национална авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. За првите патници во заминување на првиот лет за Сараево ТАВ Аеродроми синоќа организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје и им додели симболични подароци за добар пат. До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје. во 21:50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024. -Веруваме дека оваа нова авиолинија ќе ја задоволи потребата на патниците за брзо и удобно да стигнат од Скопје во Сараево за нешто повеќе од еден час, наместо копнените видови превоз кои траат долги часови и значат исцрпувачки патувања меѓу двата главни града. Сега, луѓето од Сараево можат со летот на AEGEAN да пристигнат во Скопје за речиси еден час, и да ги откриваат неговите популарни места за разгледување и културно наследство за време на нивниот одмор во градот или пак за време на продолжени рекреативни патувања во земјата, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Роланд Јаги, главен комерцијален директор на „Ејџијан“, истакна дека со  новиот лет сакаат да ја зголемат поврзаноста и да го прошират  присуството на балканските простори. -Со нашите висококвалитетни услуги сакаме да ја промовираме меѓудржавната мобилност, да го промовираме туризмот и да ги зајакнеме трговските односи, не само меѓу двете земји, туку и со Грција. Воведувањето на оваа нова авиолинија е и резултат на соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Скопје и би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од ТАВ за одличното партнерство што го имаме, рече Јаги. Важноста на новата авиолинија ја истакнува и Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево, кој посочува дека нејзиното воведување е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу скопскиот аеродром, управуван од ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Сараево и грчката авиокомпанија AEGEAN. -Возбудени сме што AEGEAN ја препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа линија како одлично подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Сараево ќе биде долга и успешна, изјави Бајиќ. Во периодот од јануари до август годинава се регистрирани 2.049.157 патници на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова, според евиденцијата на ТАВ Аеродроми, претставува пораст од 32 проценти споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15 проценти зголемување на бројот на патници.  Во осумте месеци од годинава реализирани се 15.344 летови, или 20 проценти повеќе летови од 2022, односно четири проценти повеќе споредено со 2019 година. 

The post Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево appeared first on Република.

]]>
Од октомври стартува нова авиолинија Скопје-Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-oktomvri-startuva-nova-aviolinija-skopje-saraevo/ Sat, 29 Jul 2023 07:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=666516

Скопје и Сараево се поврзуваат со директна авиолинија. Летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, ќе ги спроведува грчкиот национален авиопревозник „Егеан“ (AEGEAN), член на „Стар алајанс“ (STAR ALLIANCE), најавуваат од ТАВ Аеродроми.

Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2 октомври 2023 година, со воздухоплов ATР72-600, со три лета неделно, односно секој понеделник, среда и петок.

Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на „Егеан“ за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични.

Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на „Егеан“ https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции.

The post Од октомври стартува нова авиолинија Скопје-Сараево appeared first on Република.

]]>

Скопје и Сараево се поврзуваат со директна авиолинија. Летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, ќе ги спроведува грчкиот национален авиопревозник „Егеан“ (AEGEAN), член на „Стар алајанс“ (STAR ALLIANCE), најавуваат од ТАВ Аеродроми. Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2 октомври 2023 година, со воздухоплов ATР72-600, со три лета неделно, односно секој понеделник, среда и петок.
Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на „Егеан“ за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични. Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на „Егеан“ https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции.

The post Од октомври стартува нова авиолинија Скопје-Сараево appeared first on Република.

]]>