Скопје филм фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-film-festival/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Sep 2022 07:11:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје филм фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-film-festival/ 32 32 Со новиот филм на Гаспар Ное завршува 25. Скопје филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-noviot-film-na-gaspar-noe-zavrshuva-25-skopje-film-festival/ Sat, 17 Sep 2022 07:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=551627

Завршува 25-тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал. Во Кинотека вечер ќе бидат прикажани филмовите „Едно убаво утро“ на режисерката Миа Хансен -Лов од програмата Фокус на европски филм и најновиот филм на Гаспар Ное „Врлог“ од програмата Авторски филм.

– Миленичката на фестивалите, режисерката Миа Хансен-Лов се враќа пред филмската публика со длабоко впечатлива хроника за жена што е преплавена со своите обврски како мајка, ќерка, работничка и љубовница. Со повеќеслојната изведба на Леа Сејду, „Едно убаво утро“ фрла светлина на чудата и турбуленциите на секојдневниот живот. Впечатливата елеганција на пристапот на режисерката произлегува од нејзината доверба во целосно развиените ликови и од одбивањето да внесе вештачка драма во настаните од нивниот живот. Леа Сејду е ретка француска ѕвезда што лесно минува од холивудски блокбастери (серијалот за Џејмс Бонд), во смели интернационални дела („Јастог“, „Злосторства на иднината“ на Кроненберг) и најдобрите француски филмови е неверојатно реалистична во главната улога, соопшти тимот на Скопје филм фестивал.

„Вртлог“, посочуваат оттаму, е приказна за двајца партнери што живеат во блиски, но одделни, паралелни светови, борејќи се со староста и деменцијата. Додека талкаат низ тесниот стан преполн со мебел, мора да се помират со мислите за смртта и за крајот што ги чека набрзо. Мрачната перспектива и очајот стануваат дел од приказната, а двојката, во изведба на Дарио Арџенто и Франсоаз Лебрун, гледа како нивната поврзаност полека се распаѓа додека болеста напредува. Гаспар Ное решил да ја прикаже изолираноста на деменцијата снимајќи го целиот филм на поделен екран, мајсторско решение што нуди автентичност како „еден ден во животот“, со бавна тензија и возбудлива филозофска горчина. Поделениот екран станува визуелна метафора за начинот на кој деменцијата ја еродира способноста на човекот да комуницира со своите сакани. За да им даде што е можно повеќе простор, Гаспар Ное решава да снима со две рачни камери што ги следат главните ликови, што полека води до моќна кулминација. Филмско искуство што бара внимание и посветеност на големиот екран, „Вртлог“ е ремек-дело и можеби е најдобриот и најчувствителен филм на Гаспар Ное досега. мс/са/

The post Со новиот филм на Гаспар Ное завршува 25. Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Завршува 25-тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал. Во Кинотека вечер ќе бидат прикажани филмовите „Едно убаво утро“ на режисерката Миа Хансен -Лов од програмата Фокус на европски филм и најновиот филм на Гаспар Ное „Врлог“ од програмата Авторски филм.
– Миленичката на фестивалите, режисерката Миа Хансен-Лов се враќа пред филмската публика со длабоко впечатлива хроника за жена што е преплавена со своите обврски како мајка, ќерка, работничка и љубовница. Со повеќеслојната изведба на Леа Сејду, „Едно убаво утро“ фрла светлина на чудата и турбуленциите на секојдневниот живот. Впечатливата елеганција на пристапот на режисерката произлегува од нејзината доверба во целосно развиените ликови и од одбивањето да внесе вештачка драма во настаните од нивниот живот. Леа Сејду е ретка француска ѕвезда што лесно минува од холивудски блокбастери (серијалот за Џејмс Бонд), во смели интернационални дела („Јастог“, „Злосторства на иднината“ на Кроненберг) и најдобрите француски филмови е неверојатно реалистична во главната улога, соопшти тимот на Скопје филм фестивал.
„Вртлог“, посочуваат оттаму, е приказна за двајца партнери што живеат во блиски, но одделни, паралелни светови, борејќи се со староста и деменцијата. Додека талкаат низ тесниот стан преполн со мебел, мора да се помират со мислите за смртта и за крајот што ги чека набрзо. Мрачната перспектива и очајот стануваат дел од приказната, а двојката, во изведба на Дарио Арџенто и Франсоаз Лебрун, гледа како нивната поврзаност полека се распаѓа додека болеста напредува. Гаспар Ное решил да ја прикаже изолираноста на деменцијата снимајќи го целиот филм на поделен екран, мајсторско решение што нуди автентичност како „еден ден во животот“, со бавна тензија и возбудлива филозофска горчина. Поделениот екран станува визуелна метафора за начинот на кој деменцијата ја еродира способноста на човекот да комуницира со своите сакани. За да им даде што е можно повеќе простор, Гаспар Ное решава да снима со две рачни камери што ги следат главните ликови, што полека води до моќна кулминација. Филмско искуство што бара внимание и посветеност на големиот екран, „Вртлог“ е ремек-дело и можеби е најдобриот и најчувствителен филм на Гаспар Ное досега. мс/са/

The post Со новиот филм на Гаспар Ное завршува 25. Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Со новиот филм на Гаспар Ное утре завршува 25. Скопје филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-noviot-film-na-gaspar-noe-utre-zavrshuva-25-skopje-film-festival/ Fri, 16 Sep 2022 10:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=551356

Утревечер (сабота, 17 септември) завршува 25-тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал. Во Кинотека ќе бидат прикажани филмовите „Едно убаво утро“ на режисерката Миа Хансен -Лов (20 часот) од програмата Фокус на европски филм и најновиот филм на Гаспар Ное „Врлог“ (22 часот) од програмата Авторски филм.
Миленичката на фестивалите, режисерката Миа Хансен-Лов се враќа пред филмската публика со длабоко впечатлива хроника за жена што е преплавена со своите обврски како мајка, ќерка, работничка и љубовница. Со повеќеслојната изведба на Леа Сејду, „Едно убаво утро“ фрла светлина на чудата и турбуленциите на секојдневниот живот. Впечатливата елеганција на пристапот на режисерката произлегува од нејзината доверба во целосно развиените ликови и од одбивањето да внесе вештачка драма во настаните од нивниот живот. Леа Сејду е ретка француска ѕвезда што лесно минува од холивудски блокбастери (серијалот за Џејмс Бонд), во смели интернационални дела („Јастог“, „Злосторства на иднината“ на Кроненберг) и најдобрите француски филмови е неверојатно реалистична во главната улога.


„Вртлог“ е приказна за двајца партнери што живеат во блиски, но одделни, паралелни светови, борејќи се со староста и деменцијата. Додека талкаат низ тесниот стан преполн со мебел, мора да се помират со мислите за смртта и за крајот што ги чека набрзо. Мрачната перспектива и очајот стануваат дел од приказната, а двојката, во изведба на Дарио Арџенто и Франсоаз Лебрун, гледа како нивната поврзаност полека се распаѓа додека болеста напредува. Гаспар Ное решил да ја прикаже изолираноста на деменцијата снимајќи го целиот филм на поделен екран, мајсторско решение што нуди автентичност како „еден ден во животот“, со бавна тензија и возбудлива филозофска горчина. Поделениот екран станува визуелна метафора за начинот на кој деменцијата ја еродира способноста на човекот да комуницира со своите сакани. За да им даде што е можно повеќе простор, Гаспар Ное решава да снима со две рачни камери што ги следат главните ликови, што полека води до моќна кулминација. Филмско искуство што бара внимание и посветеност на големиот екран, „Вртлог“ е ремек-дело и можеби е најдобриот и најчувствителен филм на Гаспар Ное досега.


Во рамки на програмата на Скопје филм фестивал, вчера (четврток, 15 септември) се одржа промоцијата на збирката реценции на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“.

Во разговорот со режисерката Лидија Мојсовска, таа рече дека за насловот на книгата се инспирирала од јапонски филм за машините наспроти духот, како и од универзалното и безвремено значење на школката како древен симболички објект. Во книгата се поместени 64 рецензии, а Уневска истакна дека имала намера да се осврне на филмските дела на еден поинаков, есеистички начин, потпирајќи се на повеќе на темите, отколку на техничките и занаетските елементи на филмот, обидувајќи се на аналитички и безвремен начин да проговори за она со кое човекот отсекогаш е преокупиран, но сето тоа испреплетено и со актуелните теми што се обележје на денешното живеење. Книгата е издание на „Аквариус“.

The post Со новиот филм на Гаспар Ное утре завршува 25. Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Утревечер (сабота, 17 септември) завршува 25-тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал. Во Кинотека ќе бидат прикажани филмовите „Едно убаво утро“ на режисерката Миа Хансен -Лов (20 часот) од програмата Фокус на европски филм и најновиот филм на Гаспар Ное „Врлог“ (22 часот) од програмата Авторски филм. Миленичката на фестивалите, режисерката Миа Хансен-Лов се враќа пред филмската публика со длабоко впечатлива хроника за жена што е преплавена со своите обврски како мајка, ќерка, работничка и љубовница. Со повеќеслојната изведба на Леа Сејду, „Едно убаво утро“ фрла светлина на чудата и турбуленциите на секојдневниот живот. Впечатливата елеганција на пристапот на режисерката произлегува од нејзината доверба во целосно развиените ликови и од одбивањето да внесе вештачка драма во настаните од нивниот живот. Леа Сејду е ретка француска ѕвезда што лесно минува од холивудски блокбастери (серијалот за Џејмс Бонд), во смели интернационални дела („Јастог“, „Злосторства на иднината“ на Кроненберг) и најдобрите француски филмови е неверојатно реалистична во главната улога. „Вртлог“ е приказна за двајца партнери што живеат во блиски, но одделни, паралелни светови, борејќи се со староста и деменцијата. Додека талкаат низ тесниот стан преполн со мебел, мора да се помират со мислите за смртта и за крајот што ги чека набрзо. Мрачната перспектива и очајот стануваат дел од приказната, а двојката, во изведба на Дарио Арџенто и Франсоаз Лебрун, гледа како нивната поврзаност полека се распаѓа додека болеста напредува. Гаспар Ное решил да ја прикаже изолираноста на деменцијата снимајќи го целиот филм на поделен екран, мајсторско решение што нуди автентичност како „еден ден во животот“, со бавна тензија и возбудлива филозофска горчина. Поделениот екран станува визуелна метафора за начинот на кој деменцијата ја еродира способноста на човекот да комуницира со своите сакани. За да им даде што е можно повеќе простор, Гаспар Ное решава да снима со две рачни камери што ги следат главните ликови, што полека води до моќна кулминација. Филмско искуство што бара внимание и посветеност на големиот екран, „Вртлог“ е ремек-дело и можеби е најдобриот и најчувствителен филм на Гаспар Ное досега. Во рамки на програмата на Скопје филм фестивал, вчера (четврток, 15 септември) се одржа промоцијата на збирката реценции на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“. Во разговорот со режисерката Лидија Мојсовска, таа рече дека за насловот на книгата се инспирирала од јапонски филм за машините наспроти духот, како и од универзалното и безвремено значење на школката како древен симболички објект. Во книгата се поместени 64 рецензии, а Уневска истакна дека имала намера да се осврне на филмските дела на еден поинаков, есеистички начин, потпирајќи се на повеќе на темите, отколку на техничките и занаетските елементи на филмот, обидувајќи се на аналитички и безвремен начин да проговори за она со кое човекот отсекогаш е преокупиран, но сето тоа испреплетено и со актуелните теми што се обележје на денешното живеење. Книгата е издание на „Аквариус“.

The post Со новиот филм на Гаспар Ное утре завршува 25. Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Најновиот филм на Бандерас и Пенелопе Круз „Официјална конкуренција“ утре на Скопје филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/najnoviot-film-na-banderas-i-penelope-kruz-oficijalna-konkurencija-utre-na-skopje-film-festival/ Thu, 15 Sep 2022 10:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=550995

Програмата на 25 –тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал утре (петок, 16 септември) продолжува со филмовите „Официјална конкуренција“ и „Соколово езеро“. Проекциите се одржуваат во Кинотека на Македонија со почеток од 20 и 22 часот. Двата филма се дел од Програмата на светски филм.

„Официјална конкуренција“ е шпанско – аргентинска продукција од 2021 година, станува збор за сатиричната комедија на аргентинските режисери Гастон Дупрат и Мариано Кон и е приказ на креирање филм, брилијантно одигран од Антонио Бандерас и Пенелопе Круз, две икони на шпанскиот филм. Филмот нуди интелигентен увид во суетите и илузиите на филмскиот бизнис. Бизнисмен милијардер, кој е во потрага по слава и општествен престиж, решава да сними уникатен, невиден филм дотогаш. За таа цел ги ангажира најдобрите: ѕвездена екипа составена од многу познат режисер и двајца популарни актери кои не само што се исклучително талентирани, туку имаат и огромно его. И двајцата се легенди, но не се најдобри пријатели. Сочинуваат брилијантен тим што не може да работи заедно. Режисерите Дупрат и Кон прават безмилосна сатира користејќи ги овие ликови, нивниот однос и ситуациите во коишто се наоѓаат за да потенцираат колку е комична филмската индустрија и притоа сурово ја исмеваат.

„Соколово езеро“ (2022) е дебитантскиот долгометражен филм на Шарлот ле Бон е чувствителна, прекрасно снимена и одиграна приказна за созревањето. Филмот е впечатливо дело што постојано ги поткопува и превртува очекувањата од овој жанр на филм, со траги на натприродно, а сепак вешто ја контролира границата меѓу слаткото и страшното. Мешајќи злокобност и веселост, меланхолија и магија, и волшебната хемија меѓу двајцата млади глумци, филмот „Соколово Езеро“ останува долго во мислите.

Освен филмовите, публиката на Скопје филм фестивал во галеријата на Кинотеката има можност да погледне изложбата на плакати од изминативе 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999), и други.

 

The post Најновиот филм на Бандерас и Пенелопе Круз „Официјална конкуренција“ утре на Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Програмата на 25 –тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал утре (петок, 16 септември) продолжува со филмовите „Официјална конкуренција“ и „Соколово езеро“. Проекциите се одржуваат во Кинотека на Македонија со почеток од 20 и 22 часот. Двата филма се дел од Програмата на светски филм. „Официјална конкуренција“ е шпанско – аргентинска продукција од 2021 година, станува збор за сатиричната комедија на аргентинските режисери Гастон Дупрат и Мариано Кон и е приказ на креирање филм, брилијантно одигран од Антонио Бандерас и Пенелопе Круз, две икони на шпанскиот филм. Филмот нуди интелигентен увид во суетите и илузиите на филмскиот бизнис. Бизнисмен милијардер, кој е во потрага по слава и општествен престиж, решава да сними уникатен, невиден филм дотогаш. За таа цел ги ангажира најдобрите: ѕвездена екипа составена од многу познат режисер и двајца популарни актери кои не само што се исклучително талентирани, туку имаат и огромно его. И двајцата се легенди, но не се најдобри пријатели. Сочинуваат брилијантен тим што не може да работи заедно. Режисерите Дупрат и Кон прават безмилосна сатира користејќи ги овие ликови, нивниот однос и ситуациите во коишто се наоѓаат за да потенцираат колку е комична филмската индустрија и притоа сурово ја исмеваат. „Соколово езеро“ (2022) е дебитантскиот долгометражен филм на Шарлот ле Бон е чувствителна, прекрасно снимена и одиграна приказна за созревањето. Филмот е впечатливо дело што постојано ги поткопува и превртува очекувањата од овој жанр на филм, со траги на натприродно, а сепак вешто ја контролира границата меѓу слаткото и страшното. Мешајќи злокобност и веселост, меланхолија и магија, и волшебната хемија меѓу двајцата млади глумци, филмот „Соколово Езеро“ останува долго во мислите. Освен филмовите, публиката на Скопје филм фестивал во галеријата на Кинотеката има можност да погледне изложбата на плакати од изминативе 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999), и други.  

The post Најновиот филм на Бандерас и Пенелопе Круз „Официјална конкуренција“ утре на Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>
„Смачено ми е од себе“ и уште една проекција на „Триаголник на тагата“ утре на Скопје филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/smacheno-mi-e-od-sebe-i-ushte-edna-proekcija-na-triagolnik-na-tagata-utre-na-skopje-film-festival/ Wed, 14 Sep 2022 09:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=550618

По сагата „Кум“, програмата на 25. издание на Скопје филм фестивал продолжува со најновите европски и светски остварувања. Утре (четврток 15 септември), во Кинотека, со почеток од 19 часот ќе биде промовирана најновата книга на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“.Ова е нејзина четврта книга, издавач е „Аквариус“.

Ова не се само филмски рецензии, се вели во предговорот, ова се есеи за животот, за темите, кои вечно не’ интригираат и чии прашања и одговори се бројни, сè зависи каде одиме, што бараме и што се надеваме дека ќе најдеме, се вели во предговорот на книгата на Уневска.

Веднаш потоа, во 20 часот ќе биде прикажана норвешко – шведската продукција „Смачено ми е од себе“ (2022), по сценарио и режија на Крисофер Боргли, дел од програмата Фокус на европски филм.

Оваа мрачна норвешка комедија го издига токсичното однесување на повисоко ниво и со модифициран приказ на Минхаузеновиот синдром го разоткрива нашиот колективен нарцизам. Се води борба да се привлече вниманието на социјалните мрежи, а заедно со вродената морбидна љубопитност, играњето жртва станува форма на фетиш што еден од главните ликови решава да ја искористи. Нејзините импулси се колку смешни толку и одвратни, не затоа што е тешко да се сфатат, туку затоа што на лично ниво можеме многу добро да ги разбереме.

Во 22 часот (четврток, 15 септември), публиката на Скопје филм фестивал ќе има можност да го погледне уште една проекција на овогодинешниот кански победник „Триаголник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд. Филмот е урнебесна, смешна и брутална сатира за ултрабогатите и за ѕвездите на социјалните мрежи. Амбициозен, див и без никаква воздржаност, „Триаголник на тагата“ заслужено го внесе Остлунд во малата групата на двојни добитници на „Златната палма“.

Вечерва (среда,14 септември) ќе биде прикажан третиот и последен дел од сагата „Кум“ на режисерот Френсис Форд Копола. Третиот дел од сагата за семејството Корлеоне излезе во 1990 година и забележал 7 номинации за „Оскар“, за прв пат бил номиниран и брилијантниот директор на фотографија Гордон Вилис, но не добил ниту еден. Со прикажувањето на антологискиот серијал „Кум“, Скопје филм фестивал во соработка со Кинотека на  Македонија ја одбележуваат 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972).

 

The post „Смачено ми е од себе“ и уште една проекција на „Триаголник на тагата“ утре на Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>

По сагата „Кум“, програмата на 25. издание на Скопје филм фестивал продолжува со најновите европски и светски остварувања. Утре (четврток 15 септември), во Кинотека, со почеток од 19 часот ќе биде промовирана најновата книга на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“.Ова е нејзина четврта книга, издавач е „Аквариус“.
Ова не се само филмски рецензии, се вели во предговорот, ова се есеи за животот, за темите, кои вечно не’ интригираат и чии прашања и одговори се бројни, сè зависи каде одиме, што бараме и што се надеваме дека ќе најдеме, се вели во предговорот на книгата на Уневска.
Веднаш потоа, во 20 часот ќе биде прикажана норвешко – шведската продукција „Смачено ми е од себе“ (2022), по сценарио и режија на Крисофер Боргли, дел од програмата Фокус на европски филм. Оваа мрачна норвешка комедија го издига токсичното однесување на повисоко ниво и со модифициран приказ на Минхаузеновиот синдром го разоткрива нашиот колективен нарцизам. Се води борба да се привлече вниманието на социјалните мрежи, а заедно со вродената морбидна љубопитност, играњето жртва станува форма на фетиш што еден од главните ликови решава да ја искористи. Нејзините импулси се колку смешни толку и одвратни, не затоа што е тешко да се сфатат, туку затоа што на лично ниво можеме многу добро да ги разбереме. Во 22 часот (четврток, 15 септември), публиката на Скопје филм фестивал ќе има можност да го погледне уште една проекција на овогодинешниот кански победник „Триаголник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд. Филмот е урнебесна, смешна и брутална сатира за ултрабогатите и за ѕвездите на социјалните мрежи. Амбициозен, див и без никаква воздржаност, „Триаголник на тагата“ заслужено го внесе Остлунд во малата групата на двојни добитници на „Златната палма“. Вечерва (среда,14 септември) ќе биде прикажан третиот и последен дел од сагата „Кум“ на режисерот Френсис Форд Копола. Третиот дел од сагата за семејството Корлеоне излезе во 1990 година и забележал 7 номинации за „Оскар“, за прв пат бил номиниран и брилијантниот директор на фотографија Гордон Вилис, но не добил ниту еден. Со прикажувањето на антологискиот серијал „Кум“, Скопје филм фестивал во соработка со Кинотека на  Македонија ја одбележуваат 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972).  

The post „Смачено ми е од себе“ и уште една проекција на „Триаголник на тагата“ утре на Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Скопје филм фестивал ја одбележува 50-годишнината од серијалот „Кум“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopje-film-festival-ja-odbelezuva-50-godishninata-od-serijalot-kum/ Sun, 11 Sep 2022 11:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=549689

Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола.

Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани во понеделник (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот.

Детален распоред на програмата на Скопје филм фестивал погледнете на www.skopjefilmfestival.com.mk и на Фејсбук стрницата на фестивалот.

 

Вечерва (недела 11 септември) на програмата се филмовите „Корсет“ (од 20 часот) и „Римини“ 922 часот) во Кинотека. Во кафе киното „Котур“ од 19 часот е проекцијата на документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ и разговор со гостинката Александра Оленска.

 

The post Скопје филм фестивал ја одбележува 50-годишнината од серијалот „Кум“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50-годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани во понеделник (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот. Детален распоред на програмата на Скопје филм фестивал погледнете на www.skopjefilmfestival.com.mk и на Фејсбук стрницата на фестивалот.   Вечерва (недела 11 септември) на програмата се филмовите „Корсет“ (од 20 часот) и „Римини“ 922 часот) во Кинотека. Во кафе киното „Котур“ од 19 часот е проекцијата на документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ и разговор со гостинката Александра Оленска.  

The post Скопје филм фестивал ја одбележува 50-годишнината од серијалот „Кум“ appeared first on Република.

]]>
„Корсет“ и „Римини“ вечерва на „Скопје филм фестивал“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/korset-i-rimini-vecherva-na-skopje-film-festival/ Sun, 11 Sep 2022 08:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=549656

Во рамки на 25. „Скопје филм фестивал“, вечерва во Кинотеката ќе бидат прикажани филмовите „Корсет“ и „Римини“.

Филмот „Корсет“ на режисерката Мари Кројц ја прикажува царицата Елизабета од Австрија (Сиси) која е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од својот ограничувачки живот на кралскиот двор.

Сценаристката и режисерка Мари Кројц и нејзината женска екипа се придржуваат до историските записи за Сиси. Филмот избегнува величење херои, менувајќи го имиџот на „сентименталната Сиси“ како што е претставена во безброј филмови со жена која е многу повеќе од жртва на својот позлатен живот. Ова е студија за гневот, царицата на Кројцер има маани, нарцисоидна е и многу модерна и се прашува што ќе ѝ остане кога моќта поврзана со нејзината убавина ќе исчезне. Во конкуренцијата Un Certain Regard филмот ја освои наградата за најдобра изведба, а на Сараево филм фестивал наградата за најдобра женска улога - информираат од „Скопје филм фестивал“.

„Римини“ е дел од програмата „Авторски филм“ и е новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл. Филмот имаше премиера во главната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

Во кафе киното „Котур“, со почеток од 19 часот, во рамки на програмата „Кинемода“ ќе се прикаже документарниот филм „Мартин Маргиела. Со свои зборови“, кој претставува портрет на славниот дизајнер кого модниот свет го смета за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години.

По проекцијата ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на модното списание „WeAr“ со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови „Tom Ford“, „Celine“, „Daks London“, „Pringle of Scotland“ и „Vanessa Bruno“.

„Скопје филм фестивал“ беше отворен во петокот со изложба на плакати од изминатите 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници, како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999)…

Фестивалот ќе се одржува до 17 септември. Програмата со распоредот на проекциите е достапен на  www.skopjefilmfestival.com.mk.

The post „Корсет“ и „Римини“ вечерва на „Скопје филм фестивал“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на 25. „Скопје филм фестивал“, вечерва во Кинотеката ќе бидат прикажани филмовите „Корсет“ и „Римини“. Филмот „Корсет“ на режисерката Мари Кројц ја прикажува царицата Елизабета од Австрија (Сиси) која е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од својот ограничувачки живот на кралскиот двор.
Сценаристката и режисерка Мари Кројц и нејзината женска екипа се придржуваат до историските записи за Сиси. Филмот избегнува величење херои, менувајќи го имиџот на „сентименталната Сиси“ како што е претставена во безброј филмови со жена која е многу повеќе од жртва на својот позлатен живот. Ова е студија за гневот, царицата на Кројцер има маани, нарцисоидна е и многу модерна и се прашува што ќе ѝ остане кога моќта поврзана со нејзината убавина ќе исчезне. Во конкуренцијата Un Certain Regard филмот ја освои наградата за најдобра изведба, а на Сараево филм фестивал наградата за најдобра женска улога - информираат од „Скопје филм фестивал“.
„Римини“ е дел од програмата „Авторски филм“ и е новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл. Филмот имаше премиера во главната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Во кафе киното „Котур“, со почеток од 19 часот, во рамки на програмата „Кинемода“ ќе се прикаже документарниот филм „Мартин Маргиела. Со свои зборови“, кој претставува портрет на славниот дизајнер кого модниот свет го смета за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години. По проекцијата ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на модното списание „WeAr“ со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови „Tom Ford“, „Celine“, „Daks London“, „Pringle of Scotland“ и „Vanessa Bruno“. „Скопје филм фестивал“ беше отворен во петокот со изложба на плакати од изминатите 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници, како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999)… Фестивалот ќе се одржува до 17 септември. Програмата со распоредот на проекциите е достапен на  www.skopjefilmfestival.com.mk.

The post „Корсет“ и „Римини“ вечерва на „Скопје филм фестивал“ appeared first on Република.

]]>
Јубилејно 25. издание на Скопје филм фестивал: Богата програма викендов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejno-25-izdanie-na-skopje-film-festival-bogata-programa-vikendov/ Sat, 10 Sep 2022 14:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=549456

Во преполната сала на Кинотека вчера вечер започна 25-тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал.

Отворањето беше одбележано со изложбата на плакати од изминативе 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999),  и други. Од името на фестивалот добредојде на новото издание на фестивалот на публиката и’ посака актерот Павел Маслов.

Потоа публиката имаше можност да го види на извонредниот годинашен кански победник „Триаголнник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд. Уште една проекција на филмот ќе се одржи во четврток  (15 септември) во 22 часот.

Вечерва (сабота, 10 септември) во Кинотеката продолжува фестивалската програма со филмот „Вози ја мојата кола“ во режија на Рјусуке Хамагучи, според кратката приказна на Харуки Мураками од збирката „Мажи без жени“. Се работи за патувачки филм чија тема  е  љубовта, загубата, прифаќањето и мирот. Две години по неочекуваната смрт на сопругата, познат театарски актер и режисер добива понуда да режира продукција на „Вујко Вања“ на театарски фестивал во Хирошима. По пристигнувањето, театарската компанија му доделува возач бидејќи му е забрането да вози додека му трае договорот. Интимен, разигран и елегантен, филмот „Вози ја мојата кола“ е медитација за убавината на човечката поврзаност и за трансформативната моќ на патувањето. Филмот е суптилен наратив со максимален ефект, а драмата на Чехов потсвесно одекнува како поттекст во заднината. Филмот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата ФИПРЕСЦИ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г.

Во недела (11 септември) публиката ќе може да ги погледне филмовите „Корсет“ и „Римини“ во Кинотеката.

Филмот „Корсет“ е храбрата и субверзивна костимирана драма на режисерката Мари Кројц и ја прикажува царицата Елизабета од Австрија (Сиси) која е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од својот ограничувачки живот на кралскиот двор. Таа е идол на многумина заради нејзината убавина и е инспирација за модните трендови. Сиси го слави својот 40. роденден и мора да се бори за да го одржи својот јавен имиџ стегајќи го сè повеќе и повеќе корсетот.

„Римини“ е дел од програмата Авторски филм и е новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл. Филмот е портрет на маж што спие со жени за пари и на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на заборавената ѕвезда на крајот од кариерата, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас. Ова е приказна за Ричи Браво, некогаш популарна австриска поп ѕвезда, кој сега живее во италијанскиот град Римини и преживува од стара слава. Филмот имаше премиера во главната програма на фестивлот во Берлин.

Во кафе киното „Котур“, со почеток од 19 часот, во рамки на програмата Кинемода ќе се прикаже документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ кој претставува портрет на славниот дизајнер кого модниот свет го смета за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години.

По проекцијата ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на познатото модно списание WeAr со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови „Tom Ford“, „Celine“, „Daks London“, „Pringle of Scotland“, и „Vanessa Bruno“ .

фотографии: Јована Савевска и Снежана Алексовска

Деталниот распоред на програмата погледнете го на www.skopjefilmfestival.com.mk

The post Јубилејно 25. издание на Скопје филм фестивал: Богата програма викендов appeared first on Република.

]]>

Во преполната сала на Кинотека вчера вечер започна 25-тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал. Отворањето беше одбележано со изложбата на плакати од изминативе 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999),  и други. Од името на фестивалот добредојде на новото издание на фестивалот на публиката и’ посака актерот Павел Маслов. Потоа публиката имаше можност да го види на извонредниот годинашен кански победник „Триаголнник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд. Уште една проекција на филмот ќе се одржи во четврток  (15 септември) во 22 часот. Вечерва (сабота, 10 септември) во Кинотеката продолжува фестивалската програма со филмот „Вози ја мојата кола“ во режија на Рјусуке Хамагучи, според кратката приказна на Харуки Мураками од збирката „Мажи без жени“. Се работи за патувачки филм чија тема  е  љубовта, загубата, прифаќањето и мирот. Две години по неочекуваната смрт на сопругата, познат театарски актер и режисер добива понуда да режира продукција на „Вујко Вања“ на театарски фестивал во Хирошима. По пристигнувањето, театарската компанија му доделува возач бидејќи му е забрането да вози додека му трае договорот. Интимен, разигран и елегантен, филмот „Вози ја мојата кола“ е медитација за убавината на човечката поврзаност и за трансформативната моќ на патувањето. Филмот е суптилен наратив со максимален ефект, а драмата на Чехов потсвесно одекнува како поттекст во заднината. Филмот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата ФИПРЕСЦИ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г. Во недела (11 септември) публиката ќе може да ги погледне филмовите „Корсет“ и „Римини“ во Кинотеката. Филмот „Корсет“ е храбрата и субверзивна костимирана драма на режисерката Мари Кројц и ја прикажува царицата Елизабета од Австрија (Сиси) која е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од својот ограничувачки живот на кралскиот двор. Таа е идол на многумина заради нејзината убавина и е инспирација за модните трендови. Сиси го слави својот 40. роденден и мора да се бори за да го одржи својот јавен имиџ стегајќи го сè повеќе и повеќе корсетот. „Римини“ е дел од програмата Авторски филм и е новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл. Филмот е портрет на маж што спие со жени за пари и на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на заборавената ѕвезда на крајот од кариерата, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас. Ова е приказна за Ричи Браво, некогаш популарна австриска поп ѕвезда, кој сега живее во италијанскиот град Римини и преживува од стара слава. Филмот имаше премиера во главната програма на фестивлот во Берлин. Во кафе киното „Котур“, со почеток од 19 часот, во рамки на програмата Кинемода ќе се прикаже документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ кој претставува портрет на славниот дизајнер кого модниот свет го смета за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години. По проекцијата ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на познатото модно списание WeAr со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови „Tom Ford“, „Celine“, „Daks London“, „Pringle of Scotland“, и „Vanessa Bruno“ . фотографии: Јована Савевска и Снежана Алексовска Деталниот распоред на програмата погледнете го на www.skopjefilmfestival.com.mk

The post Јубилејно 25. издание на Скопје филм фестивал: Богата програма викендов appeared first on Република.

]]>
Богата викенд програма на Скопје филм фестивал, https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bogata-vikend-programa-na-skopje-film-festival/ Sat, 10 Sep 2022 12:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=549430

Во Кинотека почна 25-тото јубилејно издание на „Скопје филм фестивал“. На отворањето имаше изложба на плакати од изминативе 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999) и други.

Публиката имаше можност да го види извонредниот годинашен кански победник „Триаголнник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд. Уште една проекција на филмот ќе се одржи во четврток (15 септември) во 22 часот.

Во Кинотека вечерва продолжува фестивалската програма со филмот „Вози ја мојата кола“ во режија на Рјусуке Хамагучи, според кратката приказна на Харуки Мураками од збирката „Мажи без жени“. Се работи за патувачки филм зчија тема е љубовта, загубата, прифаќањето и мирот.

Филмот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата „Фипресци“ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г.

В недела публиката ќе може да ги погледне филмовите „Корсет“ и „Римини“ во Кинотеката. Филмот „Корсет“ на режисерката Мари Кројц ја прикажува царицата Елизабета од Австрија (Сиси) која е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од својот ограничувачки живот на кралскиот двор.

„Римини“ е дел од програмата „Авторски филм“ и е новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл. Филмот имаше премиера во главната програма на фестивлот во Берлин.

Во кафе киното „Котур“, со почеток од 19 часот, во рамки на програмата „Кинемода“ ќе се прикаже документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“, кој претставува портрет на славниот дизајнер кого модниот свет го смета за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години. По проекцијата ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на познатото модно списание „WeAr“ со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови „Tom Ford“, „Celine“, „Daks London“, „Pringle of Scotland“, и „Vanessa Bruno“ .

Деталниот распоред на програмата може да се погледне на www.skopjefilmfestival.com.mk.

The post Богата викенд програма на Скопје филм фестивал, appeared first on Република.

]]>

Во Кинотека почна 25-тото јубилејно издание на „Скопје филм фестивал“. На отворањето имаше изложба на плакати од изминативе 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999) и други. Публиката имаше можност да го види извонредниот годинашен кански победник „Триаголнник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд. Уште една проекција на филмот ќе се одржи во четврток (15 септември) во 22 часот. Во Кинотека вечерва продолжува фестивалската програма со филмот „Вози ја мојата кола“ во режија на Рјусуке Хамагучи, според кратката приказна на Харуки Мураками од збирката „Мажи без жени“. Се работи за патувачки филм зчија тема е љубовта, загубата, прифаќањето и мирот. Филмот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата „Фипресци“ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г. В недела публиката ќе може да ги погледне филмовите „Корсет“ и „Римини“ во Кинотеката. Филмот „Корсет“ на режисерката Мари Кројц ја прикажува царицата Елизабета од Австрија (Сиси) која е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од својот ограничувачки живот на кралскиот двор. „Римини“ е дел од програмата „Авторски филм“ и е новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл. Филмот имаше премиера во главната програма на фестивлот во Берлин. Во кафе киното „Котур“, со почеток од 19 часот, во рамки на програмата „Кинемода“ ќе се прикаже документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“, кој претставува портрет на славниот дизајнер кого модниот свет го смета за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години. По проекцијата ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на познатото модно списание „WeAr“ со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови „Tom Ford“, „Celine“, „Daks London“, „Pringle of Scotland“, и „Vanessa Bruno“ . Деталниот распоред на програмата може да се погледне на www.skopjefilmfestival.com.mk.

The post Богата викенд програма на Скопје филм фестивал, appeared first on Република.

]]>
„Триаголник на тагата“ вечерва во отвора 25. Скопје филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/triagolnik-na-tagata-vecherva-vo-otvora-25-skopje-film-festival/ Fri, 09 Sep 2022 15:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=549173

Со изложба на плакати и проекција на канскиот победник „Триаголник на тагата“ (Triangle Of Sadness) на Рубен Остлунд, вечерва (20 часот) во Кинотеката на Македонија започнува јубилејното 25. издание на Скопје филм фестивал (СФФ). Филмот е социјална сатира чија приказна зборува за тонењето на крстосувач во кој се возат многу богати луѓе, а преживеаните се спасуваат на пуст остров.

„Среќни сме што го дочекуваме јубилејното издание на Скопскиот филмски фестивал кој успеа да опстои сите овие години и да го одржи својот континуитет на квалитетни
филмски остварувања. И оваа година направивме избор на значајни филмови и ја
поканувам нашата публика во наредните денови заеднички да го прославиме нашиот јубилеј. Од придружните програми ја издвојувам изложбата на плакати за фестивалот, потсетување за тоа како растеше и созреваше Скопје филм фестивал и ние заедно со него, како и одбележувањето на 50-годишнината на серијалот „Кум“ на Френсис Форд Копола, програма реализирана во соработка со Кинотеката“, вели Татјана Јаневска, директорка на Скопје филм фестивал.

Фестивалот за своето 25. издание носи програма и содржини во чии рамки ќе понуди играни и документарни филмови поделени во неколку целини: Програма на светски филм, Фокус на европски филм, Програма на авторски филм и Ретроспективата 50-години „Кум“. Годинава сите филмови ќе бидат прикажани во Кинотеката.

Во програмата Светски филм на публиката на Скопје филм фестивал ќе се прикажат
филмови од најнова продукција: „Вози ја мојата кола“ на јапонскиот режисер Хамагуши, канадско – францускиот филм „Соколово езеро“ на режисерката Шарлот Ле Бон и аргентинско – шпанскиот „Официјална конкуренција“. Од програмата „Авторски филм го издвојуваме најновото остварување на Гаспар Ное „Вртлог“, а тука се уште три филмови во програмат Фокус на европскиот филм: „Корсет“ на режисерката Мари Крацер, „Едно убаво утро“ на Миа Хансен Лов, „Смачено ми е од себе“ на режисерот Кристифер Боргли.

-Одбележувањето на 50 години од „Кум“ има неслучајно историско значење. Можеби вака најкратко може да се објасни феноменот на филмот, но, се работи за тоа дека „Кум“ е од оние филмови што се поголеми од историјата, посочуваат организаторите на фестивалот.

Во рамки на програмата Кинемода ќе се прикаже документарниот филм „Мартин
Магиела. Со свои зборови“ кој претставува портрет на Маргиела, кого модниот свет го
сметаше за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30
години. Проекцијата ќе се одржи во кафе-киното „Котур“, потоа ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на светски познатото модно списание WeAr со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови Tom Ford, Celine, Daks London, Pringle of Scotland и Vanessa Bruno.

Во четврток (15 септември), пак, во Кинотеката ќе се промовира книгата „Дух во
школка“ на филмската критичарка Сунчица Уневска.

 

The post „Триаголник на тагата“ вечерва во отвора 25. Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Со изложба на плакати и проекција на канскиот победник „Триаголник на тагата“ (Triangle Of Sadness) на Рубен Остлунд, вечерва (20 часот) во Кинотеката на Македонија започнува јубилејното 25. издание на Скопје филм фестивал (СФФ). Филмот е социјална сатира чија приказна зборува за тонењето на крстосувач во кој се возат многу богати луѓе, а преживеаните се спасуваат на пуст остров. „Среќни сме што го дочекуваме јубилејното издание на Скопскиот филмски фестивал кој успеа да опстои сите овие години и да го одржи својот континуитет на квалитетни филмски остварувања. И оваа година направивме избор на значајни филмови и ја поканувам нашата публика во наредните денови заеднички да го прославиме нашиот јубилеј. Од придружните програми ја издвојувам изложбата на плакати за фестивалот, потсетување за тоа како растеше и созреваше Скопје филм фестивал и ние заедно со него, како и одбележувањето на 50-годишнината на серијалот „Кум“ на Френсис Форд Копола, програма реализирана во соработка со Кинотеката“, вели Татјана Јаневска, директорка на Скопје филм фестивал. Фестивалот за своето 25. издание носи програма и содржини во чии рамки ќе понуди играни и документарни филмови поделени во неколку целини: Програма на светски филм, Фокус на европски филм, Програма на авторски филм и Ретроспективата 50-години „Кум“. Годинава сите филмови ќе бидат прикажани во Кинотеката. Во програмата Светски филм на публиката на Скопје филм фестивал ќе се прикажат филмови од најнова продукција: „Вози ја мојата кола“ на јапонскиот режисер Хамагуши, канадско – францускиот филм „Соколово езеро“ на режисерката Шарлот Ле Бон и аргентинско – шпанскиот „Официјална конкуренција“. Од програмата „Авторски филм го издвојуваме најновото остварување на Гаспар Ное „Вртлог“, а тука се уште три филмови во програмат Фокус на европскиот филм: „Корсет“ на режисерката Мари Крацер, „Едно убаво утро“ на Миа Хансен Лов, „Смачено ми е од себе“ на режисерот Кристифер Боргли. -Одбележувањето на 50 години од „Кум“ има неслучајно историско значење. Можеби вака најкратко може да се објасни феноменот на филмот, но, се работи за тоа дека „Кум“ е од оние филмови што се поголеми од историјата, посочуваат организаторите на фестивалот. Во рамки на програмата Кинемода ќе се прикаже документарниот филм „Мартин Магиела. Со свои зборови“ кој претставува портрет на Маргиела, кого модниот свет го сметаше за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години. Проекцијата ќе се одржи во кафе-киното „Котур“, потоа ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на светски познатото модно списание WeAr со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови Tom Ford, Celine, Daks London, Pringle of Scotland и Vanessa Bruno. Во четврток (15 септември), пак, во Кинотеката ќе се промовира книгата „Дух во школка“ на филмската критичарка Сунчица Уневска.  

The post „Триаголник на тагата“ вечерва во отвора 25. Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Со проекција на канскиот победник „Триаголник на тагата“ в петок почнува Скопје филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-proekcija-na-kanskiot-pobednik-triagolnik-na-tagata-v-petok-pochnuva-skopje-film-festival/ Wed, 07 Sep 2022 07:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=548145

Во петок (9 септември), со отворањето на изложбата на плакати по повод 25 години Скопје филм фестивал (СФФ) во галеријата на Кинотеката на Македонија, со почеток во 19 часот и потоа во 20 часот со проекцијата на канскиот победник „Триаголник на тагата“ започнува јубилејното 25 –то издание на фестивалот.

Среќни сме што го дочекуваме јубилејното издание на Скопскиот филмски фестивал кој успеа да опстои сите овие години и да го одржи својот континуитет на квалитетни филмски остварувања. И оваа година направивме избор на значајни филмови и ја поканувам нашата публика во петок и во наредните денови заеднички да го прославиме нашиот јубилеј. Од придружните програми ја издвојувам изложбата на плакати за фестивалот, потсетување за тоа како растеше и созреваше Скопје филм фестивал и ние заедно со него, како и одбележувањето на 50-годишнината на серијалот „Кум“на Френсис Форд Копола, програма реализирана во соработка со Кинотека на Македонија“, вели Татјана Јаневска, директорка на Скопје филм фестивал.

 

The post Со проекција на канскиот победник „Триаголник на тагата“ в петок почнува Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Во петок (9 септември), со отворањето на изложбата на плакати по повод 25 години Скопје филм фестивал (СФФ) во галеријата на Кинотеката на Македонија, со почеток во 19 часот и потоа во 20 часот со проекцијата на канскиот победник „Триаголник на тагата“ започнува јубилејното 25 –то издание на фестивалот.
Среќни сме што го дочекуваме јубилејното издание на Скопскиот филмски фестивал кој успеа да опстои сите овие години и да го одржи својот континуитет на квалитетни филмски остварувања. И оваа година направивме избор на значајни филмови и ја поканувам нашата публика во петок и во наредните денови заеднички да го прославиме нашиот јубилеј. Од придружните програми ја издвојувам изложбата на плакати за фестивалот, потсетување за тоа како растеше и созреваше Скопје филм фестивал и ние заедно со него, како и одбележувањето на 50-годишнината на серијалот „Кум“на Френсис Форд Копола, програма реализирана во соработка со Кинотека на Македонија“, вели Татјана Јаневска, директорка на Скопје филм фестивал.
 

The post Со проекција на канскиот победник „Триаголник на тагата“ в петок почнува Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>