Скопје фешнн фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-feshnn-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Mar 2023 11:10:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје фешнн фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-feshnn-festival/ 32 32 Мила Спасовска на „Скопје моден викенд“: Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/mila-spasovska-na-skopje-moden-vikend-vo-boite-i-detalite-ja-naogam-stranata-na-lugeto-koja-ne-sekogash-ja-pokazhuvaat/ Tue, 28 Mar 2023 10:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=624616

Мила Спасовска го потпишува брендот Yamuna, кој беше прикажан на FWSK има 10 изгледи надополнети со аксесоари специјално дизајнирани од боите на палетата на IQOS.

За оваа колекција инспирацијата левитираше и се градеше околу мене веќе некое време, а сега дојде моментот да се изразам и да ја преведам во облека. Изминатиов период се што забележував беа бизнис луѓе и анализирав каков е нивниот стил. Тоа ме интригираше и најдов голема инспирација во острите линии која ме асоцираше на сериозноста на овие луѓе. Од друга страна пак, свесна сум дека животот носи непредвидливи ситуации и дека истите тие сериозни ликови знаат да се најдат во хаотични моменти. Некои уживаат во хаосот, некои се трудат секој детал да им е испланиран, но како и да е не секогаш можеме да ги предвидиме околностите, а јас размислувам за тоа многу.

За да можам сето ова да го преведам во архитектурата на телото, острите линии ги наоѓам во кројот на парчињата. Неговата улога е да му служи на телото и да раскаже повеќе за индивидуата која го носи парчето. Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат, таа е заслужна за животот да го направи убав и полн со забава, но и непредвидливост.

Во мојата работа користам исклучиво природни материјали кои не и штетат на природата. Марамите се направени во едноставна форма – коцката, а тоа ми дозволува да ја искористам целата ширина на материјалот што резултира во она што модната заедница го нарекува 0-waste. Така мојата работа во доменот на модата и придонесот кон околината доведе до соработка со IQOS брендот, кој е истовремено фокусиран на развојот на иновативни производи како и целосна посветеност на нивното влијание кон природатa. Инспирирана од префинетиот стил и боите на IQOS Originals уредите доведе до идејата за креирање на уникатна колекција на марами, вели Спасовска за оваа необична соработка.

Марама со принт специјално направена за гостите на Моден викенд Скопје, се носи на повеќе начини, што ја прави уникатна и единствена одново и одново.

The post Мила Спасовска на „Скопје моден викенд“: Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат appeared first on Република.

]]>

Миа Жиро е заштитно лице на новото издание на Скопски моден фестивал https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/mia-ziro-e-zashtitno-lice-na-novoto-izdanie-na-skopski-moden-festival/ Wed, 21 Sep 2022 07:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=552786

Втората сезона на манифестацијата ќе се одвива вкупно десет дена на нова локација во трговскиот центар, со три ревиски гала вечери и ексклузивен изложбен салон, за претставување на колекциите на учесниците од земјата и странство.

„Can you feel the light?“ e слоганот под кој на почетокот од месец ноември ќе отпочне второто издание на Скопски моден фестивал, забавна манифестација за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. Домаќин и партнер во реализацијата на манифестацијата е повторно трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде во рамки на десетдневната програма, посетителите ќе имаат единствена можност, премиерно да ги видат последните модни колекции на низа млади и етаблирани дизајнери од земјата и странство, македонски и интернационални брендови, како и престижни школи.

Скопски моден фестивал свечено ќе се отвори со коктел гала и музички спектакл. Првите три вечери се резервирани за модни ревии и перформанси, кои се закажани на 03.11 (четврток), 04.11 (петок) и 05.11 (сабота). Два дена подоцна, на 07.11 (понеделник), вниманието се сели во ексклузивниот изложбен салон на првиот кат во трговскиот центар, каде одблизу ќе може да се погледнат, одберат или нарачаат оригиналните креации на фестивалските учесници. Надвор од официјалниот дел, свое претставување пред присутните ќе имаат и реномирани артисти.

Она што стихиски бликна како искра надеж на модната сцена минатата пролет, овојпат се снопови светлина, коишто во ноевмри ќе блеснат во полн спектар пред гостите на фестивалот. Впрочем, тоа беше и ни останува мисијата нам како организатори во соработка со Скопје Сити Мол. Да покренеме вистинска прослава на модата и уметноста во градот, доближувајќи ги нејзините создавачи до што поголема бројка на публика. Шоуто мора да продолжи.“ – истакнува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

Заштитнo лицe на втората сезона e актерката Миа Жиро, на која ѝ беше доверена главната улога во најавното видео за фестивалот, снимено под режисерска палка на Ангела Стојковска. Наменски за пригодата се искомбинирани облека и додатоци од македонскиот бренд КТН и познатиот дизајнер Роберт Ивановски. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, за шминката е заслужна визажистката Сашка Мирчевска – Sashions, додека фризурата е дело на Стефан Спасовски. Промотивните фотографии ги изработи дуото Frozen Time Drops. Миа Жиро е модел во модната агенција ZOA.

За сите новитети и изненадувања поврзани со имињата на „модните протагонисти“ во пресрет на манифестацијата, јавноста тековно ќе биде информирана преку социјалните медиуми на Скопски моден фестивал и Скопје Сити Мол. Настанот е во организација и продукција на MAX Management Inc. Можете ли да ја почувствувате светлината?!

https://www.youtube.com/watch?v=cHvfA_5PTWc

The post Миа Жиро е заштитно лице на новото издание на Скопски моден фестивал appeared first on Република.

]]>

Втората сезона на манифестацијата ќе се одвива вкупно десет дена на нова локација во трговскиот центар, со три ревиски гала вечери и ексклузивен изложбен салон, за претставување на колекциите на учесниците од земјата и странство. „Can you feel the light?“ e слоганот под кој на почетокот од месец ноември ќе отпочне второто издание на Скопски моден фестивал, забавна манифестација за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. Домаќин и партнер во реализацијата на манифестацијата е повторно трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде во рамки на десетдневната програма, посетителите ќе имаат единствена можност, премиерно да ги видат последните модни колекции на низа млади и етаблирани дизајнери од земјата и странство, македонски и интернационални брендови, како и престижни школи. Скопски моден фестивал свечено ќе се отвори со коктел гала и музички спектакл. Првите три вечери се резервирани за модни ревии и перформанси, кои се закажани на 03.11 (четврток), 04.11 (петок) и 05.11 (сабота). Два дена подоцна, на 07.11 (понеделник), вниманието се сели во ексклузивниот изложбен салон на првиот кат во трговскиот центар, каде одблизу ќе може да се погледнат, одберат или нарачаат оригиналните креации на фестивалските учесници. Надвор од официјалниот дел, свое претставување пред присутните ќе имаат и реномирани артисти.
Она што стихиски бликна како искра надеж на модната сцена минатата пролет, овојпат се снопови светлина, коишто во ноевмри ќе блеснат во полн спектар пред гостите на фестивалот. Впрочем, тоа беше и ни останува мисијата нам како организатори во соработка со Скопје Сити Мол. Да покренеме вистинска прослава на модата и уметноста во градот, доближувајќи ги нејзините создавачи до што поголема бројка на публика. Шоуто мора да продолжи.“ – истакнува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.
Заштитнo лицe на втората сезона e актерката Миа Жиро, на која ѝ беше доверена главната улога во најавното видео за фестивалот, снимено под режисерска палка на Ангела Стојковска. Наменски за пригодата се искомбинирани облека и додатоци од македонскиот бренд КТН и познатиот дизајнер Роберт Ивановски. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, за шминката е заслужна визажистката Сашка Мирчевска – Sashions, додека фризурата е дело на Стефан Спасовски. Промотивните фотографии ги изработи дуото Frozen Time Drops. Миа Жиро е модел во модната агенција ZOA. За сите новитети и изненадувања поврзани со имињата на „модните протагонисти“ во пресрет на манифестацијата, јавноста тековно ќе биде информирана преку социјалните медиуми на Скопски моден фестивал и Скопје Сити Мол. Настанот е во организација и продукција на MAX Management Inc. Можете ли да ја почувствувате светлината?! https://www.youtube.com/watch?v=cHvfA_5PTWc

The post Миа Жиро е заштитно лице на новото издание на Скопски моден фестивал appeared first on Република.

]]>