„Скопје фелоушип“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-felouship/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Sep 2023 07:29:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Скопје фелоушип“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-felouship/ 32 32 Седум европски издавачи – гости на јубилејната 10. програма „Скопје фелоушип“ на Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sedum-evropski-izdavachi-gosti-na-jubilejnata-10-programa-skopje-felouship-na-festivalot-pro-za-balkan/ Mon, 04 Sep 2023 07:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=678509

Aгент на А.Ц.Е.Р., најстарата книжевна агенција во Шпанија и директорката за меѓународна продажба и извоз на италијанскиот гигант „Саси едиторе“, заедно со уште петмина издавачи од Европа, ќе бидат дел од програмата на јубилејното 10. издание на програмата „Скопје фелоушип“, на претстојниот Интернационален фестивал на литературата „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 17 до 20 септември во Скопје.

Роберто Домингез Моро од А.Ц.Е.Р. веќе 15 години работи со меѓународни книги од сите жанрови, околу нивниот превод на шпански и португалски јазик и редовно присуствува на саемите на книги во Лондон и Франкфурт. Марија Анџела Ферари е директор за меѓународна продажба на „Саси едиторе“ од 2018 година и искусен менаџер за купување и продажба на авторски права со 19-годишно искуство во издаваштво, специјализирана за странски права.

Гостинка ќе биде и Ника Мушич, уредничка во словенечката издавачка куќа „КУД Содобност“, каде уредува преведена белетристика и литературни критики на литература за деца за најстарото словенечко книжевно списание „Содобност“.

Учесници во оваа програма се и: Орели Бонту-Рош, менаџер за преводи за француската издавачка група „Либела“, Мауро Спањол од агенцијата „Букс евривер“ со седиште во Лондон, Јерг Зундермајер, основач на германската „Фербрехер ферлаг“ и Андреа Џентиле, писател и редакциски директор на италијанската „Ил саџаторе“.

Сите учесници на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и други домашни издавачки куќи.

Орели Бонту-Рош е менаџер за преводи за француската издавачка група „Либела“ и работи во издаваштво речиси 20 години. Полна со страст за литература, превод, јазици и патувања, таа го поминува своето време помеѓу Париз и Брисел.

Мауро Спањол е Италијанец, живее во Лондон. Во издаваштвото работи од 2001 година прво во „Кватро паблишинг“, а потоа во „Мајкл О’Мара букс“. Во 2020 година отвора своја агенција наречена „Букс евривер“, која ги претставува европските издавачи со нивниот уникатен стил, содржина и пристап. Отсекогаш ги сакал книгите за деца и негов фокус е промоција на различни културни средини низ светот. Во 2022 година ја освојува наградата „Рајт конекшн“ (Right Connection Award) во Шарџа.

Јерг Зундермајер е роден во Гитерсло во 1970 година. Живее во Берлин. Тој ја води „Фербрехер ферлаг“ заедно со Кристине Листау (која ја основал во 1995 година) и пишува за повеќе весници и списанија. Неговите најнови книги се „Ди зоненале“ (2016) и „11 Берлински гробишта што мора да ги видите пред да умрете“ (2017). Зундермајер е член на одборот на ПЕН Берлин.

Ника Мушич (1990) е магистер по компаративна книжевност и дипломец на словенечките студии на Факултетот за уметности во Љубљана, Словенија. Во областа на издавачката дејност, таа е вклучена во различни улоги, вклучително и како проектен асистент и координатор во областа на читачката култура и промовирањето на читањето, но и како литературен критичар, коректор и уредник. Досега има соработувано со различни словенечки издавачки куќи. Моментално е уредник во „КУД Содобност“.

Андреа Џентиле е писател и редакциски директор на „Ил саџаторе“ од 2014 година. Дел од неговите книги се следниве: „И виви е и морти“ во издание на „Минимум факс“ од 2018 година и „Апарициони“ во издание на „Нотетемпо“ од 2020 година.

Роберто Домингез Моро (Саламанка, Шпанија, 1981) е агент на А.Ц.Е.Р., најстарата книжевна агенција во Шпанија. Веќе 15 години работи со меѓународни книги од сите жанрови, околу нивниот превод на шпански и португалски јазик и води каталог на шпански автори за нивните преводи ширум светот. Од 2009 година редовно присуствува на саемите на книги во Лондон и Франкфурт и во 2022 година бил на Саемот на книгата во Сеул. Дипломирал економија, а постдипломските студии му се од областа на издаваштвото на книги.

Марија Анџела Ферари е искусен менаџер за купување и продажба на авторски права со 19-годишно искуство во издаваштво, специјализирана за странски права. Работејќи на неколку меѓународни пазари, остварува многу добри контакти. Од август 2018 година работи во „Саси едиторе“ како директор за меѓународна продажба и извоз.

Програмата е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Фестивалот меѓу првите во регионот воспостави програма посветена на овој профил на гости, и продолжува со несмален интензитет. Целта на Фелоушип програмата е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со нашата книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели странство, промоција на литературата, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк.

Програмата „Скопје фелоушип“ оваа година е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“, се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Седум европски издавачи – гости на јубилејната 10. програма „Скопје фелоушип“ на Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Aгент на А.Ц.Е.Р., најстарата книжевна агенција во Шпанија и директорката за меѓународна продажба и извоз на италијанскиот гигант „Саси едиторе“, заедно со уште петмина издавачи од Европа, ќе бидат дел од програмата на јубилејното 10. издание на програмата „Скопје фелоушип“, на претстојниот Интернационален фестивал на литературата „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 17 до 20 септември во Скопје. Роберто Домингез Моро од А.Ц.Е.Р. веќе 15 години работи со меѓународни книги од сите жанрови, околу нивниот превод на шпански и португалски јазик и редовно присуствува на саемите на книги во Лондон и Франкфурт. Марија Анџела Ферари е директор за меѓународна продажба на „Саси едиторе“ од 2018 година и искусен менаџер за купување и продажба на авторски права со 19-годишно искуство во издаваштво, специјализирана за странски права. Гостинка ќе биде и Ника Мушич, уредничка во словенечката издавачка куќа „КУД Содобност“, каде уредува преведена белетристика и литературни критики на литература за деца за најстарото словенечко книжевно списание „Содобност“. Учесници во оваа програма се и: Орели Бонту-Рош, менаџер за преводи за француската издавачка група „Либела“, Мауро Спањол од агенцијата „Букс евривер“ со седиште во Лондон, Јерг Зундермајер, основач на германската „Фербрехер ферлаг“ и Андреа Џентиле, писател и редакциски директор на италијанската „Ил саџаторе“. Сите учесници на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и други домашни издавачки куќи. Орели Бонту-Рош е менаџер за преводи за француската издавачка група „Либела“ и работи во издаваштво речиси 20 години. Полна со страст за литература, превод, јазици и патувања, таа го поминува своето време помеѓу Париз и Брисел. Мауро Спањол е Италијанец, живее во Лондон. Во издаваштвото работи од 2001 година прво во „Кватро паблишинг“, а потоа во „Мајкл О’Мара букс“. Во 2020 година отвора своја агенција наречена „Букс евривер“, која ги претставува европските издавачи со нивниот уникатен стил, содржина и пристап. Отсекогаш ги сакал книгите за деца и негов фокус е промоција на различни културни средини низ светот. Во 2022 година ја освојува наградата „Рајт конекшн“ (Right Connection Award) во Шарџа. Јерг Зундермајер е роден во Гитерсло во 1970 година. Живее во Берлин. Тој ја води „Фербрехер ферлаг“ заедно со Кристине Листау (која ја основал во 1995 година) и пишува за повеќе весници и списанија. Неговите најнови книги се „Ди зоненале“ (2016) и „11 Берлински гробишта што мора да ги видите пред да умрете“ (2017). Зундермајер е член на одборот на ПЕН Берлин. Ника Мушич (1990) е магистер по компаративна книжевност и дипломец на словенечките студии на Факултетот за уметности во Љубљана, Словенија. Во областа на издавачката дејност, таа е вклучена во различни улоги, вклучително и како проектен асистент и координатор во областа на читачката култура и промовирањето на читањето, но и како литературен критичар, коректор и уредник. Досега има соработувано со различни словенечки издавачки куќи. Моментално е уредник во „КУД Содобност“. Андреа Џентиле е писател и редакциски директор на „Ил саџаторе“ од 2014 година. Дел од неговите книги се следниве: „И виви е и морти“ во издание на „Минимум факс“ од 2018 година и „Апарициони“ во издание на „Нотетемпо“ од 2020 година. Роберто Домингез Моро (Саламанка, Шпанија, 1981) е агент на А.Ц.Е.Р., најстарата книжевна агенција во Шпанија. Веќе 15 години работи со меѓународни книги од сите жанрови, околу нивниот превод на шпански и португалски јазик и води каталог на шпански автори за нивните преводи ширум светот. Од 2009 година редовно присуствува на саемите на книги во Лондон и Франкфурт и во 2022 година бил на Саемот на книгата во Сеул. Дипломирал економија, а постдипломските студии му се од областа на издаваштвото на книги. Марија Анџела Ферари е искусен менаџер за купување и продажба на авторски права со 19-годишно искуство во издаваштво, специјализирана за странски права. Работејќи на неколку меѓународни пазари, остварува многу добри контакти. Од август 2018 година работи во „Саси едиторе“ како директор за меѓународна продажба и извоз. Програмата е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Фестивалот меѓу првите во регионот воспостави програма посветена на овој профил на гости, и продолжува со несмален интензитет. Целта на Фелоушип програмата е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со нашата книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели странство, промоција на литературата, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк. Програмата „Скопје фелоушип“ оваа година е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“, се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Седум европски издавачи – гости на јубилејната 10. програма „Скопје фелоушип“ на Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>