Скопје-Блаце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-blatse/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 19:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје-Блаце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-blatse/ 32 32 Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-tezhok-kriminal-se-pravelo-so-avtopatot-skopje-blatse/ Thu, 31 Oct 2024 19:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=832905

Техничкиот консултант, компанијата “Суес” која била избрана како техничка подршка во изведба на автопатот Скопје – Блаце преку писма го предупредувал Ејуп Рустеми поранешниот директор на ЈП за државни патишта дека трошоците за проектот пораснале од 172 на 240 милиони евра заради два пати промена на проектната документација. Истата компанија предупредува дека тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди

, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на седницата на пратенички прашања.

Тој на собраниската говорница ги објави документите и како што истакна во кои се потврдува дека проектот намерно се одолговлекувал и се спроведувал на овој начин се со цел една фирма да го добие тендерот за изградба на тунелите.

Ова е докумет кој што прв пат излегува во јавност. СУЕЦ на 31 мај му праќа писмо на Ејуп Рустеми – вашиот член, кое што Рустеми го крие и каде што во точка 4 – Трошоци за проектот се вели дека два пати го менувал проектот и трошоците растат од 172 на 240 милиони евра. Извинтете ама јас криминал на Ејуп Рустеми нема да реализирам. 70 милиони евра плус да се потрошат на македонските граѓани и со 20 % од анексот и затоа реков до 300 милиони евра ќе оди овој проект, јас тоа нема да го дозволам. Второ, нов документ од СУЕС, на 17.09.2024 испратено до новиот директор Коце Трајановски. Во точка 1 –Услови на рефернеца за проектирање се вели дека намерно тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди. Кога би имало тендер кој би го распишал Ејуп Рустеми, само една компанија може да го добие и да гради такви тунели. Извините, ниту јас, ниту Премиерот ниту Коце, ниту ЕБРД не се наивни да финансираат криминал. Знаете зошто вака тунелите се проектирани, затоа што само една компанија може вака да го добие проектот. И не зборувам јас, туку зборува СУЕС најголемата компанија која го градела Суецкиот канал”- истакна министерот Николоски.

Министерот Николоски објави дека компаниите Јубај 2 Амет, Фрукта Фрута, Кадис Холдинг и Атлантик Дооел се фирмите кои ги купувале плацевите од физички лица каде требало да поминува трасата на автопатот, притоа плацевите биле препродавани неколку пати.

Никогаш не е направена јавна презентација на 3-те траси што е законска обврска. Средствата за автопатот за прв пат се одобрени 2019, потврдени 2020 година. Зошто не е објавен теднер во 2021, за да може да се продаваат парцелите и да се намести тендерот само една компанија да го добие и само таа компанија да гради тунели”- рече министерот Николоски.

Во однос на поврзувањето и дизајнот на автопатот тој додаде:

Сакам и ќе се изгради автопатско решение од Скопје до Блаце. До сега автопатско решение нема. Има два километри кои започнуваат никаде и завршуваат никаде. Претпоставувам знаете кога патувате од Приштина кон Скопје знаете дека тие 2 километри не се поврзуваат со постојаниот автопат од другата страна на границата. Добро прашање е како ќе се поврземе кога никаде не се спојуваат, а овие 2 километри започнуваат од граница со Косово кон Скопје и започнуваат никаде, а завршуваат исто никаде бидејќи завршуваат во една дупка од 50 метри” – истакна министерот Николоски.

Тој од собраниската говорница го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот.

The post Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>

Техничкиот консултант, компанијата “Суес” која била избрана како техничка подршка во изведба на автопатот Скопје – Блаце преку писма го предупредувал Ејуп Рустеми поранешниот директор на ЈП за државни патишта дека трошоците за проектот пораснале од 172 на 240 милиони евра заради два пати промена на проектната документација. Истата компанија предупредува дека тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди
, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на седницата на пратенички прашања. Тој на собраниската говорница ги објави документите и како што истакна во кои се потврдува дека проектот намерно се одолговлекувал и се спроведувал на овој начин се со цел една фирма да го добие тендерот за изградба на тунелите.
Ова е докумет кој што прв пат излегува во јавност. СУЕЦ на 31 мај му праќа писмо на Ејуп Рустеми – вашиот член, кое што Рустеми го крие и каде што во точка 4 – Трошоци за проектот се вели дека два пати го менувал проектот и трошоците растат од 172 на 240 милиони евра. Извинтете ама јас криминал на Ејуп Рустеми нема да реализирам. 70 милиони евра плус да се потрошат на македонските граѓани и со 20 % од анексот и затоа реков до 300 милиони евра ќе оди овој проект, јас тоа нема да го дозволам. Второ, нов документ од СУЕС, на 17.09.2024 испратено до новиот директор Коце Трајановски. Во точка 1 –Услови на рефернеца за проектирање се вели дека намерно тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди. Кога би имало тендер кој би го распишал Ејуп Рустеми, само една компанија може да го добие и да гради такви тунели. Извините, ниту јас, ниту Премиерот ниту Коце, ниту ЕБРД не се наивни да финансираат криминал. Знаете зошто вака тунелите се проектирани, затоа што само една компанија може вака да го добие проектот. И не зборувам јас, туку зборува СУЕС најголемата компанија која го градела Суецкиот канал”- истакна министерот Николоски.
Министерот Николоски објави дека компаниите Јубај 2 Амет, Фрукта Фрута, Кадис Холдинг и Атлантик Дооел се фирмите кои ги купувале плацевите од физички лица каде требало да поминува трасата на автопатот, притоа плацевите биле препродавани неколку пати.
Никогаш не е направена јавна презентација на 3-те траси што е законска обврска. Средствата за автопатот за прв пат се одобрени 2019, потврдени 2020 година. Зошто не е објавен теднер во 2021, за да може да се продаваат парцелите и да се намести тендерот само една компанија да го добие и само таа компанија да гради тунели”- рече министерот Николоски.
Во однос на поврзувањето и дизајнот на автопатот тој додаде:
Сакам и ќе се изгради автопатско решение од Скопје до Блаце. До сега автопатско решение нема. Има два километри кои започнуваат никаде и завршуваат никаде. Претпоставувам знаете кога патувате од Приштина кон Скопје знаете дека тие 2 километри не се поврзуваат со постојаниот автопат од другата страна на границата. Добро прашање е како ќе се поврземе кога никаде не се спојуваат, а овие 2 километри започнуваат од граница со Косово кон Скопје и започнуваат никаде, а завршуваат исто никаде бидејќи завршуваат во една дупка од 50 метри” – истакна министерот Николоски.
Тој од собраниската говорница го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот.

The post Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>
Демократско движење: Артан Груби да даде одговор за хаосот на патот Скопје-Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratsko-dvizhene-artan-grubi-da-dade-odgovor-za-haosot-na-patot-skopje-blatse/ Sun, 15 Oct 2023 16:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=691452

Во текот на месец јули годинава, Артан Груби поради нередот и долгите чекања во тунелот Скопје - Блаце, кој долго време беше предмет на неопходна санација, вети дека за да се избегнат долгите чекања како поради пристигнувањето на иселениците и зголеменото движење од двете страни на границата со Косово, работите во тунелот ќе бидат стопирани до крајот на август и дека санацијата повторно ќе започне на 1 септември за да се врати во нормала на 1 октомври. Сепак, се што кажа Груби е или манипулација или лага и тоа е веќе многупати докажано, па ретко кој му верува. Сега сме во средината на октомври и работата за жал не е завршена. Од двете страни на тунелот продолжуваат да се создаваат долги редици кои со право предизвикуваат иритација кај возачите. Има многу поплаки од граѓаните, особено оние кои секојдневно мораат да го користат овој пат.

Логично се поставува едно прашање, тие што не можат толку долго да поправат еден мал тунел, ќе спроведат капитални проекти?!

Демократското движење апелира до надлежните институции да ја забрзаат работата за завршување на одисејата на оваа долготрајна санација или нека посочат кога точно ќе заврши непотребното малтретирање на недолжните граѓани, на кои Груби досега безсрамно им даваше „ветувања“ преполни со лаги.

Всушност, странично од овој пат кој води кон границата со Косово „никнаа“ неколку казина и неколку хотели – вили, кои се полни со „муштерии“. Овие казина и чудни хотели-вили, за жал, во голема мера го избледеа имиџот на индустриската зона Визбегово, основана главно од албански бизнисмени. Груби, најгласниот претставник на ДУИ, изненадувачки молчи за ова зло.

The post Демократско движење: Артан Груби да даде одговор за хаосот на патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>

Во текот на месец јули годинава, Артан Груби поради нередот и долгите чекања во тунелот Скопје - Блаце, кој долго време беше предмет на неопходна санација, вети дека за да се избегнат долгите чекања како поради пристигнувањето на иселениците и зголеменото движење од двете страни на границата со Косово, работите во тунелот ќе бидат стопирани до крајот на август и дека санацијата повторно ќе започне на 1 септември за да се врати во нормала на 1 октомври. Сепак, се што кажа Груби е или манипулација или лага и тоа е веќе многупати докажано, па ретко кој му верува. Сега сме во средината на октомври и работата за жал не е завршена. Од двете страни на тунелот продолжуваат да се создаваат долги редици кои со право предизвикуваат иритација кај возачите. Има многу поплаки од граѓаните, особено оние кои секојдневно мораат да го користат овој пат. Логично се поставува едно прашање, тие што не можат толку долго да поправат еден мал тунел, ќе спроведат капитални проекти?! Демократското движење апелира до надлежните институции да ја забрзаат работата за завршување на одисејата на оваа долготрајна санација или нека посочат кога точно ќе заврши непотребното малтретирање на недолжните граѓани, на кои Груби досега безсрамно им даваше „ветувања“ преполни со лаги. Всушност, странично од овој пат кој води кон границата со Косово „никнаа“ неколку казина и неколку хотели – вили, кои се полни со „муштерии“. Овие казина и чудни хотели-вили, за жал, во голема мера го избледеа имиџот на индустриската зона Визбегово, основана главно од албански бизнисмени. Груби, најгласниот претставник на ДУИ, изненадувачки молчи за ова зло.

The post Демократско движење: Артан Груби да даде одговор за хаосот на патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>
Груби: Поради непочитување на патната сигнализација на патот Скопје – Блаце се создаваат долги колони автомобили https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/grubi-poradi-nepochituvane-na-patnata-signalizatsija-na-patot-skopje-blatse-se-sozdavaat-dolgi-koloni-avtomobili/ Thu, 03 Aug 2023 10:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=668226

Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје - Блаце (границата со Косово) треба да заврши во октомври годинава. Комплетната реконструкција на останатиот дел од патот е завршена. За жал, поради непочитување на патната сигнализација пред тунелот од страна на неодговорни лица, но и поради значително зголемениот проток на сообраќај, се создаваат долги редици од автомобили, напиша вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби на Фејсбук.

По реакциите и барањата на голем број граѓани, синоќа и денеска ЈПДП разговараше со изведувачот и надзорот. Асфалтирањето на едната лента од тунелот завршува во понеделник. Потоа ја разгледуваме можноста од вторник да ги прекинеме работите на другата лента за да се овозможи непречен сообраќај на двете ленти во текот на месец август за да се избегнат долгите редици во екот на туристичката сезона и зголемениот проток на автомобили. Работите на тунелот ќе продолжат во септември, а датумот на завршување на работите исто така ќе се помести, пишува Груби.

The post Груби: Поради непочитување на патната сигнализација на патот Скопје – Блаце се создаваат долги колони автомобили appeared first on Република.

]]>

Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје - Блаце (границата со Косово) треба да заврши во октомври годинава. Комплетната реконструкција на останатиот дел од патот е завршена. За жал, поради непочитување на патната сигнализација пред тунелот од страна на неодговорни лица, но и поради значително зголемениот проток на сообраќај, се создаваат долги редици од автомобили, напиша вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби на Фејсбук. По реакциите и барањата на голем број граѓани, синоќа и денеска ЈПДП разговараше со изведувачот и надзорот. Асфалтирањето на едната лента од тунелот завршува во понеделник. Потоа ја разгледуваме можноста од вторник да ги прекинеме работите на другата лента за да се овозможи непречен сообраќај на двете ленти во текот на месец август за да се избегнат долгите редици во екот на туристичката сезона и зголемениот проток на автомобили. Работите на тунелот ќе продолжат во септември, а датумот на завршување на работите исто така ќе се помести, пишува Груби.

The post Груби: Поради непочитување на патната сигнализација на патот Скопје – Блаце се создаваат долги колони автомобили appeared first on Република.

]]>