скопје - блаце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-blace/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 08:31:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопје - блаце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-blace/ 32 32 Моника Лукровска е младата докторка што загина во сообраќајката на патот Скопје-Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/monika-lukrovska-e-mladata-doktorka-shto-zagina-vo-soobrakajkata-na-patot-skopje-blatse/ Fri, 22 Mar 2024 08:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=757253

Моника Лукровска, доктор специјализацант, е 40-годишната скопјанка која загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на магистралниот пат Скопје – Блаце.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-zagina-petmina-povredeni-megu-koi-i-detsa-po-tezhok-sudir-na-patot-skopje-blatse/

Информацијата за смртта беше објавена на социјалните мрежи на Геронтолошкиот завод од Скопје, каде Моника била дел од тимот на доктори.

Нејзините колеги велат дека  Моника била професионалец, пријател и колега со срце и милост.

Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас. Добриот човек секогаш ќе се памти, стои во Фејсбук објавата каде додаваат дека Моника секогаш зрачела со позитивна енергија без разлика на секојдневието.

The post Моника Лукровска е младата докторка што загина во сообраќајката на патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>

Моника Лукровска, доктор специјализацант, е 40-годишната скопјанка која загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на магистралниот пат Скопје – Блаце. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-zagina-petmina-povredeni-megu-koi-i-detsa-po-tezhok-sudir-na-patot-skopje-blatse/ Информацијата за смртта беше објавена на социјалните мрежи на Геронтолошкиот завод од Скопје, каде Моника била дел од тимот на доктори. Нејзините колеги велат дека  Моника била професионалец, пријател и колега со срце и милост.
Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас. Добриот човек секогаш ќе се памти, стои во Фејсбук објавата каде додаваат дека Моника секогаш зрачела со позитивна енергија без разлика на секојдневието.

The post Моника Лукровска е младата докторка што загина во сообраќајката на патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>
Скопјанка загина, петмина повредени меѓу кои и деца по тежок судир на патот Скопје-Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-zagina-petmina-povredeni-megu-koi-i-detsa-po-tezhok-sudir-na-patot-skopje-blatse/ Thu, 21 Mar 2024 11:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=756972

Вчеравечер во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско.

Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

The post Скопјанка загина, петмина повредени меѓу кои и деца по тежок судир на патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско. Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.  

The post Скопјанка загина, петмина повредени меѓу кои и деца по тежок судир на патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>
Запрени градежните работи на делницата Скопје – Блаце, имало многу сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zapreni-gradezhnite-raboti-na-delnitsata-skopje-blatse-imalo-mnogu-soobrakaj/ Mon, 07 Aug 2023 14:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=669685

Јавно претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека привремено ќе бидат прекинати градежните активности кои се одвиваат во тунелот на државниот пат А4, на делницата Скопје – Блаце. Тие ќе продложат од септември.

Прекинот на работите на оваа делница ќе биде направен заради зголемен проток на сообраќај во месец август, за да се избегнат застоите, а се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот кои ја користат оваа делница. Изведувачот на работите, Гранит-Скопје, привремено ќе ги стопира градежните активности на рехабилитација на тунелот, при што за време на прекинот сообраќајот ќе се одвива нормално, а не под посебен режим, соопштуваат од Јавно претпријатие за државни патишта.

Работите на овој дел од државниот пат ќе продолжат на почетокот на месец септември.

The post Запрени градежните работи на делницата Скопје – Блаце, имало многу сообраќај appeared first on Република.

Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, ќе се обновува постојниот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-podgotvuva-tender-za-vtoriot-del-od-avtopatot-skopje-blace-kje-se-obnovuva-postojniot-pat/ Wed, 05 Oct 2022 10:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=557556

За автопатот Скопје – Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница, а ресорниот министер Благој Бочварски очекува активности на терен наредната година доколку биде успешна тендерската постапка. Се работи на првиот дел од автопатот, а за постојниот пат Скопје-Блаце е избран изведувач за обнова поради лошата состојба.

Во однос на автопатот Блаце јас веќе информирав дека првата делница веќе се гради, за втората делница веќе привршуваат првите постапки и очекуваме во текот на наредниот период да се распише тендерската постапка. Таму сумата на проектантската вредност е некаде над 190 милиони евра. Тоа е голема сериозна инвестиција на доста тежок терен и очекувам дека во текот на наредната година, доколку биде успешна постапката за избор на изведувач, веќе ќе имаме активности и на втората делница, а ќе очекуваме и завршување на првата делница со што тие над 12 километри до Обиколница Скопје ќе влезат во комплетна реорганизација на теренот. Веќе имаме избрано изведувач и за рехабилитација на постоечкиот пат Скопје – Блаце којшто е во една полоша состојба - изјави Бочварски, на новинарско прашање при посетата на Пробиштип.

Целта на активностите, како што посочи, е патната инфраструктура да се доведе до ниво какво што заслужуваат граѓаните.

Оние чекори коишто биле изгубени во минатото денеска ние еве чекор по чекор и во најголемата криза ги враќаме. И не само со овој патен правец, туку и со патниот правец на Коридорот 10Д од Градско кон Дреново – Фариш, Фаришката Клисура, Плетвар и сите останати патни правци со цел да се подобри сликата на инфраструктурата - рече Бочварски.

Тој соопшти дека за втората делница од експресниот пат Штип-Кочани денеска е завршена постапката за експропријација која што одзела доста време. – Овој експресен пат е со над 92 проценти прогрес на работите и нашите очекувања се дека во декември ќе можеме да го пуштиме во сообраќај под времен режим, таму се вршат сите градежни работи, тоа го гледаат граѓаните, изјави Бочварски.

The post Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, ќе се обновува постојниот пат appeared first on Република.

Власта ги одложи првите два километри кон Блаце, имало непредвидени ситуации https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-gi-odlozi-prvite-dva-kilometri-kon-blace-imalo-nepredvideni-situacii/ Wed, 14 Sep 2022 13:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=550760

Рокот за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце во должина од два километра ќе се пролонгира бидејки тешко оди експропријацијата на земјиштето, а на терен излегле и други непредвидени ситуации, кажа директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми.

Лани во ноември беше соопштено дека оваа делница вредна 14,2 милиони евра ќе биде готова до средината на оваа година.

„Требаше да се проектира нов потпорен ѕид со должина од 280 метри и да се проектираат косините на оваа делница. Проектите се готови, но поради законските правила за јавни набавки, мораше одново да го отвориме процесот за овие два километра“, кажа директор Ејуп Рустеми

The post Власта ги одложи првите два километри кон Блаце, имало непредвидени ситуации appeared first on Република.

]]>

Рокот за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце во должина од два километра ќе се пролонгира бидејки тешко оди експропријацијата на земјиштето, а на терен излегле и други непредвидени ситуации, кажа директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми. Лани во ноември беше соопштено дека оваа делница вредна 14,2 милиони евра ќе биде готова до средината на оваа година.
„Требаше да се проектира нов потпорен ѕид со должина од 280 метри и да се проектираат косините на оваа делница. Проектите се готови, но поради законските правила за јавни набавки, мораше одново да го отвориме процесот за овие два километра“, кажа директор Ејуп Рустеми

The post Власта ги одложи првите два километри кон Блаце, имало непредвидени ситуации appeared first on Република.

]]>
Доцнат првите 2 километри од патот Скопје – Блаце, теренот бил стрмен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/docnat-prvite-2-kilometri-od-patot-skopje-blace-terenot-bil-strmen/ Sun, 07 Aug 2022 17:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=537743

Требаше да бидат завршени 90 отсто, но досега се завршени околу 65 отсто од градежните активности за првите два километри од патот Скопје-Блаце. Доцнењата се поради, како што вели директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, стрмниот терен.

Веќе нарачавме посебно проектирање на овој страничен дел и потпорен ѕид кој е долг 280 метри и висок 18-20 метри на овие 2 км од делницата и затоа проектот мора да го направи компанијата „Хил“. Потоа мора да се ревидира од страна на Градежниот факултет и потоа следува реализацијата, рече Рустеми за ТВ21.

Рустеми смета дека овие 2 километри ќе бидат завршени напролет 2023. Тогаш ќе почне изградбата на вториот дел од патот, кој е во должина од 10 километри. По потпишувањето на договорот за заем со ЕБОР веќе се започнати процедури за избор на техничка помош, вели Рустеми, па потоа ќе следи избор на изведувач на градежните работи и надзорот.

Предвидено е патот Скопје-Блаце да се поврзе со Коридорот 8, што би помогнало директно да се поврзе Косово со овој паневропски коридор.

Повеќе прочитајте ТУКА

The post Доцнат првите 2 километри од патот Скопје – Блаце, теренот бил стрмен appeared first on Република.

]]>

Требаше да бидат завршени 90 отсто, но досега се завршени околу 65 отсто од градежните активности за првите два километри од патот Скопје-Блаце. Доцнењата се поради, како што вели директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, стрмниот терен.
Веќе нарачавме посебно проектирање на овој страничен дел и потпорен ѕид кој е долг 280 метри и висок 18-20 метри на овие 2 км од делницата и затоа проектот мора да го направи компанијата „Хил“. Потоа мора да се ревидира од страна на Градежниот факултет и потоа следува реализацијата, рече Рустеми за ТВ21.
Рустеми смета дека овие 2 километри ќе бидат завршени напролет 2023. Тогаш ќе почне изградбата на вториот дел од патот, кој е во должина од 10 километри. По потпишувањето на договорот за заем со ЕБОР веќе се започнати процедури за избор на техничка помош, вели Рустеми, па потоа ќе следи избор на изведувач на градежните работи и надзорот. Предвидено е патот Скопје-Блаце да се поврзе со Коридорот 8, што би помогнало директно да се поврзе Косово со овој паневропски коридор.
Повеќе прочитајте ТУКА

The post Доцнат првите 2 километри од патот Скопје – Блаце, теренот бил стрмен appeared first on Република.

]]>