Скопје - Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-bitola/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 10:45:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје - Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-bitola/ 32 32 Возовите повторно тргнаа, но не и оној за Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vozovite-povtorno-trgnaa-no-ne-i-onoj-za-bitola/ Tue, 14 Nov 2023 10:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=701370

По четири дена целосен прекин на железничкиот сообраќај во земјава од вчера доцна попладне повторно сообраќаат патничките и транспортни возови.

Поради расипана локомотива, вчера во 14:30 часот од Скопје за Битола не замина единствениот воз на оваа релација. Поради тоа и утрово немаше воз на релација Битола - Скопје преку Прилеп и Велес. Неизвесно е до попладнево дали ќе се поправи локомотивата и дали попладнево од 14:30 од Скопје, односно од 15:25 од Велес ќе сообраќа возот од Скопје за Битола преку Велес и Прилеп, велат за МИА од МЖ Транспорт.

Поради несообраќање на овој воз Битола - Скопје преку Велес утрово реагираа жителете од селата на Азот, како Богомила, Теово и Согле, кои утрово со возот не можеа да заминат на работа во Велес и во Скопје. Реагираа и велешани, кои со овој воз според возен ред во 5.46 часот од Велес одат на работа или на училиште за Скопје.

На Железничката станица во Велес за Скопје утрово на време во 5.03 часот тргна локаниот воз, кој синоќа од Скопје за Велес пристигна на полноќ. Утрово од Велес на време тргна и возот кој пристигна од Гевгелија преку Велес за Скопје, а кој според возен ред од Железничката станица во Велес е во 6.27 часот.

Тому овој воз на реација Скопје-Гевгелија, кој поаѓа од Скопје во 16.55 часот, а беше првиот воз што беше запрен во петокот,а вчера попладне во 16,55 часот прв повторно беше пуштен во сообраќај.

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт во петокот попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Бојкотот го прекина вчера попладне по исполнување на нивните барања, по што попладнето во 16.55 часот од Скопје за Гевгелија го пушти истиот воз кој прв го сопре во петокот.

The post Возовите повторно тргнаа, но не и оној за Битола appeared first on Република.

]]>

По четири дена целосен прекин на железничкиот сообраќај во земјава од вчера доцна попладне повторно сообраќаат патничките и транспортни возови. Поради расипана локомотива, вчера во 14:30 часот од Скопје за Битола не замина единствениот воз на оваа релација. Поради тоа и утрово немаше воз на релација Битола - Скопје преку Прилеп и Велес. Неизвесно е до попладнево дали ќе се поправи локомотивата и дали попладнево од 14:30 од Скопје, односно од 15:25 од Велес ќе сообраќа возот од Скопје за Битола преку Велес и Прилеп, велат за МИА од МЖ Транспорт. Поради несообраќање на овој воз Битола - Скопје преку Велес утрово реагираа жителете од селата на Азот, како Богомила, Теово и Согле, кои утрово со возот не можеа да заминат на работа во Велес и во Скопје. Реагираа и велешани, кои со овој воз според возен ред во 5.46 часот од Велес одат на работа или на училиште за Скопје. На Железничката станица во Велес за Скопје утрово на време во 5.03 часот тргна локаниот воз, кој синоќа од Скопје за Велес пристигна на полноќ. Утрово од Велес на време тргна и возот кој пристигна од Гевгелија преку Велес за Скопје, а кој според возен ред од Железничката станица во Велес е во 6.27 часот. Тому овој воз на реација Скопје-Гевгелија, кој поаѓа од Скопје во 16.55 часот, а беше првиот воз што беше запрен во петокот,а вчера попладне во 16,55 часот прв повторно беше пуштен во сообраќај. Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт во петокот попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Бојкотот го прекина вчера попладне по исполнување на нивните барања, по што попладнето во 16.55 часот од Скопје за Гевгелија го пушти истиот воз кој прв го сопре во петокот.

The post Возовите повторно тргнаа, но не и оној за Битола appeared first on Република.

]]>
Се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, од 25 октомври возот ќе сообраќа само еднаш дневно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-ukinuvaat-vozovi-megu-skopje-i-bitola-od-25-oktomvri-vozot-ke-soobraka-samo-ednash-dnevno/ Sun, 22 Oct 2023 09:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=693817

Претпријатието Железници-Транспорт најавува нови укинувања на патнички возови во земјава. Според најавата, од 25 октомври ќе бидат укинати по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно.

Така, од среда, патницитенема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје кои поаѓаат во 12:48 и 18:24 часот.

ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14:30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03:13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување“, се вели во соопштението од оваа државна компанија.

Патничките возови меѓу Скопје и Битола се најкористени според бројот на превезени патници, a се очекува ваквата одлука на Железници-Транспорт да предизвика незадоволство особено меѓу граѓаните на Прилеп и населението од Азотскиот регион, кое нема друга форма на превоз кон Прилеп, Велес и Скопје, освен возот. Според податоците на Државниот завод за статистика, прилепската железничка станица е трета по големина во земјава со 60.000 отпатувани патници во 2022 година, по Скопје (150.000) и Велес (116.000 патници).

Инаку, укинувањето на двата пара возови меѓу Скопје и Битола доаѓа само неколку месеци откако железничкото претпријатие ги укина сите четири пара возови на релацијата Скопје-Куманово-Табановце-Скопје. Ова укинување стапи на сила на 4 јануари годинава, а од тогаш до денес жителите од кумановскиот регион немаат можност да патуваат со воз до главниот град.

Со најновото кастрење на возовите, патниците што патуваат меѓу Скопје и Битола ќе имаат на располагање само по еден воз дневно на оваа релација. Единствени возови што остануваат во сообраќај се двата пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, додека меѓу Скопје и Велес ќе има само шест пара возови дневно. Историјата на Македонски железници не познава волку мал број на поаѓања на возови во домашниот железнички сообраќај што некогаш претходно бил организиран од државната железница.

Од Железници-Транспорт нема објаснување за причините за најновото укинување на патничките возови меѓу Скопје и Битола. При претходното укинување на возовите меѓу Скопје и Табановце беше пуштено образложение дека има недостаток на машиновозачи во претпријатието.

Во меѓувреме, во јуни годинава се вработија 40 нови машиновозачи на неопределено време, па останува прашањето што тие ќе работат откако сите овие возови се укинати во изминатиов период. Според податоците од веб-страницата на претпријатието, во Железници-Транспорт се вработени 941 лице.

The post Се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, од 25 октомври возот ќе сообраќа само еднаш дневно appeared first on Република.

]]>

Претпријатието Железници-Транспорт најавува нови укинувања на патнички возови во земјава. Според најавата, од 25 октомври ќе бидат укинати по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Така, од среда, патницитенема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје кои поаѓаат во 12:48 и 18:24 часот.
ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14:30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03:13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување“, се вели во соопштението од оваа државна компанија.
Патничките возови меѓу Скопје и Битола се најкористени според бројот на превезени патници, a се очекува ваквата одлука на Железници-Транспорт да предизвика незадоволство особено меѓу граѓаните на Прилеп и населението од Азотскиот регион, кое нема друга форма на превоз кон Прилеп, Велес и Скопје, освен возот. Според податоците на Државниот завод за статистика, прилепската железничка станица е трета по големина во земјава со 60.000 отпатувани патници во 2022 година, по Скопје (150.000) и Велес (116.000 патници). Инаку, укинувањето на двата пара возови меѓу Скопје и Битола доаѓа само неколку месеци откако железничкото претпријатие ги укина сите четири пара возови на релацијата Скопје-Куманово-Табановце-Скопје. Ова укинување стапи на сила на 4 јануари годинава, а од тогаш до денес жителите од кумановскиот регион немаат можност да патуваат со воз до главниот град. Со најновото кастрење на возовите, патниците што патуваат меѓу Скопје и Битола ќе имаат на располагање само по еден воз дневно на оваа релација. Единствени возови што остануваат во сообраќај се двата пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, додека меѓу Скопје и Велес ќе има само шест пара возови дневно. Историјата на Македонски железници не познава волку мал број на поаѓања на возови во домашниот железнички сообраќај што некогаш претходно бил организиран од државната железница. Од Железници-Транспорт нема објаснување за причините за најновото укинување на патничките возови меѓу Скопје и Битола. При претходното укинување на возовите меѓу Скопје и Табановце беше пуштено образложение дека има недостаток на машиновозачи во претпријатието. Во меѓувреме, во јуни годинава се вработија 40 нови машиновозачи на неопределено време, па останува прашањето што тие ќе работат откако сите овие возови се укинати во изминатиов период. Според податоците од веб-страницата на претпријатието, во Железници-Транспорт се вработени 941 лице.

The post Се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, од 25 октомври возот ќе сообраќа само еднаш дневно appeared first on Република.

]]>
Од денеска до не се знае кога во прекин железничкиот сообраќај Скопје-Битола-Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-do-ne-se-znae-koga-vo-prekin-zheleznichkiot-soobrakaj-skopje-bitola-skopje/ Mon, 25 Sep 2023 13:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=684901

Сообраќајот на пругата Скопје - Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион.

Од Железници информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.

Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

The post Од денеска до не се знае кога во прекин железничкиот сообраќај Скопје-Битола-Скопје appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на пругата Скопје - Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.
Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

The post Од денеска до не се знае кога во прекин железничкиот сообраќај Скопје-Битола-Скопје appeared first on Република.

]]>
Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prekin-zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-skopje-bitola/ Mon, 25 Sep 2023 08:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=684900

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион.

Од Железници -Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.

Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

The post Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници -Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

The post Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола appeared first on Република.

]]>