Скопје 63 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-63/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 10:08:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје 63 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-63/ 32 32 Документарниот филм „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ вечерва во Кинотека на Македонија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dokumentarniot-film-skopje-63-na-velko-bulajik-vecherva-vo-kinoteka-na-makedonija/ Thu, 23 May 2024 10:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=780852

Во четврток на 23 мај во 20:00 часот во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан документарниот филм „Скопје 63“ во режија на Вељко Булајиќ, кој претставува сведоштво за потресната судбина на Скопје во деновите по земјотресот.

На 26 јули 1963, во 5 часот и 17 минути, Скопје го погоди катастрофален земјотрес со јачина од 6.1 степен по рихтеровата скала. Само три дена подоцна, режисерот Вељко Булајиќ со својата екипа пристигнува во разурнатиот град. Следните неколку месеци се снима материјал, сведоштво за потресната судбина на градот. Булајиќ, по завршувањето на првата етапа од реализацијата, цели 12 месеци го монтира и синхронизира снимениот материјал. Монументалниот документарен проект е прикажан на фестивалот во Кан во 1964, а на венецијанското филмско биенале ја добива наградата за најдобар долгометражен документарен филм.

„Скопје 63“ е сведоштво за моќта на филмот како медиум, сведоштво за битната авторска визија. Филмот е во продукција на тогашниот Вардар Филм и Јадран Филм, а при реализацијата Булајиќ соработувал со нашите познати автори и филмски дејци – Јован Бошковски, Матеја Матевски, Ѓорѓи Старделов, Љубе Петковски, Драган Салковски. За потребите на филмот е снимен и еден од првите концерти на Есма Реџепова и нејзината изведба на Chaje Shukarije.

Во 2020 година хрватските филмски критичари го прогласија токму ова остварување за еден од најдобрите хрватски документарни филмови на сите времиња.

The post Документарниот филм „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ вечерва во Кинотека на Македонија appeared first on Република.

]]>

Во четврток на 23 мај во 20:00 часот во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан документарниот филм „Скопје 63“ во режија на Вељко Булајиќ, кој претставува сведоштво за потресната судбина на Скопје во деновите по земјотресот. На 26 јули 1963, во 5 часот и 17 минути, Скопје го погоди катастрофален земјотрес со јачина од 6.1 степен по рихтеровата скала. Само три дена подоцна, режисерот Вељко Булајиќ со својата екипа пристигнува во разурнатиот град. Следните неколку месеци се снима материјал, сведоштво за потресната судбина на градот. Булајиќ, по завршувањето на првата етапа од реализацијата, цели 12 месеци го монтира и синхронизира снимениот материјал. Монументалниот документарен проект е прикажан на фестивалот во Кан во 1964, а на венецијанското филмско биенале ја добива наградата за најдобар долгометражен документарен филм. „Скопје 63“ е сведоштво за моќта на филмот како медиум, сведоштво за битната авторска визија. Филмот е во продукција на тогашниот Вардар Филм и Јадран Филм, а при реализацијата Булајиќ соработувал со нашите познати автори и филмски дејци – Јован Бошковски, Матеја Матевски, Ѓорѓи Старделов, Љубе Петковски, Драган Салковски. За потребите на филмот е снимен и еден од првите концерти на Есма Реџепова и нејзината изведба на Chaje Shukarije. Во 2020 година хрватските филмски критичари го прогласија токму ова остварување за еден од најдобрите хрватски документарни филмови на сите времиња.

The post Документарниот филм „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ вечерва во Кинотека на Македонија appeared first on Република.

]]>