скопје 2014 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-2014/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 19:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопје 2014 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-2014/ 32 32 Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lutkov-vo-prethodnite-sedum-osum-godini-golem-del-od-proektite-se-deleni-od-rakav/ Fri, 18 Oct 2024 19:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=828633

Министерството за култура и туризам ќе направи попис на книгите печатени од издавачките проекти до 2017 година и на сите сувенири произведени во рамки на проектот „Скопје 2014“ кои се чуваат по подруми и депоа. Извештајот ќе биде презентиран на седница на Влада за да се одлучи каде тие ќе бидат распределени.

Министерот Зоран Љутков, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, рече дека нивната дистрибуција била стопирана во 2017 година, кога СДСМ ја презел власта, и дека тој ќе се заложи тие книги да излезат на виделина.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештај за 2023 година што го објави пред три дена, наведе дека без попис и дистрибуција има стотици илјади примероци кои потекнуваат од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година.

Љутков бил известен дека милион и пол книги од овие проекти се сместени во депоата во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во Музејот на Македонија се складирани стотици илјади сувенири од проектот „Скопје 2014“.

Без основ се затворени во депоата. До 2017 година имало начин како тие книги и сувенири да се дистрибуираат. Но, во 2017-2018, при преземањето на власта од Социјалдемократскиот сојуз, стопирани се сите проекти. Имаме план, во наредниот период ќе добиеме извештај, бидејќи се пребројуваат сувенирите, и уште еднаш ќе направиме попис и на книгите, јас ќе поднесам информација на Влада и ќе донесеме одлука дали тие ќе одат во библиотеките, дали ќе одат како подароци... При првата посета на НУБ реков дека јас овие книги ќе ги извадам на виделина. Гревота е книги со таков квалитет, такви класици, таква белетристика, литература од секаков вид, да стои затворена, рече Љутков.

ДЗР во објавениот извештај за работата на Министерството за култура во 2023 наведе и дека 318 милиони денари биле исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба.

Звучи страшно, веројатно таков ќе биде извештајот и до половината за 2024 година зашто ги имавме истите критики и за конкурсот што беше објавен во 2024. Бидејќи реално, во претходните седум-осум години немаме јасно дефинирани правила и критериуми како се делат проектите од национален интерес и затоа сме реагирале дека голем дел од проектите се делени „од ракав“. И веројатно од тие причини извештајот е точен и конкретен, изјави министерот.

За новиот Конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025, кој е во тек и трае до крајот на месецов, посочи дека точно ќе се знае кој за што може да конкурира зашто, како што рече Љутков, се поставени јасни правила и критериуми, бодување и се определени максималните суми. Љутков нагласи и дека 18 дена по објавувањето на конкурсот, немало реакции за новините во начинот на финансирањето на проектите.

За да се контролираат дадените средства, проектите не само што ќе бидат избрани, туку ќе има и евалуација за реализацијата, а вработените во Министерството одблиску ќе го следат процесот. Наредната недела ќе ги објават и членовите на комисиите кои ќе ги одобрат проектите и понатаму ќе ги следат.

The post Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура и туризам ќе направи попис на книгите печатени од издавачките проекти до 2017 година и на сите сувенири произведени во рамки на проектот „Скопје 2014“ кои се чуваат по подруми и депоа. Извештајот ќе биде презентиран на седница на Влада за да се одлучи каде тие ќе бидат распределени. Министерот Зоран Љутков, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, рече дека нивната дистрибуција била стопирана во 2017 година, кога СДСМ ја презел власта, и дека тој ќе се заложи тие книги да излезат на виделина. Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештај за 2023 година што го објави пред три дена, наведе дека без попис и дистрибуција има стотици илјади примероци кои потекнуваат од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година. Љутков бил известен дека милион и пол книги од овие проекти се сместени во депоата во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во Музејот на Македонија се складирани стотици илјади сувенири од проектот „Скопје 2014“.
Без основ се затворени во депоата. До 2017 година имало начин како тие книги и сувенири да се дистрибуираат. Но, во 2017-2018, при преземањето на власта од Социјалдемократскиот сојуз, стопирани се сите проекти. Имаме план, во наредниот период ќе добиеме извештај, бидејќи се пребројуваат сувенирите, и уште еднаш ќе направиме попис и на книгите, јас ќе поднесам информација на Влада и ќе донесеме одлука дали тие ќе одат во библиотеките, дали ќе одат како подароци... При првата посета на НУБ реков дека јас овие книги ќе ги извадам на виделина. Гревота е книги со таков квалитет, такви класици, таква белетристика, литература од секаков вид, да стои затворена, рече Љутков.
ДЗР во објавениот извештај за работата на Министерството за култура во 2023 наведе и дека 318 милиони денари биле исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба.
Звучи страшно, веројатно таков ќе биде извештајот и до половината за 2024 година зашто ги имавме истите критики и за конкурсот што беше објавен во 2024. Бидејќи реално, во претходните седум-осум години немаме јасно дефинирани правила и критериуми како се делат проектите од национален интерес и затоа сме реагирале дека голем дел од проектите се делени „од ракав“. И веројатно од тие причини извештајот е точен и конкретен, изјави министерот.
За новиот Конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025, кој е во тек и трае до крајот на месецов, посочи дека точно ќе се знае кој за што може да конкурира зашто, како што рече Љутков, се поставени јасни правила и критериуми, бодување и се определени максималните суми. Љутков нагласи и дека 18 дена по објавувањето на конкурсот, немало реакции за новините во начинот на финансирањето на проектите. За да се контролираат дадените средства, проектите не само што ќе бидат избрани, туку ќе има и евалуација за реализацијата, а вработените во Министерството одблиску ќе го следат процесот. Наредната недела ќе ги објават и членовите на комисиите кои ќе ги одобрат проектите и понатаму ќе ги следат.

The post Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Би ги потпишал со златни букви сите досегашни политички морони кои раководеа со овој квази-град и оваа квази-држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskovski-bi-gi-potpishal-so-zlatni-bukvi-site-dosegashni-politichki-moroni-koi-rakovodea-so-ovoj-kvazi-grad-i-ovaa-kvazi-drzhava/ Wed, 18 Sep 2024 11:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=817437

Владата ќе го догради споменикот на Мајка Тереза на влезот на плоштад Македонија во Скопје, како и сè што е оставено од објектите во недовршена фаза, а е со уредна документација. Активистот Ивор Мицковски има идеа каква плоча да стои пред овој толку зборуван објект:

Ќе се доградувал споменикот на Мајка Тереза иако е дивоградба и откако цепаниците од поранешна власт не мрднаа со мал прст. Уствари доебаа се.
Предлагам да се стави и плоча на споменикот:
Тука се поклонуваат современиците на урбанистичкиот хаос и насилие, љубителите на криминалот и корупцијата, поддржувачите на непотизмот и партизацијата, пасивните уживатели и жители на еден упропастен квази-град без поента во своето постоење.
И после би ги потпишал со златни букви сите досегашни политички морони кои раководеа со овој квази-град и оваа квази-држава.
Од граѓаните…

The post Мицковски: Би ги потпишал со златни букви сите досегашни политички морони кои раководеа со овој квази-град и оваа квази-држава appeared first on Република.

]]>

Владата ќе го догради споменикот на Мајка Тереза на влезот на плоштад Македонија во Скопје, како и сè што е оставено од објектите во недовршена фаза, а е со уредна документација. Активистот Ивор Мицковски има идеа каква плоча да стои пред овој толку зборуван објект:
Ќе се доградувал споменикот на Мајка Тереза иако е дивоградба и откако цепаниците од поранешна власт не мрднаа со мал прст. Уствари доебаа се. Предлагам да се стави и плоча на споменикот: Тука се поклонуваат современиците на урбанистичкиот хаос и насилие, љубителите на криминалот и корупцијата, поддржувачите на непотизмот и партизацијата, пасивните уживатели и жители на еден упропастен квази-град без поента во своето постоење. И после би ги потпишал со златни букви сите досегашни политички морони кои раководеа со овој квази-град и оваа квази-држава. Од граѓаните…

The post Мицковски: Би ги потпишал со златни букви сите досегашни политички морони кои раководеа со овој квази-град и оваа квази-држава appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за недовршените градби од Скопје 2014: Недовршените објекти го грдат лицето на главниот град, но јас сум љубител на модерниот стил https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-za-nedovrshenite-gradbi-od-skopje-2014-nedovrshenite-objekti-go-grdat-litseto-na-glavniot-grad-no-jas-sum-lubitel-na-moderniot-stil/ Thu, 15 Aug 2024 10:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=806824

Недовршените објекти од проектот Скопје 2014 го грдат лицето на главниот град и би сакал поскоро да бидат завршени, но јас сум љубител на модерниот стил, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање каков е планот на Владата за недовршените објекти од 2014, со оглед дека со ребалансот не се предвидени пари за завршување на тие згради годинава.

Навистина тоа е прашање кое што мене лично многу ме засега како човек роден во Скопје, израснат тука и навистина е тоа премногу грдо онака како што изгледа сега незавршена и недовршена и бараме начин за голем број од тие објекти како да ги завршиме. Јас за вкусовите не сакам да дискутирам, можеби некој има одреден правец во уметноста којшто му се допаѓа, некој има друг правец во уметноста којшто му се допаѓа, можеби мене тоа што не ми се допаѓа некому му се допаѓа, но јас сум љубител на модерниот стил и би сакал тие згради и објекти коишто вие ги споменавте да бидат час поскоро завршени само за да не го грдат лицето на главниот град бидејќи се заборавени, рече Мицкоски при посетата на Царинската управа.

Тој истакна дека пари не се предвидени бидејќи се прават анализи каков е нивниот правен статус, бидејќи, како што рече, дел од тие објекти се и приватни инвестиции.

Сега не можеме ние како држава и тие приватни објекти да ги санираме, но секако со инвеститорите би сакале да разговараме, да работиме да тоа се заврши. Да видиме што можеме да помогнеме навистина. Прочитав еден податок дека бројот на туристи кај нас е зголемен за 11 проценти споредено со минатата година, додека читам во околината оние традиционално интензивни туристички држави имаат намален број на туристи оваа година, во некои од државите и до 20-25 проценти, рече премиерот.

Најави специјална политика со туризмот.

Многу скоро од денеска еден нов пристап ќе објавиме во месец септември, потоа очекуваме сето тоа да почне да функционира со неколку чартери на ден од март, бидејќи многу е важно да имаме јасна промоција на туристичките капацитети коишто ги нудиме како држава и за да тоа биде комплетно, да биде убаво ние мораме ова што е останато незавршено да го завршиме. Откако ќе ја завршиме таа анализа бидете сигурни дека веќе во буџетот за следната година тоа што е работа на државата ќе биде завршено. Дали ќе го напуштиме тоа треба да кажат стручните лица архитектите. Ќе повторам, доколку е тоа возможно јас сум љубител на модерниот стил, рече Мицкоски.

The post Мицкоски за недовршените градби од Скопје 2014: Недовршените објекти го грдат лицето на главниот град, но јас сум љубител на модерниот стил appeared first on Република.

Инает, незаинтересираност, незнаење или сè наведено: Кабли струја и ѓубре во пропаднатото здание во Жена парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/inaet-nezainteresiranost-neznaene-ili-se-navedeno-kabli-struja-i-gubre-vo-propadnatoto-zdanie-vo-zhena-park/ Sun, 14 May 2023 13:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=640675

Се оставаат ли намерно да пропаѓаат спомениците низ Скопје или целосната негрижа околу нив може да се препише на незаинтересираноста или незнаењето на „менаџерката“ на Градот?

Десет години по откривањето на споменикот на Паднатите херои за Македонија кој завршува со статуата на Прометеј во Жена парк, баш спроти зградата на Парламентот, денес ретко кој ноќе би се осудил да помине покрај него. Фонтаната едвај работи, светлата се откорнати, метла одамна не заиграла.

На местото каде дење деца си играат додека нивните баби и дедовци одмараат на клупите, сега е полно со ѓубре, а кабли со струја висат како украси.

Граѓаните го платија овој споменик како дел од проектот Скопје 2014. Без разлика дали некому во Градот му се допаѓа или не е по негов вкус, должност им е да го одржуваат, но најверојатно го чека истата судбина како подната фонтана на Плоштад.

The post Инает, незаинтересираност, незнаење или сè наведено: Кабли струја и ѓубре во пропаднатото здание во Жена парк appeared first on Република.

]]>

Се оставаат ли намерно да пропаѓаат спомениците низ Скопје или целосната негрижа околу нив може да се препише на незаинтересираноста или незнаењето на „менаџерката“ на Градот? Десет години по откривањето на споменикот на Паднатите херои за Македонија кој завршува со статуата на Прометеј во Жена парк, баш спроти зградата на Парламентот, денес ретко кој ноќе би се осудил да помине покрај него. Фонтаната едвај работи, светлата се откорнати, метла одамна не заиграла. На местото каде дење деца си играат додека нивните баби и дедовци одмараат на клупите, сега е полно со ѓубре, а кабли со струја висат како украси. Граѓаните го платија овој споменик како дел од проектот Скопје 2014. Без разлика дали некому во Градот му се допаѓа или не е по негов вкус, должност им е да го одржуваат, но најверојатно го чека истата судбина како подната фонтана на Плоштад.

The post Инает, незаинтересираност, незнаење или сè наведено: Кабли струја и ѓубре во пропаднатото здание во Жена парк appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Ако го тргнеме споменикот од Слупчане, дајте да ги тргнеме и овие од плоштад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ako-go-trgneme-spomenikot-od-slupchane-dajte-da-gi-trgneme-i-ovie-od-ploshtad/ Fri, 06 May 2022 12:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=498582

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба, но и дека комисија на претходната влада на Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила оти над 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.

Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект. Сега истите овие што креваат галама околу споменикот, сакам да ги прашам бевте ли вие господа на власт со Али Ахмети во овие 20 години еден период барем? Али Ахмети бил во Влада со вас, затоа што беше амнестиран, рече Пендаровски за поставувањето на спомен-кулата на УЧК во село Слупчане.

Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90% од спомениците на плоштад. Што е тргнато од тоа? Ништо. Ако го тргнеме ова од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот. Споменикот на Никола Карев пред Собранието исто така е дивоградба, пред таква институција“, рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Ако го тргнеме споменикот од Слупчане, дајте да ги тргнеме и овие од плоштад appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба, но и дека комисија на претходната влада на Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила оти над 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.
Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект. Сега истите овие што креваат галама околу споменикот, сакам да ги прашам бевте ли вие господа на власт со Али Ахмети во овие 20 години еден период барем? Али Ахмети бил во Влада со вас, затоа што беше амнестиран, рече Пендаровски за поставувањето на спомен-кулата на УЧК во село Слупчане. „Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90% од спомениците на плоштад. Што е тргнато од тоа? Ништо. Ако го тргнеме ова од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот. Споменикот на Никола Карев пред Собранието исто така е дивоградба, пред таква институција“, рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Ако го тргнеме споменикот од Слупчане, дајте да ги тргнеме и овие од плоштад appeared first on Република.

]]>
Нови фотографии од Ковачевски и „Скопје 2014“ кое денеска го куди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-fotografii-od-kovachevski-i-skopje-2014-koe-deneska-go-kudi/ Sun, 01 May 2022 20:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=496166

Нови фотографии од премиерот Димитар Ковачевски како е дел од отворањето на објекти и споменици од проектот Скопје 2014 вечерва кружат на интернет, откако вчера од јавноста и опозицијата беше извикан за своето лицемерие дела од говорницата во Собранието зборува дека градежниот проект е криминал, а во времето на изградбата бил во првите редови од свеченостите.

Од СДСМ реагираа дека Ковачевски присуствувал на отварањата само како директор на Телеком, додека од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека не само што е неспособен, туку е и „крајно лицемерен лик“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-beshe-najradosen-na-otvoranjeto-na-proektite-na-skopje-2014/

The post Нови фотографии од Ковачевски и „Скопје 2014“ кое денеска го куди appeared first on Република.

]]>

Нови фотографии од премиерот Димитар Ковачевски како е дел од отворањето на објекти и споменици од проектот Скопје 2014 вечерва кружат на интернет, откако вчера од јавноста и опозицијата беше извикан за своето лицемерие дела од говорницата во Собранието зборува дека градежниот проект е криминал, а во времето на изградбата бил во првите редови од свеченостите. Од СДСМ реагираа дека Ковачевски присуствувал на отварањата само како директор на Телеком, додека од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека не само што е неспособен, туку е и „крајно лицемерен лик“. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-beshe-najradosen-na-otvoranjeto-na-proektite-na-skopje-2014/

The post Нови фотографии од Ковачевски и „Скопје 2014“ кое денеска го куди appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Ковачевски како директор на Телеком беше на отворање на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-kovachevski-kako-direktor-na-telekom-beshe-na-otvoranje-na-teatarot/ Sun, 01 May 2022 19:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=496133

Тоа што Димитар Ковачевски како директор во Македонски телеком АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ. За криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и оној од „Скопје 2014“ збор имаат македонските судови, се наведува во писмената реакција на СДСМ за прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-beshe-najradosen-na-otvoranjeto-na-proektite-na-skopje-2014/

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор. Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултираа со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ. Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните, се наведува во реакцијата.

The post СДСМ: Ковачевски како директор на Телеком беше на отворање на театарот appeared first on Република.

]]>

Тоа што Димитар Ковачевски како директор во Македонски телеком АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ. За криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и оној од „Скопје 2014“ збор имаат македонските судови, се наведува во писмената реакција на СДСМ за прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-beshe-najradosen-na-otvoranjeto-na-proektite-na-skopje-2014/
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор. Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултираа со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ. Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните, се наведува во реакцијата.

The post СДСМ: Ковачевски како директор на Телеком беше на отворање на театарот appeared first on Република.

]]>
Kовачевски како премиер го критикува „Скопје 2014“, како директор уплаудира заедно со ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kako-premier-go-kritikuva-skopje-2014-kako-direktor-uplaudira-zaedno-so-vmro-dpmne/ Sat, 30 Apr 2022 09:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=495635

Дволичноста на Ковачевски, како премиер го критикува Скопје 2014-та, како директор уплаудира заедно со ВМРО-ДПМНЕ, коментира Јован Кукузел.

Тој сподели видео од излагањето на Ковачевски пред пратениците пред неколку дена кога како премиер зборува против градежниот проект, и стара снимка од отворањето на Македонскиот народен театар во 2013 година, каде во публика видно весел и расположен ужива и аплаудира во новиот објект.

The post Kовачевски како премиер го критикува „Скопје 2014“, како директор уплаудира заедно со ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Дволичноста на Ковачевски, како премиер го критикува Скопје 2014-та, како директор уплаудира заедно со ВМРО-ДПМНЕ, коментира Јован Кукузел. Тој сподели видео од излагањето на Ковачевски пред пратениците пред неколку дена кога како премиер зборува против градежниот проект, и стара снимка од отворањето на Македонскиот народен театар во 2013 година, каде во публика видно весел и расположен ужива и аплаудира во новиот објект.

The post Kовачевски како премиер го критикува „Скопје 2014“, како директор уплаудира заедно со ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Oсмани се пофали пред Вархеји со „Скопје 2014“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-pofali-pred-varheji-so-skopje-2014/ Thu, 28 Apr 2022 18:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=494938

Комесарот за проширување Оливер Вархеји за време на престојот во Македонија имаше средби со речиси целиот државен врв. Но, највпечатлива беше средбата со шефот на дипломатијата Бујар Османи во зградата на Министерството за надворешни работи на кејот на Вардар.

Османи како добар домаќин го прошета низ целата зграда која е дел од проектот „Скопје 2014“ , потоа низ прозорецот му го покажуваше плоштадот, мостовите и Галијата.

За Вархеји поубаво да го види центарот на Скопје Османи го качи и на покривот на МНР од каде се пружа прекрасен поглед на сите споменици од проектот Скопје 2014 и кој беше направен кога ДУИ исто така беше дел од власта.

Во придружба на Османи беше и вицепремиерот Маричиќ кој на гостинот од ЕУ му ги објаснуваше статуите кои ја красат терасата на министерството.

https://www.youtube.com/watch?v=mJspOeSDfF0

The post Oсмани се пофали пред Вархеји со „Скопје 2014“ appeared first on Република.

]]>

Комесарот за проширување Оливер Вархеји за време на престојот во Македонија имаше средби со речиси целиот државен врв. Но, највпечатлива беше средбата со шефот на дипломатијата Бујар Османи во зградата на Министерството за надворешни работи на кејот на Вардар. Османи како добар домаќин го прошета низ целата зграда која е дел од проектот „Скопје 2014“ , потоа низ прозорецот му го покажуваше плоштадот, мостовите и Галијата. За Вархеји поубаво да го види центарот на Скопје Османи го качи и на покривот на МНР од каде се пружа прекрасен поглед на сите споменици од проектот Скопје 2014 и кој беше направен кога ДУИ исто така беше дел од власта. Во придружба на Османи беше и вицепремиерот Маричиќ кој на гостинот од ЕУ му ги објаснуваше статуите кои ја красат терасата на министерството. https://www.youtube.com/watch?v=mJspOeSDfF0

The post Oсмани се пофали пред Вархеји со „Скопје 2014“ appeared first on Република.

]]>