скопиа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopia/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 19:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопиа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopia/ 32 32 Керим: „Скопиа“ не е провокација? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kerim-skopia-ne-e-provokatsija/ Mon, 20 May 2024 19:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=780260

Поранешниот министер за надворешни работи и дипломат Срѓан Керим, зборувајќи за заклетвата на шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова, рече дека „претседател на држава кој полага заклетва пред својот Парламент, пред своите граѓани и пред својот народ не може да направи гаф кога го изговара името на државата Македонија“, посочувајќи дека пораката што таа сакала да ја упати била внатрешно-политичка односно кон мнозинствотот граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција или некоја друга земја.

Ако барате порака тогаш јас ја читам како внатрешно - политичка, а не надворешно - политичка затоа што една од основните одлики и карактеристики на демократијата е мнозинството. Госпоѓата Сиљановска Давкова беше избрана со огромен број на гласови на мнозинство на граѓаните на оваа држава и поради тоа тој гест беше наменет на нив, а не да се провоцира ни Грција ни никој друг, рече Керим во тема на денот на ТВ Сител.

Ако треба да одговори како дипломат, рече тој, дипломатски е да се седне на маса и да се разговара.

Има причина да разговараме затоа што ако ние провоцираме со тоа што го употребуваме името Македонија што е тогаш употребата на „Скопиа“ цело време од грчка страна кога зборуваат за нашата земја. Нели е и тоа провокација, праша Керим.

Се што ќе излезе од Скопје или од Македонија, вели поранешниот министер, подлага на еден диоптер од Брисел и ние треба да бидеме постојано фрустрирани, укочени, да пазиме што зборуваме и што ќе кажеме за тоа да не не одалечи од Брисел

The post Керим: „Скопиа“ не е провокација? appeared first on Република.

]]>

Додека Пендаровски и Ковачевски се расправаат кој треба да ѝ се јави на грчката претседателка, кај Лерин се појави нова табла за граница со безимена држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-pendarovski-i-kovachevski-se-raspravaat-koj-treba-da-se-javi-na-grchkata-pretsedatelka-kaj-lerin-se-pojavi-nova-tabla-za-granitsa-so-bezimena-drzhava/ Tue, 16 Jan 2024 16:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=733657

Додека Ковачевски и Пендаровски се препираат околу тоа кој треба да побара од грчките власти дозвола за пролонгирање на рокот за личните документи Грција не губи време.

Откако нашите власти срамежливо и со пола уста говореа дека на таблите низ северот на Грција има навредливи табли со „скопиа“ и ФИРОМ, јужниот сосед отиде чекор подаелку. Во близина на граничниот премин Ники кај Лерин осамна табла на која стои само „Border station„ без да се наведе државата кон која се патува.

Пендаровски денеска изјави дека нема надлежност да и се јави  на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и да побара дозвола македонските граѓани да продолжат да ги користат важечките лични документи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-demantira-kovachevski-nemam-prezemeno-obvrska-da-pregovaram-so-grtsija/

The post Додека Пендаровски и Ковачевски се расправаат кој треба да ѝ се јави на грчката претседателка, кај Лерин се појави нова табла за граница со безимена држава appeared first on Република.

]]>

Додека Ковачевски и Пендаровски се препираат околу тоа кој треба да побара од грчките власти дозвола за пролонгирање на рокот за личните документи Грција не губи време. Откако нашите власти срамежливо и со пола уста говореа дека на таблите низ северот на Грција има навредливи табли со „скопиа“ и ФИРОМ, јужниот сосед отиде чекор подаелку. Во близина на граничниот премин Ники кај Лерин осамна табла на која стои само „Border station„ без да се наведе државата кон која се патува. Пендаровски денеска изјави дека нема надлежност да и се јави  на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и да побара дозвола македонските граѓани да продолжат да ги користат важечките лични документи. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-demantira-kovachevski-nemam-prezemeno-obvrska-da-pregovaram-so-grtsija/  

The post Додека Пендаровски и Ковачевски се расправаат кој треба да ѝ се јави на грчката претседателка, кај Лерин се појави нова табла за граница со безимена држава appeared first on Република.

]]>
Во Грција таблите уште се со „Скопиа“ и ФИРОМ, a Таче и Пендаровски ќе ја прашувале грчката претседателка дали ќе ни дозволи да го продолжиме рокот на важечките документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-grtsija-tablite-ushte-se-so-skopia-i-firom-a-tache-i-pendarovski-ke-ja-prashuvale-grchkata-pretsedatelka-dali-ke-ni-dozvoli-da-go-prodolzhime-rokot-na-vazhechkite-dokumenti/ Thu, 11 Jan 2024 12:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=731907

Дека власта не знае кај тера се гледа и по начинот на кој оди промената на личните документи кои произлегоа како наша обврска од Договорот од Преспа. Досега, за да и удоволи на Грција, власта на Заев, а сега и на Ковачевски одеше и пред обврските кои се јасно прецизирани во спогодбата.

Па така, најпрвин побрзаа да ги направат „северни“ сите називи на инситуции, културни, спортски, музички. иако тоа никаде не е наведено.

Потоа, брусеа шахти каде беше нацртано сонцето од Кутлеш, па регистарски таблички.

На крајот на годината дојдоа на ред личните документи иако според договорот од Преспа тоа треба да се прави по отворањето на соодветните поглавја од преговорите со ЕУ, а Македонија е далеку од почеток на преговори.

Во текстот од Договорот се вели дека Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3, ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

Власта дури си постави и рок до кога треба да се промена личните документи а тоа е следниот месец.Тоа створи оправдан револт кај оние граѓани кои имаат важечки документи и кои не сакаат да се изложуваат на дополнителен трошок.

И откако ги измалтретираа граѓаните со часови да закажуваат термин по телефон и да дремат на пункотвите каде не треба закажување, власта се сети на генијална идеја-пролонгирање на рокот.

Алелуја.

Но, понизноста се гледа по ставот на премиерот Ковачевски дека претседателот Пендаровски од кого потегна предлогот да ја прашал грчката претседателка дали ќе дозволела.

Да ја прашал претседателката на втората страна која патем и никој не знае како се вика и никој не ја есапи и во својата држава дали ќе дозволела ние дома да користиме лични карти на кои не им е истечен рокот. Нешто слично како Пендаровски овде.

Алоо, дали сме протекторат или независна држава?

Ајде да видиме што втората страна исполни од обврските кои ги има.Одговорот е ништо.

Да ништо. Дури и онаа најбезболната а тоа е промената на таблите на автопатите на кои се уште стои „Скопиа“ или „ФИРОМ“.

Што ќе биде кога ќе дојдат на ред преговорите за трговските марки можеме само да замислиме. Ќе треба да им се извинуваме за секое вино или кисело млеко на кое ќе стои „продукт од Македонија“.

The post Во Грција таблите уште се со „Скопиа“ и ФИРОМ, a Таче и Пендаровски ќе ја прашувале грчката претседателка дали ќе ни дозволи да го продолжиме рокот на важечките документи appeared first on Република.

]]>

Дека власта не знае кај тера се гледа и по начинот на кој оди промената на личните документи кои произлегоа како наша обврска од Договорот од Преспа. Досега, за да и удоволи на Грција, власта на Заев, а сега и на Ковачевски одеше и пред обврските кои се јасно прецизирани во спогодбата. Па така, најпрвин побрзаа да ги направат „северни“ сите називи на инситуции, културни, спортски, музички. иако тоа никаде не е наведено. Потоа, брусеа шахти каде беше нацртано сонцето од Кутлеш, па регистарски таблички. На крајот на годината дојдоа на ред личните документи иако според договорот од Преспа тоа треба да се прави по отворањето на соодветните поглавја од преговорите со ЕУ, а Македонија е далеку од почеток на преговори. Во текстот од Договорот се вели дека Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3, ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш. Власта дури си постави и рок до кога треба да се промена личните документи а тоа е следниот месец.Тоа створи оправдан револт кај оние граѓани кои имаат важечки документи и кои не сакаат да се изложуваат на дополнителен трошок. И откако ги измалтретираа граѓаните со часови да закажуваат термин по телефон и да дремат на пункотвите каде не треба закажување, власта се сети на генијална идеја-пролонгирање на рокот. Алелуја. Но, понизноста се гледа по ставот на премиерот Ковачевски дека претседателот Пендаровски од кого потегна предлогот да ја прашал грчката претседателка дали ќе дозволела. Да ја прашал претседателката на втората страна која патем и никој не знае како се вика и никој не ја есапи и во својата држава дали ќе дозволела ние дома да користиме лични карти на кои не им е истечен рокот. Нешто слично како Пендаровски овде. Алоо, дали сме протекторат или независна држава? Ајде да видиме што втората страна исполни од обврските кои ги има.Одговорот е ништо. Да ништо. Дури и онаа најбезболната а тоа е промената на таблите на автопатите на кои се уште стои „Скопиа“ или „ФИРОМ“. Што ќе биде кога ќе дојдат на ред преговорите за трговските марки можеме само да замислиме. Ќе треба да им се извинуваме за секое вино или кисело млеко на кое ќе стои „продукт од Македонија“.  