Скомрахи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skomrahi/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 09:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скомрахи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skomrahi/ 32 32 „Дионизија сега“ e мотото на годинашното издание на „Скомрахи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dionizija-sega-e-mototo-na-godinashnoto-izdanie-na-skomrahi/ Thu, 31 Oct 2024 09:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=832635

Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ) и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии. Под мотото „Дионизија сега“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават од први до петти ноември во повеќе простори во градот - Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм.

Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави и филмови на студенти од Украина, Белгија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Чешка..., заедно со оние на домаќините – студентите на ФДУ. Прграмата на 32рото издание на Скомрахи 2024 вклучува и изложба за ре-употреба на театарски „отпад“, колективна перформативна прошетка низ Скопје со Лабораторијата за просторно изведувачки практики „Градот како сцена“, панел дискусија, разговори по претставите и музички настани.

Парлалено на програмата, на ФДУ ќе се одвива и работилница за развој на колективен перформанс кој ќе биде изведен на последниот ден од средбите, а во чие создавање, покрај студентите на ФДУ ќе учествуваат сите учесници на Скомрахи, студенти од Факултетот за ликовна уметност, Факултетот за музичка уметност и Одделот за дизајн и инжинеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ- Скопје, студенти од одделите Циркус и изведувачки уметности и Театрска педагогија на Академијата за уметност Фонтис од Тилбург, Холандија, како и неколку уметници од локалната дрег сцена.

Годинешните Скомрахи, целосно концепирани и програмирани од студентите на ФДУ, се инспирирани од колективното ослободување низ екстатичноста на Дионизиските церемонии. Иако припаѓаат на далечната историја Дионизиите се повеќе стануваат потребни како одговор на затвореноста, исклучивоста и насилството на денешниот свет. Наспроти нив студентите на Скомрахи повикуваат на здружување низ прегрнување на сите наши различности, посебности и противречности. И на колективно ослободување преку свечено заедништво.

Скомрасите ги повикуваат сите да се вклучат во „Дионизија сега“, започнувајќи од 1-ви ноември во Драмскиот театар – Скопје, со изведба на „Кралот Иби“ на Алфред Жари од студентите на ФДУ. Настаните на Скомрахи се отворени за публиката, со бесплатен влез, а целата програма е објавена на www.instagram.com/skomrahi и www.facebook.com/skomrahi. Средбите годинава се поддржани од ФДУ/УКИМ, Министерството за култура на РСМ и Europe House.

The post „Дионизија сега“ e мотото на годинашното издание на „Скомрахи“ appeared first on Република.

]]>

Ново издание на Скомрахи од први до петти ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novo-izdanie-na-skomrahi-od-prvi-do-petti-noemvri/ Tue, 29 Oct 2024 10:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=831986

Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ) и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии. Под мотото „Дионизија сега“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават од 1-ви до 5-ти ноември во повеќе простори во градот - Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм.

Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави и филмови на студенти од Украина, Белгија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Чешка..., заедно со оние на домаќините – студентите на ФДУ. Прграмата на 32рото издание на Скомрахи 2024 вклучува и изложба за ре-употреба на театарски „отпад“, колективна перформативна прошетка низ Скопје со Лабораторијата за просторно изведувачки практики „Градот како сцена“, панел дискусија, разговори по претставите и музички настани.

Парлалено на програмата, на ФДУ ќе се одвива и работилница за развој на колективен перформанс кој ќе биде изведен на последниот ден од средбите, а во чие создавање, покрај студентите на ФДУ ќе учествуваат сите учесници на Скомрахи, студенти од Факултетот за ликовна уметност, Факултетот за музичка уметност и Одделот за дизајн и инжинеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ- Скопје, студенти од одделите Циркус и изведувачки уметности и Театрска педагогија на Академијата за уметност Фонтис од Тилбург, Холандија, како и неколку уметници од локалната дрег сцена.

Годинешните Скомрахи, целосно концепирани и програмирани од студентите на ФДУ, се инспирирани од колективното ослободување низ екстатичноста на Дионизиските церемонии. Иако припаѓаат на далечната историја Дионизиите се повеќе стануваат потребни како одговор на затвореноста, исклучивоста и насилството на денешниот свет. Наспроти нив студентите на Скомрахи повикуваат на здружување низ прегрнување на сите наши различности, посебности и противречности. И на колективно ослободување преку свечено заедништво.

Скомрасите ги повикуваат сите да се вклучат во „Дионизија сега“, започнувајќи од 1-ви ноември во Драмскиот театар – Скопје, со изведба на „Кралот Иби“ на Алфред Жари од студентите на ФДУ. Настаните на Скомрахи се отворени за публиката, со бесплатен влез, а целата програма е објавена на www.instagram.com/skomrahi и www.facebook.com/skomrahi.

Средбите годинава се поддржани од ФДУ/УКИМ, Министерството за култура на РСМ и Europe House.

The post Ново издание на Скомрахи од први до петти ноември appeared first on Република.

В петок почнува 32. издание на СКОМРАХИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-petok-pochnuva-32-izdanie-na-skomrahi/ Mon, 28 Oct 2024 11:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=831662

В петок, на први ноември, почнува 32. издание на СКОМРАХИ кое ќе се одржува до петти ноември. 

Овогодинешната манифестација ги поканува студентите од европските академии и факултети да ја истражат моќта на уметноста во свет обележан со поделба, алчност и експлоатација.

Во 2024 година се враќаме на корените, на Дионис, силата на трансформацијата, колективното единство и славењето. Годинава СКОМРАХИ нѐ повикуваат да пронајдеме ПОИНАКОВ НАЧИН ДА СЕ БИДЕ. Со ѓаволеста насмевка на лицето, Дионис нѐ повикува да се здружиме, прегрнувајќи ги нашите различности, нашите посебности и нашите противречности. Нѐ охрабрува да им се предадеме на лудоста и непристојноста, да излеземе од своите тела, од себеси, да останеме отворени и ранливи за да стасаме до потполна екстаза, за да се спасиме. Придружете се во ДИОНИЗИЈАТА СЕГА за да ги славиме вистинската поврзаност и заедништвото. Ајде, танцувајќи страсно и пеејќи гласно, низ ова свечено заедништво да стасаме до колективното ослободување” велат од СКОМРХИ.

Ова 32 издание на СКОМРАХИ е поддржано од Europe House Skopje, УКИМ и Министерство за култура на Македонија.

The post В петок почнува 32. издание на СКОМРАХИ appeared first on Република.

ВМРО ДМНЕ: Членовите на комисиите си делеле пари на здруженијата во кои членуваат, Костадиновска да одговори зошто Косовскиот фестивал е поддржан со повеќе пари отколку домашните фестивали https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vmro-dmne-chlenovite-na-komisiite-si-delele-pari-na-zdruzhenijata-vo-koi-chlenuvaat-kostadinovska-da-odgovori-zoshto-kosovskiot-festival-e-poddrzhan-so-poveke-pari-otkolku-domashnite-festivali/ Wed, 14 Feb 2024 08:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=743869

Годишната програма во културата е скандалозна. Косовскиот фестивал е поддржан со повеќе пари отколку домашните театарски фестивали „Ристо Шишков“ и „Скомрахи“, а членови на комисиите си делеле средства на здруженија во кои членуваат, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Бисера Костадиновска, министерката за култура покажува голема нервоза во обидот да ја оправда скандалозната годишна програма во културата. Впрочем критиките и пристигаат и од страна на самите работници од културата и фестивалите кои таа ги заборави на сметка на проекти кои широкоградо ги „даруваше“ со народни пари.

Костадиновска ја нема да одговори зошто се одвоени 30.000 евра за „РЕАЛИЗАЦИЈА на фестивалот „МОИСИУ“ во Приштина, Косово“, а во исто време сите останати национални театри кои се финансирани за учество во многу подалечни земји, се поддржани со десет пати помали средства? Зошто ова наводно учество на фестивал во Косово, зошто чини многу повеќе, отколку организацијата на нашите етаблирани традиционални меѓународни фестивали „Ристо Шишков“ и „Скомрахи“ заедно? Зарем меѓународните фестивали во Македонија не се квалитетни, па со народни пари ќе се поддржуваат фестивали во Косово?, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Костадиновска молчи и не одговара дали членовите на комисиите кои одлучувале за прераспределба на средствата си доделувале средства во здруженијата на граѓани во кои тие самите партиципираат? Ова е срамно и бедно. Ја доведовте културата до дното. Тоа нема да ви го заборават уметниците и работниците во културата. Со ДУИ и СДС во културата никогаш не било полошо. Затоа ќе ги поразиме, се додава во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДМНЕ: Членовите на комисиите си делеле пари на здруженијата во кои членуваат, Костадиновска да одговори зошто Косовскиот фестивал е поддржан со повеќе пари отколку домашните фестивали appeared first on Република.

]]>

Годишната програма во културата е скандалозна. Косовскиот фестивал е поддржан со повеќе пари отколку домашните театарски фестивали „Ристо Шишков“ и „Скомрахи“, а членови на комисиите си делеле средства на здруженија во кои членуваат, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Бисера Костадиновска, министерката за култура покажува голема нервоза во обидот да ја оправда скандалозната годишна програма во културата. Впрочем критиките и пристигаат и од страна на самите работници од културата и фестивалите кои таа ги заборави на сметка на проекти кои широкоградо ги „даруваше“ со народни пари.
Костадиновска ја нема да одговори зошто се одвоени 30.000 евра за „РЕАЛИЗАЦИЈА на фестивалот „МОИСИУ“ во Приштина, Косово“, а во исто време сите останати национални театри кои се финансирани за учество во многу подалечни земји, се поддржани со десет пати помали средства? Зошто ова наводно учество на фестивал во Косово, зошто чини многу повеќе, отколку организацијата на нашите етаблирани традиционални меѓународни фестивали „Ристо Шишков“ и „Скомрахи“ заедно? Зарем меѓународните фестивали во Македонија не се квалитетни, па со народни пари ќе се поддржуваат фестивали во Косово?, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Костадиновска молчи и не одговара дали членовите на комисиите кои одлучувале за прераспределба на средствата си доделувале средства во здруженијата на граѓани во кои тие самите партиципираат? Ова е срамно и бедно. Ја доведовте културата до дното. Тоа нема да ви го заборават уметниците и работниците во културата. Со ДУИ и СДС во културата никогаш не било полошо. Затоа ќе ги поразиме, се додава во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДМНЕ: Членовите на комисиите си делеле пари на здруженијата во кои членуваат, Костадиновска да одговори зошто Косовскиот фестивал е поддржан со повеќе пари отколку домашните фестивали appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Ви посакувам денови на креативна размена и уметничка конфронтација и пловидба наспроти плимата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-vi-posakuvam-denovi-na-kreativna-razmena-i-umetnichka-konfrontacija-i-plovidba-nasproti-plimata/ Wed, 02 Nov 2022 07:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=568557

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер во Драмскиот театар во Скопје се обрати на свеченото отворање на 30-тите Меѓународните средби на студентите на академиите и факултетите  за драмски уметности СКОМРАХИ 2022, што под покровителство на Претседателот на Република Македонија се одржуваат од 1 до 5 ноември.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Знаете подобро од мене дека театарот е поле на најдревното артикулирање на секоја човекова доблест или маана, и на неговите најдлабоки емоции, болката, радоста или тагата. А, театарската сцена е просторот во кој секој од нас се соочува со вистината за себе и за светот, колку и да е таа непријатна.

Од прастари времиња, задача на драмската ситуација е да покаже став и да се позиционира, или кон општествените аномалии или во однос на слабите точки на човековата интима. Но, најважната функција на оваа специфична уметност е да го толкува светот како отворен процес со мноштво нијанси во себе, како и да ги поставува прашањата во еден критички дискурс, кои политичката сцена, за разлика од театарската често сака да ги премолчи.

Тоа е суштинската, еманципирачка улога на театарот, да искажува ставови без страв и низ актуелните естетски форми да биде гласот на оние од маргините. Мајсторите низ драмските дејствија во театарот знаат како професионално да ги артикулираат клучните цивилизациски теми, затоа што се во постојана потрага по вистинскиот пат за отворање на прашањата, што е далеку поважно од нивното затворање.

Токму во овој контекст, од исклучително значење е тридеценискиот живот на нашите СКОМРАХИ, како меѓународна средба на академиите и факултетите за драмски уметности. Во овие времиња кои често се одликуваат со неразумни поделби меѓу нас, со губење на супстратот на она што се нарекува органска, креативна заедница, СКОМРАХИ со својот концепт, во кој се спојуваат различните култури и креативни потенцијали на Европа, се неопходни.

Динамично, налик на патувачките уметници, кои пред векови знаеле дека отпорот и мобилниот номадски дух се клучот за опстојување на заедницата, нашата креативна зона, наречена СКОМРАХИ верувам дека ќе трае за да биде поттик за создавање на иновативен театарски, драмски и актерски јазик. Јазик кој и понатаму ќе ги следи античките дефиниции, кои укажуваат дека во суштината на драмското дејствие се конфронтацијата и дијалогот преку кои се искачуваме скалило погоре во потрагата по слободата.

Неодамна починатиот театарски режисер, Питер Брук, велеше: „Да се биде со мејнстримот не е многу тешко - плимата е моќна и лесно е да дозволиме да нè зафати во својот правец. Единствено има смисла да се оди против плимата, иако е многу тешко.“

Ви посакувам денови на креативна размена и уметничка конфронтација, и се разбира, пловидба наспроти плимата.

The post Пендаровски: Ви посакувам денови на креативна размена и уметничка конфронтација и пловидба наспроти плимата appeared first on Република.

Почнува 30. издание на „Скомрахи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-30-izdanie-na-skomrahi/ Tue, 01 Nov 2022 13:57:42 +0000 https://republika.mk/?p=568344

Јубилејното 30. издание на интернационалните студентски средби Скомрахи почнува денеска и ќе трае до 5 ноември под мотото „Не драматизирај“. Скомрахи се одржува во организација на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а покровител е претседателот Стево Пендаровски. Свеченото отворање е вечерва во Драмскиот театар во Скопје.

Освен театарски претстави, ќе има и работилници, изложби, промоција на драми од професорката Маја Стевановиќ и научна конференција. Ќе се изведуваат две претстави секој ден.

За отворањето и затворањето на фестивалот ќе бидат прикажани претстави од ФДУ со нивните студенти, а за на 2-ри, 3-ти и 4-ти предвидена е богата програма.

Четвртиот ден е предвиден за филмски маратон и офф програма, при што ќе има многу свирки, музика, бендови.

Директорот на фестивалот, Илија Циривири информираше дека на годинешното издание ќе се прикажуваат две претстави секој ден.

Во рамки на филмскиот маратон ќе се прикажуваат филмови изработени од студентите на Драмскиот факултет, меѓутоа и од студенти кои се од останатите академии кои учествуваат како гости на „Скомрахи“ – од Србија, Турција. Она што е особено важно за „Скомрахи“ е офф програмата, креирана од студентите и особено сум горд и среќен што оваа година студентите лично, активно и ревносно работеа околу ова, додаде директорот.

The post Почнува 30. издание на „Скомрахи“ appeared first on Република.

]]>

Јубилејното 30. издание на интернационалните студентски средби Скомрахи почнува денеска и ќе трае до 5 ноември под мотото „Не драматизирај“. Скомрахи се одржува во организација на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а покровител е претседателот Стево Пендаровски. Свеченото отворање е вечерва во Драмскиот театар во Скопје. Освен театарски претстави, ќе има и работилници, изложби, промоција на драми од професорката Маја Стевановиќ и научна конференција. Ќе се изведуваат две претстави секој ден. За отворањето и затворањето на фестивалот ќе бидат прикажани претстави од ФДУ со нивните студенти, а за на 2-ри, 3-ти и 4-ти предвидена е богата програма. Четвртиот ден е предвиден за филмски маратон и офф програма, при што ќе има многу свирки, музика, бендови. Директорот на фестивалот, Илија Циривири информираше дека на годинешното издание ќе се прикажуваат две претстави секој ден.
Во рамки на филмскиот маратон ќе се прикажуваат филмови изработени од студентите на Драмскиот факултет, меѓутоа и од студенти кои се од останатите академии кои учествуваат како гости на „Скомрахи“ – од Србија, Турција. Она што е особено важно за „Скомрахи“ е офф програмата, креирана од студентите и особено сум горд и среќен што оваа година студентите лично, активно и ревносно работеа околу ова, додаде директорот.
   
The post Почнува 30. издание на „Скомрахи“ appeared first on Република.

]]>
Утре почнува јубилејното, 30. издание на „Скомрахи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utre-pochnuva-jubilejnoto-30-izdanie-na-skomrahi/ Mon, 31 Oct 2022 13:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=567833

Утре, на први ноември во Драмски театар Скопје се отвора 30. јубилејно издание на интернационалните студентски средби „Скомрахи“ 2022 кое ќе трае до 5 ноември. Во рамки на годинешната програма освен театарски претстави, предвидено е да се одржат и по две работилници секој ден, две изложби, промоција на драми од професорката Маја Стевановиќ и една научна конференција „Промена на перспективите, театарско и филмско образование во време на пандемија“.

-Претходните години имавме ковид пандемија, но сепак и покрај тоа, се обидовме во 2021 година да направиме едно издание на „Скомрахи“ кое беше во хибридна форма. Меѓутоа, сфативме дека тоа го нема оној сјај како кога се одржуваше во живо, односно ги немаше оние дружења меѓу студентите, немаше размени на искуства. Затоа оваа година со голема радост сите сме среќни, радосни затоа што „Скомрахи“ се враќа на старата традиција, го добива стариот сјај, рече деканката на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Мими Таневска Србиновска на денешната прес-конференција.

За отворањето и затворањето на фестивалот ќе бидат прикажани претстави од ФДУсо нивните студенти, а за на 2-ри, 3-ти и 4-ти предвидена е богата програма.

За студентите, како што рече Таневска Србиновска, ќе има и по две работилници секој ден. Ќе има и две изложби, едната од Факултетот за ликовна уметност, а останатите од ФДУ со плакати од нивната архива на „Скомрахи“ до сега.

Четвртиот ден е предвиден за филмски маратон и офф програма, при што ќе има многу свирки, музика, бендови.

Директорот на фестивалот, Илија Циривири информираше дека на годинешното издание ќе се прикажуваат две претстави секој ден.

Во рамки на филмскиот маратон ќе се прикажуваат филмови изработени од студентите на Драмскиот факултет, меѓутоа и од студенти кои се од останатите академии кои учествуваат како гости на „Скомрахи“ – од Србија, Турција. Она што е особено важно за „Скомрахи“ е офф програмата, креирана од студентите и особено сум горд и среќен што оваа година студентите лично, активно и ревносно работеа околу ова, додаде директорот.

Годинешното издание на „Скомрахи“ се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и на УКИМ.

„Скомрахи“ се одржува во организација на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а покровител е претседателот Стево Пендаровски.

The post Утре почнува јубилејното, 30. издание на „Скомрахи“ appeared first on Република.

]]>

Утре, на први ноември во Драмски театар Скопје се отвора 30. јубилејно издание на интернационалните студентски средби „Скомрахи“ 2022 кое ќе трае до 5 ноември. Во рамки на годинешната програма освен театарски претстави, предвидено е да се одржат и по две работилници секој ден, две изложби, промоција на драми од професорката Маја Стевановиќ и една научна конференција „Промена на перспективите, театарско и филмско образование во време на пандемија“. -Претходните години имавме ковид пандемија, но сепак и покрај тоа, се обидовме во 2021 година да направиме едно издание на „Скомрахи“ кое беше во хибридна форма. Меѓутоа, сфативме дека тоа го нема оној сјај како кога се одржуваше во живо, односно ги немаше оние дружења меѓу студентите, немаше размени на искуства. Затоа оваа година со голема радост сите сме среќни, радосни затоа што „Скомрахи“ се враќа на старата традиција, го добива стариот сјај, рече деканката на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Мими Таневска Србиновска на денешната прес-конференција. За отворањето и затворањето на фестивалот ќе бидат прикажани претстави од ФДУсо нивните студенти, а за на 2-ри, 3-ти и 4-ти предвидена е богата програма. За студентите, како што рече Таневска Србиновска, ќе има и по две работилници секој ден. Ќе има и две изложби, едната од Факултетот за ликовна уметност, а останатите од ФДУ со плакати од нивната архива на „Скомрахи“ до сега. Четвртиот ден е предвиден за филмски маратон и офф програма, при што ќе има многу свирки, музика, бендови. Директорот на фестивалот, Илија Циривири информираше дека на годинешното издание ќе се прикажуваат две претстави секој ден.
Во рамки на филмскиот маратон ќе се прикажуваат филмови изработени од студентите на Драмскиот факултет, меѓутоа и од студенти кои се од останатите академии кои учествуваат како гости на „Скомрахи“ – од Србија, Турција. Она што е особено важно за „Скомрахи“ е офф програмата, креирана од студентите и особено сум горд и среќен што оваа година студентите лично, активно и ревносно работеа околу ова, додаде директорот.
Годинешното издание на „Скомрахи“ се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и на УКИМ. „Скомрахи“ се одржува во организација на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а покровител е претседателот Стево Пендаровски.  