складирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skladiranje/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 11:28:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png складирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skladiranje/ 32 32 МЗШВ: Потсетување до земјоделците дека до 15 декември е крајниот рок на аплицирање за финансиската поддршка за складирање на пченица и јачмен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-potsetuvane-do-zemjodeltsite-deka-do-15-dekemvri-e-krajniot-rok-na-aplitsirane-za-finansiskata-poddrshka-za-skladirane-na-pchenitsa-i-jachmen/ Tue, 12 Dec 2023 11:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=722128

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците, производители на пченица и јачмен дека до 15 декември 2023 година е крајниот рок за поднесување на барањата за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година.

Финансиската поддршка можат да ја искористат производителите на пченица и јачмен, кои производството од реколтата 2023 година, го имаат складирано кај регистриран складиштар.

Како прифатливи количини се максимум складирани 5.000 тони по земјоделско стопанство, одделно за пченица и за јачмен, а максимум прифатлива количина 5 тони по хектар пријавена површина со соодветната култура. Висината на поддршката изнесува 100% од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари по тон за еден месец.

Земјоделците барањата треба да ги поднесуваат директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на рачно пополнет образец. Барање до Агенцијата поднесува земјоделско стопанство, кое претходно има поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен.

Во прилог на барањето се доставува договор за складирање и потврда за извршено складирање. Пченицата и јачменот треба да се предадени на складирање кај регистрирано складиште во периодот од 15 јуни до 1 септември 2023 година. Периодот пак на складирање на пченицата и јачменот треба да биде од најмалку 2 до најмногу 9 месеци.

Средствата се исплаќаат на сметка на складиштарот, во име и за сметка на барателот. Складиштарот потребно е секој последен ден во месецот, за тековниот месец, до АФПЗРР да ги доставува следните потатоци: име и презиме/назив на корисникот, ЕМБГ/ЕДБ, ИДБР на земјоделското стопанство, состојба на залихите за секој корисник одделно и единечна цена на извршената услуга за складирање на образец кој е утврден од Агенцијата.

Земјоделците, образецот за поднесување на барање, Потврдата и Образецот за достава на податоци од страна на складиштарот, можат да ги превземат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во делот Директни плаќања 2023 – Обрасци.

The post МЗШВ: Потсетување до земјоделците дека до 15 декември е крајниот рок на аплицирање за финансиската поддршка за складирање на пченица и јачмен appeared first on Република.

]]>

Бектеши: Со складирање на електричната енргија ќе се регулира „бумот“ во производство на струја од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-so-skladirane-na-elektrichnata-enrgija-ke-se-regulira-bumot-vo-proizvodstvo-na-struja-od-obnovlivi-izvori/ Fri, 17 Feb 2023 13:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=610238

Во наредниот период ќе се формира работна група составена од претставници од Министерството за економија, Македонската енергетска асоцијација(МЕА), Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) како и релевантните институции во областа на енергетиката која ќе работи на воведување на нова легислатива со која ќе се отвори можност за складирање на електричната енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешниот состанок со претседателот на МЕА, Кочо Анѓушев и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. На состанокот присуствуваа и претставници од МЕПСО и ЕВН.

Ќе биде формирана Работна група во која ќе бидат вклучени претставници на сите релевантни институции и на МЕА кои ќе работат на изготвување на нова легислатива за можноста за складирање на електричната енергија од обновливи извори на енергија и од страна на државата и од страна на приватни инвеститори, имајќи ги во предвид инвестициите кои што се рализираат и ќе се реализираат во наредниот период од обновливи извори на енергија посебно од фотонапонски централии, кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека Министерството за економија континуирано работи градење на енергетскиот систем во државата и забрзување на енергетската транзиција.

Има „бум“ во производство на електрична енергија од обновливи извори во државата сакам да ги повикам инвеститорите да ги следат сите процедури во случај да не дојде да имаме многу поголемо производство од потребите кои ги има државата. Согласно Стратегијата за развој на енергетика лимитирано е колкаво може да биде производството на електрична енергија од обновливи извори , посебно од фотонапонски, ветерници, биомаса итн“ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека во моемнтот се работи и на Индикативен план со кој ќе биде утврдена постапката и процедурите кои треба да ги поминат сите инвеститори за поедноставно реализирање на инвестицијата и да имаат предвидливост, се со цел нивните инвестиции да бидат профитабилни и да се знае постапката во делот на можностите на преносниот систем и на дистрибутивниот систем за да може да ја прими таа електрична енергија која што ќе се произведува од фотонапонски централи.

Како што кажаа од МЕА, големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија. Од Асоцијацијата побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.

The post Бектеши: Со складирање на електричната енргија ќе се регулира „бумот“ во производство на струја од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Во наредниот период ќе се формира работна група составена од претставници од Министерството за економија, Македонската енергетска асоцијација(МЕА), Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) како и релевантните институции во областа на енергетиката која ќе работи на воведување на нова легислатива со која ќе се отвори можност за складирање на електричната енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешниот состанок со претседателот на МЕА, Кочо Анѓушев и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. На состанокот присуствуваа и претставници од МЕПСО и ЕВН.
Ќе биде формирана Работна група во која ќе бидат вклучени претставници на сите релевантни институции и на МЕА кои ќе работат на изготвување на нова легислатива за можноста за складирање на електричната енергија од обновливи извори на енергија и од страна на државата и од страна на приватни инвеститори, имајќи ги во предвид инвестициите кои што се рализираат и ќе се реализираат во наредниот период од обновливи извори на енергија посебно од фотонапонски централии, кажа министерот Бектеши.
Министерот потенцираше дека Министерството за економија континуирано работи градење на енергетскиот систем во државата и забрзување на енергетската транзиција.
Има „бум“ во производство на електрична енергија од обновливи извори во државата сакам да ги повикам инвеститорите да ги следат сите процедури во случај да не дојде да имаме многу поголемо производство од потребите кои ги има државата. Согласно Стратегијата за развој на енергетика лимитирано е колкаво може да биде производството на електрична енергија од обновливи извори , посебно од фотонапонски, ветерници, биомаса итн“ кажа Бектеши.
Министерот информираше дека во моемнтот се работи и на Индикативен план со кој ќе биде утврдена постапката и процедурите кои треба да ги поминат сите инвеститори за поедноставно реализирање на инвестицијата и да имаат предвидливост, се со цел нивните инвестиции да бидат профитабилни и да се знае постапката во делот на можностите на преносниот систем и на дистрибутивниот систем за да може да ја прими таа електрична енергија која што ќе се произведува од фотонапонски централи. Како што кажаа од МЕА, големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија. Од Асоцијацијата побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.

The post Бектеши: Со складирање на електричната енргија ќе се регулира „бумот“ во производство на струја од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
Членките на ЕУ воведоа задолжително складирање на природниот гас до почетокот на зимата https://arhiva3.republika.mk/vesti/chlenkite-na-eu-vovedoa-zadolzitelno-skladiranje-na-prirodniot-gas-do-pochetokot-na-zimata/ Mon, 27 Jun 2022 12:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=520298

Земјите-членки на ЕУ денеска се согласија дека сите капацитети за складирање природен гас во Унијата треба да се наполнат до најмалку 80 отсто од капацитетот за следната зима, поради можноста Русија дополнително да ги намали испораките.

Министрите за енергетика на ЕУ денеска ги усвоија правилата за складирање гас, врз основа на предлогот на Европската комисија од март и со нив, исто така, се предвидува подземните складишта за гас во Унијата да бидат исполнети до 90 отсто од капацитетот пред зимата 2023-2024 година.

Според правилата усвоени денеска, членките на ЕУ кои немаат сопствени складишта треба да складираат 15 отсто од годишната потрошувачка на гас во другите земји-членки.

На минатонеделниот самит во Брисел, лидерите на земјите-членки на ЕУ се договорија да ги интензивираат подготовките за дополнително намалување на испораките на гас од Русија и да продолжат да бараат други добавувачи. ЕУ веќе ги зголеми испораките на гас од САД, Норвешка, Алжир и Азербејџан.

ЕУ се обидува значително да го намали користењето на руската енергија за време на руската војна против Украина и да најде други извори на снабдување. Забраната за увоз на руски јаглен ќе стапи на сила во август, додека ембаргото за поголем дел од нафтата од Русија постепено ќе се зголемува во следните осум месеци.

Во меѓувреме, Москва ги намалува испораките на природен гас, гориво што се користи за напојување на фабриките и производство на електрична енергија, што ЕУ не го покрива со санкции поради стравот дека ќе предизвика голема штета на сопствената економија.

Москва го прекина снабдувањето со гас за неколку земји од ЕУ, вклучително и големите увозници како Германија и Италија, и го прекина снабдувањето со други членки како Полска и Финска.

Пред руската инвазија на Украина, ЕУ набавуваше околу 40 отсто од природниот гас од Русија.

The post Членките на ЕУ воведоа задолжително складирање на природниот гас до почетокот на зимата appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на ЕУ денеска се согласија дека сите капацитети за складирање природен гас во Унијата треба да се наполнат до најмалку 80 отсто од капацитетот за следната зима, поради можноста Русија дополнително да ги намали испораките. Министрите за енергетика на ЕУ денеска ги усвоија правилата за складирање гас, врз основа на предлогот на Европската комисија од март и со нив, исто така, се предвидува подземните складишта за гас во Унијата да бидат исполнети до 90 отсто од капацитетот пред зимата 2023-2024 година. Според правилата усвоени денеска, членките на ЕУ кои немаат сопствени складишта треба да складираат 15 отсто од годишната потрошувачка на гас во другите земји-членки. На минатонеделниот самит во Брисел, лидерите на земјите-членки на ЕУ се договорија да ги интензивираат подготовките за дополнително намалување на испораките на гас од Русија и да продолжат да бараат други добавувачи. ЕУ веќе ги зголеми испораките на гас од САД, Норвешка, Алжир и Азербејџан. ЕУ се обидува значително да го намали користењето на руската енергија за време на руската војна против Украина и да најде други извори на снабдување. Забраната за увоз на руски јаглен ќе стапи на сила во август, додека ембаргото за поголем дел од нафтата од Русија постепено ќе се зголемува во следните осум месеци. Во меѓувреме, Москва ги намалува испораките на природен гас, гориво што се користи за напојување на фабриките и производство на електрична енергија, што ЕУ не го покрива со санкции поради стравот дека ќе предизвика голема штета на сопствената економија. Москва го прекина снабдувањето со гас за неколку земји од ЕУ, вклучително и големите увозници како Германија и Италија, и го прекина снабдувањето со други членки како Полска и Финска. Пред руската инвазија на Украина, ЕУ набавуваше околу 40 отсто од природниот гас од Русија.

The post Членките на ЕУ воведоа задолжително складирање на природниот гас до почетокот на зимата appeared first on Република.

]]>