скендербег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skenderbeg/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 19:46:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скендербег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skenderbeg/ 32 32 ДУИ со извици „УЧК“ на „Скендербег“ го слави третото место на Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-na-skenderbeg-go-slavi-tretoto-mesto-na-osmani/ Wed, 24 Apr 2024 19:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=770479

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари.

На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен на друга локација

The post ДУИ со извици „УЧК“ на „Скендербег“ го слави третото место на Османи appeared first on Република.

]]>

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари. На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен на друга локација

The post ДУИ со извици „УЧК“ на „Скендербег“ го слави третото место на Османи appeared first on Република.

]]>
Полиција направи кордон пред изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ на плоштадот Скендербег откако неколку десетици симпатизери на ДУИ дојдоа да слават кај споменикот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsija-napravi-kordon-pred-izborniot-shtab-na-koalitsijata-vredi-na-ploshtadot-skenderbeg-otkako-nekolku-desetitsi-simpatizeri-na-dui-dojdoa-da-slavat-kaj-spomenikot/ Wed, 24 Apr 2024 19:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=770466

Полиција направи кордон пред изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ на плоштадот Скендербег откако неколку десетици симпатизери на ДУИ дојдоа кај споменикот.

Полицијата е распоредена превентивно, а новинарите се повлечени кон Мавровка кон штабот на Демократско движење

The post Полиција направи кордон пред изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ на плоштадот Скендербег откако неколку десетици симпатизери на ДУИ дојдоа да слават кај споменикот appeared first on Република.

]]>

Полиција направи кордон пред изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ на плоштадот Скендербег откако неколку десетици симпатизери на ДУИ дојдоа кај споменикот. Полицијата е распоредена превентивно, а новинарите се повлечени кон Мавровка кон штабот на Демократско движење

The post Полиција направи кордон пред изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ на плоштадот Скендербег откако неколку десетици симпатизери на ДУИ дојдоа да слават кај споменикот appeared first on Република.

]]>
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради митинг на „Скендербег“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-skopje-poradi-miting-na-skenderbeg/ Mon, 22 Apr 2024 09:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=769231

Поради одржување митинг, денеска во 20:30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.

Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

The post Посебен режим на сообраќај во Скопје поради митинг на „Скендербег“ appeared first on Република.

]]>

Поради одржување митинг, денеска во 20:30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје. Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

The post Посебен режим на сообраќај во Скопје поради митинг на „Скендербег“ appeared first on Република.

]]>
Ахмети положи цвеќе на споменикот на Скендербег https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-polozhi-tsveke-na-spomenikot-na-skenderbeg/ Wed, 17 Jan 2024 15:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=734076

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДИУ) Али Ахмети, заедно со претставници на раководство на партијата денеска положи цвеќе на споменикот на Скендербег во Скопје, по повод одбележувањето на денот на смртта на албанскиот војсководач.

Ахмети во изјава за медиумите ја истакна важноста на Скендербег и посочи дека неговото движење и отпор било инспирација сѐ до целосното ослободување на Косово и целосната еднаквост на Албанците во земјава.

Денеска е важен ден, денот на Скендербег, денот на генералот над генералите на ослободителното движење на Албанците, на големиот отпор кој што се создаде со неговото движење, што нас ни служеше како инспирација и нѐ одржуваше живи сѐ до целосното ослободување на Косово и целосната еднаквост на Албанците во Република Македонија, рече Ахмети.

Додаде дека е особено горд што ја продолжува мисијата на Кадри Зека и Јусуф Гервала и што денеска имал можност во чест на нивната смрт, да го открие споменикот на оние кои работеле на политичко соединување на Албанците.

Денеска го откривме споменикот на Кадри Зека, човекот кој што беше екзекутиран од југословенската УДБА во Штутгарт, Германија, затоа што сакаше политички да ги соедини Албанците за да се ослободат. И денеска бев најгордиот човек што јас лично имав можност да го откријам споменикот како човек кој што ја продолжи нивната мисија на Кадри Зека и Јусуф Гервала, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека овој ден ќе го заокружи со јануарскиот пламен во Гостивар, настан кој го одбележува денот на оние коишто, како што рече, го имаат положено животот за слободата и демократијата.

Сега сме овде во Скопје и ќе го заокружам денот во Гостивар со јануарскиот пламен како настан којшто го одбележува овој ден за сите овие големи луѓе којшто го дадоа животот за слободата, демократијата. Нивната порака е нашите земји да бидат богати како што се земјите на Европската унија и да ги оживееме нивните идеали како и очекувањата на граѓаните во Република Македонија за да живеат во мир стабилност, безбедност и европска иднина, заклучи Ахмети

The post Ахмети положи цвеќе на споменикот на Скендербег appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДИУ) Али Ахмети, заедно со претставници на раководство на партијата денеска положи цвеќе на споменикот на Скендербег во Скопје, по повод одбележувањето на денот на смртта на албанскиот војсководач. Ахмети во изјава за медиумите ја истакна важноста на Скендербег и посочи дека неговото движење и отпор било инспирација сѐ до целосното ослободување на Косово и целосната еднаквост на Албанците во земјава.
Денеска е важен ден, денот на Скендербег, денот на генералот над генералите на ослободителното движење на Албанците, на големиот отпор кој што се создаде со неговото движење, што нас ни служеше како инспирација и нѐ одржуваше живи сѐ до целосното ослободување на Косово и целосната еднаквост на Албанците во Република Македонија, рече Ахмети.
Додаде дека е особено горд што ја продолжува мисијата на Кадри Зека и Јусуф Гервала и што денеска имал можност во чест на нивната смрт, да го открие споменикот на оние кои работеле на политичко соединување на Албанците.
Денеска го откривме споменикот на Кадри Зека, човекот кој што беше екзекутиран од југословенската УДБА во Штутгарт, Германија, затоа што сакаше политички да ги соедини Албанците за да се ослободат. И денеска бев најгордиот човек што јас лично имав можност да го откријам споменикот како човек кој што ја продолжи нивната мисија на Кадри Зека и Јусуф Гервала, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ рече дека овој ден ќе го заокружи со јануарскиот пламен во Гостивар, настан кој го одбележува денот на оние коишто, како што рече, го имаат положено животот за слободата и демократијата.
Сега сме овде во Скопје и ќе го заокружам денот во Гостивар со јануарскиот пламен како настан којшто го одбележува овој ден за сите овие големи луѓе којшто го дадоа животот за слободата, демократијата. Нивната порака е нашите земји да бидат богати како што се земјите на Европската унија и да ги оживееме нивните идеали како и очекувањата на граѓаните во Република Македонија за да живеат во мир стабилност, безбедност и европска иднина, заклучи Ахмети

The post Ахмети положи цвеќе на споменикот на Скендербег appeared first on Република.

]]>
Среде Скопје албански знамиња и порака дека едната глава на орелот е во Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/srede-skopje-albanski-znamina-i-poraka-deka-ednata-glava-na-orelot-e-vo-mitrovitsa/ Mon, 25 Sep 2023 08:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=684884

Непознати лица на плоштадот Скендербег во Скопје поставија транспарент со порака која најверојатно е предизвикана од случувањата на северот на Косово.

Долга река Ибр. Крв од планина. Две глави има орелот, а една е во Митровица, пишува на транспарентот кои го држеа десетина лица.

На фотографијата која се споделува на социјалните мрежи се гледа и албансккото знаме и уште еден транспарент.

The post Среде Скопје албански знамиња и порака дека едната глава на орелот е во Митровица appeared first on Република.

Запалено возило пред плоштадот „Скендербег” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zapaleno-vozilo-pred-ploshtadot-skenderbeg/ Tue, 22 Aug 2023 08:54:39 +0000 https://republika.mk/?p=674495

Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

Како што изјави сопственикот за МИА, возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото.

- Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот  по што за кратко време беше ставен под контрола.

The post Запалено возило пред плоштадот „Скендербег” appeared first on Република.

]]>

Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи. Како што изјави сопственикот за МИА, возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото. - Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа. Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот  по што за кратко време беше ставен под контрола.

The post Запалено возило пред плоштадот „Скендербег” appeared first on Република.

]]>
ДУИ одбележа 555 години од смртта на Скендербег, незадоволните и Меџити како најзаслужен за споменикот не беа покрај лидерот Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-odbelezha-555-godini-od-smrtta-na-skenderbeg-nezadovolnite-i-medhiti-kako-najzasluzhen-za-spomenikot-ne-bea-pokraj-liderot-ahmeti/ Tue, 17 Jan 2023 14:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=597965

Демократската унија за интеграција на плоштадот „Скендербег“ организираше настан по повод одбележувањето на 555-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег на кој не присуствуваа незадоволните членови на партијата блиски до Изет Меџити.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби положија цвеќе пред споменикот на Скендербег на истоимениот плоштад.

Денеска сме овде за да одбележуваме еден многу важен историски настан за албанскиот народ – одбележувањето на 555 годишнината од смртта на народниот албански херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, една многу важна фигура која ја има предводено револуцијата на албанскиот народ. Тој е фигура која ги има охрабрено сите народни движења на Албанците и еден голем стратег, посебна личност од огромна важност за цела Европа. Ние сме горди што неговата фигура ја имаме на нашите територии, изјави Ахмети.

На новинарско прашање зошто на настанот не присуствуваат членови на партијата како Изет Меџити како најзаслужен за поставување на монументот на Скендербег на плоштадот, лидерот на ДУИ одговори дека на никого не му било забрането да присуствува на настанот.

Во врска со тоа дали некој од незадоволните членови на партијата од „огнената група“ ќе биде исклучен од партијата, Ахмети изјави дека досега никој не е исклучен од партијата.

Никој досега не е исклучен од ДУИ. Тие се мои пријатели и соработници. Имаат многу погрешен пристап и анализите што ги прават. ДУИ е една од најдемократските и најотворените партии на овие простори. Ќе работиме уште повеќе за да бидеме што потранспарентни и што поодговорни, рече Ахмети.

The post ДУИ одбележа 555 години од смртта на Скендербег, незадоволните и Меџити како најзаслужен за споменикот не беа покрај лидерот Ахмети appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција на плоштадот „Скендербег“ организираше настан по повод одбележувањето на 555-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег на кој не присуствуваа незадоволните членови на партијата блиски до Изет Меџити. Лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби положија цвеќе пред споменикот на Скендербег на истоимениот плоштад.
Денеска сме овде за да одбележуваме еден многу важен историски настан за албанскиот народ – одбележувањето на 555 годишнината од смртта на народниот албански херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, една многу важна фигура која ја има предводено револуцијата на албанскиот народ. Тој е фигура која ги има охрабрено сите народни движења на Албанците и еден голем стратег, посебна личност од огромна важност за цела Европа. Ние сме горди што неговата фигура ја имаме на нашите територии, изјави Ахмети.
На новинарско прашање зошто на настанот не присуствуваат членови на партијата како Изет Меџити како најзаслужен за поставување на монументот на Скендербег на плоштадот, лидерот на ДУИ одговори дека на никого не му било забрането да присуствува на настанот. Во врска со тоа дали некој од незадоволните членови на партијата од „огнената група“ ќе биде исклучен од партијата, Ахмети изјави дека досега никој не е исклучен од партијата.
Никој досега не е исклучен од ДУИ. Тие се мои пријатели и соработници. Имаат многу погрешен пристап и анализите што ги прават. ДУИ е една од најдемократските и најотворените партии на овие простори. Ќе работиме уште повеќе за да бидеме што потранспарентни и што поодговорни, рече Ахмети.

The post ДУИ одбележа 555 години од смртта на Скендербег, незадоволните и Меџити како најзаслужен за споменикот не беа покрај лидерот Ахмети appeared first on Република.

]]>
Џамбаски им порача на Албанците дека Скендербег е Бугарин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dzambaski-im-poracha-na-albancite-deka-skenderbeg-e-bugarin/ Fri, 02 Sep 2022 14:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=546830

Европскиот пратеник од Бугарија Ангел Џамбаски на својот ФБ пофил објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина, во кое објаснува дека албанскиот национален херој Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“.

Контроверзниот европретеник од партиајта ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, познат по своите радикални ставови, вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство, што според него е дел од бугарската национална кауза.

Бугарија вложува големи напори да конституира бугарско национално малцинство во Албанија. Со помош на притисокот врз Тирана за почеток на преговорите со ЕУ Софија успеа да издејствува Бугарите да бидат признаени како малцинство и да бидат внесени како графа на следниот попис. Во исто време, според здруженијата и партиите на Македонците во Албанија, Софија спроведува интензивна кампања меѓу македонското население во Албанија, со делење литература, социјална помош, како и бугарски документи, за да привлече што повеќе од нив да се изјаснат како Бугари.

На Косово живее значителен број Горани, етничка подгрупа на етничките Македонци со муслиманска вероисповед, кои најверојатно се следна цел на бугарската пропаганда. Гораните, или Горанците живеат во областа Гора, која се простира во Косово, Албанија и дел во Македонија, и нивниот број се проценува на околу 60.000.

The post Џамбаски им порача на Албанците дека Скендербег е Бугарин appeared first on Република.

]]>

Европскиот пратеник од Бугарија Ангел Џамбаски на својот ФБ пофил објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина, во кое објаснува дека албанскиот национален херој Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“. Контроверзниот европретеник од партиајта ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, познат по своите радикални ставови, вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство, што според него е дел од бугарската национална кауза. Бугарија вложува големи напори да конституира бугарско национално малцинство во Албанија. Со помош на притисокот врз Тирана за почеток на преговорите со ЕУ Софија успеа да издејствува Бугарите да бидат признаени како малцинство и да бидат внесени како графа на следниот попис. Во исто време, според здруженијата и партиите на Македонците во Албанија, Софија спроведува интензивна кампања меѓу македонското население во Албанија, со делење литература, социјална помош, како и бугарски документи, за да привлече што повеќе од нив да се изјаснат како Бугари. На Косово живее значителен број Горани, етничка подгрупа на етничките Македонци со муслиманска вероисповед, кои најверојатно се следна цел на бугарската пропаганда. Гораните, или Горанците живеат во областа Гора, која се простира во Косово, Албанија и дел во Македонија, и нивниот број се проценува на околу 60.000.  

The post Џамбаски им порача на Албанците дека Скендербег е Бугарин appeared first on Република.

]]>
Сите малцинства во соседството се Бугари за Софија: За Џамбаски и Скендербег бил Бугарин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/site-malcinstva-vo-sosedstvoto-se-bugari-za-sofija-za-dzambaski-i-skenderbeg-bil-bugarin/ Fri, 02 Sep 2022 13:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=547091

Очигледно секаде во соседството македонските ама и другите малцинствата се Бугари, барем за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Покрај обидите за присвојување на се што е македонско, тој си го присвои и Скендербег. Од центарот на Приштина преку видео обраќање, порача дека оваа историска личност по мајка бил Бугарин, но и дека во Косово имало многу Бугари.

-Нашата посета тука со мојот соработник Александар Сиди и со групата, со која се собравме денеска да бидеме во Приштина е следната: како што мајката на Георги Кастриот има бугарско потекло, така и овде во Косово има многу наши соборци, многу наши истомеслиници, многу наши сонародници, Бугари по потекло. Тие се Муслимани и Христијани. Живеат во општините Кукеска Гора и Жупа. Некои ги нарекуваат Горани, но голема чест е што тие имаат бугарско национално самосознание, порача Џамбаски.

Интересно е што жестоки реакции за демантирање на Џамбаски нема, иако неговото видео не е ново, туку стои на интернет веќе извесно време. Провокациите од бугарскиот европратеник од ВМРО БНД се секојдневни. Не испушта прилика да нагласи дека Македонија е бугарска земја.

-Македонија е бугарска. Факт за кој не треба доказ. Факт кој Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. А тој се сеќава само кога бара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и постојаност, порача Џамбаски.

За Џамбаски и Охрид стана бугарски град. Тогаш во предизборна кампања порача дека Македонија имала времени владетели кои во моментов биле во таа бугарска држава, кажувајќи дека Охрид бил бугарска престолнина.

-Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај. Заев, почитувани, колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш Албанија ви е од запад, изјави Џамбаски.

Истиот тој Џамбаски секојдневно тврди и дека не постои македонско малцинство во Бугарија, иако јасен факт е дека и од другата страна на источната граница има голем број Македонци.

-Тие наводно се подготвувале да се борат против корупцијата, а излезе да ја прашаат власта во Бугарија за правата на сексуалните и етничките малцинства, вклучувајќи го и македонското. Во Бугарија, немало, нема и не може да има македонско малцинство, ни порача Џамбаски.

Она што е проблематично е што на сите вакви зборови на бугарскиот преставник во Европскиот Парламент, од Македонија нема речиси никаква реакција. Сите провокации од негова страна минуваат без никаква реакција од властите во Скопје.

Извор: ТВ Алфа

The post Сите малцинства во соседството се Бугари за Софија: За Џамбаски и Скендербег бил Бугарин appeared first on Република.

Протест и кај „Скендербег“ по силувањето на 11-годишното девојче во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/protest-i-kaj-skenderbeg-po-siluvanjeto-na-11-godishnoto-devojche-vo-kosovo/ Wed, 31 Aug 2022 18:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=546197

 „Ниедна девојка не „го бара““, „Насилството не е оправдано“, „Солидарност со Приштина“, „За да не ги браните ќерките, едуцирајте ги синовите“, „Не ме пипај“ и „Не значи, значи не“, беа дел од транспарентите кои група граѓани денеска ги истакна на плоштадот Скендербег во Скопје, во знак на протест против насилството врз жените и девојчињата откако пред три дена во парк во Приштина пет лица околу седум часа силувале 11-годишно девојче.

Организаторите на протестот порачаа дека денеска протестираат против насилството што се случува, и порачаа до институциите да преземат мерки со цел спречување на слични дела во иднина. Тие истакнаа дека секој од нас е потенцијална жртва и токму затоа треба преку солидарност, едукација и поддршка сите да се едуцираат и информираат.

Во врска со овој случај, уапсени се пет машки лица, од кои на четворица им е изречена едномесечен притвор, додека, на петтиот се очекува денеска да му биде изречена казна. Меѓу уапсените има и тројца малолетници.

Илјадници луѓе се собраа денеска и во Приштина на протест што го организираше невладината организација Колектив за феминистичка мисла и дејствување.

По маршот низ центарот на Приштина, учесниците на протестот застанаа пред зградата на косовската Влада, каде фрлија црвена боја на влезната врата. Потоа седнаа пред влезот извикувајќи слогани против насилството врз жените.

Црвена боја беше фрлена и на влезната врата на Министерството за правда на Косово и на зградата на Судскиот и обвинителскиот совет на Косово.

Во меѓувреме, како што соопшти министерот за внатрешни работи на Приштина, Џелал Светла, директорот на тамошната полиција, Самедин Мехмети,  поднел оставка од функцијата поради случај на силување.

The post Протест и кај „Скендербег“ по силувањето на 11-годишното девојче во Косово appeared first on Република.

Малолетно девојче повредено со тврд предмет на плоштадот Скендербег во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletno-devojche-povredeno-so-tvrd-predmet-na-ploshtadot-skenderbeg-vo-skopje/ Sun, 14 Aug 2022 15:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=540261

Денеска во 02.50 часот во Полициска станица Бит Пазар, Б.Ш. пријавила дека нејзината малолетна ќерка била повредена на плоштадот Скендербег.

„Б.Ш. од Скопје пријавила дека на 13.08.2022 околу 23.00 часот на плоштад Скендербег, едно лице фрлило со тврд предмет којшто ја погодил нејзината малолетна ќерка“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетно девојче повредено со тврд предмет на плоштадот Скендербег во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска во 02.50 часот во Полициска станица Бит Пазар, Б.Ш. пријавила дека нејзината малолетна ќерка била повредена на плоштадот Скендербег. „Б.Ш. од Скопје пријавила дека на 13.08.2022 околу 23.00 часот на плоштад Скендербег, едно лице фрлило со тврд предмет којшто ја погодил нејзината малолетна ќерка“, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Малолетно девојче повредено со тврд предмет на плоштадот Скендербег во Скопје appeared first on Република.

]]>