скендер реџепи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skender-redzepi/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Dec 2023 12:18:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скендер реџепи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skender-redzepi/ 32 32 Реџепи поддржува укинување на техничката влада под услов да се изгласаат и уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/redhepi-poddrzhuva-ukinuvane-na-tehnichkata-vlada-pod-uslov-da-se-izglasaat-i-ustavnite-izmeni/ Mon, 04 Dec 2023 10:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=719283

Скендер Реџепи пратеникот кој ја напушти партијата Алтернатива, и формираше политичка партија, подрржува укунување на техничката влада под усллов да се изгласаат и уставните измени.

Не очекувам некој драстична промена или одлука од денешниот состанок од причина што има дијаметрално-спротивни ставови и околу изборите и околу изборниот законик, истакна пратеникот и претседател на партијата „Народно движење“.

Тој додаде дека барањето евентуално на ВМРО-ДПМНЕ за да биде отстранета техничката влада би го поддржал бездруго, под услов првенствено сите денеска да одлучат за Уставни промени, со тоа што ќе одиме на нови избори со уставни промени за една европска Македонија.

„Верувам дека согласноста ќе биде околу мај, но она што за мене е најважно е да успееме да вметнеме евроинтеграциски договор и одлука за Уставни промени, што не верувам дека има таква спремност“.

ПVерува дека согласноста ќе биде изборите да се одржат околу мај.

-Меѓутоа, она што за мене е најбитно е да успееме да вметнеме евро-интеграциски договор и евентуална одлука за уставни промени, што не верувам дека има таква спремност оти изборите на одредени партии им се побитни отколку иднината на граѓаните, рече Скендер Реџепи-Зејд.

The post Реџепи поддржува укинување на техничката влада под услов да се изгласаат и уставните измени appeared first on Република.

]]>

Скендер Реџепи пратеникот кој ја напушти партијата Алтернатива, и формираше политичка партија, подрржува укунување на техничката влада под усллов да се изгласаат и уставните измени. Не очекувам некој драстична промена или одлука од денешниот состанок од причина што има дијаметрално-спротивни ставови и околу изборите и околу изборниот законик, истакна пратеникот и претседател на партијата „Народно движење“. Тој додаде дека барањето евентуално на ВМРО-ДПМНЕ за да биде отстранета техничката влада би го поддржал бездруго, под услов првенствено сите денеска да одлучат за Уставни промени, со тоа што ќе одиме на нови избори со уставни промени за една европска Македонија.
„Верувам дека согласноста ќе биде околу мај, но она што за мене е најважно е да успееме да вметнеме евроинтеграциски договор и одлука за Уставни промени, што не верувам дека има таква спремност“.
ПVерува дека согласноста ќе биде изборите да се одржат околу мај.
-Меѓутоа, она што за мене е најбитно е да успееме да вметнеме евро-интеграциски договор и евентуална одлука за уставни промени, што не верувам дека има таква спремност оти изборите на одредени партии им се побитни отколку иднината на граѓаните, рече Скендер Реџепи-Зејд.

The post Реџепи поддржува укинување на техничката влада под услов да се изгласаат и уставните измени appeared first on Република.

]]>
Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skender-redhepi-ja-formira-partijata-narodno-dvizhene/ Sun, 10 Sep 2023 07:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=680448

Пратеникот Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“.

На основачкото собрание, одржано вчера во Скопје избрани се органи на партијата, а за претседател на „Народното движење“ е избран Скендер Реџепи.

„Движењето на народот“ Добар почеток на политичкото патување, патување кое ќе ни овозможи да ја зачуваме насоката која започна многу порано, но сега со новиот политички концепт под капата на народно движење. Нека ни е со среќа и Господ нека биде со нас, објави Реџепи на својот Фејсбук профил.

Реџепи, недамна ја напушти партијата Алтернатива со која беше избран, и дејствуваше како независен пратеник во Собранието, по што и најави формирање на нова политичка партија. аа/

The post Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“. На основачкото собрание, одржано вчера во Скопје избрани се органи на партијата, а за претседател на „Народното движење“ е избран Скендер Реџепи.
„Движењето на народот“ Добар почеток на политичкото патување, патување кое ќе ни овозможи да ја зачуваме насоката која започна многу порано, но сега со новиот политички концепт под капата на народно движење. Нека ни е со среќа и Господ нека биде со нас, објави Реџепи на својот Фејсбук профил.
Реџепи, недамна ја напушти партијата Алтернатива со која беше избран, и дејствуваше како независен пратеник во Собранието, по што и најави формирање на нова политичка партија. аа/  

The post Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“ appeared first on Република.

]]>
Скендер Реџепи предупредува: Што ако Албанците во Македонија сами си бараат пат кон ЕУ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skender-redhepi-predupreduva-shto-ako-albantsite-vo-makedonija-sami-si-baraat-pat-kon-eu/ Fri, 18 Aug 2023 12:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=673427

Независниот пратеник Скендер Реџепи од собраниската говорница денеска предупреди дека во иднина албански општини можат да си го бараат патот кон ЕУ доколку земјава не продолжи на европскиот пат.
Според Реџепи, Албанците во Македонија не треба да бидат заложници на неколку лица на патот кон ЕУ.

– Албанците не го оспоруваат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, но може во блиска иднина да се случат и други барања, каде што албански општини можат да го бараат патот кон ЕУ. Треба да имаме одговорност во Собранието – рече Реџепи.

Тој додаде дека историските проблеми помеѓу Македонците и Бугарите ќе останат и понатаму и не можеме да ги решаваме со пратеници туку со историчари.

– Најдобро решение е преку измена на Уставот и нашата иднина да биде во ЕУ. За Бугарите, Гоце Делчев е Бугарин, а за Македонците останува Македонец. Треба да се отворат хоризонтите на државата во Унијата – вели Реџепи.

Тој порача истакна дека ова е една шанса сите да патуваме заедно кон ЕУ и во ова патување имаме пречки поради некои индивидуални причини. После 30 години патување и труд на политичките актери, вели, ја враќаме Македонија во 90-тите кога земјата беше хранета со националнизам против Албанците.

The post Скендер Реџепи предупредува: Што ако Албанците во Македонија сами си бараат пат кон ЕУ? appeared first on Република.

]]>

Независниот пратеник Скендер Реџепи од собраниската говорница денеска предупреди дека во иднина албански општини можат да си го бараат патот кон ЕУ доколку земјава не продолжи на европскиот пат. Според Реџепи, Албанците во Македонија не треба да бидат заложници на неколку лица на патот кон ЕУ.
– Албанците не го оспоруваат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, но може во блиска иднина да се случат и други барања, каде што албански општини можат да го бараат патот кон ЕУ. Треба да имаме одговорност во Собранието – рече Реџепи.
Тој додаде дека историските проблеми помеѓу Македонците и Бугарите ќе останат и понатаму и не можеме да ги решаваме со пратеници туку со историчари.
– Најдобро решение е преку измена на Уставот и нашата иднина да биде во ЕУ. За Бугарите, Гоце Делчев е Бугарин, а за Македонците останува Македонец. Треба да се отворат хоризонтите на државата во Унијата – вели Реџепи.
Тој порача истакна дека ова е една шанса сите да патуваме заедно кон ЕУ и во ова патување имаме пречки поради некои индивидуални причини. После 30 години патување и труд на политичките актери, вели, ја враќаме Македонија во 90-тите кога земјата беше хранета со националнизам против Албанците.  

The post Скендер Реџепи предупредува: Што ако Албанците во Македонија сами си бараат пат кон ЕУ? appeared first on Република.

]]>
Ибрахими: Заев и Гаши не се сретнаа за да ја урнат Владата бидејќи таа сама ќе потоне https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ibrahimi-zaev-i-gashi-ne-se-sretnaa-za-da-ja-urnat-vladata-bidejki-taa-sama-ke-potone/ Sat, 11 Mar 2023 13:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=618486

Генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими за Слободен печат ја потврди средбата помеѓу Гаши и Заев, но не откри детали. Според Ибрахими средбата секако не била за да ја урнат Владата на Ковачевски, бидејќи таа сама ќе потоне.

Претходно независниот пратеник и поранешен сопартиец на Гаши, Скендер Реџепи на Фејсбук објави фотографија од средбата помеѓу Гаши и Заев во Струмица и праша што побара Гаши од Заев.

Гаши коментирајќи го ручекот со Заев во Струмица рече дека нема ништо чудно во нивната средба и праша зошто го следат службите СДСМ и ДУИ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-i-zaev-na-relaksiran-ruchek-prashuva-zoshto-go-sledat-sluzhbite-na-sdsm-dui/

The post Ибрахими: Заев и Гаши не се сретнаа за да ја урнат Владата бидејќи таа сама ќе потоне appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими за Слободен печат ја потврди средбата помеѓу Гаши и Заев, но не откри детали. Според Ибрахими средбата секако не била за да ја урнат Владата на Ковачевски, бидејќи таа сама ќе потоне. Претходно независниот пратеник и поранешен сопартиец на Гаши, Скендер Реџепи на Фејсбук објави фотографија од средбата помеѓу Гаши и Заев во Струмица и праша што побара Гаши од Заев. Гаши коментирајќи го ручекот со Заев во Струмица рече дека нема ништо чудно во нивната средба и праша зошто го следат службите СДСМ и ДУИ. https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-i-zaev-na-relaksiran-ruchek-prashuva-zoshto-go-sledat-sluzhbite-na-sdsm-dui/

The post Ибрахими: Заев и Гаши не се сретнаа за да ја урнат Владата бидејќи таа сама ќе потоне appeared first on Република.

]]>
Скендер Реџепи се договарал директно со Заев, а не со Гаши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skender-redhepi-se-dogovaral-direktno-so-zaev-a-ne-so-gashi/ Wed, 15 Feb 2023 08:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=609161

„Освен политичкото самоубиство, лидерите на СДСМ и ДУИ ја убија и европската иднина на Македонија. Песимистсум дека ќе може да направат уставни измени.“ – изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Тој потенцира дека „бруталното прекршување на договорот, што го постигнале во 2021 година со поранешниотпремиер Зоран Заев ја натерало Алтернатива да ја напушти власта“.

Во интервјуто за ТВ Алсат лидерот на Алтернатива Гаши нагласи дека е „залудно додворувањето од премиерот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-veli-deka-vo-makedonija-nikoj-ne-stoi-do-printsipite/

Димитар Ковачевски“ и дека „сораб.отката со СДСМ е дефинитивно завршена“. Гаши рече дека договорот меѓу СДСМ,ДУИ и Алијансата бил многу затворен и оти немал информации што се случува. „

Тие го затворија процесот и немаа храброст да ни кажат дека е сè завршено.“ – нагласи тој.

Зборувајќи за обвинувањата на неговиот поранешен сопартиец Скендер Реџепи-Зејди дека Алтернатива ја напуштаВладата само поради Министерството за здравство и оти тој сега останува единствен претставник на гласачите наАлтернатива во Владата, Гаши одговори дека Реџепи не бил дел од договорот за владеење.

„Во моментот кога влеговме во Владата и Ковачевски и Заев знаеја дека разговараме со тројца пратеници, еденпратеник се договори на своја рака со Заев. Значи тој пакет и овој договор е потпишан за тројца пратеници. Тие добро знаат“ – укажа лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

The post Скендер Реџепи се договарал директно со Заев, а не со Гаши appeared first on Република.

]]>

„Освен политичкото самоубиство, лидерите на СДСМ и ДУИ ја убија и европската иднина на Македонија. Песимистсум дека ќе може да направат уставни измени.“ – изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Тој потенцира дека „бруталното прекршување на договорот, што го постигнале во 2021 година со поранешниотпремиер Зоран Заев ја натерало Алтернатива да ја напушти власта“. Во интервјуто за ТВ Алсат лидерот на Алтернатива Гаши нагласи дека е „залудно додворувањето од премиерот. https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-veli-deka-vo-makedonija-nikoj-ne-stoi-do-printsipite/ Димитар Ковачевски“ и дека „сораб.отката со СДСМ е дефинитивно завршена“. Гаши рече дека договорот меѓу СДСМ,ДУИ и Алијансата бил многу затворен и оти немал информации што се случува. „
Тие го затворија процесот и немаа храброст да ни кажат дека е сè завршено.“ – нагласи тој.
Зборувајќи за обвинувањата на неговиот поранешен сопартиец Скендер Реџепи-Зејди дека Алтернатива ја напуштаВладата само поради Министерството за здравство и оти тој сега останува единствен претставник на гласачите наАлтернатива во Владата, Гаши одговори дека Реџепи не бил дел од договорот за владеење.
„Во моментот кога влеговме во Владата и Ковачевски и Заев знаеја дека разговараме со тројца пратеници, еденпратеник се договори на своја рака со Заев. Значи тој пакет и овој договор е потпишан за тројца пратеници. Тие добро знаат“ – укажа лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

The post Скендер Реџепи се договарал директно со Заев, а не со Гаши appeared first on Република.

]]>
Oдбегнатиот пратеник од Алтернатива ќе гласа за разрешување на Беким Сали, но не и за другите министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbegnatiot-pratenik-od-alternativa-ke-glasa-za-razreshuvane-na-bekim-sali-no-ne-i-za-drugite-ministri/ Tue, 14 Feb 2023 09:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=608709

Независниот пратеник Скендер Реџепи најавува дека ќе гласа за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но, како што рече, не и за другите министри и заменици министри, што се дел од Предлогот за реконструкција на Владата, за која вчера почна дебатата во Собранието.

Реџепи, кој по напуштањето на Алтернатива делува како независен пратеник,  во синоќешното гостување на ТВ 21 оцени дека најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја.

-Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. Другите министри никогаш нема да ги гласам за разрешување, рече Реџепи.

Тој најави дека ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара околу точката за меѓународната истрага. Алтернатива, како што рече, никогаш не побарала од Владата меѓународна истрага за монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу

The post Oдбегнатиот пратеник од Алтернатива ќе гласа за разрешување на Беким Сали, но не и за другите министри appeared first on Република.

]]>

Независниот пратеник Скендер Реџепи најавува дека ќе гласа за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но, како што рече, не и за другите министри и заменици министри, што се дел од Предлогот за реконструкција на Владата, за која вчера почна дебатата во Собранието. Реџепи, кој по напуштањето на Алтернатива делува како независен пратеник,  во синоќешното гостување на ТВ 21 оцени дека најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја.
-Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. Другите министри никогаш нема да ги гласам за разрешување, рече Реџепи.
Тој најави дека ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара околу точката за меѓународната истрага. Алтернатива, како што рече, никогаш не побарала од Владата меѓународна истрага за монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу

The post Oдбегнатиот пратеник од Алтернатива ќе гласа за разрешување на Беким Сали, но не и за другите министри appeared first on Република.

]]>
Скендер Реџепи: Не сакав да бидам заложник на неспособно раководство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skender-redzepi-ne-sakav-da-bidam-zaloznik-na-nesposobno-rakovodstvo/ Thu, 16 Jun 2022 10:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=515886

Пратеникот Скендер Реџепи кој пред два дена ја напушти Алтернатива и одлучи да делува како независен, вели дека и понатаму ќе продолжи да го поддржува владејачкото мнозинство.

Се додека Владата ќе се заложува да го започне реализирањето на програмскиот договор со Алтернатива, јас ќе бидам тука со убедување дека има и време и капацитет да се реализира истата - изјави пратеникот Реџепи.

Тој за Телма вели дека одлуката не била лесна, но била неминовна.

Јас чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата, но тие со последните одлуки, го продлабочија тоа едноумие, поради што неизбежна беше мојата одлука за независно политичко делување - изјави Реџепи.

Реџепи вели дека нема да биде заложник на политичко раководство кое ја преполовила гласачката сила на партијата.

Лично или приватно несогласување со никого не сум имал потреба да имам, но не сум дозволил да бидам заложник на едно политичко раководство која за помалку од една година ја преполови гласачката сила на партијата - вели Реџепи.

Пратеникот Реџепи вели дека е болно независното делување во Собранието, затоа што си заминал од партијата од која самиот тој е основач.

The post Скендер Реџепи: Не сакав да бидам заложник на неспособно раководство appeared first on Република.

Алтернатива бара Реџепи да го врати пратеничкиот мандат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-bara-redzepi-da-go-vrati-pratenichkiot-mandat/ Wed, 15 Jun 2022 12:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=515552

По вчерашната најава на пратеникот Скендер Реџепи-Зејди дека ќе настапува како независен пратеник во Собранието, од неговата партија Алтернатива велат дека станува збор за исклучиво лична одлука, а не за став на партиската структура.

„Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Меѓутоа, е индикативно неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор“, додаваат од партијата.

Од таму велат дека мандатите на овој парламентарен состав се добиени во име на партијата, па затоа бараат Реџепи да го врати добиениот мандат во име на партијата.

The post Алтернатива бара Реџепи да го врати пратеничкиот мандат appeared first on Република.

Скендер Реџепи го напушта владејачкото мнозинство, ќе делува како независен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skender-redzepi-go-napushta-vladejachkoto-mnozinstvo-kje-deluva-kako-nezavisen/ Tue, 14 Jun 2022 16:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=515165

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напушта партијата и во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој за оваа одлука официјално го извести собранискиот претседател Талат Џафери.

Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на Бeса.

Кон средината на мај незадоволство преовладуваше на првиот конгрес на Алтернатива, во однос на ефикасноста во власта и за програмските определби за кои партијата на Африм Гаши стана дел од Владата. На конгресот тогаш не присуствуваше пратеникот Скендер Реџепи.

Пред само еден месец Реџепи во телевизиско гостување рече дека воопшто не е задоволен од сработеното на нивните министри и воопшто неговата партија Алтернатива во првите 100 дена од новата влада.

The post Скендер Реџепи го напушта владејачкото мнозинство, ќе делува како независен appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напушта партијата и во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој за оваа одлука официјално го извести собранискиот претседател Талат Џафери. Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на Бeса. Кон средината на мај незадоволство преовладуваше на првиот конгрес на Алтернатива, во однос на ефикасноста во власта и за програмските определби за кои партијата на Африм Гаши стана дел од Владата. На конгресот тогаш не присуствуваше пратеникот Скендер Реџепи. Пред само еден месец Реџепи во телевизиско гостување рече дека воопшто не е задоволен од сработеното на нивните министри и воопшто неговата партија Алтернатива во првите 100 дена од новата влада.

The post Скендер Реџепи го напушта владејачкото мнозинство, ќе делува како независен appeared first on Република.

]]>