„Скејтањето не е за девојчиња“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skejtanjeto-ne-e-za-devojchinja/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 08:58:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Скејтањето не е за девојчиња“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skejtanjeto-ne-e-za-devojchinja/ 32 32 Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dina-duma-na-lokatsii-vo-skopje-deneska-pochna-so-snimaneto-na-dolgometrazhniot-film-skejtaneto-ne-e-za-devojchina-vo-produktsija-na-sestri-i-brat-mitevski/ Tue, 02 Apr 2024 08:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=761179

Македонската режисерка Дина Дума денеска почнува со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во продукција на „Сестри и брат Митевски“, соопштија од продуцентската куќа.

Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде доаѓа креативна и техничка екипа.

Приказната е сместена во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата.

Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула.

Сценариото е на Дина Дума, косценаристи Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж.

„Скејтањето не е за девојчиња” е втор долгометражен филм на Дума. Дебитанстскиот „Сестри“ имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија.

„Сестри“ е и првиот македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.

 

 

The post Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ appeared first on Република.

]]>

Македонската режисерка Дина Дума денеска почнува со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во продукција на „Сестри и брат Митевски“, соопштија од продуцентската куќа. Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде доаѓа креативна и техничка екипа. Приказната е сместена во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата. Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, косценаристи Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж. „Скејтањето не е за девојчиња” е втор долгометражен филм на Дума. Дебитанстскиот „Сестри“ имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија. „Сестри“ е и првиот македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.    

The post Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ appeared first on Република.

]]>
Филмот„Скејтањето не е за девојчиња“ со две награди на Сараевскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filmot-skejtanjeto-ne-e-za-devojchinja-so-dve-nagradi-na-saraevskiot-filmski-festival/ Tue, 23 Aug 2022 07:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=543083

„Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, а во продукција на „Сестри и брат Митевски“ доби две награди за развој на копродукцискиот маркет Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал. Вториот филм на Дума доби по 10.000 евра за наградата Синелинк на Филмскиот центар на Србија и за наградата Женски гласови од Словенскиот филмски центар.

Синелинк е најзначајниот регионален копродукциски маркет, а „Скејтањето не е за девојчиња“ беше во конкуренција со 46 филмски проекти во развој. Проекот беше селектиран и како еден од шест филма во престижната програма за развој Резиденс на Канскиот филмски фестивал 2022, во ателјето на Синефондасион со престој на режисерката во Париз и Кан, од март до јули годинава.

Сараевскиот филмски фестивал вечерва се затвара со најновиот филм на Пјер Жалица, „Празник на трудот“, каде „Сестри и брат Митевски продукција“ е македонски копродуцент со поддршка за малцинска копродукција од Агенцијата за филм.

 

The post Филмот„Скејтањето не е за девојчиња“ со две награди на Сараевскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

„Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, а во продукција на „Сестри и брат Митевски“ доби две награди за развој на копродукцискиот маркет Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал. Вториот филм на Дума доби по 10.000 евра за наградата Синелинк на Филмскиот центар на Србија и за наградата Женски гласови од Словенскиот филмски центар. Синелинк е најзначајниот регионален копродукциски маркет, а „Скејтањето не е за девојчиња“ беше во конкуренција со 46 филмски проекти во развој. Проекот беше селектиран и како еден од шест филма во престижната програма за развој Резиденс на Канскиот филмски фестивал 2022, во ателјето на Синефондасион со престој на режисерката во Париз и Кан, од март до јули годинава. Сараевскиот филмски фестивал вечерва се затвара со најновиот филм на Пјер Жалица, „Празник на трудот“, каде „Сестри и брат Митевски продукција“ е македонски копродуцент со поддршка за малцинска копродукција од Агенцијата за филм.  

The post Филмот„Скејтањето не е за девојчиња“ со две награди на Сараевскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>