„Скејтањето не е за девојчиња” Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skejtaneto-ne-e-za-devojchina/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 12:24:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Скејтањето не е за девојчиња” Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skejtaneto-ne-e-za-devojchina/ 32 32 Продолжи снимањето на филмот „Скејтањето не е за девојчиња” во режија на Дина Дума https://arhiva3.republika.mk/scena/film/prodolzhi-snimaneto-na-filmot-skejtaneto-ne-e-za-devojchina-vo-rezhija-na-dina-duma/ Tue, 16 Apr 2024 12:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=766728

Во Скопје денеска почна третата недела од снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во режија на Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Филмот се снимаше во СУГС „Браќа Миладиновци“ во населбата Драчево.

Ова е филм којшто следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот ни отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата.

Локациите на снимање се на територија на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула.

Сценариото е на Дина Дума, коавтори се Лидија Мојсовска и Теона Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Режисерката Теона Митевска денеска на почетокот на снимањето изјави дека целото снимање на филмот се одвива во нашата држава.

Имаме многу интернационална екипа, што ни е особено драго. Целото снимање се одвива во Македонија, со екипа од овие четири земји. Монтажата се случува во Белгија, во Брисел и дел од постпродукцијата, освен во Белгија, се случува во Хрватска и во Словенија, додаде Митевска.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж.

Директорот на Агенцијата за филм Владимир Ангелов се надева дека снимањето ќе тече без проблеми и дека ќе имаме успешен филмски производ.

Се надевам дека снимањето до крај ќе тече мазно, мирно и тивко без проблеми и дека ќе имаме успешен филмски производ, како и досегашните производи што доаѓале од вашата работилница. Интересно е што филмот е повеќе од 100 отсто финансиран од страна, така што ова е еден позитивен пример како треба да се затвора брзо и ефикасно финансиска конструкција на еден филмски проект, рече Ангелов.

Филмот го започна снимањето на 2 април оваа година.

 

The post Продолжи снимањето на филмот „Скејтањето не е за девојчиња” во режија на Дина Дума appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска почна третата недела од снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во режија на Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Филмот се снимаше во СУГС „Браќа Миладиновци“ во населбата Драчево. Ова е филм којшто следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот ни отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата. Локациите на снимање се на територија на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, коавтори се Лидија Мојсовска и Теона Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Режисерката Теона Митевска денеска на почетокот на снимањето изјави дека целото снимање на филмот се одвива во нашата држава.
Имаме многу интернационална екипа, што ни е особено драго. Целото снимање се одвива во Македонија, со екипа од овие четири земји. Монтажата се случува во Белгија, во Брисел и дел од постпродукцијата, освен во Белгија, се случува во Хрватска и во Словенија, додаде Митевска.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж. Директорот на Агенцијата за филм Владимир Ангелов се надева дека снимањето ќе тече без проблеми и дека ќе имаме успешен филмски производ.
Се надевам дека снимањето до крај ќе тече мазно, мирно и тивко без проблеми и дека ќе имаме успешен филмски производ, како и досегашните производи што доаѓале од вашата работилница. Интересно е што филмот е повеќе од 100 отсто финансиран од страна, така што ова е еден позитивен пример како треба да се затвора брзо и ефикасно финансиска конструкција на еден филмски проект, рече Ангелов.
Филмот го започна снимањето на 2 април оваа година.  

The post Продолжи снимањето на филмот „Скејтањето не е за девојчиња” во режија на Дина Дума appeared first on Република.

]]>
Снимање на дел од долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во СУГС „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/snimane-na-del-od-dolgometrazhniot-film-skejtaneto-ne-e-za-devojchina-vo-sugs-braka-miladinovtsi/ Tue, 16 Apr 2024 07:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=766547

Дел од долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, ќе се снима денеска во СУГС „Браќа Миладиновци“ во Драчево. На првата клапа на филмот, кој е во продукција на „Систерс и брадер Митевски“, ќе присуствува и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Агенцијата за филм Владимир Ангелов.

Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде ни доаѓа креативна и техничка екипа, проект кој ни е особено драг бидејќи е сместен во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12 – годишната Адела, филмот ни отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата, информираат од продукцијата „Систерс и брадер Митевски“.

Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација: Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, коавтори Лидија Мојсовска и Теона Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж.

Снимањето на филмот почна на 2 април 2024 година.

 

The post Снимање на дел од долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во СУГС „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Дел од долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, ќе се снима денеска во СУГС „Браќа Миладиновци“ во Драчево. На првата клапа на филмот, кој е во продукција на „Систерс и брадер Митевски“, ќе присуствува и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Агенцијата за филм Владимир Ангелов.
Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде ни доаѓа креативна и техничка екипа, проект кој ни е особено драг бидејќи е сместен во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12 – годишната Адела, филмот ни отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата, информираат од продукцијата „Систерс и брадер Митевски“.
Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација: Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, коавтори Лидија Мојсовска и Теона Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж. Снимањето на филмот почна на 2 април 2024 година.  

The post Снимање на дел од долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во СУГС „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>