скара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skara/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 14:36:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skara/ 32 32 Ни лавата не им може ништо: Балканци прават скара на вулкан додека уживаат и пејат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ni-lavata-ne-im-mozhe-nishto-balkantsi-pravat-skara-na-vulkan-dodeka-uzhivaat-i-pejat/ Thu, 16 May 2024 14:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=778912

На тик-ток-профилот „bata.osovina“ е објавено видео кое привлече внимание кај корисниците на социјалната мрежа. Авторот на видеото покажува како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објаснува што се случува:

Ова не е првпат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца… Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пеш“, вели момчето.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново:

„Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

 

The post Ни лавата не им може ништо: Балканци прават скара на вулкан додека уживаат и пејат appeared first on Република.

]]>

На тик-ток-профилот „bata.osovina“ е објавено видео кое привлече внимание кај корисниците на социјалната мрежа. Авторот на видеото покажува како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан. Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина. Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.
„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.
Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објаснува што се случува:
Ова не е првпат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца… Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пеш“, вели момчето.
@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina
Меѓу многуте коментари го забележавме следново:
„Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.
 

The post Ни лавата не им може ништо: Балканци прават скара на вулкан додека уживаат и пејат appeared first on Република.

]]>
Прослава на 1 Мај во случај на дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/proslava-na-1-maj-vo-sluchaj-na-dozhd/ Wed, 01 May 2024 12:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=773000

Кај нас 1 Мај на големо се прославува и прерасна во ден на скари, излети, кампувања, забави во природа. Сето ова може да биде во голема мерка расипано од дожд. Сепак, со добра подготовка и нашите совети ќе бидете во можност да не ви се расипат.

Подготовката на храна е еден од најважните сегменти на прославата. Нема да ви кажеме да земете поголем чадор и печете месо на дожд (иако имаше и такви ентузијасти), но не треба да се откажете од подготовка на храна во природа. Оваа година најдете некое одморалиште кое што има настрешница, па тука “монтирајте” скара или поедноставете ги нештата, па наместо скара подгответе гулаш или чорба во котле. (Помалку работа, а поздрава и повкусна храна). Само пред да заминете на локацијата сите состојки насечкајте ги и подгответе во чинија). Можете да земете електрична скара или онаа со капак. Некои готвачи велат дека дури дождливото време е идеално за скара, бидејќи месото поради влага во воздухот е помеко и повкусно.

Да не се мачите ако дождот истури, се што ќе земете исечкајте го уште од дома (од салатите до лебот) и спакувајте во мали садовите пред заминување.

Знаеме дека за 1 мај има голема гужва по излетиштата, па можеби не ќе можете да успеете да најдете место со настрешница. Можете да земете шаторска настрешница за дворови и инсталирајте ја на место кое ќе го одберете или да монтирате поголем шатор.

Благодарение на популарниот британски Glastonberi фестивал на гумени чизми со различни шаренила, станаа многу популарни. Овој фестивал речиси никогаш не поминал без дожд, па дури и поплави. Свртете и вие дождот да “игра” за вас, направете и вие своја фестивалска атмосфера. Задолжително облечете или земете ги вашите гумени чизми и некое џемперче во случај да не застуди и почне да дува ветер. Пожелно е да се земе и мантил во колку го имате. Сите да ви се исти и пристапите кон прославата авантуристички, како храбри кампери. Не заборавете на ламба (секогаш доаѓа при рака во такви ситуации).

Нема да се преоблекувате, бидејќи на 1 мај не е место за инсталирање на модна писта, но ако врне, ако има кал, ако сè е влажно и сосем сигурно ќе сакате суви чорапи, панталони и други топли тренерки или кошула или џемперче (или јакна).

Земете еден стар транзистор и инструменти. Забавувајте се играјќи и пеејќи, играјќи мноштво друштвени игри. Дождот нека ве зближи и конечно да му се изнараскажете еден со друг како отсекогаш сте сакале со пријателите.

Земе и топли пијалаци во термос, ќебиња и пакет пластични вреќи, да можете во нив набрзина се да соберете, а да не го извалкате и намокрите автомобилот кога ќе се пакувате.

The post Прослава на 1 Мај во случај на дожд appeared first on Република.

]]>

Кај нас 1 Мај на големо се прославува и прерасна во ден на скари, излети, кампувања, забави во природа. Сето ова може да биде во голема мерка расипано од дожд. Сепак, со добра подготовка и нашите совети ќе бидете во можност да не ви се расипат. Подготовката на храна е еден од најважните сегменти на прославата. Нема да ви кажеме да земете поголем чадор и печете месо на дожд (иако имаше и такви ентузијасти), но не треба да се откажете од подготовка на храна во природа. Оваа година најдете некое одморалиште кое што има настрешница, па тука “монтирајте” скара или поедноставете ги нештата, па наместо скара подгответе гулаш или чорба во котле. (Помалку работа, а поздрава и повкусна храна). Само пред да заминете на локацијата сите состојки насечкајте ги и подгответе во чинија). Можете да земете електрична скара или онаа со капак. Некои готвачи велат дека дури дождливото време е идеално за скара, бидејќи месото поради влага во воздухот е помеко и повкусно. Да не се мачите ако дождот истури, се што ќе земете исечкајте го уште од дома (од салатите до лебот) и спакувајте во мали садовите пред заминување. Знаеме дека за 1 мај има голема гужва по излетиштата, па можеби не ќе можете да успеете да најдете место со настрешница. Можете да земете шаторска настрешница за дворови и инсталирајте ја на место кое ќе го одберете или да монтирате поголем шатор. Благодарение на популарниот британски Glastonberi фестивал на гумени чизми со различни шаренила, станаа многу популарни. Овој фестивал речиси никогаш не поминал без дожд, па дури и поплави. Свртете и вие дождот да “игра” за вас, направете и вие своја фестивалска атмосфера. Задолжително облечете или земете ги вашите гумени чизми и некое џемперче во случај да не застуди и почне да дува ветер. Пожелно е да се земе и мантил во колку го имате. Сите да ви се исти и пристапите кон прославата авантуристички, како храбри кампери. Не заборавете на ламба (секогаш доаѓа при рака во такви ситуации). Нема да се преоблекувате, бидејќи на 1 мај не е место за инсталирање на модна писта, но ако врне, ако има кал, ако сè е влажно и сосем сигурно ќе сакате суви чорапи, панталони и други топли тренерки или кошула или џемперче (или јакна). Земете еден стар транзистор и инструменти. Забавувајте се играјќи и пеејќи, играјќи мноштво друштвени игри. Дождот нека ве зближи и конечно да му се изнараскажете еден со друг како отсекогаш сте сакале со пријателите. Земе и топли пијалаци во термос, ќебиња и пакет пластични вреќи, да можете во нив набрзина се да соберете, а да не го извалкате и намокрите автомобилот кога ќе се пакувате.

The post Прослава на 1 Мај во случај на дожд appeared first on Република.

]]>
Едни си донесоа печено, а други јагнето си го ставија на ражен среде плажа https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/edni-si-donesoa-pecheno-a-drugi-jagneto-si-go-stavija-na-razhen-srede-plazha/ Sun, 09 Jul 2023 15:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=659416

Откако на социјалните мрежи стана вирална фотографијата од српските туристи кои си донесоа цело печено јагне со себе на одмор во Грција, сега се појави нова снимка, но овојпат со подготовка на јагне на плажа.

На Инстаграм страницата „podgorički.vremeplov“ се појави видео плажата Јаз кај Будва во Црна Гора, на кое се гледаат туристи кои вртат јагне на ражен на сред плажа:

The post Едни си донесоа печено, а други јагнето си го ставија на ражен среде плажа appeared first on Република.

]]>

Откако на социјалните мрежи стана вирална фотографијата од српските туристи кои си донесоа цело печено јагне со себе на одмор во Грција, сега се појави нова снимка, но овојпат со подготовка на јагне на плажа. На Инстаграм страницата „podgorički.vremeplov“ се појави видео плажата Јаз кај Будва во Црна Гора, на кое се гледаат туристи кои вртат јагне на ражен на сред плажа:

The post Едни си донесоа печено, а други јагнето си го ставија на ражен среде плажа appeared first on Република.

]]>
Десет лица затруени откако запалиле скара за 1 Мај дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deset-litsa-zatrueni-otkako-zapalile-skara-za-1-maj-doma/ Wed, 03 May 2023 08:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=636308

Вкупно десет лица се затруле со јаглерод моноксид по јадење на месо од скара во германскиот град Валдкрајбург во Баварија, а полицијата покренала истрага против жената (44) која ја разгорила скарата на балконот од нејзиниот стан.

Како што осомничената изјавила во полиција, откако ја запалила скарата на балконот, ја ставила скарата на јаглен во дневната соба и ја затворила вратата од балконот, што било фатално.

Жената, тројца членови на семејството, меѓу кои и 14-годишник и 18-годишник и еден спасувач се здобиле со тешко труење со јаглерод моноксид, а двајца соседи и уште тројца спасувачи се полесно повредени, пишува германскиот портал t-online.

Болничарите ги однеле сите десет лица во болница, а жената ќе одговара за наносување телесни повреди од невнимание.

По овој случај, германската полиција уште еднаш ги предупреди граѓаните на забраната за печење на јаглен или гас во затворени простории.

The post Десет лица затруени откако запалиле скара за 1 Мај дома appeared first on Република.

]]>

Вкупно десет лица се затруле со јаглерод моноксид по јадење на месо од скара во германскиот град Валдкрајбург во Баварија, а полицијата покренала истрага против жената (44) која ја разгорила скарата на балконот од нејзиниот стан. Како што осомничената изјавила во полиција, откако ја запалила скарата на балконот, ја ставила скарата на јаглен во дневната соба и ја затворила вратата од балконот, што било фатално. Жената, тројца членови на семејството, меѓу кои и 14-годишник и 18-годишник и еден спасувач се здобиле со тешко труење со јаглерод моноксид, а двајца соседи и уште тројца спасувачи се полесно повредени, пишува германскиот портал t-online. Болничарите ги однеле сите десет лица во болница, а жената ќе одговара за наносување телесни повреди од невнимание. По овој случај, германската полиција уште еднаш ги предупреди граѓаните на забраната за печење на јаглен или гас во затворени простории.

The post Десет лица затруени откако запалиле скара за 1 Мај дома appeared first on Република.

]]>
Доцните со скарата и ве фати дожд: Уште има шанси да не ви пропадне пикникот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/dotsnite-so-skarata-i-ve-fati-dozhd-ushte-ima-shansi-da-ne-vi-propadne-piknikot/ Mon, 01 May 2023 12:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=635757

Метеоролозите најавија врнежливо време, но тоа не значи дека треба да останете дома и да дозволите да ви пропадне викендот, а со тоа и долго планираната скара во природа со пријателите.

Сте се организирале фино друштво, сте набавиле тон месо, салати, литри и литри алкохол, сте разгореле скара – значи, сѐ е подготвено за Празникот на трудот. Меѓутоа, сивите облаци се закануваат дека ќе ви ги расипат плановите. Дали е сѐ изгубено?

Како што велат големите светски стручњаци, не мора да значи. Секако, ако врне цел ден без престан, тоа веќе може да претставува закана за планираниот Први мај.

Ако имате деца, никако не ви препорачуваме природа, зашто убавиот помин може лесно да се претвори од ден за паметење во ден за лекување грозница.

Во тој случај, најпаметно е забавата да ја преселите во нечија куќа со двор. Скарата можете да ја сместите под настрешница или на самиот влез во гаражата.

Никако не палете оган во затворен простор, зашто може да дојде до општо труење со јаглероден моноксид.

Наместо фризби, топка, бадминтон, подгответе инакви друштвени игри: монопол, ризико, јамб, пикшинери, карти и други кои ќе ги играте во дневната соба. Доколку сите живеете во станови, не би било баш хумано скара да распалите на терасата. Ако немате електрична скара, на месото ништо нема да му фали ако ќебапчињата и плескавиците ги завртите на рингла, а останатото месо во рерна. Исто така, добра и практична идеја е да си нарачате скара од некоја ќебапчилница, и онака речиси сите работат на денот.

Ако вашиот шпорет има грил опција, на коњ сте! Битно е сета храна да не пропадне, а и сите убаво да си поминат. Сепак, ако само роси нема причина да се откажете од природа. И не само тоа, искусните скараџии сметаат дека месото најубаво се пече кога надвор е влажно.

Тогаш месото ја впива влагата од воздухот и ќебапчињата, плескавиците, колбасите, пилешките крилца и останатите парчиња месо се посочни и поубаво мирисаат отколку ако времето е суво.

Идеално би било кога би имале некоја модерна верзија на плинска скара, која доаѓа со капак. Ако немате, старо тенџере, на кое ќе му направите неколку дупчиња, ќе заврши работа.

Исто така, не би било лошо ако главниот скараџија го сместите под настрешница, чадор за сонце или дрво со густа крошна и штетата за месото ќе биде минимална.

Ако сте се одлучиле за излет во шума, не заборавајте да понесете средства за заштита од комарци, крлежи, болви и други инсекти, кои како да полудуваат кога се спрема дожд и кога врне. Исто така, би било прекрасно кога некој од друштвото би понел барем еден шатор, чисто за да имате каде да се засолните ако фати голем дожд.

За жал, ќе мора да заборавите на терање романтика на треба, лежење на ќебе и гледање во сончевото небо. Понесете доволно столчиња на расклопување.

Не заборавајте да понесете стари крпи со кои ги бришете столчињата од влага и кал, а за облека – уште сега спакувајте кабаници и гумени чизми.


Како и да е, кој избор и да го направите, не заборавајте да понесете добро расположение и желба убаво да си поминете. Не треба многу да се трудите за да имате незаборавен Ден на трудот.

The post Доцните со скарата и ве фати дожд: Уште има шанси да не ви пропадне пикникот appeared first on Република.

]]>

Метеоролозите најавија врнежливо време, но тоа не значи дека треба да останете дома и да дозволите да ви пропадне викендот, а со тоа и долго планираната скара во природа со пријателите. Сте се организирале фино друштво, сте набавиле тон месо, салати, литри и литри алкохол, сте разгореле скара – значи, сѐ е подготвено за Празникот на трудот. Меѓутоа, сивите облаци се закануваат дека ќе ви ги расипат плановите. Дали е сѐ изгубено? Како што велат големите светски стручњаци, не мора да значи. Секако, ако врне цел ден без престан, тоа веќе може да претставува закана за планираниот Први мај. Ако имате деца, никако не ви препорачуваме природа, зашто убавиот помин може лесно да се претвори од ден за паметење во ден за лекување грозница. Во тој случај, најпаметно е забавата да ја преселите во нечија куќа со двор. Скарата можете да ја сместите под настрешница или на самиот влез во гаражата. Никако не палете оган во затворен простор, зашто може да дојде до општо труење со јаглероден моноксид. Наместо фризби, топка, бадминтон, подгответе инакви друштвени игри: монопол, ризико, јамб, пикшинери, карти и други кои ќе ги играте во дневната соба. Доколку сите живеете во станови, не би било баш хумано скара да распалите на терасата. Ако немате електрична скара, на месото ништо нема да му фали ако ќебапчињата и плескавиците ги завртите на рингла, а останатото месо во рерна. Исто така, добра и практична идеја е да си нарачате скара од некоја ќебапчилница, и онака речиси сите работат на денот. Ако вашиот шпорет има грил опција, на коњ сте! Битно е сета храна да не пропадне, а и сите убаво да си поминат. Сепак, ако само роси нема причина да се откажете од природа. И не само тоа, искусните скараџии сметаат дека месото најубаво се пече кога надвор е влажно. Тогаш месото ја впива влагата од воздухот и ќебапчињата, плескавиците, колбасите, пилешките крилца и останатите парчиња месо се посочни и поубаво мирисаат отколку ако времето е суво. Идеално би било кога би имале некоја модерна верзија на плинска скара, која доаѓа со капак. Ако немате, старо тенџере, на кое ќе му направите неколку дупчиња, ќе заврши работа. Исто така, не би било лошо ако главниот скараџија го сместите под настрешница, чадор за сонце или дрво со густа крошна и штетата за месото ќе биде минимална. Ако сте се одлучиле за излет во шума, не заборавајте да понесете средства за заштита од комарци, крлежи, болви и други инсекти, кои како да полудуваат кога се спрема дожд и кога врне. Исто така, би било прекрасно кога некој од друштвото би понел барем еден шатор, чисто за да имате каде да се засолните ако фати голем дожд. За жал, ќе мора да заборавите на терање романтика на треба, лежење на ќебе и гледање во сончевото небо. Понесете доволно столчиња на расклопување. Не заборавајте да понесете стари крпи со кои ги бришете столчињата од влага и кал, а за облека – уште сега спакувајте кабаници и гумени чизми. Како и да е, кој избор и да го направите, не заборавајте да понесете добро расположение и желба убаво да си поминете. Не треба многу да се трудите за да имате незаборавен Ден на трудот.

The post Доцните со скарата и ве фати дожд: Уште има шанси да не ви пропадне пикникот appeared first on Република.

]]>
Кромид со скарата ни под разно, предупредува д-р Перишиќ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kromid-so-skarata-ni-pod-razno-predupreduva-d-r-perishik/ Mon, 01 May 2023 09:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=635698

Првата асоцијација со Први мај е скара во природа, а има ли нешто поубаво од скара со кромид? Гастроентеролог д-р Воислав Перишиќ вели - нема полошо

Д-р Перишиќ објасни што е најштетно во скарата и како маринадата може да ги неутрализира штетните состојки.

Прашав еден од моите пациенти, тој снабдува ресторани, како го прават месо за на скара. Ми вели - прво битно е да се избере месото. Откако месото ќе се сомели се меша со антиоксидативен коктел со масло. Значи додадете маслиново масло, оригано и малку сенф. Нека отстои во фрижидер преку ноќ, 8-10 часа. Потопувањето во ова масло има силно антиоксидативно дејство. Значи, кога станува збор за термичка обработка, кога црвеното месо добива прооксидантни материи, таа маринада ќе ги неутрализира. Ова не го кажувам напамет, во една шведска студија спроведена во Малме се наведува дека европската заедница издвоила 50 милиони евра за да ги види ефектите од токму овие супстанции врз меленото месо што ќе се пече на скара.Исто и со колбасите, таа смеса мора да се кисне барем неколку часа. А кога станува збор за месо како свински врат, го ставаш во маринадата и го оставаш да стои цел ден, рече тој.

Посилната и тешка храна, додава тој, се неутрализира со добра салата.

Нека има многу зеленило! Салата од зелка, зелена салата, целер, целерот е многу добар. Од голема важност е поради каротеноидите, а кромидот ве отекува затоа што има пробиотски материи. Нè ожеднува. Не е пријатно чувство, и не би го советувал да се јаде со скарата, освен ако не е млад кромид, тоа е друга приказна, рече тој гостувајќи во утринската програма на Прва телевизија.

The post Кромид со скарата ни под разно, предупредува д-р Перишиќ appeared first on Република.

]]>

Првата асоцијација со Први мај е скара во природа, а има ли нешто поубаво од скара со кромид? Гастроентеролог д-р Воислав Перишиќ вели - нема полошо Д-р Перишиќ објасни што е најштетно во скарата и како маринадата може да ги неутрализира штетните состојки.
Прашав еден од моите пациенти, тој снабдува ресторани, како го прават месо за на скара. Ми вели - прво битно е да се избере месото. Откако месото ќе се сомели се меша со антиоксидативен коктел со масло. Значи додадете маслиново масло, оригано и малку сенф. Нека отстои во фрижидер преку ноќ, 8-10 часа. Потопувањето во ова масло има силно антиоксидативно дејство. Значи, кога станува збор за термичка обработка, кога црвеното месо добива прооксидантни материи, таа маринада ќе ги неутрализира. Ова не го кажувам напамет, во една шведска студија спроведена во Малме се наведува дека европската заедница издвоила 50 милиони евра за да ги види ефектите од токму овие супстанции врз меленото месо што ќе се пече на скара.Исто и со колбасите, таа смеса мора да се кисне барем неколку часа. А кога станува збор за месо како свински врат, го ставаш во маринадата и го оставаш да стои цел ден, рече тој.
Посилната и тешка храна, додава тој, се неутрализира со добра салата.
Нека има многу зеленило! Салата од зелка, зелена салата, целер, целерот е многу добар. Од голема важност е поради каротеноидите, а кромидот ве отекува затоа што има пробиотски материи. Нè ожеднува. Не е пријатно чувство, и не би го советувал да се јаде со скарата, освен ако не е млад кромид, тоа е друга приказна, рече тој гостувајќи во утринската програма на Прва телевизија.

The post Кромид со скарата ни под разно, предупредува д-р Перишиќ appeared first on Република.

]]>
Измaринирајте ги батаците уште од денес, од мекост ќе ви се распаѓаат во уста https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/izmarinirajte-gi-batatsite-ushte-od-denes-od-mekost-ke-vi-se-raspagaat-vo-usta/ Sun, 30 Apr 2023 16:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=635580

Доколку и пилешките батаци ќе се најдат на вашето мени за утрешната првомајска скара, испробајте го овој рецепт со кој ќе добиете и совршен вкус и мекост на месото. Тајната е во вкусната маринада, која се состои од јогурт, лути пиперчиња и ароматични зачини.

Потребно:

4 батаци или карабатаци

За маринадата:

500 гр грчки или обичен јогурт
свежо оригано
3 чешниња лук
1 лута пиперка

Подготовка:
Изблендирајте ги јогуртот, ориганото, лукот и исчистената лута пиперка. Кога смесата ќе е изедначена, па премачкајте го месото и покријте го со проѕирна фолија. Оставете да се маринираат минимум еден час во фрижидер. Потоа ставете го месото на скара и испечете го од двете страни. Пријатно!

Извор: Ствар укуса

The post Измaринирајте ги батаците уште од денес, од мекост ќе ви се распаѓаат во уста appeared first on Република.

]]>

Доколку и пилешките батаци ќе се најдат на вашето мени за утрешната првомајска скара, испробајте го овој рецепт со кој ќе добиете и совршен вкус и мекост на месото. Тајната е во вкусната маринада, која се состои од јогурт, лути пиперчиња и ароматични зачини.

Потребно:

4 батаци или карабатаци За маринадата: 500 гр грчки или обичен јогурт свежо оригано 3 чешниња лук 1 лута пиперка Подготовка: Изблендирајте ги јогуртот, ориганото, лукот и исчистената лута пиперка. Кога смесата ќе е изедначена, па премачкајте го месото и покријте го со проѕирна фолија. Оставете да се маринираат минимум еден час во фрижидер. Потоа ставете го месото на скара и испечете го од двете страни. Пријатно! Извор: Ствар укуса

The post Измaринирајте ги батаците уште од денес, од мекост ќе ви се распаѓаат во уста appeared first on Република.

]]>
За никој да не остане гладен додека се бара правда – скара на шини, нов изум на француските демонстранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-nikoj-da-ne-ostane-gladen-dodeka-se-bara-pravda-skara-na-shini-nov-izum-na-frantsuskite-demonstranti/ Sat, 21 Jan 2023 09:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=599312

Нови протести во Франција се планирани денеска против контроверзната пензиска реформа, откако левичарската партија „Непокорна Франција“ и разни младински организации најавија дека свикуваат собири, јави ДПА.

Бидејќи сегашниот пензиски систем не може да се финансира долгорочно поради стареењето на населението, француската влада сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Дополнително, се планира зголемување на стажот потребен за пензија, што ќе расте и побрзо од старосната граница за пензионирање, како и укинување на некои пензиски привилегии за одредени категории на работа. Истовремено минималната пензија ќе се зголеми на околу 1.200 евра.

Сега возраста за пензионирање е 62 години. Но, често луѓето заминуваат во пензија по оваа возраст бидејќи не уплатиле доволно придонеси во пензискиот систем.

Во четвртокот, повеќе од 1,1 милион луѓе ширум државата учествуваа во големи штрајкови и масовни протести против плановите на владата за пензиските реформи. Беше објавено дека само во Париз на улиците излегле 80.000 луѓе.

Дека Французите ја усовршиле „уметноста“ на протестирањето, покажува и новиот изум - подвижна скара, за никој да не остане гладен додека се бара правда.

The post За никој да не остане гладен додека се бара правда – скара на шини, нов изум на француските демонстранти appeared first on Република.

]]>

Нови протести во Франција се планирани денеска против контроверзната пензиска реформа, откако левичарската партија „Непокорна Франција“ и разни младински организации најавија дека свикуваат собири, јави ДПА. Бидејќи сегашниот пензиски систем не може да се финансира долгорочно поради стареењето на населението, француската влада сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Дополнително, се планира зголемување на стажот потребен за пензија, што ќе расте и побрзо од старосната граница за пензионирање, како и укинување на некои пензиски привилегии за одредени категории на работа. Истовремено минималната пензија ќе се зголеми на околу 1.200 евра. Сега возраста за пензионирање е 62 години. Но, често луѓето заминуваат во пензија по оваа возраст бидејќи не уплатиле доволно придонеси во пензискиот систем. Во четвртокот, повеќе од 1,1 милион луѓе ширум државата учествуваа во големи штрајкови и масовни протести против плановите на владата за пензиските реформи. Беше објавено дека само во Париз на улиците излегле 80.000 луѓе. Дека Французите ја усовршиле „уметноста“ на протестирањето, покажува и новиот изум - подвижна скара, за никој да не остане гладен додека се бара правда.

The post За никој да не остане гладен додека се бара правда – скара на шини, нов изум на француските демонстранти appeared first on Република.

]]>
Тројца загинати во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во луѓе собрани на скара https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojca-zaginati-vo-holandija-otkako-kamion-izletal-od-patot-i-udril-vo-lugje-sobrani-na-skara/ Sun, 28 Aug 2022 07:36:30 +0000 https://republika.mk/?p=544843

Неколку лица загинаа, а неколку се повредени во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во поголема група луѓе кои се собрале на скара во соседството, пренесоа светските агенции.

Според холандското радио НОС, три лица загинале.

Несреќата се случила во селото Њу Бејерленд, недалеку од Ротердам.

Германската агенција ДПА јави дека во спасувањето на настраданите учествувале десет возила на брза помош и еден хеликоптер, а неколку лица се пренесени во болница.

Полицијата не го прецизираше точниот број на загинати, туку само наведе дека ја истражува несреќата што се случила околу 19 часот по средноевропско време на триесетина километри јужно од Ротердам.

Се уште не е позната причината поради која камионот, кој е на шпанска компанија, излетал од патот.

 

The post Тројца загинати во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во луѓе собрани на скара appeared first on Република.

]]>

Неколку лица загинаа, а неколку се повредени во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во поголема група луѓе кои се собрале на скара во соседството, пренесоа светските агенции. Според холандското радио НОС, три лица загинале. Несреќата се случила во селото Њу Бејерленд, недалеку од Ротердам. Германската агенција ДПА јави дека во спасувањето на настраданите учествувале десет возила на брза помош и еден хеликоптер, а неколку лица се пренесени во болница. Полицијата не го прецизираше точниот број на загинати, туку само наведе дека ја истражува несреќата што се случила околу 19 часот по средноевропско време на триесетина километри јужно од Ротердам. Се уште не е позната причината поради која камионот, кој е на шпанска компанија, излетал од патот.  

The post Тројца загинати во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во луѓе собрани на скара appeared first on Република.

]]>
Верувале или не, лубеницата на скара е уште повкусна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/veruvale-ili-ne-lubenicata-na-skara-e-ushte-povkusna/ Fri, 12 Aug 2022 17:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=539478

Искористете ги предностите на сезоната за несекојдневни експерименти во кујна. Сите кои ја пробале лубеницата на скара велат дека е одлична.

Состојки

Една лубеница
Маслиново масло
Сок од два зелени лимони
Сол
Коријандер

Подготовка

1. Исечете ја лубеницата на парчиња, намачкајте ги со маслиново масло и сок од зелен лимон.
2. Посолете ги сосема малку и ставете ги парчињата лубеница на скара по 3-5 минути од секоја страна на скарата или на грил тава.
3. Кога ќе завршите, намачкајте ја со остатокот на сокот од зелените лимони и наросете коријандер.

Добар апетит!

The post Верувале или не, лубеницата на скара е уште повкусна appeared first on Република.

]]>

Искористете ги предностите на сезоната за несекојдневни експерименти во кујна. Сите кои ја пробале лубеницата на скара велат дека е одлична.

Состојки

Една лубеница Маслиново масло Сок од два зелени лимони Сол Коријандер

Подготовка

1. Исечете ја лубеницата на парчиња, намачкајте ги со маслиново масло и сок од зелен лимон. 2. Посолете ги сосема малку и ставете ги парчињата лубеница на скара по 3-5 минути од секоја страна на скарата или на грил тава. 3. Кога ќе завршите, намачкајте ја со остатокот на сокот од зелените лимони и наросете коријандер. Добар апетит!

The post Верувале или не, лубеницата на скара е уште повкусна appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Србија правеше скара со претседателот на Европскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-srbija-praveshe-skara-so-pretsedatelot-na-evropskiot-sovet/ Thu, 19 May 2022 21:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=504609

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на социјалните мрежи објави фотографија со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Видно расположени, двајцата заедно печеа ќебапи на скара.

Заедно подготвувавме ќебапи. Ви благодариме Шарл Мишел за посетата и за поддршката на европската иднина на Србија!, напиша Вучиќ во описот на фотографијата на Инстаграм.

Да потсетиме, Вучиќ рече дека идејата на Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон за геополитичка заедница на европско ниво ја смета за голема и важна работа. По посетата на Белград, Шарл Мишел пристигнува во БиХ.

Во петок, на 20 мај, тој ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ.

 

The post Претседателот на Србија правеше скара со претседателот на Европскиот совет appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на социјалните мрежи објави фотографија со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Видно расположени, двајцата заедно печеа ќебапи на скара.
Заедно подготвувавме ќебапи. Ви благодариме Шарл Мишел за посетата и за поддршката на европската иднина на Србија!, напиша Вучиќ во описот на фотографијата на Инстаграм.
Да потсетиме, Вучиќ рече дека идејата на Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон за геополитичка заедница на европско ниво ја смета за голема и важна работа. По посетата на Белград, Шарл Мишел пристигнува во БиХ. Во петок, на 20 мај, тој ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ.  

The post Претседателот на Србија правеше скара со претседателот на Европскиот совет appeared first on Република.

]]>
Не е се изгубено: Како да направите скара ако заврне https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/ne-e-se-izgubeno-kako-da-napravite-skara-ako-zavrne/ Sat, 30 Apr 2022 14:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=495754

Метеоролозите најавија врнежливо време, но тоа не значи дека треба да останете дома и да дозволите да ви пропадне викендот, а со тоа и долго планираната скара во природа со пријателите.

Сте се организирале фино друштво, сте набавиле тон месо, салати, литри и литри алкохол, сте разгореле скара – значи, сѐ е подготвено за Празникот на трудот. Меѓутоа, сивите облаци се закануваат дека ќе ви ги расипат плановите. Дали е сѐ изгубено?

Како што велат големите светски стручњаци, не мора да значи. Секако, ако врне цел ден без престан, тоа веќе може да претставува закана за планираниот Први мај.

Ако имате деца, никако не ви препорачуваме природа, зашто убавиот помин може лесно да се претвори од ден за паметење во ден за лекување грозница.

Во тој случај, најпаметно е забавата да ја преселите во нечија куќа со двор. Скарата можете да ја сместите под настрешница или на самиот влез во гаражата.

Никако не палете оган во затворен простор, зашто може да дојде до општо труење со јаглероден моноксид.

Наместо фризби, топка, бадминтон, подгответе инакви друштвени игри: монопол, ризико, јамб, пикшинери, карти и други кои ќе ги играте во дневната соба. Доколку сите живеете во станови, не би било баш хумано скара да распалите на терасата. Ако немате електрична скара, на месото ништо нема да му фали ако ќебапчињата и плескавиците ги завртите на рингла, а останатото месо во рерна. Исто така, добра и практична идеја е да си нарачате скара од некоја ќебапчилница, и онака речиси сите работат на денот.

Ако вашиот шпорет има грил опција, на коњ сте! Битно е сета храна да не пропадне, а и сите убаво да си поминат. Сепак, ако само роси нема причина да се откажете од природа. И не само тоа, искусните скараџии сметаат дека месото најубаво се пече кога надвор е влажно.

Тогаш месото ја впива влагата од воздухот и ќебапчињата, плескавиците, колбасите, пилешките крилца и останатите парчиња месо се посочни и поубаво мирисаат отколку ако времето е суво.

Идеално би било кога би имале некоја модерна верзија на плинска скара, која доаѓа со капак. Ако немате, старо тенџере, на кое ќе му направите неколку дупчиња, ќе заврши работа.

Исто така, не би било лошо ако главниот скараџија го сместите под настрешница, чадор за сонце или дрво со густа крошна и штетата за месото ќе биде минимална.

Ако сте се одлучиле за излет во шума, не заборавајте да понесете средства за заштита од комарци, крлежи, болви и други инсекти, кои како да полудуваат кога се спрема дожд и кога врне. Исто така, би било прекрасно кога некој од друштвото би понел барем еден шатор, чисто за да имате каде да се засолните ако фати голем дожд.

За жал, ќе мора да заборавите на терање романтика на треба, лежење на ќебе и гледање во сончевото небо. Понесете доволно столчиња на расклопување.

Не заборавајте да понесете стари крпи со кои ги бришете столчињата од влага и кал, а за облека – уште сега спакувајте кабаници и гумени чизми.


Како и да е, кој избор и да го направите, не заборавајте да понесете добро расположение и желба убаво да си поминете. Не треба многу да се трудите за да имате незаборавен Ден на трудот.

The post Не е се изгубено: Како да направите скара ако заврне appeared first on Република.

]]>

Метеоролозите најавија врнежливо време, но тоа не значи дека треба да останете дома и да дозволите да ви пропадне викендот, а со тоа и долго планираната скара во природа со пријателите. Сте се организирале фино друштво, сте набавиле тон месо, салати, литри и литри алкохол, сте разгореле скара – значи, сѐ е подготвено за Празникот на трудот. Меѓутоа, сивите облаци се закануваат дека ќе ви ги расипат плановите. Дали е сѐ изгубено? Како што велат големите светски стручњаци, не мора да значи. Секако, ако врне цел ден без престан, тоа веќе може да претставува закана за планираниот Први мај. Ако имате деца, никако не ви препорачуваме природа, зашто убавиот помин може лесно да се претвори од ден за паметење во ден за лекување грозница. Во тој случај, најпаметно е забавата да ја преселите во нечија куќа со двор. Скарата можете да ја сместите под настрешница или на самиот влез во гаражата. Никако не палете оган во затворен простор, зашто може да дојде до општо труење со јаглероден моноксид. Наместо фризби, топка, бадминтон, подгответе инакви друштвени игри: монопол, ризико, јамб, пикшинери, карти и други кои ќе ги играте во дневната соба. Доколку сите живеете во станови, не би било баш хумано скара да распалите на терасата. Ако немате електрична скара, на месото ништо нема да му фали ако ќебапчињата и плескавиците ги завртите на рингла, а останатото месо во рерна. Исто така, добра и практична идеја е да си нарачате скара од некоја ќебапчилница, и онака речиси сите работат на денот. Ако вашиот шпорет има грил опција, на коњ сте! Битно е сета храна да не пропадне, а и сите убаво да си поминат. Сепак, ако само роси нема причина да се откажете од природа. И не само тоа, искусните скараџии сметаат дека месото најубаво се пече кога надвор е влажно. Тогаш месото ја впива влагата од воздухот и ќебапчињата, плескавиците, колбасите, пилешките крилца и останатите парчиња месо се посочни и поубаво мирисаат отколку ако времето е суво. Идеално би било кога би имале некоја модерна верзија на плинска скара, која доаѓа со капак. Ако немате, старо тенџере, на кое ќе му направите неколку дупчиња, ќе заврши работа. Исто така, не би било лошо ако главниот скараџија го сместите под настрешница, чадор за сонце или дрво со густа крошна и штетата за месото ќе биде минимална. Ако сте се одлучиле за излет во шума, не заборавајте да понесете средства за заштита од комарци, крлежи, болви и други инсекти, кои како да полудуваат кога се спрема дожд и кога врне. Исто така, би било прекрасно кога некој од друштвото би понел барем еден шатор, чисто за да имате каде да се засолните ако фати голем дожд. За жал, ќе мора да заборавите на терање романтика на треба, лежење на ќебе и гледање во сончевото небо. Понесете доволно столчиња на расклопување. Не заборавајте да понесете стари крпи со кои ги бришете столчињата од влага и кал, а за облека – уште сега спакувајте кабаници и гумени чизми. Како и да е, кој избор и да го направите, не заборавајте да понесете добро расположение и желба убаво да си поминете. Не треба многу да се трудите за да имате незаборавен Ден на трудот.

The post Не е се изгубено: Како да направите скара ако заврне appeared first on Република.

]]>
Лесковачки „роштиљ“ наместо Мекдоналдс среде Москва https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/leskovachki-roshtilj-namesto-mekdonalds-srede-moskva/ Mon, 28 Mar 2022 16:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=479986

Русите не жалат по заминувањето на американскиот ланец за брза храна.Наместо Мекдоналдс, во Москва е отворен српски ресторан каде меѓу другото се служат и хамбургери на српски начин.

На тој начин, граѓаните на Москва ќе имаат можност да пробаат и да уживаат во српските специјалитети!

The post Лесковачки „роштиљ“ наместо Мекдоналдс среде Москва appeared first on Република.

]]>

Русите не жалат по заминувањето на американскиот ланец за брза храна.Наместо Мекдоналдс, во Москва е отворен српски ресторан каде меѓу другото се служат и хамбургери на српски начин. На тој начин, граѓаните на Москва ќе имаат можност да пробаат и да уживаат во српските специјалитети!

The post Лесковачки „роштиљ“ наместо Мекдоналдс среде Москва appeared first on Република.

]]>