скапа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skapa/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Nov 2023 13:31:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скапа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skapa/ 32 32 Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-300-litsa-za-koi-se-potrosheni-duri-24-4-milioni-evra-od-drzhavata-za-studii-na-eden-od-prvite-100-rangirani-univerziteti-na-shangajskata-lista-ne-se-vratile-vo-makedonija/ Tue, 07 Nov 2023 13:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=699215

Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава. МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот.

Овие стипендии, кои за додипломски студии се во годишен износ од 40.000 евра, а за магистерски 36.000 евра, се доделуваат без прецизно и соодветно дефинирани критериуми за рангирање и избор на студентите и без анализа кои области за студирање се од интерес на нашата земја или му се потребни на стопанството. Притоа, министерот за образование и наука има дискрециско право во одлучувањето.

Ова го заклучува анализата на Независниот академски синдикат (НАкС) насловена „Исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од Шангајската листа“.

Кариерите на корисниците на стипендиите за студии во странство НАкС самиот ги откривал следејќи ги профилите на платформи како Линкдин, при што е утврдено дека од 61 кои добиле стипендија за прв циклус, во земјава се вратиле само 11, во странство останале 41, а за девет немаат податоци. Ова се однесува на периодот од академската 2013/2014 до 2016/2017, но за последните шест академски години НАкС не добил податоци од МОН.

Од 165 стипендии доделени за магистерски студии, пак, во земјава се вратиле 59 корисници. Податоците за втор циклус (магистерски студии) се за периодот од 2010/2011 до 2021/2022 година. Синдикатот не добил податоци за корисници на оваа стипендија за трет циклус (докторски) студии.

Поради недостапност до сите податоци, НАкС неофицијално проценува дека над 300 лица добиле ваква стипендија за студии на некој универзитет од првите 100 рангирани на Шангајската листа и дека за нив е потрошен огромен буџет, кој се движи од 10 милиони евра до дури 24,4 милиони евра – податок што бил објавен од Стопанската комора.

Проф. Мимоза Ристова презентирајќи ја анализата денеска рече дека најчесто студирале (и останувале) во Велика Британија, САД, во земји на ЕУ, но и во Швајцарија и Израел. Од корисниците на стипендија за прв циклус, во земјава не се вратиле 67 отсто, а 48 отсто од тие со стипендија за магистерски студии, иако имале обврска да работат во државава. За четиригодишни додипломски студии, рече Ристова, тоа се 160.000 евра.

Значи, само за периодот 2013/2014 – 2016-2017, биле дадени 2,5 милиони евра, а во исто време издвојувањето од буџетот за наука во нашава држава е 0,02 отсто. За 67 отсто кои не се вратиле биле потрошени 1,7 милиони евра, кои од нашиот сиромашен буџет сме ги платиле за поттикнување на економскиот развој на други држави, рече проф. Ристова.

За магистерските студии, за кои има податоци за периодот од 2010 до 2021, платени се 6 милиони евра за стипендии, односно 2,8 милиони евра, рече Ристова, за поттикнување на економијата на други земји зашто таму да работат останале 47 проценти од стипендираните.

На прашање дали меѓу корисниците што ги истражиле наишле на „звучни“ имиња, Ристова рече дека препознала некои презимиња, но сепак не е сигурна, и дека целта им била не да следат судбини на луѓе, туку да ги следат парите на државава.

Проф. Мирјана Најчевска рече дека стипендирањето не е регулирано со Законот за високо образование и дека никаде во законите нема критериуми по кои ќе се одреди потребата од финансирање студенти во странство. Информации за условите и критериумите, според наведеното во конкурсите за овие стипендии, рече Најчевска, кандидатите добиваат усно во МОН, а министерот има дискреционо право за пропишување на видот на стипендиите и начинот на нивното доделување. Во законската регулатива и во подзаконските акти, рече, нема процедура за враќање на парите - иако е предвидено студентот да потпише меница, нема процедура како таа ќе се активира доколку студентот не работи две години во државава, по завршување на студиите. Конкурсот наведува десеткратно враќање на парите.

На прашањето до МОН - дали има случаи кога е активирана меницата односно случаи кога студентите вратиле пари, ни одговорија дека нема ниту еден таков случај. Видовме колку студенти останале да работат во странство. Тие студенти не одработиле ниту еден единствен ден во државата. Значи дека ова е класична кражба, а не само несоодветно работење со буџетските пари. Затоа што меницата, според облигационите односи, е јавна исправа врз која треба да се вратат пари кои се земени, истакна Најчевска.

Според анализата што ја презентираше НАкС, најголем број стипендии биле дадени во 2014/2015 година. За додипломски студии, на пример, во 2014/2015 биле доделени 25 вакви стипендии, односно 600 проценти повеќе од претходната академска година кога биле доделени четири.

Професорите од НАкС на презентацијата истакнаа дека стипендирањето за студии во странство почнало во 2010 година и дека токму тогаш државата престанала да ги објавува конкурсите за финансирање магистерски и докторски студии во земјава и за финансирање научно-истражувачки проекти.

Од пет министри за образование во изминатиов период барале овие стипендии да се укинат и средствата да се пренасочат за нашата наука и истражувачки проекти, но министрите само се согласиле дека оваа програма за стипендирање е штетна. Пред околу два месеца МОН објави нов повик за 10 вакви стипендии при што, како што укажаа, не се наведени областите на студиите.

Проектот „Aнализи на НАкС за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од шангајската листа“ е изработен и финансиран од Независниот академски синдикат. Анализата во целост ќе биде објавена на веб-страницата на НАкС.

 

The post Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија appeared first on Република.

]]>

Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава. МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот. Овие стипендии, кои за додипломски студии се во годишен износ од 40.000 евра, а за магистерски 36.000 евра, се доделуваат без прецизно и соодветно дефинирани критериуми за рангирање и избор на студентите и без анализа кои области за студирање се од интерес на нашата земја или му се потребни на стопанството. Притоа, министерот за образование и наука има дискрециско право во одлучувањето. Ова го заклучува анализата на Независниот академски синдикат (НАкС) насловена „Исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од Шангајската листа“. Кариерите на корисниците на стипендиите за студии во странство НАкС самиот ги откривал следејќи ги профилите на платформи како Линкдин, при што е утврдено дека од 61 кои добиле стипендија за прв циклус, во земјава се вратиле само 11, во странство останале 41, а за девет немаат податоци. Ова се однесува на периодот од академската 2013/2014 до 2016/2017, но за последните шест академски години НАкС не добил податоци од МОН. Од 165 стипендии доделени за магистерски студии, пак, во земјава се вратиле 59 корисници. Податоците за втор циклус (магистерски студии) се за периодот од 2010/2011 до 2021/2022 година. Синдикатот не добил податоци за корисници на оваа стипендија за трет циклус (докторски) студии. Поради недостапност до сите податоци, НАкС неофицијално проценува дека над 300 лица добиле ваква стипендија за студии на некој универзитет од првите 100 рангирани на Шангајската листа и дека за нив е потрошен огромен буџет, кој се движи од 10 милиони евра до дури 24,4 милиони евра – податок што бил објавен од Стопанската комора. Проф. Мимоза Ристова презентирајќи ја анализата денеска рече дека најчесто студирале (и останувале) во Велика Британија, САД, во земји на ЕУ, но и во Швајцарија и Израел. Од корисниците на стипендија за прв циклус, во земјава не се вратиле 67 отсто, а 48 отсто од тие со стипендија за магистерски студии, иако имале обврска да работат во државава. За четиригодишни додипломски студии, рече Ристова, тоа се 160.000 евра.
Значи, само за периодот 2013/2014 – 2016-2017, биле дадени 2,5 милиони евра, а во исто време издвојувањето од буџетот за наука во нашава држава е 0,02 отсто. За 67 отсто кои не се вратиле биле потрошени 1,7 милиони евра, кои од нашиот сиромашен буџет сме ги платиле за поттикнување на економскиот развој на други држави, рече проф. Ристова.
За магистерските студии, за кои има податоци за периодот од 2010 до 2021, платени се 6 милиони евра за стипендии, односно 2,8 милиони евра, рече Ристова, за поттикнување на економијата на други земји зашто таму да работат останале 47 проценти од стипендираните. На прашање дали меѓу корисниците што ги истражиле наишле на „звучни“ имиња, Ристова рече дека препознала некои презимиња, но сепак не е сигурна, и дека целта им била не да следат судбини на луѓе, туку да ги следат парите на државава. Проф. Мирјана Најчевска рече дека стипендирањето не е регулирано со Законот за високо образование и дека никаде во законите нема критериуми по кои ќе се одреди потребата од финансирање студенти во странство. Информации за условите и критериумите, според наведеното во конкурсите за овие стипендии, рече Најчевска, кандидатите добиваат усно во МОН, а министерот има дискреционо право за пропишување на видот на стипендиите и начинот на нивното доделување. Во законската регулатива и во подзаконските акти, рече, нема процедура за враќање на парите - иако е предвидено студентот да потпише меница, нема процедура како таа ќе се активира доколку студентот не работи две години во државава, по завршување на студиите. Конкурсот наведува десеткратно враќање на парите.
На прашањето до МОН - дали има случаи кога е активирана меницата односно случаи кога студентите вратиле пари, ни одговорија дека нема ниту еден таков случај. Видовме колку студенти останале да работат во странство. Тие студенти не одработиле ниту еден единствен ден во државата. Значи дека ова е класична кражба, а не само несоодветно работење со буџетските пари. Затоа што меницата, според облигационите односи, е јавна исправа врз која треба да се вратат пари кои се земени, истакна Најчевска.
Според анализата што ја презентираше НАкС, најголем број стипендии биле дадени во 2014/2015 година. За додипломски студии, на пример, во 2014/2015 биле доделени 25 вакви стипендии, односно 600 проценти повеќе од претходната академска година кога биле доделени четири. Професорите од НАкС на презентацијата истакнаа дека стипендирањето за студии во странство почнало во 2010 година и дека токму тогаш државата престанала да ги објавува конкурсите за финансирање магистерски и докторски студии во земјава и за финансирање научно-истражувачки проекти. Од пет министри за образование во изминатиов период барале овие стипендии да се укинат и средствата да се пренасочат за нашата наука и истражувачки проекти, но министрите само се согласиле дека оваа програма за стипендирање е штетна. Пред околу два месеца МОН објави нов повик за 10 вакви стипендии при што, како што укажаа, не се наведени областите на студиите. Проектот „Aнализи на НАкС за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од шангајската листа“ е изработен и финансиран од Независниот академски синдикат. Анализата во целост ќе биде објавена на веб-страницата на НАкС.  

The post Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија appeared first on Република.

]]>
Струјата во второто полугодие лани поскапела за 12,6 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-vo-vtoroto-polugodie-lani-poskapela-za-12-6-otsto/ Thu, 30 Mar 2023 10:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=625425

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2022 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во Република Македонија изнесувала 6.486 денари по KWh, што претставува пораст од 12.6 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела од 8.921 до 19.802 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, била од 83.766 до 90.712 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесувала 95.989 денари за nm3.

The post Струјата во второто полугодие лани поскапела за 12,6 отсто appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2022 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во Република Македонија изнесувала 6.486 денари по KWh, што претставува пораст од 12.6 % во споредба со првото полугодие. Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела од 8.921 до 19.802 денари по KWh по групи на потрошувачи. Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, била од 83.766 до 90.712 денари по нм3 по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесувала 95.989 денари за nm3.

The post Струјата во второто полугодие лани поскапела за 12,6 отсто appeared first on Република.

]]>
Тирана е трет најскап град во регионот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/tirana-e-tret-najskap-grad-vo-regionot/ Wed, 11 Jan 2023 18:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=595917

Тирана, главниот град на Албанија, е третото најскапо место за живеење на Западен Балкан, по Будва и Белград, покажа извештајот на Numbeo 2023 за животните трошоци.

Извештајот дава податоци од дневните трошоци ширум светот, создавајќи индекс на најскапите градови за живеење, до најевтините.

На врвот на листата за 2023 година е Базел, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Норвешките градови Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо се во првите 10. Други високо рангирани во Европа се Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција.

На дното на листата е Украина разурната од војната со нејзиниот опколениот град Харков. Други евтини места за живеење ги вклучуваат украинските градови Лавов, Одеса, Днипро и Киев.

Во однос на Западен Балкан, Приштина, главниот град на Косово, е едно од најевтините места за живеење во Европа, заедно со Ниш- Србија, Крајова- Романија и Тузла во Босна и Херцеговина.

Белград е најскапиот град во регионот, следен од Будва- Црна Гора и Тирана во Албанија.

Додека Тирана е рангирана како евтина низ Европа, таа е скапа за локалното население. Зголемените трошоци и неизмерната инфлација доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов, половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа.

Податоците на албанската национална статистичка агенција ИНСТАТ објавија дека во 2021-2022 година, 12,6 отсто од Албанците кои се вработени исто така се изложени на ризик да западнат во сиромаштија. Кај невработените, ризикот од сиромаштија е поголем и достигнува 39%; кај пензионерите е понизок околу 14%.

Меѓународната организација на трудот на Обединетите нации (МОТ), процени дека во 2020 година, во Албанија, 12 отсто од сите вработени примале плата под релативната линија од 5 долари дневно. Според пресметките на МОТ, 12% од вработените во Албанија земаат максимална месечна плата од 150 евра.

Во моментов, минималната месечна плата е утврдена на 289,72 евра, додека просечната во целата земја е околу 450 евра. Но, бројките е тешко да се утврдат бидејќи многу работат во неформалниот сектор, кој се проценува дека претставува речиси 40% од работната сила.

 

The post Тирана е трет најскап град во регионот appeared first on Република.

]]>

Тирана, главниот град на Албанија, е третото најскапо место за живеење на Западен Балкан, по Будва и Белград, покажа извештајот на Numbeo 2023 за животните трошоци. Извештајот дава податоци од дневните трошоци ширум светот, создавајќи индекс на најскапите градови за живеење, до најевтините. На врвот на листата за 2023 година е Базел, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Норвешките градови Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо се во првите 10. Други високо рангирани во Европа се Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција. На дното на листата е Украина разурната од војната со нејзиниот опколениот град Харков. Други евтини места за живеење ги вклучуваат украинските градови Лавов, Одеса, Днипро и Киев. Во однос на Западен Балкан, Приштина, главниот град на Косово, е едно од најевтините места за живеење во Европа, заедно со Ниш- Србија, Крајова- Романија и Тузла во Босна и Херцеговина. Белград е најскапиот град во регионот, следен од Будва- Црна Гора и Тирана во Албанија. Додека Тирана е рангирана како евтина низ Европа, таа е скапа за локалното население. Зголемените трошоци и неизмерната инфлација доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов, половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа. Податоците на албанската национална статистичка агенција ИНСТАТ објавија дека во 2021-2022 година, 12,6 отсто од Албанците кои се вработени исто така се изложени на ризик да западнат во сиромаштија. Кај невработените, ризикот од сиромаштија е поголем и достигнува 39%; кај пензионерите е понизок околу 14%. Меѓународната организација на трудот на Обединетите нации (МОТ), процени дека во 2020 година, во Албанија, 12 отсто од сите вработени примале плата под релативната линија од 5 долари дневно. Според пресметките на МОТ, 12% од вработените во Албанија земаат максимална месечна плата од 150 евра. Во моментов, минималната месечна плата е утврдена на 289,72 евра, додека просечната во целата земја е околу 450 евра. Но, бројките е тешко да се утврдат бидејќи многу работат во неформалниот сектор, кој се проценува дека претставува речиси 40% од работната сила.  

The post Тирана е трет најскап град во регионот appeared first on Република.

]]>