скандали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skandali/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 09:07:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скандали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skandali/ 32 32 Сите скандали на Спасовски: Пасоши на светски криминалци, неразјаснети убиства, две автобуски несреќи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/site-skandali-na-spasovski-pasoshi-na-svetski-kriminaltsi-nerazjasneti-ubistva-dve-avtobuski-nesreki/ Wed, 21 Feb 2024 09:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=746432

Владеењето на Оливер Спасовски ќе биде запаметено со  над 50 скандали.За време на министерувањето  се случени огромни скандали, од кражби, убиства,  милионски тендери до пасоши на светски криминалци за кои немаше разврска, а ниту одговорност.

– Како дел од скандалите се убиството на Мартин Јанушев кое никогаш немаше разврска, понатаму полициски службеник кој беше нападнат од возило на пајак служба, па двојно убиство на Рузвелтова, автобуската несреќа Дурмо турс, сообраќајка со обезбедување на Спасовски, 20 милионски тендери за набавка на патни исправи, набавка на возила на МВР поврзано со братучедот на Спасовски, фотографии на Спасовски со нарко босови и криминалци, фијаско на Спасовски во акцијата Планина, аферата Мафија издавање на пасоши на криминалци една од најфамозните лица барани од Интерпол добиле македонски пасош, командир од Прилеп уапсен со дрога, немање одговорност на Спасовски за Беса транс, исчезнато оружје од депо на МВР, кражба на масло од канабис-наброи Рашела Мизрахи.

The post Сите скандали на Спасовски: Пасоши на светски криминалци, неразјаснети убиства, две автобуски несреќи appeared first on Република.

]]>

Мизрахи: Има над 50 скандали за време на министерувањето на Спасовски за кои нема разрешница и одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-ima-nad-50-skandali-za-vreme-na-ministeruvaneto-na-spasovski-za-koi-nema-razreshnitsa-i-odgovornost/ Tue, 20 Feb 2024 08:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=745956

На граѓаните им е јасно дека овие 7 години денот започнуваше со скандал и до вечерта имаше уште скандали.  Психологија на затскривање на скандал со нов скандал, со очекување дека граѓаните ќе ги заборават. Тоа беше наметнато од ароганција без усул од страна на власта и сега веќе во техничката влада кога има технички министри кои можат да ги извадат работите, се наоѓаат во тесно, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Таа истакна дека по прашање на функционирањето на Оливер Спасовски има над 50 скандали за кои може да говориме, а во скандалите почнувајќи уште како технички министер главниот дефект кој го прави Спасовски на самата институција МВР е прераспределување на кадрите.

- Во периодот на неговото владение уште како технички министер тој направи политизација во МВР. Обичен кадар го прераспределува каде ќе му текне за да намести политички кадри.  Ајде да зборуваме дали се сеќавате на човекот од обезбедување на Зоран Заев чиј татко беше одеднаш 5 скалила покачен во позицијата во МВР односно началник во Струмица. Го имаме и бројот на прераспределувања, во 2016 има 2177, во 2017 се 2218, во 2018 од технички причини самото министерство не дава број, во 2019 се 3522, секаде се од 3.000 до 3.500, а само 2022 се скоро 4.000, што значи дека е наметнат тотален хаос во МВР и буквално уништување на квалитетниот кадар, истакна Мизрахи.

Мизрахи посочи дека за време на министерувањето на Оливер Спасовски се случени огромни скандали, од кражби, убиства,  милионски тендери до пасоши на светски криминалци за кои немаше разврска, а ниту одговорност.

- Како дел од скандалите се убиството на Мартин Јанушев кое никогаш немаше разврска, понатаму полициски службеник кој беше нападнат од возило на пајак служба, па двојно убиство на Рузвелтова, автобуската несреќа Дурмо турс, сообраќајка со обезбедување на Спасовски, 20 милионски тендери за набавка на патни исправи, набавка на возила на МВР поврзано со братучедот на Спасовски, фотографии на Спасовски со нарко босови и криминалци, фијаско на Спасовски во акцијата Планина, аферата Мафија издавање на пасоши на криминалци една од најфамозните лица барани од Интерпол добиле македонски пасош, командир од Прилеп уапсен со дрога, немање одговорност на Спасовски за Беса транс, исчезнато оружје од депо на МВР, кражба на масло од канабис, партиски вработувања на екс градоначалници, рекорди по бегства од затвори, први сме во Европа по бегства од затвор, изјави Мизрахи.

The post Мизрахи: Има над 50 скандали за време на министерувањето на Спасовски за кои нема разрешница и одговорност appeared first on Република.

]]>

На граѓаните им е јасно дека овие 7 години денот започнуваше со скандал и до вечерта имаше уште скандали.  Психологија на затскривање на скандал со нов скандал, со очекување дека граѓаните ќе ги заборават. Тоа беше наметнато од ароганција без усул од страна на власта и сега веќе во техничката влада кога има технички министри кои можат да ги извадат работите, се наоѓаат во тесно, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија. Таа истакна дека по прашање на функционирањето на Оливер Спасовски има над 50 скандали за кои може да говориме, а во скандалите почнувајќи уште како технички министер главниот дефект кој го прави Спасовски на самата институција МВР е прераспределување на кадрите.
- Во периодот на неговото владение уште како технички министер тој направи политизација во МВР. Обичен кадар го прераспределува каде ќе му текне за да намести политички кадри.  Ајде да зборуваме дали се сеќавате на човекот од обезбедување на Зоран Заев чиј татко беше одеднаш 5 скалила покачен во позицијата во МВР односно началник во Струмица. Го имаме и бројот на прераспределувања, во 2016 има 2177, во 2017 се 2218, во 2018 од технички причини самото министерство не дава број, во 2019 се 3522, секаде се од 3.000 до 3.500, а само 2022 се скоро 4.000, што значи дека е наметнат тотален хаос во МВР и буквално уништување на квалитетниот кадар, истакна Мизрахи.
Мизрахи посочи дека за време на министерувањето на Оливер Спасовски се случени огромни скандали, од кражби, убиства,  милионски тендери до пасоши на светски криминалци за кои немаше разврска, а ниту одговорност.
- Како дел од скандалите се убиството на Мартин Јанушев кое никогаш немаше разврска, понатаму полициски службеник кој беше нападнат од возило на пајак служба, па двојно убиство на Рузвелтова, автобуската несреќа Дурмо турс, сообраќајка со обезбедување на Спасовски, 20 милионски тендери за набавка на патни исправи, набавка на возила на МВР поврзано со братучедот на Спасовски, фотографии на Спасовски со нарко босови и криминалци, фијаско на Спасовски во акцијата Планина, аферата Мафија издавање на пасоши на криминалци една од најфамозните лица барани од Интерпол добиле македонски пасош, командир од Прилеп уапсен со дрога, немање одговорност на Спасовски за Беса транс, исчезнато оружје од депо на МВР, кражба на масло од канабис, партиски вработувања на екс градоначалници, рекорди по бегства од затвори, први сме во Европа по бегства од затвор, изјави Мизрахи.

The post Мизрахи: Има над 50 скандали за време на министерувањето на Спасовски за кои нема разрешница и одговорност appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-365-dena-365-skandali-na-vlasta-na-dui-i-sds/ Sun, 31 Dec 2023 08:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=728409

Поминува уште една година власт на ДУИ и СДС, година на скандали, корупција и криминал. Оваа година во речиси сите 365 дена имаше по една криминална афера, а некогаш и по две или три дневно. Сите тие придонесоа Македонија уште повеќе да потоне во сиромаштија и безперспективност, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа 2023 година ја одбележаа скандали поврзани со изградбата на коридорите, кога на фирма со дејност производство на долна облека и беше доделена задача да врши надзор на најголемиот инфраструктурен проект. Во истата насока беа исплатени и баснословни хонорари, стотици милиони евра за почеток на градежните работи и после речиси цела една година нема ниту една лопата асфалт фрлено, ниту еден метар автопат реализирано. Ама затоа во оваа година семејството на вицепремиерот Артан Груби се стекна со екстра луксузен деловен простор на улица Македонија, а семејството на премиерот Ковачевски со супер поволни бенефити за својот семеен бизнис со фотоволтаици. Не помалку беше успешна годината и за семејството на Али Ахмети, чиј внук Дрин Ахмети стана сопственик на повеќе од третина од трговскиот центар Соравија без да вложи ниту денар. Друга компанија пак блиска до Артан Груби стекна во сопственост хотел на Попова Шапка по цена од еднособен стан во Скопје, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Успешна беше 2023 година и за семејството на Бочварски, кој наместо да се фокусира на доизградбата на автопатот кон Охрид бил зафатен со влегување во бизнисот со производство на струја во кој веќе половина сегашни и идни функционери на власта беа длабоко навлезени. Дури и двата километри автопат кон Блаце станаа сага без крај, а да не зборуваме за железничкиот сообраќај кој целосно замре. Или нема возови, или има возови нема гориво, или нема плата, или некој мост попуштил или нема електрична енергија. Џабе стануваше Благој да го види сала, џабе потпишуваше меморандуми, кога еден инфраструктурен проект немаат реализирано а се веќе 7 години власт, велат од опозициската партија.

Оваа година што изминува беше успешна и за фирмите поврзани со ДУИ. Граѓаните на Тетово секој ден поминуваат покрај дупката која требаше да биде фабрика за електрични автомобили и за која власта одвои 43 милиони евра помош. Милиони евра од јавни тендери завршуваа кај донаторите на партијата на власт за тендери од уредување на спортска сала, канализација, градење на полициски станици, па до печатење на свидетелства и книги кои по правило доцнат или ги нема. И за ова немаше никаква, ни кривична, ни политичка одговорност. Криминалот и корупцијата на оваа власт добија епски размери и затоа беа забележани и во извештајот на ЕК. Впрочем функционерите на власта еден по еден почнаа да се редат и на црна листа и за тоа нема апсолутно никаква реакција од страна на домашните институции, а не пак некаква морална одговорност од самите нив. Обвинителството на чело со Ислам Абази и Љубомир Јовевски при очи се правеа слепи на сеопштиот грабеж, затоа што првиот на врат буквално ги има ДУИ и Ахмети, а вториот е седнат во скутот на власта чекајќи го својот избор за уставниот суд. Обвинителството наместо орган за гонење на криминалот, се претвори во консилиере на мафијата. А граѓаните, граѓаните криминалот на власта го плаќаат со својот живот. Грозоморниот случај со онкологија само потврди дека оваа власт може да ги забошоти во правните лавиринти сите оние афери кои однесоа толку многу човечки животи. И за Онкологија, како и за Беса Транс, како и За модуларната, како и за Ласкарци, или нема правна разрешница или се наоѓа кабелот како виновник. Тоа што постојат сведоштва дека лековите за најтешко болните завршувале на црниот пазар или во соседните земји, а на пациентите им бил даван само физиолошки раствор,не беше доволно институциите да работат сериозно за да се открие овој криминал, па затоа случајот после 4 месеци сеуште тапка во предистрага, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека исто така, убиствата и крвавите пресметки во Македонија станаа секојдневие. Од убиствата во Шиша Бар, преку убиствата во Косово и Ханиоти, па до престрелката во Ист Гејт нема никаква разрешница.

Подземјето стана надземје, затоа што имаа тесни конекции во власта. Спасовски безочно ја лажеше јавноста со цел да ги прикрие неспособноста и пропустите на МВР во случајот со двојното убиство на малата Вања и велешанецот Панче. Безбедносните структури и можеа да спречат барем едно, ако не и двете убиства, доколку си ја работеа работата и не дозволуваа неказнивост. Очигледно 2023 година била успешна за власта на ДУИ и СДС во поглед на криминалот и корупцијата, но катастрофална за народот, економијата и стопанството. Заради целосниот распад на системот кој се случува, граѓаните се иселуваат како никогаш досега. Власта на ДУИ и СДС со своите катастрофални политики доведе на работ на сиромаштија околу 600 илјади граѓани, а 80 илјади во екстремна сиромаштија. Затоа и 215 илјади работоспособни лица во само неколку квартали ја напуштија Македонија и заминаа да работат и да придонесуваат во странство. Македонија со ДУИ и СДС стана црна дупка во регионот. За 2023 година Македонија од сите земји во западен Балкан ќе има најмал раст на БДП од катастрофални 1,8%, што е двојно полошо од останатите. Исто така на ниво на 7 години, односно Македонија во овој период на оваа власт напреднала кумулативно само 20%, а од 2017 до 2023 година, Босна и Херцеговина има 42% раст на БДП по глава на жител, Србија 50%, Бугарија 64%, Албанија 52%, потенцираат од опозициската партија.

Едноставно кажано во Македонија никогаш не се живеело полошо од сега со оваа власт на ДУи и СДС. Затоа важно е да ги поразиме, додаваат од таму.

https://youtu.be/FpJgdhwLp0A?si=TfSLPeUcNNHv5qVx

The post ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС appeared first on Република.

Едноставно кажано во Македонија никогаш не се живеело полошо од сега со оваа власт на ДУи и СДС. Затоа важно е да ги поразиме, додаваат од таму. https://youtu.be/FpJgdhwLp0A?si=TfSLPeUcNNHv5qVx

The post ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ и ХДЗ не даваат предвремени избори во Хрватска и покрај министерските скандали во владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/plenkovikj-i-hdz-ne-davaat-predvremeni-izbori-vo-hrvatska-i-pokraj-ministerskite-skandali-vo-vladata/ Wed, 23 Feb 2022 16:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=462621

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) ги демантираше информациите дека поради последниот скандал во владата, кога беше уапсен министерот за градежништво, Дарко Хорват, дошло до поделби и несогласувања меѓу коалициските партнери и самата партија, на чие чело е премиерот Андреј Пленковиќ.

Од ХДЗ тврдат дека партијата е силна и стабилна и дека има солидно и стабилно парламентарно мнозинство. Оттаму наведуваат дека досега илјада пати се видени измислувања некакви „превирања, наводни конфликти и ултиматуми“ во редовите на ХДЗ.

ХДЗ демантира дека имало понуда до опозициското Татковинско движење на Иван Пенав да ја спаси владата во случај да се распушти актуелната владејачка коалиција.

Велат и дека нема да има предвремени парламентарни избори.

Парламентарното мнозинство е силно и стабилно. Нашата влада продолжува да ја работи својата работа за што ја доби довербата на хрватските граѓани во 2016 и 2020 година. Затоа, пастирите нека бараат состојба на поделеност и конфликт во редовите на немоќната, јалова опозиција. Во неа и ќе ја најдат - објави ХДЗ на својата страница на Фејсбук.

https://www.facebook.com/HDZ1989/posts/pfbid0XV1funzXp4D4JV3Kqad8vDg1CxptELiouUC6rLv72asA9rgmubxfRACJa8DAeUTal

Овој демант се појави по вчерашната петчасовна средба на коалицијата на која не беше постигнат договор за избор на нов министер за градежништво.

Лидерите на реформистите и на ХСЛС го одбија предлогот на Пленковиќ тоа да да биде претседател на ХНС.

Во медиумите се појавија информации дека ХДЗ се обидела да ја добие поддршката од Татковинско движење во случај актуелните коалициски партнери да ги напуштат, но ова движење ги одбило.

The post Пленковиќ и ХДЗ не даваат предвремени избори во Хрватска и покрај министерските скандали во владата appeared first on Република.

]]>

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) ги демантираше информациите дека поради последниот скандал во владата, кога беше уапсен министерот за градежништво, Дарко Хорват, дошло до поделби и несогласувања меѓу коалициските партнери и самата партија, на чие чело е премиерот Андреј Пленковиќ. Од ХДЗ тврдат дека партијата е силна и стабилна и дека има солидно и стабилно парламентарно мнозинство. Оттаму наведуваат дека досега илјада пати се видени измислувања некакви „превирања, наводни конфликти и ултиматуми“ во редовите на ХДЗ. ХДЗ демантира дека имало понуда до опозициското Татковинско движење на Иван Пенав да ја спаси владата во случај да се распушти актуелната владејачка коалиција. Велат и дека нема да има предвремени парламентарни избори.
Парламентарното мнозинство е силно и стабилно. Нашата влада продолжува да ја работи својата работа за што ја доби довербата на хрватските граѓани во 2016 и 2020 година. Затоа, пастирите нека бараат состојба на поделеност и конфликт во редовите на немоќната, јалова опозиција. Во неа и ќе ја најдат - објави ХДЗ на својата страница на Фејсбук.
https://www.facebook.com/HDZ1989/posts/pfbid0XV1funzXp4D4JV3Kqad8vDg1CxptELiouUC6rLv72asA9rgmubxfRACJa8DAeUTal Овој демант се појави по вчерашната петчасовна средба на коалицијата на која не беше постигнат договор за избор на нов министер за градежништво. Лидерите на реформистите и на ХСЛС го одбија предлогот на Пленковиќ тоа да да биде претседател на ХНС. Во медиумите се појавија информации дека ХДЗ се обидела да ја добие поддршката од Татковинско движење во случај актуелните коалициски партнери да ги напуштат, но ова движење ги одбило.