скандал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skandal/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 16:55:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скандал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skandal/ 32 32 Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/glavniot-drzhaven-obvinitel-na-ukraina-podnese-ostavka-po-golem-skandal-vo-armijata/ Tue, 22 Oct 2024 17:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=829975

Главниот украински државен обвинител Андриј Костин соопшти дека поднесува оставка поради скандал во кој десетици домашни функционери наводно ја злоупотребувале својата положба за да добијат статус на инвалиди и да избегнат служба во армијата.

Оставката доаѓа по состанок на Советот за национална безбедност и одбрана, на кој се разговарало како да се спречи корупцијата и да се затворат „дупките“ во законот кои се користат за да се избегне воена служба.

Канцеларијата на Костин во последно време е под удар поради обвиненијата против повеќе локални функционери, вклучувајќи и обвинители, кои наводно ја злоупотребиле својата функција за да добијат лажни дијагнози на инвалидитет.

Главниот обвинител мора да преземе политичка одговорност за ситуацијата во органите на прогонот во Украина, напиша претседателот Володимир Зеленски во острата изјава на социјалните мрежи по состанокот на советот.

Набргу по оваа изјава, Костин објави дека поднесува оставка. Тој ја нарече ситуацијата со лажните инвалидски дијагнози „неморална“ и се согласи дека мора да преземе лична одговорност.

Во ваква ситуација сметам дека е исправно да поднесам оставка, рече Костин.

The post Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата appeared first on Република.

]]>

Главниот украински државен обвинител Андриј Костин соопшти дека поднесува оставка поради скандал во кој десетици домашни функционери наводно ја злоупотребувале својата положба за да добијат статус на инвалиди и да избегнат служба во армијата. Оставката доаѓа по состанок на Советот за национална безбедност и одбрана, на кој се разговарало како да се спречи корупцијата и да се затворат „дупките“ во законот кои се користат за да се избегне воена служба. Канцеларијата на Костин во последно време е под удар поради обвиненијата против повеќе локални функционери, вклучувајќи и обвинители, кои наводно ја злоупотребиле својата функција за да добијат лажни дијагнози на инвалидитет.
Главниот обвинител мора да преземе политичка одговорност за ситуацијата во органите на прогонот во Украина, напиша претседателот Володимир Зеленски во острата изјава на социјалните мрежи по состанокот на советот.
Набргу по оваа изјава, Костин објави дека поднесува оставка. Тој ја нарече ситуацијата со лажните инвалидски дијагнози „неморална“ и се согласи дека мора да преземе лична одговорност.
Во ваква ситуација сметам дека е исправно да поднесам оставка, рече Костин.

The post Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата appeared first on Република.

]]>
Скандал во Охрид: Шокирани што ќе играат против Косово, сите српски клубови го напуштија турнирот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/skandal-vo-ohrid-shokirani-shto-ke-igraat-protiv-kosovo-site-srpski-klubovi-go-napushtija-turnirot/ Sun, 13 Oct 2024 15:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=826175

Генерациите 2014, 2015 и 2016 на српските клубови Црвена звезда, Партизан и Земун демонстративно го напуштија фудбалскиот турнир кој деновиве се одржува во Охрид, откако сфатија дека ќе се натпреваруваат против екипи од Косово.

Нашите момци успешно стигнаа до нокаут фазата на натпреварувањето, 2012 и 2013 година претрпеа порази во четвртфиналето, додека за 2014 година натпреварувањето во Македонија заврши во полуфиналето. Не, нашите момци не беа поразени, но одлуката на клубот беше да не се натпреварува против тим од т.н. Косово, то ест, нашите селекции се спакуваа, го напуштија турнирот и се упатија кон Србија. Во татковината се враќаат без медал, но со чист образ. Им благодариме на организаторите за поканата, велат од ФК Земун во соопштението.

Според српските медиуми, српските клубови пред почетокот на турнирот побарале екипите од  Косово не учествуваат, но организаторите „не го испочитувале договорот“.

The post Скандал во Охрид: Шокирани што ќе играат против Косово, сите српски клубови го напуштија турнирот appeared first on Република.

Митева: Скандалот со корупцијата во правосудството покажува дека СДС и ДУИ воспоставиле криминален систем – колку милиони евра се изрекетирани? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-skandalot-so-koruptsijata-vo-pravosudstvoto-pokazhuva-deka-sds-i-dui-vospostavile-kriminalen-sistem-kolku-milioni-evra-se-izreketirani/ Wed, 22 May 2024 12:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=780841

Последните случувања со големиот скандал за земање на мито од 10 илјади евра од страна на судијата Наќе Гроргиев и второсомничениот јавен обвинител Иџет Мемети е само уште еден доказ дека во Македонија власта на СДС и ДУИ, наместо правен воспостави криминален систем, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку е огромен овој скандал потврдува и фактот што станува збор за кривично дело земање поткуп од судија и јавен обвинител, а истото противправно дејство е со единствен цел – обезбедување олеснителни околности за кривичен случај кој се води против поранешен градоначалник на Ново Село – Боро Стојчев.

Додека сите ние чекаме и бараат правда, одговорните за спроведување на правдата се први во криминалот.

Не залудно на сите мерења на јавното мислење довербата во судството, обвинителството и правосудниот систем во целина е на поразителни 1%, историски најниско ниво на доверба додека токму власта на СДС и ДУИ ги убедуваше граѓаните дека тие се европски фронт.

Ова е уште еден доказ зошто во Македонија нема систем, нема функционални институции, нема правда и со сигурност граѓаните немаат мир.

После откривањето на скандалот со корупција во највисоките редови во правосудството, логично се поставува прашањето дали овој случај со ексградоначалникот и митото од 10 илјади евра е единствен случај на овие два функционери во правосудството?

Дали и колку илјадници евра биле барани за случаите со финансиски криминали, трговија со дрога, убиства и слично за кои јавноста е сведок дека не видовме ниту право ниту правда?

Дали е точно дека во правосудството само во изминатите неколку години биле изрекетирани неколку милиони евра?

Колку накевци и иџетовци инсталираа СДС и ДУИ во македонското правосудство?

Остана да лебди и прашањето дали и колку длабоко пипците на судскиот октопод се раширени во системот и дали главата на тој октопод се всушност функционери на власта на СДС и ДУИ?

Затоа што, парата и правдата не одат заедно освен во криминализирано правосудство како ова на ДУИ и СДС.

Ова мора да има крај, мора да има одговорност и затоа ги повикуваме надлежните органи од почеток до крај, од првиот до последниот темелно да го истражат и овој, но и многу други случаи за кои има основано сомнение.

Само со силна посветеност во борбата со криминалот и корупцијата ќе ја направиме Македонија држава подготвена за Европската Унија и држава која обезбедува подобар живот на сите наши граѓани.

Одговорност мора да има подеднакво за сите!

The post Митева: Скандалот со корупцијата во правосудството покажува дека СДС и ДУИ воспоставиле криминален систем – колку милиони евра се изрекетирани? appeared first on Република.

]]>

Последните случувања со големиот скандал за земање на мито од 10 илјади евра од страна на судијата Наќе Гроргиев и второсомничениот јавен обвинител Иџет Мемети е само уште еден доказ дека во Македонија власта на СДС и ДУИ, наместо правен воспостави криминален систем, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Колку е огромен овој скандал потврдува и фактот што станува збор за кривично дело земање поткуп од судија и јавен обвинител, а истото противправно дејство е со единствен цел – обезбедување олеснителни околности за кривичен случај кој се води против поранешен градоначалник на Ново Село – Боро Стојчев. Додека сите ние чекаме и бараат правда, одговорните за спроведување на правдата се први во криминалот. Не залудно на сите мерења на јавното мислење довербата во судството, обвинителството и правосудниот систем во целина е на поразителни 1%, историски најниско ниво на доверба додека токму власта на СДС и ДУИ ги убедуваше граѓаните дека тие се европски фронт. Ова е уште еден доказ зошто во Македонија нема систем, нема функционални институции, нема правда и со сигурност граѓаните немаат мир. После откривањето на скандалот со корупција во највисоките редови во правосудството, логично се поставува прашањето дали овој случај со ексградоначалникот и митото од 10 илјади евра е единствен случај на овие два функционери во правосудството? Дали и колку илјадници евра биле барани за случаите со финансиски криминали, трговија со дрога, убиства и слично за кои јавноста е сведок дека не видовме ниту право ниту правда? Дали е точно дека во правосудството само во изминатите неколку години биле изрекетирани неколку милиони евра? Колку накевци и иџетовци инсталираа СДС и ДУИ во македонското правосудство? Остана да лебди и прашањето дали и колку длабоко пипците на судскиот октопод се раширени во системот и дали главата на тој октопод се всушност функционери на власта на СДС и ДУИ? Затоа што, парата и правдата не одат заедно освен во криминализирано правосудство како ова на ДУИ и СДС. Ова мора да има крај, мора да има одговорност и затоа ги повикуваме надлежните органи од почеток до крај, од првиот до последниот темелно да го истражат и овој, но и многу други случаи за кои има основано сомнение. Само со силна посветеност во борбата со криминалот и корупцијата ќе ја направиме Македонија држава подготвена за Европската Унија и држава која обезбедува подобар живот на сите наши граѓани. Одговорност мора да има подеднакво за сите!  

The post Митева: Скандалот со корупцијата во правосудството покажува дека СДС и ДУИ воспоставиле криминален систем – колку милиони евра се изрекетирани? appeared first on Република.

]]>
Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-otkri-kako-nezakonski-se-potrosheni-2-5-milioni-evra-vo-ime-na-sotsijalna-pomosh/ Mon, 15 Apr 2024 11:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=766290

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на прес-конференција посочи дека во период од јуни 2022 година до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова, како што рече, е оштетен буџетот на Министерството за над 2.5 милиони евра.

Тој потенцираше дека во моментов се изготвени и донесени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци.

Велковски подвлече дека граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.

Ја искористиле ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата, изјави Велковски.

Според Велковски, во Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП.

Оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци, додаде Велковски.

Тој посочи дека на 20 јануари оваа година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски.

Првата размена на податоци е направена дури на 5 март оваа година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер, посочи Велковски.

The post Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на прес-конференција посочи дека во период од јуни 2022 година до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова, како што рече, е оштетен буџетот на Министерството за над 2.5 милиони евра. Тој потенцираше дека во моментов се изготвени и донесени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци. Велковски подвлече дека граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.
Ја искористиле ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата, изјави Велковски.
Според Велковски, во Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП.
Оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци, додаде Велковски.
Тој посочи дека на 20 јануари оваа година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски.
Првата размена на податоци е направена дури на 5 март оваа година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер, посочи Велковски.

The post Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош appeared first on Република.

]]>
Јаневска прашува дали ќе има казни за полицајците што одржуваат партиски средби со ДУИ во училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-prashuva-dali-ke-ima-kazni-za-politsajtsite-shto-odrzhuvaat-partiski-sredbi-so-dui-vo-uchilishte/ Thu, 28 Mar 2024 15:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=759878

Проф д-р Весна Јаневска реагираше на скандалот поврзан со полициски службеници што одржуваат партиски средби со ДУИ во училиште.

Ќе има ли казни за овие прекршувања?
Да, ќе има, кога ќе дојде време.
Уште малку, многу малку, реагира Јаневска преку статус на „Фејсбук“.

The post Јаневска прашува дали ќе има казни за полицајците што одржуваат партиски средби со ДУИ во училиште appeared first on Република.

]]>

Проф д-р Весна Јаневска реагираше на скандалот поврзан со полициски службеници што одржуваат партиски средби со ДУИ во училиште.
Ќе има ли казни за овие прекршувања? Да, ќе има, кога ќе дојде време. Уште малку, многу малку, реагира Јаневска преку статус на „Фејсбук“.
 
The post Јаневска прашува дали ќе има казни за полицајците што одржуваат партиски средби со ДУИ во училиште appeared first on Република.

]]>
Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/ Mon, 18 Mar 2024 12:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=755862

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување, велат извори за порталот.

Од Министерството за здравство за МКД.мк велат дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 -ти февруари годинава.

Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.

Оттаму не одговорија на прашањата дали до Министерството за здравство стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција Иљази доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија.

Целата сторија на МКД.мк

The post Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ appeared first on Република.

]]>

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.
Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување, велат извори за порталот.
Од Министерството за здравство за МКД.мк велат дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 -ти февруари годинава.
Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.
Оттаму не одговорија на прашањата дали до Министерството за здравство стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција Иљази доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија. Целата сторија на МКД.мк

The post Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ appeared first on Република.

]]>
Николоски: Власта расипнички троши 250 милиони евра за транспортни хеликоптери на компанија поврзана со огромен корупциски скандал во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vlasta-rasipnichki-troshi-250-milioni-evra-za-transportni-helikopteri-na-kompanija-povrzana-so-ogromen-koruptsiski-skandal-vo-makedonija/ Fri, 15 Mar 2024 14:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=755168

За хеликоптерите сакам неколку аспекти за искоментирам, првата работа е дали Македонија во моментов воопшто има потреба од транспортни хеликоптери, бидејќи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал и војници, а за борбени хеликоптери, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање поврзано со набавката на хеликоптери од министерство за одбрана.

Николоски посочи дека со ваква набавка одбранбената готовност на Македонија и армијата со ова не се подобрува, а исто така 250 милиони да се потрошат на ова е расипништво.

Во исто време кажуваме дека 250 милиони евра ќе впуштиме во сите општини во Македонија. Ако само за ова не ги трошат парите, за една година сите општини во Македонија ќе можат веќе да почнат со препород и со решавање на децениските проблеми на граѓаните. Министерката за одбрана на јавноста и должи одговор како е возможно во веќе почнат изборен период, распишани се избори да врши толку голема јавна набавка која треба да ја плаќа следната влада, рече Николоски.

Николоски исто така вели дека мора да се одговори зошто и како баш оваа компанија Леонардо од Италија е избрана а не се избрани другите компании, конкурирале француско-германски огромен конзорциум, шведски и американски производител.

Зошто е избран токму Леонардо, и дали причината за изборот е огромниот корупциски скандал кој беше прв на владата на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата Леонардо, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност чинел 1 милион евра повеќе од проценетата вредност за што тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски заврши во затвор. Се дава набавка на компанија која е веќе поврзана со огромен скандал во Македонија. Ова покажува расипничко трошење и за ова ќе има одговорност, ако е прекршен законот, истакна Николоски.

The post Николоски: Власта расипнички троши 250 милиони евра за транспортни хеликоптери на компанија поврзана со огромен корупциски скандал во Македонија appeared first on Република.

]]>

За хеликоптерите сакам неколку аспекти за искоментирам, првата работа е дали Македонија во моментов воопшто има потреба од транспортни хеликоптери, бидејќи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал и војници, а за борбени хеликоптери, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање поврзано со набавката на хеликоптери од министерство за одбрана. Николоски посочи дека со ваква набавка одбранбената готовност на Македонија и армијата со ова не се подобрува, а исто така 250 милиони да се потрошат на ова е расипништво.
Во исто време кажуваме дека 250 милиони евра ќе впуштиме во сите општини во Македонија. Ако само за ова не ги трошат парите, за една година сите општини во Македонија ќе можат веќе да почнат со препород и со решавање на децениските проблеми на граѓаните. Министерката за одбрана на јавноста и должи одговор како е возможно во веќе почнат изборен период, распишани се избори да врши толку голема јавна набавка која треба да ја плаќа следната влада, рече Николоски.
Николоски исто така вели дека мора да се одговори зошто и како баш оваа компанија Леонардо од Италија е избрана а не се избрани другите компании, конкурирале француско-германски огромен конзорциум, шведски и американски производител.
Зошто е избран токму Леонардо, и дали причината за изборот е огромниот корупциски скандал кој беше прв на владата на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата Леонардо, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност чинел 1 милион евра повеќе од проценетата вредност за што тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски заврши во затвор. Се дава набавка на компанија која е веќе поврзана со огромен скандал во Македонија. Ова покажува расипничко трошење и за ова ќе има одговорност, ако е прекршен законот, истакна Николоски.
 
The post Николоски: Власта расипнички троши 250 милиони евра за транспортни хеликоптери на компанија поврзана со огромен корупциски скандал во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/revizijata-konstatirala-otsustvo-na-protseduri-vo-sluchajot-na-palcho-tokmu-toa-go-spasuva-spasovski-od-odgovornost-reagira-vmro-dpmne/ Thu, 07 Mar 2024 19:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=752402

Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство, ова преку реакција на прес-конференцијата на Даниела Колева до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

После 8 години министерување прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви? Сака СДС од чии структури се изроди Палевски да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено? На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?“, прашуваат од партијата.

The post Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nov-skandal-vo-formula-1-pretsedatelot-na-fia-pod-istraga-za-manipulatsija-so-rezultati/ Mon, 04 Mar 2024 20:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=751254

Нов скандал го тресе светот на Формула 1. Овој пат во центарот на скандалот е претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, против кого се води истрага за манипулации со резултати во сезоната 2023, информираат светските медиуми.

Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз одлуката на стјуардите да ја поништат казната од 10 секунди на Фернандо Алонсо на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија.

Двократниот светски шампион потоа заврши трет на трката во Џеда, но беше казнет со спорните 10 секунди веднаш по церемонијата на доделување награди. Причината за оваа казна е неправилно издржување казна од 5 секунди што му беше досудена на почетокот на трката.

Екипата на Астон Мартин потоа ја обжали одлуката на стјуардите повторно да го казнат Алонсо и тврдењата на тимот беа уважени, што резултираше со поништување на казната на Шпанецот. Сепак, се чини дека тоа се случило по интервенцијата на Бин Сулејем.

Според изворот на „Би-Би-Си Спорт“, човекот од Дубаи го повикал шефот на ФИА за Блискиот Исток и Северна Африка, шеикот Абдула бин Хамас бис Иса Ал Калифа, кој беше официјален претставник за време на викендот за Големата награда на Саудиска Арабија. За време на тој разговор, Бин Сулејем побарал од стјуардите да ја повлечат одлуката за повторно казнување на Алонсо, враќајќи му го подиумот на Шпанецот.

The post Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати appeared first on Република.

]]>

Нов скандал го тресе светот на Формула 1. Овој пат во центарот на скандалот е претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, против кого се води истрага за манипулации со резултати во сезоната 2023, информираат светските медиуми. Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз одлуката на стјуардите да ја поништат казната од 10 секунди на Фернандо Алонсо на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија. Двократниот светски шампион потоа заврши трет на трката во Џеда, но беше казнет со спорните 10 секунди веднаш по церемонијата на доделување награди. Причината за оваа казна е неправилно издржување казна од 5 секунди што му беше досудена на почетокот на трката. Екипата на Астон Мартин потоа ја обжали одлуката на стјуардите повторно да го казнат Алонсо и тврдењата на тимот беа уважени, што резултираше со поништување на казната на Шпанецот. Сепак, се чини дека тоа се случило по интервенцијата на Бин Сулејем. Според изворот на „Би-Би-Си Спорт“, човекот од Дубаи го повикал шефот на ФИА за Блискиот Исток и Северна Африка, шеикот Абдула бин Хамас бис Иса Ал Калифа, кој беше официјален претставник за време на викендот за Големата награда на Саудиска Арабија. За време на тој разговор, Бин Сулејем побарал од стјуардите да ја повлечат одлуката за повторно казнување на Алонсо, враќајќи му го подиумот на Шпанецот.

The post Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати appeared first on Република.

]]>
Кој му кажал на амбасадорот во Рим Мемеди да испрати нота до властите дека пасошите на 100.000 македонски државјани веќе не важат? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-mu-kazhal-na-ambasadorot-vo-rim-memedi-da-isprati-nota-do-vlastite-deka-pasoshite-na-100-000-makedonski-drzhavjani-veke-ne-vazhat/ Thu, 15 Feb 2024 08:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=744280

Амбасадорот на Македонија во Рим Весел Мемеди со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки, aлармира пратеникот Антонио Милошоски, нагласувајќи дека со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.

Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство. Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи, вели Милошоски.

Ова е втор голем скандал деновиве поврзан со дипломатите кои треба да ги штитан интересите на граѓаните кои ги плаќаат.

Така, шурата на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, македонскиот конзул во Чикаго, САД, Петрит Муслиу, арогантно се заканувал на македонски државјани дека нема никогаш повеќе да добијат пасош.

https://republika.mk/vesti/makedonija/konzulot-na-dui-vo-chikago-se-odnesuval-arogantno-kon-makedontsite/

The post Кој му кажал на амбасадорот во Рим Мемеди да испрати нота до властите дека пасошите на 100.000 македонски државјани веќе не важат? appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Македонија во Рим Весел Мемеди со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки, aлармира пратеникот Антонио Милошоски, нагласувајќи дека со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.
Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство. Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи, вели Милошоски.
Ова е втор голем скандал деновиве поврзан со дипломатите кои треба да ги штитан интересите на граѓаните кои ги плаќаат. Така, шурата на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, македонскиот конзул во Чикаго, САД, Петрит Муслиу, арогантно се заканувал на македонски државјани дека нема никогаш повеќе да добијат пасош. https://republika.mk/vesti/makedonija/konzulot-na-dui-vo-chikago-se-odnesuval-arogantno-kon-makedontsite/

The post Кој му кажал на амбасадорот во Рим Мемеди да испрати нота до властите дека пасошите на 100.000 македонски државјани веќе не важат? appeared first on Република.

]]>
Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hirurzi-od-klinichki-shto-se-sluchuva-na-hirurshkite-kliniki-so-osnovnite-lekovi-antibiotitsite-i-opojnite-drogi/ Fri, 09 Feb 2024 07:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=742025

Група хирурзи од хируршките клиники во комлексот „Мајка Тереза“ се обратија со допис до нашата редакција со кој алармираат дека на хируршките клиники недостасуваат основни лекови и ова претставува сериозен проблем во секојдевната работа. Исто така, согласно информациите со кои хирурзите располагаат, на хируршките клиники во последниве три до четири години нема евиденција и следливост на антибиотиците и опојните дроги, како и основните средства.

Во нивниот допис јавно прашуваат што се случува на хирургија со основните средства, антибиотиците и опојните дроги?

Дали некој води евиденција за нив или и тука како на онкологија нема евиденција кој и како ги користи?

Дали на хируршките клиники се води инспекција за интрахоспиталните инфекции, дали се пријавуваат и дали воопшто и кои мерки се преземени за справување со состојбата?

Дали се точни наводите дека опојни дроги што се наменети и треба да се користат за наши пациенти по непознати канали завршуваат на црниот пазар или во Косово?

Колку контроли се извршени од Министерството за здравство, МАЛМЕД, Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за нивно користење?

Овие прашања ги упатуваат јавно хирурзите до надлежните институции.

Тие посочуваат дека не се согласуваат со начинот на менаџирање во овој сегмент и сметаат дека непрофесионално и со пропусти истото се спроведува.

За крај хирурзите во својот допис додаваат дека има огромен недостиг на медицински сестри и овој недостиг значително влијае на работата, а од друга страна секојдневно има вработување на несуштински кадар - административен, наместо да се зајакнуваат клиниките со медицински кадар.

Па, се поставува прашањето што навистина се случува на Хирургија и дали на повидок и тука имаме „нова Онкологија“?

The post Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? appeared first on Република.

]]>

Група хирурзи од хируршките клиники во комлексот „Мајка Тереза“ се обратија со допис до нашата редакција со кој алармираат дека на хируршките клиники недостасуваат основни лекови и ова претставува сериозен проблем во секојдевната работа. Исто така, согласно информациите со кои хирурзите располагаат, на хируршките клиники во последниве три до четири години нема евиденција и следливост на антибиотиците и опојните дроги, како и основните средства. Во нивниот допис јавно прашуваат што се случува на хирургија со основните средства, антибиотиците и опојните дроги?
Дали некој води евиденција за нив или и тука како на онкологија нема евиденција кој и како ги користи? Дали на хируршките клиники се води инспекција за интрахоспиталните инфекции, дали се пријавуваат и дали воопшто и кои мерки се преземени за справување со состојбата? Дали се точни наводите дека опојни дроги што се наменети и треба да се користат за наши пациенти по непознати канали завршуваат на црниот пазар или во Косово? Колку контроли се извршени од Министерството за здравство, МАЛМЕД, Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за нивно користење?
Овие прашања ги упатуваат јавно хирурзите до надлежните институции. Тие посочуваат дека не се согласуваат со начинот на менаџирање во овој сегмент и сметаат дека непрофесионално и со пропусти истото се спроведува. За крај хирурзите во својот допис додаваат дека има огромен недостиг на медицински сестри и овој недостиг значително влијае на работата, а од друга страна секојдневно има вработување на несуштински кадар - административен, наместо да се зајакнуваат клиниките со медицински кадар. Па, се поставува прашањето што навистина се случува на Хирургија и дали на повидок и тука имаме „нова Онкологија“?

The post Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? appeared first on Република.

]]>
Хајредини: Јовевски заслужува да одговара кривично затоа што не се расчисти најголемиот корупциски скандал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-jovevski-zasluzhuva-da-odgovara-krivichno-zatoa-shto-ne-se-raschisti-najgolemiot-koruptsiski-skandal/ Wed, 24 Jan 2024 21:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=736524

Поранешниот министер и политички аналитичар Џевдет Хајредини смета дека Љубимир Јовески заслужува кривично да одговора бидејќи не се расчисти најголемиот корупциски скандал со Маѓар телеком.

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд.
Само поради тоа што и после 12 поминати години и 59 одржани судски рочишта, не се расчисти најголемиот корупциски скандал со Маѓар Телеком, Јовески заслужува кривично да одговара, пишува Хајредини на фејсбук.

The post Хајредини: Јовевски заслужува да одговара кривично затоа што не се расчисти најголемиот корупциски скандал appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер и политички аналитичар Џевдет Хајредини смета дека Љубимир Јовески заслужува кривично да одговора бидејќи не се расчисти најголемиот корупциски скандал со Маѓар телеком.
Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд. Само поради тоа што и после 12 поминати години и 59 одржани судски рочишта, не се расчисти најголемиот корупциски скандал со Маѓар Телеком, Јовески заслужува кривично да одговара, пишува Хајредини на фејсбук.

The post Хајредини: Јовевски заслужува да одговара кривично затоа што не се расчисти најголемиот корупциски скандал appeared first on Република.

]]>
Јанушев: Ултра скандал, власта набавила систем за следење на комуникациите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janushev-ultra-skandal-vlasta-nabavila-sistem-za-sledene-na-komunikatsiite/ Sat, 02 Dec 2023 11:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=718640

Во Македонија се случува не мега, тука ултра скандал од највисок степен поврзан со следење на комуникациите на граѓаните, рече Јанушев.

„Големиот брат“, односно нелегалното следење и надзор на комуникации се случува и поминаа 20 часа од ова мое тврдење и се уште нема демант на овие основани сомневања.

Како што објавив вчера од собраниската говорница, од страна на власта набавен е систем за следење на комуникациите, преку кој имаат можност за пристап до буквално целиот интернет сообраќај во државата, на било кој уред, на било кој телефон, на било кој оператор, на било кое лице – приватно или службено, како и можност за пристап до било кој уред, односно телефон со т.н. „малициозен софтвер“.

Во Членот 2 од Законот за следење на комуникациите е наведено дека за производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите мора претходно да се добие одобрение од МВР!

МВР нема издадено такво одобрение! И постои таков документ на кој е потпишан токму Спасовски во кој изричито се тврди дека МВР нема дадено одобрение!

Понатаму, согласно член 62 од Законот за следење на комуникациите, МВР е исклучиво надлежна да изврши контрола над спроведување на одредбата од член 2!

МВР нема извршено никаква контрола! И Спасовски лаже дека одговорил на сите писмени барања кои му се упатени во врска со овој случај бидејки пред околу 2 месеца лично јас му пратив барање за оваа информација на која се уште нема одговорено!

Има сериозни индиции дека Министерот Спасовски е запознаен со предметот на набавката и имал увид до техничката спецификација на истата, а наводно и бил лично брифиран за истото на состанок кој се одржал во просториите на ОТА и на кој покрај Спасовски присуствувале и претставници на ЈО и лично Јовевски!

Значи, МВР и Спасовски знаеле за набавката, не дале одобрение за истата, исто така знаеле за техничката спецификација бидејќи биле информирани, но не преземале ништо иако со закон се исклучиво надлежни да вршат контрола за набавки на опрема за следење на комуникациите од страна на било кој во Република Македонија!

Исто така, запознаено е и ЈО и Јовевски и не само што немаат отворено истрага, туку информациите посочуваат на сериозни сомневања дека се обидуваат да го прикријат случајот!

Се сомневаме дека овој систем веќе е во употреба речиси една година и истиот се користи за нелегално прислушкување.

Оградувањето дека станува збор за класифицирани информации е само криење и паника бидејќи се фатени на дело!

Имено, согласно член 20 од Законот за класифицирани информации – „информацијата која е одредена со степен на класификација, нема да се смета за класифицирана информација, ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка“!

Во овој конкретен случај се исполнети сите услови од членот 20 – оваа набавка е кривично дело со тоа што е спроведена на незаконит начин бидејќи е спроведена без одобрение на МВР што е задолжителен елемент и без кој не ни смеела да почне постапката за набавка, понатаму – имаме и пречекорување и злоупотреба на функцијата од оние кои ја потпишале, односно одобриле и спровеле набавката, а прекршени се и неколку други одредби од Законот за следење на комуникациите – особено што со овој систем се дава можност за масовно прислушување и прекршување на основните човекови права на ниво кое што до сега не е видено во Македонија.

Спасовски и Ковачевски треба веднаш да излезат пред македонската јавност и да дадат одговори пред народот, рече Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=kfuKrT2-2dg

The post Јанушев: Ултра скандал, власта набавила систем за следење на комуникациите appeared first on Република.

]]>

Во Македонија се случува не мега, тука ултра скандал од највисок степен поврзан со следење на комуникациите на граѓаните, рече Јанушев.

„Големиот брат“, односно нелегалното следење и надзор на комуникации се случува и поминаа 20 часа од ова мое тврдење и се уште нема демант на овие основани сомневања. Како што објавив вчера од собраниската говорница, од страна на власта набавен е систем за следење на комуникациите, преку кој имаат можност за пристап до буквално целиот интернет сообраќај во државата, на било кој уред, на било кој телефон, на било кој оператор, на било кое лице – приватно или службено, како и можност за пристап до било кој уред, односно телефон со т.н. „малициозен софтвер“. Во Членот 2 од Законот за следење на комуникациите е наведено дека за производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите мора претходно да се добие одобрение од МВР! МВР нема издадено такво одобрение! И постои таков документ на кој е потпишан токму Спасовски во кој изричито се тврди дека МВР нема дадено одобрение! Понатаму, согласно член 62 од Законот за следење на комуникациите, МВР е исклучиво надлежна да изврши контрола над спроведување на одредбата од член 2! МВР нема извршено никаква контрола! И Спасовски лаже дека одговорил на сите писмени барања кои му се упатени во врска со овој случај бидејки пред околу 2 месеца лично јас му пратив барање за оваа информација на која се уште нема одговорено! Има сериозни индиции дека Министерот Спасовски е запознаен со предметот на набавката и имал увид до техничката спецификација на истата, а наводно и бил лично брифиран за истото на состанок кој се одржал во просториите на ОТА и на кој покрај Спасовски присуствувале и претставници на ЈО и лично Јовевски! Значи, МВР и Спасовски знаеле за набавката, не дале одобрение за истата, исто така знаеле за техничката спецификација бидејќи биле информирани, но не преземале ништо иако со закон се исклучиво надлежни да вршат контрола за набавки на опрема за следење на комуникациите од страна на било кој во Република Македонија! Исто така, запознаено е и ЈО и Јовевски и не само што немаат отворено истрага, туку информациите посочуваат на сериозни сомневања дека се обидуваат да го прикријат случајот! Се сомневаме дека овој систем веќе е во употреба речиси една година и истиот се користи за нелегално прислушкување. Оградувањето дека станува збор за класифицирани информации е само криење и паника бидејќи се фатени на дело! Имено, согласно член 20 од Законот за класифицирани информации – „информацијата која е одредена со степен на класификација, нема да се смета за класифицирана информација, ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка“! Во овој конкретен случај се исполнети сите услови од членот 20 – оваа набавка е кривично дело со тоа што е спроведена на незаконит начин бидејќи е спроведена без одобрение на МВР што е задолжителен елемент и без кој не ни смеела да почне постапката за набавка, понатаму – имаме и пречекорување и злоупотреба на функцијата од оние кои ја потпишале, односно одобриле и спровеле набавката, а прекршени се и неколку други одредби од Законот за следење на комуникациите – особено што со овој систем се дава можност за масовно прислушување и прекршување на основните човекови права на ниво кое што до сега не е видено во Македонија. Спасовски и Ковачевски треба веднаш да излезат пред македонската јавност и да дадат одговори пред народот, рече Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=kfuKrT2-2dg

The post Јанушев: Ултра скандал, власта набавила систем за следење на комуникациите appeared first on Република.

]]>
Нов скандал го тресе британското кралство: Кралот Чарлс е обвинет дека се збогатил на сметка на мртвите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-skandal-go-trese-britanskoto-kralstvo-kralot-charls-e-obvinet-deka-se-zbogatil-na-smetka-na-mrtvite/ Fri, 24 Nov 2023 09:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=715757

Имотот на илјадници луѓе во северозападна Англија благодарение на древниот обичај, стана дел од имотот на кралот.

Кралот профитира од смртта на илјадници луѓе во северозападниот дел на Англија, чии средства тајно се користат како дополнителен приход за комерцијалните средства на круната управувани од неговиот наследен имот, открива Гардијан.

Војводството Ланкастер, контроверзна земја и имот што му донесе огромни профити на кралот Чарлс III, собра десетици милиони фунти во последниве години според застарениот систем кој датира од феудално време.

Средствата познати како bona vacantia, во сопственост на луѓе кои умреле без тестамент или познати блиски роднини, ги собира војводството. Во последните 10 години, се собраче повеќе од 60 милиони фунти во средства. Долго време се расправаше дека, по одбивањето на трошоците, паричните средства се донираат во добротворни цели.

Сепак, само мал процент од овој приход се дава во добротворни цели. Внатрешните документи на војводството, до кои Гардијан имал пристап, откриваат како средствата тајно се користат за финансирање на реновирање на имотите што се во сопственост на кралот и се издаваат за комерцијални цели.

Наместо за добротворни цели, средствата биле користени за одржување на имотот на кралот

Војводствата во суштина ги наследуваат слободните средства од луѓе чија последна позната адреса била на територијата позната во средниот век како округот Палатин Ланкашир и управувана од војвода. Денес оваа област вклучува Ланкашир и делови од Мерсисајд, Голем Манчестер, Чешир и Камбрија.

Попустливата внатрешна политика на војводството во 2020 година им даде дозвола на службениците на кралскиот имот да користат доброволни средства за различни цели во портфолиото за остварување профит. Извештајот со кодно име „SA9“ признава дека трошењето пари на овој начин може да доведе до „случајна“ корист за личниот доход на кралот.

Имотите идентификувани во други документи како подобни за користење вклучуваат градски куќи, викендички, селски куќи, фарми, поранешна бензинска пумпа и штали, вклучително и онаа што се користи за одгледување фазани и еребици во Јоркшир.

Извршените работи вклучуваат нови покриви, двојни застаклени прозорци, нови котли и замена на врати и настрешници. Еден документ се однесува на реновирање на стара фарма во Јоркшир, која е претворена во луксузна станбена единица. Во друг проект, зграда на фарма беше претворена во канцеларии за изнајмување.

Директна заработка за кралот
Тројца извори запознаени со расходите на војводството потврдија дека имотот ги користел приходите собрани од мртвите граѓани за да го обнови своето портфолио на профитабилни имоти, со што донел значителни заштеди на имотот.

Пренасочувањето на така стекнатите средства донесе финансиски придобивки за имотот на кралот. Практиката помага да се направат имотите за изнајмување попрофитабилни, што индиректно му користи на кралот, кој добива десетици милиони профити на војводството секоја година - приход за кој Бакингемската палата вели дека е „приватен“. Претходно оваа година, во првата годишна исплата откако го наследи имотот од неговата мајка, Чарлс доби 26 милиони фунти од Војводството Ланкастер.

Гардијан идентификуваше десетици луѓе чии пари биле префрлени на кралскиот имот откако тие починале на места како што се Престон, Манчестер, Барнли, Блекбурн, Ливерпул, Улверстон и Олдам. Неколку од нив живееле во запуштени имоти или социјални станови кои биле во контраст со луксузните имоти на војводството кои биле реновирани со парите што ги оставиле зад себе.

Некои од нивните преживеани пријатели биле преплашени кога дознале дека нивниот имот се користи за реновирање на имотот на кралот, нарекувајќи ја оваа практика „одвратна“, „шокантна“ и „неморална“.

Бакингемската палата одби да ги коментира наводите.

Портпаролот на Војводството Ланкастер посочи дека, по смртта на неговата мајка, кралот го поддржал продолжувањето на политиката на користење на слободни пари за „реставрација и поправка на квалификуваните згради за да ги заштити и зачува за идните генерации“.

The post Нов скандал го тресе британското кралство: Кралот Чарлс е обвинет дека се збогатил на сметка на мртвите appeared first on Република.

]]>

Имотот на илјадници луѓе во северозападна Англија благодарение на древниот обичај, стана дел од имотот на кралот. Кралот профитира од смртта на илјадници луѓе во северозападниот дел на Англија, чии средства тајно се користат како дополнителен приход за комерцијалните средства на круната управувани од неговиот наследен имот, открива Гардијан. Војводството Ланкастер, контроверзна земја и имот што му донесе огромни профити на кралот Чарлс III, собра десетици милиони фунти во последниве години според застарениот систем кој датира од феудално време. Средствата познати како bona vacantia, во сопственост на луѓе кои умреле без тестамент или познати блиски роднини, ги собира војводството. Во последните 10 години, се собраче повеќе од 60 милиони фунти во средства. Долго време се расправаше дека, по одбивањето на трошоците, паричните средства се донираат во добротворни цели. Сепак, само мал процент од овој приход се дава во добротворни цели. Внатрешните документи на војводството, до кои Гардијан имал пристап, откриваат како средствата тајно се користат за финансирање на реновирање на имотите што се во сопственост на кралот и се издаваат за комерцијални цели. Наместо за добротворни цели, средствата биле користени за одржување на имотот на кралот Војводствата во суштина ги наследуваат слободните средства од луѓе чија последна позната адреса била на територијата позната во средниот век како округот Палатин Ланкашир и управувана од војвода. Денес оваа област вклучува Ланкашир и делови од Мерсисајд, Голем Манчестер, Чешир и Камбрија. Попустливата внатрешна политика на војводството во 2020 година им даде дозвола на службениците на кралскиот имот да користат доброволни средства за различни цели во портфолиото за остварување профит. Извештајот со кодно име „SA9“ признава дека трошењето пари на овој начин може да доведе до „случајна“ корист за личниот доход на кралот. Имотите идентификувани во други документи како подобни за користење вклучуваат градски куќи, викендички, селски куќи, фарми, поранешна бензинска пумпа и штали, вклучително и онаа што се користи за одгледување фазани и еребици во Јоркшир. Извршените работи вклучуваат нови покриви, двојни застаклени прозорци, нови котли и замена на врати и настрешници. Еден документ се однесува на реновирање на стара фарма во Јоркшир, која е претворена во луксузна станбена единица. Во друг проект, зграда на фарма беше претворена во канцеларии за изнајмување. Директна заработка за кралот Тројца извори запознаени со расходите на војводството потврдија дека имотот ги користел приходите собрани од мртвите граѓани за да го обнови своето портфолио на профитабилни имоти, со што донел значителни заштеди на имотот. Пренасочувањето на така стекнатите средства донесе финансиски придобивки за имотот на кралот. Практиката помага да се направат имотите за изнајмување попрофитабилни, што индиректно му користи на кралот, кој добива десетици милиони профити на војводството секоја година - приход за кој Бакингемската палата вели дека е „приватен“. Претходно оваа година, во првата годишна исплата откако го наследи имотот од неговата мајка, Чарлс доби 26 милиони фунти од Војводството Ланкастер. Гардијан идентификуваше десетици луѓе чии пари биле префрлени на кралскиот имот откако тие починале на места како што се Престон, Манчестер, Барнли, Блекбурн, Ливерпул, Улверстон и Олдам. Неколку од нив живееле во запуштени имоти или социјални станови кои биле во контраст со луксузните имоти на војводството кои биле реновирани со парите што ги оставиле зад себе. Некои од нивните преживеани пријатели биле преплашени кога дознале дека нивниот имот се користи за реновирање на имотот на кралот, нарекувајќи ја оваа практика „одвратна“, „шокантна“ и „неморална“. Бакингемската палата одби да ги коментира наводите. Портпаролот на Војводството Ланкастер посочи дека, по смртта на неговата мајка, кралот го поддржал продолжувањето на политиката на користење на слободни пари за „реставрација и поправка на квалификуваните згради за да ги заштити и зачува за идните генерации“.

The post Нов скандал го тресе британското кралство: Кралот Чарлс е обвинет дека се збогатил на сметка на мртвите appeared first on Република.

]]>
Снимка со орален секс во училница меѓу шестоодделенци се шири низ Србија, во тек е истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/snimka-so-oralen-seks-vo-uchilnitsa-megu-shestooddelentsi-se-shiri-niz-srbija-vo-tek-e-istraga/ Thu, 23 Nov 2023 18:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=715622

Нов скандал со малолетници денеска ја потресе Србија. Српските медиуми објавија тврдења дека меѓу учениците во ОУ „Вук Караџиќ“ во Сурдулица кружи експлицитна снимка од сексуални односи меѓу ученици кои се одвивале во просториите на училиштето

Ученици од шестто одделени од Сурдулица имале сексуални односи во училница, а експлицитна снимка од сексот кружи меѓу учениците во Основното училиште „Вук Караџиќ“, објавија денеска српските медиуми.

За новиот скандал со малолетници што ја потресе Србија бил информирано Вишото јавно обвинителство во Врање, а случајот е пријавен и во полиција и се преземаат мерки за откривање на деталите, објави Нова.рс

Според информациите објавени во медиумите, на снимката наводно се две момчиња и едно девојче, сите помлади од 14 години, снимени во сцена на орален секс во училницата.

Утврдено е дека актерите се деца на возраст до 14 години, и дека не подлежат на кривична одговорност, па наредено е во случајот да се вклучат Центарот за социјална работа и надлежните училишни служби – потврдија од канцеларијата на Вишото јавно обвинителство во Врање за Блиц.

Состојбата во училиштето е вонредна, педагогот е на боледување, а никој од вработените не сака јавно да зборува.Според неофицијални информации, снимката била направена во една од училниците, пренесуваат српските медиуми.

Родителите се шокирани и револтирани од тоа што се случува во училиштата.

Никој не може со сигурност да каже што се случило. Сите сме слушнале некои приказни. Страшно е тоа на што спаднаа нашите училишта, вели еден од родителите чие дете оди во училиштето во Сурдулица во кое се случил скандалот за Телеграф.рс

The post Снимка со орален секс во училница меѓу шестоодделенци се шири низ Србија, во тек е истрага appeared first on Република.

]]>

Нов скандал со малолетници денеска ја потресе Србија. Српските медиуми објавија тврдења дека меѓу учениците во ОУ „Вук Караџиќ“ во Сурдулица кружи експлицитна снимка од сексуални односи меѓу ученици кои се одвивале во просториите на училиштето Ученици од шестто одделени од Сурдулица имале сексуални односи во училница, а експлицитна снимка од сексот кружи меѓу учениците во Основното училиште „Вук Караџиќ“, објавија денеска српските медиуми. За новиот скандал со малолетници што ја потресе Србија бил информирано Вишото јавно обвинителство во Врање, а случајот е пријавен и во полиција и се преземаат мерки за откривање на деталите, објави Нова.рс Според информациите објавени во медиумите, на снимката наводно се две момчиња и едно девојче, сите помлади од 14 години, снимени во сцена на орален секс во училницата. Утврдено е дека актерите се деца на возраст до 14 години, и дека не подлежат на кривична одговорност, па наредено е во случајот да се вклучат Центарот за социјална работа и надлежните училишни служби – потврдија од канцеларијата на Вишото јавно обвинителство во Врање за Блиц. Состојбата во училиштето е вонредна, педагогот е на боледување, а никој од вработените не сака јавно да зборува.Според неофицијални информации, снимката била направена во една од училниците, пренесуваат српските медиуми. Родителите се шокирани и револтирани од тоа што се случува во училиштата.
Никој не може со сигурност да каже што се случило. Сите сме слушнале некои приказни. Страшно е тоа на што спаднаа нашите училишта, вели еден од родителите чие дете оди во училиштето во Сурдулица во кое се случил скандалот за Телеграф.рс

The post Снимка со орален секс во училница меѓу шестоодделенци се шири низ Србија, во тек е истрага appeared first on Република.

]]>
Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера, рече пратеничката на ВМРО ДМНЕ Дафина Стојаноска за скандалот на Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ovde-se-raboti-za-zlostorstvo-za-ubistva-i-toa-so-namera-reche-pratenichkata-na-vmro-dmne-dafina-stojanoska-za-skandalot-na-onkologija/ Fri, 13 Oct 2023 12:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=690933

Скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија се обелодени иако за него долго време наназад се шпекулираше на втори септември годинава. Ние на новата прва пленарна седница на петти септември предложивме дополна на дневниот ред со две точки на оваа тема. Истите беа изгласани иако со различни ставови и произнесувања, но сепак добија зелено светло, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет.

Таа рече дека точката за разгледување на Извештајот на ДЗР за Клиниката за онкологија се отвори вчера, Анкетната комисија започна со работа на петти октомври, точно по 33 дена од изгласувањето истата да биде дел од дневниот ред на 125-тата пленарна седница.

Во меѓувреме власта се обиде да ја спласне темава со многу други скандали и настани, а сето тоа време порачувајќи и на опозицијата да не се обидува настанот да го политизира, појасни таа.

„Прво, згрозена сум како може ваков скандал и афера да се релативизира со терминот настан. А, второ да имаше свест и совест од оваа власт уште истиот ден на втори септември Владата ќе си поднесеше оставка. Овде не се работи ниту за настан, ниту за несреќа. Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера“, нагласи Стојаноска.

Таа посочи дека во случајот со „Онкологија“ лицата кои манипулирале со здравјето и животот на пациентите болни од рак свесно знаеле што прават, и затоа ова не е настан, ниту несреќа туку е намерно злосторство односно убиство.

„И ова не е политизирање на овој грозоморен скандал туку ова е реалност која се должи на невниманието, на непрофесионалноста и на неодговорноста на власта“, нагласи пратеничката.

Истата оваа власт многу добро знае да се фали дека во нејзино време Македонија стана членка на НАТО, дека во нејзино време започна скрининг процесот за отпочеток на преговорите за влез во ЕУ иако за членството во НАТО гласавме сите пратеници. Затоа убаво или сосема аналогно на ова би било и актуелната власт да си прифати сопствената одговорност за ова злосторство и да не релативизира или да фрла обвинувања кон опозицијата“, рече Стојаноска.

Таа порача дека да не беше опозицијата на оваа тема немаше да се говори.

The post Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера, рече пратеничката на ВМРО ДМНЕ Дафина Стојаноска за скандалот на Онкологија appeared first on Република.

]]>

Скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија се обелодени иако за него долго време наназад се шпекулираше на втори септември годинава. Ние на новата прва пленарна седница на петти септември предложивме дополна на дневниот ред со две точки на оваа тема. Истите беа изгласани иако со различни ставови и произнесувања, но сепак добија зелено светло, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет. Таа рече дека точката за разгледување на Извештајот на ДЗР за Клиниката за онкологија се отвори вчера, Анкетната комисија започна со работа на петти октомври, точно по 33 дена од изгласувањето истата да биде дел од дневниот ред на 125-тата пленарна седница.
Во меѓувреме власта се обиде да ја спласне темава со многу други скандали и настани, а сето тоа време порачувајќи и на опозицијата да не се обидува настанот да го политизира, појасни таа.
„Прво, згрозена сум како може ваков скандал и афера да се релативизира со терминот настан. А, второ да имаше свест и совест од оваа власт уште истиот ден на втори септември Владата ќе си поднесеше оставка. Овде не се работи ниту за настан, ниту за несреќа. Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера“, нагласи Стојаноска. Таа посочи дека во случајот со „Онкологија“ лицата кои манипулирале со здравјето и животот на пациентите болни од рак свесно знаеле што прават, и затоа ова не е настан, ниту несреќа туку е намерно злосторство односно убиство. „И ова не е политизирање на овој грозоморен скандал туку ова е реалност која се должи на невниманието, на непрофесионалноста и на неодговорноста на власта“, нагласи пратеничката.
Истата оваа власт многу добро знае да се фали дека во нејзино време Македонија стана членка на НАТО, дека во нејзино време започна скрининг процесот за отпочеток на преговорите за влез во ЕУ иако за членството во НАТО гласавме сите пратеници. Затоа убаво или сосема аналогно на ова би било и актуелната власт да си прифати сопствената одговорност за ова злосторство и да не релативизира или да фрла обвинувања кон опозицијата“, рече Стојаноска.
Таа порача дека да не беше опозицијата на оваа тема немаше да се говори.  

The post Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера, рече пратеничката на ВМРО ДМНЕ Дафина Стојаноска за скандалот на Онкологија appeared first on Република.

]]>
„Дали е можно да сте хомосексуалец?“, „Повеќето ментално болни се хетеро“: Што учат средниошколците во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozhno-da-ste-homoseksualets-poveketo-mentalno-bolni-se-hetero-shto-uchat-srednioshkoltsite-vo-makedonija/ Thu, 14 Sep 2023 11:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=681874

Бурни реакции меѓу родителите откако ги разгледаа работните листови за учебникот за животни вештини за средношколци.

Меѓу прашањата наведени во материјатлите (погледнете го целото тука), се и таканаречените „Прашања за хетеросексуалци“:

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЛУЃЕ!?
Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам)
Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение.
Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението, прашува д-р Александар Митов.

Пратеникот Анотнио Милошоски, пак, на премиерот и на министерот им порача: Престанете да го напаѓате светогледот на малолетните ученици со промоција на девијантни лекции во образованието!

The post „Дали е можно да сте хомосексуалец?“, „Повеќето ментално болни се хетеро“: Што учат средниошколците во Македонија appeared first on Република.

]]>

Бурни реакции меѓу родителите откако ги разгледаа работните листови за учебникот за животни вештини за средношколци. Меѓу прашањата наведени во материјатлите (погледнете го целото тука), се и таканаречените „Прашања за хетеросексуалци“:
ШТО СЕ СЛУЧУВА ЛУЃЕ!? Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам) Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение. Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението, прашува д-р Александар Митов.
Пратеникот Анотнио Милошоски, пак, на премиерот и на министерот им порача: Престанете да го напаѓате светогледот на малолетните ученици со промоција на девијантни лекции во образованието!

The post „Дали е можно да сте хомосексуалец?“, „Повеќето ментално болни се хетеро“: Што учат средниошколците во Македонија appeared first on Република.

]]>
Четворица македонски министри и спикер се воодушевуваат на душеци во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chetvoritsa-makedonski-ministri-i-spiker-se-voodushevuvaat-na-dushetsi-vo-kosovo/ Mon, 04 Sep 2023 12:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=678653

Претседателот на македонското собрание Талат Џафери и министрите од актуелната влада - Артан Груби, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири, како и еден поранешен, Арбр Адеми, го придружуваа лидерот на нивната партија ДУИ Али Ахмети при посетата на фабриката за производство на душеци „Комодита“ на „Деволи корпорација“ во Ѓаковица на Косово.

Посетата се случила во саботата, а „Клан Косова“ објави видео на кое се гледа како нашите министри за економија, образование и финансии, на чело со првиот вицепремиер и спикерот го проверуваат квалитетот на душеците и прават обиколка на фабриката.

Со целиот тим од Cеверна Македонија, владиниот кабинет, претседателот на Собранието, дојдовме да ја видиме оваа големина, оваа голема инвестиција за Косово, каде пет илјади семејства јадат леб од оваа организација. Пет илјади семејства го организираат животот, училиштето, затоа нема поголемо богатство за државата од овие луѓе кои ги ризикуваат своите инвестиции, својот капитал, своите умствени и физички способности, за да му служат на народот, рекол Ахмети.

Како што пренесува ТВ Клан тој рекол дека нивната радост ќе се удвои доколку корпорацијата Деволи ја изгради истата „Комодита“ и кај нас.

https://youtu.be/MMDkquktoBQ?si=jTtOZl-9Duh7sZit

The post Четворица македонски министри и спикер се воодушевуваат на душеци во Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонското собрание Талат Џафери и министрите од актуелната влада - Артан Груби, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири, како и еден поранешен, Арбр Адеми, го придружуваа лидерот на нивната партија ДУИ Али Ахмети при посетата на фабриката за производство на душеци „Комодита“ на „Деволи корпорација“ во Ѓаковица на Косово. Посетата се случила во саботата, а „Клан Косова“ објави видео на кое се гледа како нашите министри за економија, образование и финансии, на чело со првиот вицепремиер и спикерот го проверуваат квалитетот на душеците и прават обиколка на фабриката.
Со целиот тим од Cеверна Македонија, владиниот кабинет, претседателот на Собранието, дојдовме да ја видиме оваа големина, оваа голема инвестиција за Косово, каде пет илјади семејства јадат леб од оваа организација. Пет илјади семејства го организираат животот, училиштето, затоа нема поголемо богатство за државата од овие луѓе кои ги ризикуваат своите инвестиции, својот капитал, своите умствени и физички способности, за да му служат на народот, рекол Ахмети.
Како што пренесува ТВ Клан тој рекол дека нивната радост ќе се удвои доколку корпорацијата Деволи ја изгради истата „Комодита“ и кај нас. https://youtu.be/MMDkquktoBQ?si=jTtOZl-9Duh7sZit

The post Четворица македонски министри и спикер се воодушевуваат на душеци во Косово appeared first on Република.

]]>
Oставка на владата на СДС и ДУИ, морална оставка на нелегитимниот премиер Ковачевски, бара СПМ по скандалот на Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ostavka-na-vladata-na-sds-i-dui-moralna-ostavka-na-nelegitimniot-premier-kovachevski-bara-spm-po-skandalot-na-onkologija/ Mon, 04 Sep 2023 09:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=678576

Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира на димензиите на монструозниот случај во клиниката за онкологија и криминалната организирана трговија со цитостатици.
Овој скандал значи целосен морален и организациски колапс на здравствениот систем затоа што ниту еден пациент не заслужува злоупотреба на терапијата за нечија лична корист, а цената за тоа е свесно убиство на пациентите. Тоа е злосторство од некој што треба да лекува да зема право да одлучува за туѓ човечки живот.
Воедно, ова е потврда за моралниот пад на општеството во кое може да се случи организирана криминална трговија со лекови и биолошка терапија. Македонското општество е болно и губи секаква етичност како резултат на безумните политики на однародена и авторитарна власт на отчовечените СДС и ДУИ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува на димензиите на скандалот во кој учествуваат највисоките државни функционери и лица блиски до самиот врв на политичките партии СДС и ДУИ.

Социјалистичката партија на Македонија очекува одговорност за незаконското и неуставно работење во третманот на пациентите затоа што е погазено уставно загарантираното право на здравствена заштита на секој пациент. Затоа што е несватливо најсовремената онколошка терапија да не е на позитивна листа како што не е нормално со уценување на пациентите со малигни заболувања за одредени дијагностички процедури неопходни за натамошен третман да им се изнудуваат пари.
Конечно, надвор од здравиот разум е незаконското креирање списоци со лажно болни пациенти од канцер и преку нив препродавање на онколошката терапија.
Укажуваме дека системот за следење на цитостатици со кој се оневозможува злоупотребата и крадењето на дози уште од 2017 година не се користи што дополнително буди сериозно сомневање за организирано злосторничко дејствување со смртни последици за најранливите пациенти.
Сето ова ја дава морбидната тежина на овој скандал, на тие што директнно учествувале, на оние кои помагале, но и на оние што знаеле и молчеле, што всушност е лицето на целата влада и политичките партии во власта со невидена нечовечност и суровост.

Социјалистичката партија на Македонија врз основа првичните и бесчуствителни реакции на власта смета дека Владата воопшто не е свесна за димензиите на морбидниот скандал на клиниката за онкологија. Уште помалку таа размислува за последиците од траумите од тетовската модуларна болница со исто така смртни последици, а веќе се надвоврзува овој скандал со цитостатици.
Според Уставот на Република Македонија Владата е должна да се грижи за благосостојбата и здравјето на граѓаните. Меѓутоа оваа ненародна влада на СДС и ДУИ се претвори во убиец на сопствените граѓани.

Социјалистичката партија на Македонија им укажува на македонските граѓани дека не постои сектор во државата кој не е уништен од незнаењето и алчноста на криминалците од власта на СДС и ДУИ, рак рана на македонскиот народ и држава. Со нив на власт не веруваме во правната разврска и поднесувањето одговорност и за овој случај.
Бараме оставка на владата на СДС и ДУИ, морална оставка на нелегитимниот премиер Ковачевски, доколку постои ронка совест.

The post Oставка на владата на СДС и ДУИ, морална оставка на нелегитимниот премиер Ковачевски, бара СПМ по скандалот на Онкологија appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира на димензиите на монструозниот случај во клиниката за онкологија и криминалната организирана трговија со цитостатици. Овој скандал значи целосен морален и организациски колапс на здравствениот систем затоа што ниту еден пациент не заслужува злоупотреба на терапијата за нечија лична корист, а цената за тоа е свесно убиство на пациентите. Тоа е злосторство од некој што треба да лекува да зема право да одлучува за туѓ човечки живот. Воедно, ова е потврда за моралниот пад на општеството во кое може да се случи организирана криминална трговија со лекови и биолошка терапија. Македонското општество е болно и губи секаква етичност како резултат на безумните политики на однародена и авторитарна власт на отчовечените СДС и ДУИ. Социјалистичката партија на Македонија укажува на димензиите на скандалот во кој учествуваат највисоките државни функционери и лица блиски до самиот врв на политичките партии СДС и ДУИ. Социјалистичката партија на Македонија очекува одговорност за незаконското и неуставно работење во третманот на пациентите затоа што е погазено уставно загарантираното право на здравствена заштита на секој пациент. Затоа што е несватливо најсовремената онколошка терапија да не е на позитивна листа како што не е нормално со уценување на пациентите со малигни заболувања за одредени дијагностички процедури неопходни за натамошен третман да им се изнудуваат пари. Конечно, надвор од здравиот разум е незаконското креирање списоци со лажно болни пациенти од канцер и преку нив препродавање на онколошката терапија. Укажуваме дека системот за следење на цитостатици со кој се оневозможува злоупотребата и крадењето на дози уште од 2017 година не се користи што дополнително буди сериозно сомневање за организирано злосторничко дејствување со смртни последици за најранливите пациенти. Сето ова ја дава морбидната тежина на овој скандал, на тие што директнно учествувале, на оние кои помагале, но и на оние што знаеле и молчеле, што всушност е лицето на целата влада и политичките партии во власта со невидена нечовечност и суровост. Социјалистичката партија на Македонија врз основа првичните и бесчуствителни реакции на власта смета дека Владата воопшто не е свесна за димензиите на морбидниот скандал на клиниката за онкологија. Уште помалку таа размислува за последиците од траумите од тетовската модуларна болница со исто така смртни последици, а веќе се надвоврзува овој скандал со цитостатици. Според Уставот на Република Македонија Владата е должна да се грижи за благосостојбата и здравјето на граѓаните. Меѓутоа оваа ненародна влада на СДС и ДУИ се претвори во убиец на сопствените граѓани. Социјалистичката партија на Македонија им укажува на македонските граѓани дека не постои сектор во државата кој не е уништен од незнаењето и алчноста на криминалците од власта на СДС и ДУИ, рак рана на македонскиот народ и држава. Со нив на власт не веруваме во правната разврска и поднесувањето одговорност и за овој случај. Бараме оставка на владата на СДС и ДУИ, морална оставка на нелегитимниот премиер Ковачевски, доколку постои ронка совест.  

The post Oставка на владата на СДС и ДУИ, морална оставка на нелегитимниот премиер Ковачевски, бара СПМ по скандалот на Онкологија appeared first on Република.

]]>
Скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра ја тресе Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandal-za-pronevera-na-poveke-od-100-milion-evra-ja-trese-albanija-zaedno-so-skandal-od-poveke-od-250-milioni-evra-vo-makedonija/ Tue, 22 Aug 2023 11:01:59 +0000 https://republika.mk/?p=674570

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Албанија ја тресе скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра во Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија.

❗️Албанија деновиве ја тресе најголемиот скандал во последните 10 години. Скандал во кој покрај албанските бизнисмени и функционери се вплеткани сегашни и бивши функционери од нашата држава. Скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра во Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија.

❗️ Станува збор за јавно приватно партнерство за стерилизација преку која шема од Македонија за 13 години треба да се испумпаат не помалку од 250 милиони евра во период кога нашите болници се распаѓаат, докторите се одселуваат, а специјализантите молат за основните права. Овој криминален тендер го склучи Венко Филипче, го надгради со анекси Беким Сали, а за денес Владата на ДУИ и СДСМ се обидува да смогне сили да го имплементира.

❗️ Во Албанија веќе се уапсени две лица од специјалното обвинителство.

• Сопственикот на главната компанија, односно сопственикот на истите компании кои го добија тендерот и во Македонија

• Бившиот заменик министер за здравство

• По други 6 лица се издаени потерници

❓️ Затоа ја прашуваме власта да одговори на следните прашања:

1. Има ли некој страв во власта од имплементирање на договор кој е со пробиени рокови повеќе од една година и дали се свесни дека истото претставува кривично дело

2. Дали некој од власта не стравува дека може да заврши на црната листа САД знаејќи дека истиот криминален договот беше нотиран во извештајот на Стејт Департментот за Албанија за 2022 година како крајно коруптивен

3. Дали ке се провери замешаноста на бившиот директор на државна стерилизација и неговото помагање на овој криминал, ако знаеме сега дека токму тој е новиот директор на приватниот партнер.

❗️ ❗️ Часновникот почна да отчукува. Останува да видиме дали на први септември официјално ќе почне со испумпување на 250 милиони евра кон албанско-македонското кримнално здружение со седиште во Мајчин дом, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post Скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра ја тресе Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Албанија ја тресе скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра во Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија. ❗️Албанија деновиве ја тресе најголемиот скандал во последните 10 години. Скандал во кој покрај албанските бизнисмени и функционери се вплеткани сегашни и бивши функционери од нашата држава. Скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра во Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија. ❗️ Станува збор за јавно приватно партнерство за стерилизација преку која шема од Македонија за 13 години треба да се испумпаат не помалку од 250 милиони евра во период кога нашите болници се распаѓаат, докторите се одселуваат, а специјализантите молат за основните права. Овој криминален тендер го склучи Венко Филипче, го надгради со анекси Беким Сали, а за денес Владата на ДУИ и СДСМ се обидува да смогне сили да го имплементира. ❗️ Во Албанија веќе се уапсени две лица од специјалното обвинителство. • Сопственикот на главната компанија, односно сопственикот на истите компании кои го добија тендерот и во Македонија • Бившиот заменик министер за здравство • По други 6 лица се издаени потерници ❓️ Затоа ја прашуваме власта да одговори на следните прашања: 1. Има ли некој страв во власта од имплементирање на договор кој е со пробиени рокови повеќе од една година и дали се свесни дека истото претставува кривично дело 2. Дали некој од власта не стравува дека може да заврши на црната листа САД знаејќи дека истиот криминален договот беше нотиран во извештајот на Стејт Департментот за Албанија за 2022 година како крајно коруптивен 3. Дали ке се провери замешаноста на бившиот директор на државна стерилизација и неговото помагање на овој криминал, ако знаеме сега дека токму тој е новиот директор на приватниот партнер. ❗️ ❗️ Часновникот почна да отчукува. Останува да видиме дали на први септември официјално ќе почне со испумпување на 250 милиони евра кон албанско-македонското кримнално здружение со седиште во Мајчин дом, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post Скандал за проневера на повеќе од 100 милион евра ја тресе Албанија, заедно со скандал од повеќе од 250 милиони евра во Македонија appeared first on Република.

]]>