скалесто покачување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skalesto-pokachuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Feb 2022 12:42:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скалесто покачување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skalesto-pokachuvanje/ 32 32 КСС најави штрајк ако нема усогласување на останатите плати со минималната https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kss-najavi-shtrajk-ako-nema-usoglasuvanje-na-ostanatite-plati-so-minimalnata/ Fri, 11 Feb 2022 12:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=457215

Конфедерацијата на слободни синдикати бара до средината на март усогласување на останатите плати со минималната плата, во спротивно не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк на јавниот сектор.

Раководството на синдикатот денеска на прес-конференција побара почитување на законите и на колективните договори согласно кои треба да се изврши усогласување на платите со минималната плата. Доколку не се направи вакво усогласување, велат од синдикатот, ќе има ситуации во кои неколку позиции различни по коефициент на сложеност, ќе бидат изедначени.

Според синдикатот, во јавниот сектор не се почитуваат законите и колективните договори поради што вработени земаат основна плата под минималната, а не се зема ниту соодветна плата според коефициентот на сложеност.

Оваа криза не настана пред неколку дена со покачување на минималната плата, туку години наназад со претходните покачувања на минималната плата, со непочитување на Законот за минимална плата и на колективните договори од страна на Владата. Потребата од почитување на законите и колективните договори мора да биде денес и сега затоа што ако работниците во јавниот сектор во април ја добијат мартовската плата без усогласување ќе настане голем хаос, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски на прес-конференцијата.

Вели дека во вторникот, веднаш по седницата на Економско-социјалниот совет, испратиле допис до премиерот Димитар Ковачевски и побарале средба за решавање на овој проблем, но дека досега немаат никаков одговор. Членството на синдикатот, како што истакна, секојдневно врши притисок и бара радикализација на идните чекори.

Ние му даваме шанса на социјалниот дијалог, но има најразлични барања – директно да се оди на генерален штрајк. Членството се јавува секојдневно, од дента кога беше донесена минималната плата ни се јавуваат да не прашаат дали ќе ги почитуваат колективните договори, истакна Ралповски.

Прашањето, според синдикатот, треба да се реши до 15 март и да се направи ребаланс на буџетот затоа што се работи за поголема сума на пари што треба да бидат одвоени.

Од синдикатот го поздравуваат амандманот на Законот за минимална плата што го најави опозицијата и ги повикаа сите пратеници да дадат поддршка со цел вработените во јавниот сектор да го добијат она што законски им следува.

The post КСС најави штрајк ако нема усогласување на останатите плати со минималната appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на слободни синдикати бара до средината на март усогласување на останатите плати со минималната плата, во спротивно не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк на јавниот сектор. Раководството на синдикатот денеска на прес-конференција побара почитување на законите и на колективните договори согласно кои треба да се изврши усогласување на платите со минималната плата. Доколку не се направи вакво усогласување, велат од синдикатот, ќе има ситуации во кои неколку позиции различни по коефициент на сложеност, ќе бидат изедначени. Според синдикатот, во јавниот сектор не се почитуваат законите и колективните договори поради што вработени земаат основна плата под минималната, а не се зема ниту соодветна плата според коефициентот на сложеност.
Оваа криза не настана пред неколку дена со покачување на минималната плата, туку години наназад со претходните покачувања на минималната плата, со непочитување на Законот за минимална плата и на колективните договори од страна на Владата. Потребата од почитување на законите и колективните договори мора да биде денес и сега затоа што ако работниците во јавниот сектор во април ја добијат мартовската плата без усогласување ќе настане голем хаос, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски на прес-конференцијата.
Вели дека во вторникот, веднаш по седницата на Економско-социјалниот совет, испратиле допис до премиерот Димитар Ковачевски и побарале средба за решавање на овој проблем, но дека досега немаат никаков одговор. Членството на синдикатот, како што истакна, секојдневно врши притисок и бара радикализација на идните чекори.
Ние му даваме шанса на социјалниот дијалог, но има најразлични барања – директно да се оди на генерален штрајк. Членството се јавува секојдневно, од дента кога беше донесена минималната плата ни се јавуваат да не прашаат дали ќе ги почитуваат колективните договори, истакна Ралповски.
Прашањето, според синдикатот, треба да се реши до 15 март и да се направи ребаланс на буџетот затоа што се работи за поголема сума на пари што треба да бидат одвоени. Од синдикатот го поздравуваат амандманот на Законот за минимална плата што го најави опозицијата и ги повикаа сите пратеници да дадат поддршка со цел вработените во јавниот сектор да го добијат она што законски им следува.

The post КСС најави штрајк ако нема усогласување на останатите плати со минималната appeared first on Република.

]]>
ССКЦ: По зголемувањето на минималецот, скалесто покачување и на останатите плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sskc-po-zgolemuvanjeto-na-minimalecot-skalesto-pokachuvanje-i-na-ostanatite-plati/ Thu, 10 Feb 2022 12:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=456769

Синдикатот на Клинички центар информира дека го поддржува покачувањето на минималната плата на 18.000 денари и бара скалесто покачување на останатите плати. Оттаму соопштуваат дека доколку постојните колективни договори не се усогласат со минималната плата најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за минимална плата согласно член 8 од Законот за минимална плата, одредбите од колективните договори на кои се однесува Законот престануваат да важат.

Најниската плата за најнизок степен на сложеност за полно работно време и нормален учинок согласно Спогодбата потпишана помеѓу Министерот за здравство и репрезентативниот синдикат која сега изнесува 14090,00 денари не може да биде пониска од минималната плата утврдена со Законот за минимална плата. Таа е основата со која согласно Колективниот договор се утврдува платата на сите вработени во јавните здравствени установи зависно од нивниот коефициент на сложеност, велат од ССКЦ.

Со покачување на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати се врши изедначување или приближување и несоодветен сооднос во месечните примања на различни профили занимања.

Со ова, како што посочуваат, се нарушува основниот принцип на Колективниот договор, а тоа е правилното вреднување на степенот на образование, кое ја одредува сложеноста и одговорноста на работното место.

Практиката на покачувањето само на минималната плата без доследна примена на законските одредби за скалесто покачување на останатите плати доведува до оправдана реакција на останатите вработени, нивна демотивираност и намалена продуктивност и работна успешност. Каква ќе биде емпатијата, грижата, и љубезноста на медицинската сестра со средно стручно образование кон пациентите кога се знае дека нејзината основна плата е приближна на висината на сега покачената минимална плата. Крајниот резултат од покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати е Колективен договор кој e спротивен на Закон и e неважечки, намалена желба за стручно усовршување и континуирана медицинска едукација на здравствените работници и соработници и дополнителна причина за одлив на доктори и медицински сестри од јавното здравство, посочуваат од Самостојниот синдикат на на Клинички центар.

The post ССКЦ: По зголемувањето на минималецот, скалесто покачување и на останатите плати appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Клинички центар информира дека го поддржува покачувањето на минималната плата на 18.000 денари и бара скалесто покачување на останатите плати. Оттаму соопштуваат дека доколку постојните колективни договори не се усогласат со минималната плата најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за минимална плата согласно член 8 од Законот за минимална плата, одредбите од колективните договори на кои се однесува Законот престануваат да важат.
Најниската плата за најнизок степен на сложеност за полно работно време и нормален учинок согласно Спогодбата потпишана помеѓу Министерот за здравство и репрезентативниот синдикат која сега изнесува 14090,00 денари не може да биде пониска од минималната плата утврдена со Законот за минимална плата. Таа е основата со која согласно Колективниот договор се утврдува платата на сите вработени во јавните здравствени установи зависно од нивниот коефициент на сложеност, велат од ССКЦ.
Со покачување на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати се врши изедначување или приближување и несоодветен сооднос во месечните примања на различни профили занимања. Со ова, како што посочуваат, се нарушува основниот принцип на Колективниот договор, а тоа е правилното вреднување на степенот на образование, кое ја одредува сложеноста и одговорноста на работното место.