сива економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siva-ekonomija/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 11:01:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сива економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siva-ekonomija/ 32 32 Мисајловски: Во Македонија има премногу сива економија и многу проблеми за малите компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/misajlovski-vo-makedonija-ima-premnogu-siva-ekonomija-i-mnogu-problemi-za-malite-kompanii/ Mon, 08 Apr 2024 11:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=763775

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска заедно со заменик министерката за финансии, Елена Петрова и со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски во Визбегово се сретнаа со неколку компании.

Посочи дека ваквите средби се убави бидејќи може да се разговара со различни компании и партијата да може да им ги понуди нивните мерки во наредниот период, а дека во текот на денот ќе продолжат да се среќаваат и со различни целни групи, за да ги видат различни активности на терен што градоначалникот моментално ги работи.

Првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага, сакам секој еден да знае, е борбата против криминалот и корупцијата. Тука треба најмногу да се удри. Како што спомна и министерката има премногу сива економија, но има многу проблеми како малите компании да се развиваат, посочи Мисајловски.

Тој додаде дека нема ни доволно странски инвестиции, нема ни доволно мерки за малите и средни компании. Тоа ќе биде фокус на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде фокус на новата влада.

Но, за сето ова, сето ова да се промени наредниот период првин ни треба огромна поддршка за нашата претседателка, а тоа е Гордана Силјановска Давкова која треба сите граѓани на 24 април да ја дадат поддршката за нејзе. За новата претседателка, за потоа бранот да продолжи на 8 мај и да се избере нова влада, каде што во новата влада ќе има нови инвестиции, ќе има повеќе работни места. Преку 55 илјади работни места, да има поголема економија, да има еден развој каков што сите очекуваме. Еве, денес може да видиме на овој потег ветуваа дека автопатот Скопје – Блаце ќе го завршат многу брзо, но еве поминаа седум години нема ниту еден километар изградено. Тоа е СДСМ, тоа е ДУИ. Нас ни треба работа, нас ни требаат проекти, нас ни треба раздвижување во градежништвото, нас ни треба подобра и подобра економија. Затоа се гледаме на терен секој еден ден и ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат за подобри промени и се разбира за горда и достоинствена Македонија, истакна Мисајловски.

https://youtu.be/HRZ1CW1sGnY?si=QkXl61e35Bq6isIf

The post Мисајловски: Во Македонија има премногу сива економија и многу проблеми за малите компании appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска заедно со заменик министерката за финансии, Елена Петрова и со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски во Визбегово се сретнаа со неколку компании. Посочи дека ваквите средби се убави бидејќи може да се разговара со различни компании и партијата да може да им ги понуди нивните мерки во наредниот период, а дека во текот на денот ќе продолжат да се среќаваат и со различни целни групи, за да ги видат различни активности на терен што градоначалникот моментално ги работи.
Првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага, сакам секој еден да знае, е борбата против криминалот и корупцијата. Тука треба најмногу да се удри. Како што спомна и министерката има премногу сива економија, но има многу проблеми како малите компании да се развиваат, посочи Мисајловски.
Тој додаде дека нема ни доволно странски инвестиции, нема ни доволно мерки за малите и средни компании. Тоа ќе биде фокус на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде фокус на новата влада.
Но, за сето ова, сето ова да се промени наредниот период првин ни треба огромна поддршка за нашата претседателка, а тоа е Гордана Силјановска Давкова која треба сите граѓани на 24 април да ја дадат поддршката за нејзе. За новата претседателка, за потоа бранот да продолжи на 8 мај и да се избере нова влада, каде што во новата влада ќе има нови инвестиции, ќе има повеќе работни места. Преку 55 илјади работни места, да има поголема економија, да има еден развој каков што сите очекуваме. Еве, денес може да видиме на овој потег ветуваа дека автопатот Скопје – Блаце ќе го завршат многу брзо, но еве поминаа седум години нема ниту еден километар изградено. Тоа е СДСМ, тоа е ДУИ. Нас ни треба работа, нас ни требаат проекти, нас ни треба раздвижување во градежништвото, нас ни треба подобра и подобра економија. Затоа се гледаме на терен секој еден ден и ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат за подобри промени и се разбира за горда и достоинствена Македонија, истакна Мисајловски.
https://youtu.be/HRZ1CW1sGnY?si=QkXl61e35Bq6isIf

The post Мисајловски: Во Македонија има премногу сива економија и многу проблеми за малите компании appeared first on Република.

]]>
Пивоваров: Почнува јавна дебата за примена на полиграф како модел за спречување на корупцијата на граничните премини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pivovarov-pochnuva-javna-debata-za-primena-na-poligraf-kako-model-za-sprechuvane-na-koruptsijata-na-granichnite-premini/ Wed, 06 Mar 2024 13:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=751908

Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров одржа прес-конференција на која го најави отпочнувањето на серија јавни дебати за „Утврдување на интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција“. Тој информираше дека проектот почнува откако на седницата на Владата одржана на 27.02.2024 година се донесени заклучоци Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ) да отпочне со подготовките за отворање јавна дебата за оваа тема, истите да ги спроведе и да поднесе извештај до Владата од спроведената јавна дебата, со предлог за натамошно постапување.

„Дискусиите на национално ниво ќе се одржат во период од март до април 2024 година, во организација на  НКЦГУ со логистичка поддршка од Владата на Република Македонија, на кои ќе бидат поканети претставници на надлежни национални институции (МВР, ЦУ, АХВ и ДИЗ) и засегнати национални институции (ЈО, АНБ, АР, УФР, УФП и УЈП), академската заедница, експерти и практичари, политички партии, амбасади на земји членки на Европската Унија, меѓународни организации, невладин сектор, здруженија на автобуски и камионски превозници, стопански комори и сите други заинтересирани страни. На вкупно петте поединечни сесии ќе бидат поканети медиумите“, изјави националниот координатор за гранично управување, Пивоваров.

Тој оцени дека ситуацијата со корупцијата на граничните премини и зелената линија, од осамостојувањето на државата до денес останува сложена, укажувајќи дека генерално корупцијата на граничните премини тангира два фундаментални сегменти по државата, а тоа се безбедноста и економијата. Доколку имаме само некој корумпиран службеник на граничната линија, можно е да бидат пропуштани наркотични супстанци, оружје, експлозиви и терористи што во голема мера би ја нарушило националната безбедност. Гледано од економски аспект, можниот внес на репроматеријали кои не се оцаринети или се оцаринети со помала царинска стапка од предвидената. Како што изјави тој, корумпиран службеник на граничната линија овозможува натамошно надградување на сивата економија, се до крајниот потрошувач, со што се нанесуваат енормни штети на буџетот на државата. Впрочем, сивата економија учествува во нашиот годишен БДП по укажувањето на Светска банка со 36%, а најголемиот дел од сивата економија започнува токму од влезот на стоките во државата на нашите ГП.

Националниот координатор Пивоваров оцени дека единствен начин за решавање на овој тежок проблем е примена на полиграфот како инструмент за утврдување на интегритетот на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија.

„Со примена на полиграфот се исклучува секоја можност за влијание од субјективна или објективна природа“, изјави тој и додаде дека ова е голем предизвик за секое општество, предлог за кој ќе се дискутира на сите нивоа со цел да се дојде до конечно решение со кое треба да се искорени корупцијата на граничните премини. Предлогот ќе наиде на силна реакција од оние кои не сакаат да се реши овој горлив проблем, како и од оние кои веќе се корумпирани.

На 17-иот состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи,  одржан на 15-16.03.2023 година, во Брисел, во делот за граничното управување, Европската комисија ја поздрави одлуката на Владата за формирање на Национален совет за спроведување на Националната стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025 и соодветниот Акциски план.

На 30.06.2023 година се одржа првиот состанок на Националниот совет за спроведување на националната стратегија за ИГУ 2021 – 2025 и годишните акциски планови , каде еден од предлозите беше токму отворање на јавни дебати за утврдување на интегритетот на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција. Сите надлежни институции кои членуваат во Националниот совет (Министер за внатрешни работи- претседавач со Советот, Министер за надворешни работи, Министер за животна средина и просторно планирање, Министер за транспорт и врски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на Царинска управа, директор на Државен инспекторат за земјоделство, директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат, директор на Дирекција за радијациона сигурност, директор на Агенција за храна и ветеринарство, директор на Агенција за лекови и медицински средства- МАЛМЕД и Национален координатор за гранично управување) едногласно ја подржаа оваа иницијатива и дадоа безрезервна поддршка за поефикасно спроведување на Стратегијата.

Од јавните дебати се очекува оваа превентивна мерка да биде прифатена од учесниците, потоа одобрена од страна на Владата на Република Македонија во форма на законски измени и проследена за усвојување до Собрание на Република Македонија.

Главен тематски фокус на дискусиите ќе се однесува на: полиграфот како инструмент со чија примена се исклучува секоја можност за влијание од субјективна или објективна природа; оправданост, неопходност и потреба од примената на полиграфот за утврдување на интегритетот на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија; бенефит од употребата на полиграфот; дерогација на правото како крајна цел; секое службено лице кое работи на високо ризично работно место на граничната линија, еднаш годишно задолжително мора да биде ставено на полиграфско тестирање, а по барање на надлежниот Јавен обвинител и пред изминување на годишното задолжително полиграфирање; службеното лице кое нема да го помине полиграфскиот тест, веднаш се отстранува од работното место, а за негативниот полиграфски тест, по службена должност надлежната институција каде е вработено службеното лице, го известува надлежниот Јавен обвинител; службено лице кое одбива да биде полиграфски тестирано, да биде отстрането од работното место, како и дополнителни теми што ќе бидат предложени од учесниците.

Посебно внимание ќе се посвети на воспоставување на самостоен и независен државен орган за спроведување на полиграфирањето, а примарен надзор и контрола над работењето ќе врши Собранието на Република Македонија, со цел оневозможување на субјективни влијанија врз полиграфистите. Прашањето што треба да се реши на краток рок е дерогацијата на правото. Учесниците на дебатите ќе ги проценат сите позитивни аспекти на овој проект, ќе ја анализираат законската постапка и начинот на полиграфирање на лицата кои работат на високо ризични работни места на граничната линија. Од дебатите ќе произлезат заклучоци за натамошно постапување со службеници со негативен резултат од полиграфското тестирање во насока на нивно отстранување од конкретното работно место.

Оваа јавна дебата ја поддржува Владата на Република Македонија во заложбите за спречување на корупцијата и е комплементарна со активностите од Националната стратегија за спречување на корупција и напорите на надлежните институции за консолидација на одговорот во оваа област.

„Неспорно е дека натамошното развивање на националниот систем за ИГУ, согласно европските стандарди, ќе ја подобри националната гранична безбедност и истовремено ќе овозможи поефикасен заеднички пристап и координирано справување со сегашните и идните закани по националната гранична безбедност и европската гранична безбедност во целина, а тоа се пред се тероризмот, илегалната миграција, корупцијата и други облици на организиран криминал“, заклучи на денешната прес-конференција Владимир Пивоваров, националниот координатор за гранично управување.

The post Пивоваров: Почнува јавна дебата за примена на полиграф како модел за спречување на корупцијата на граничните премини appeared first on Република.

]]>

Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров одржа прес-конференција на која го најави отпочнувањето на серија јавни дебати за „Утврдување на интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција“. Тој информираше дека проектот почнува откако на седницата на Владата одржана на 27.02.2024 година се донесени заклучоци Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ) да отпочне со подготовките за отворање јавна дебата за оваа тема, истите да ги спроведе и да поднесе извештај до Владата од спроведената јавна дебата, со предлог за натамошно постапување. „Дискусиите на национално ниво ќе се одржат во период од март до април 2024 година, во организација на  НКЦГУ со логистичка поддршка од Владата на Република Македонија, на кои ќе бидат поканети претставници на надлежни национални институции (МВР, ЦУ, АХВ и ДИЗ) и засегнати национални институции (ЈО, АНБ, АР, УФР, УФП и УЈП), академската заедница, експерти и практичари, политички партии, амбасади на земји членки на Европската Унија, меѓународни организации, невладин сектор, здруженија на автобуски и камионски превозници, стопански комори и сите други заинтересирани страни. На вкупно петте поединечни сесии ќе бидат поканети медиумите“, изјави националниот координатор за гранично управување, Пивоваров. Тој оцени дека ситуацијата со корупцијата на граничните премини и зелената линија, од осамостојувањето на државата до денес останува сложена, укажувајќи дека генерално корупцијата на граничните премини тангира два фундаментални сегменти по државата, а тоа се безбедноста и економијата. Доколку имаме само некој корумпиран службеник на граничната линија, можно е да бидат пропуштани наркотични супстанци, оружје, експлозиви и терористи што во голема мера би ја нарушило националната безбедност. Гледано од економски аспект, можниот внес на репроматеријали кои не се оцаринети или се оцаринети со помала царинска стапка од предвидената. Како што изјави тој, корумпиран службеник на граничната линија овозможува натамошно надградување на сивата економија, се до крајниот потрошувач, со што се нанесуваат енормни штети на буџетот на државата. Впрочем, сивата економија учествува во нашиот годишен БДП по укажувањето на Светска банка со 36%, а најголемиот дел од сивата економија започнува токму од влезот на стоките во државата на нашите ГП. Националниот координатор Пивоваров оцени дека единствен начин за решавање на овој тежок проблем е примена на полиграфот како инструмент за утврдување на интегритетот на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија. „Со примена на полиграфот се исклучува секоја можност за влијание од субјективна или објективна природа“, изјави тој и додаде дека ова е голем предизвик за секое општество, предлог за кој ќе се дискутира на сите нивоа со цел да се дојде до конечно решение со кое треба да се искорени корупцијата на граничните премини. Предлогот ќе наиде на силна реакција од оние кои не сакаат да се реши овој горлив проблем, како и од оние кои веќе се корумпирани. На 17-иот состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи,  одржан на 15-16.03.2023 година, во Брисел, во делот за граничното управување, Европската комисија ја поздрави одлуката на Владата за формирање на Национален совет за спроведување на Националната стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025 и соодветниот Акциски план. На 30.06.2023 година се одржа првиот состанок на Националниот совет за спроведување на националната стратегија за ИГУ 2021 – 2025 и годишните акциски планови , каде еден од предлозите беше токму отворање на јавни дебати за утврдување на интегритетот на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција. Сите надлежни институции кои членуваат во Националниот совет (Министер за внатрешни работи- претседавач со Советот, Министер за надворешни работи, Министер за животна средина и просторно планирање, Министер за транспорт и врски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на Царинска управа, директор на Државен инспекторат за земјоделство, директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат, директор на Дирекција за радијациона сигурност, директор на Агенција за храна и ветеринарство, директор на Агенција за лекови и медицински средства- МАЛМЕД и Национален координатор за гранично управување) едногласно ја подржаа оваа иницијатива и дадоа безрезервна поддршка за поефикасно спроведување на Стратегијата. Од јавните дебати се очекува оваа превентивна мерка да биде прифатена од учесниците, потоа одобрена од страна на Владата на Република Македонија во форма на законски измени и проследена за усвојување до Собрание на Република Македонија. Главен тематски фокус на дискусиите ќе се однесува на: полиграфот како инструмент со чија примена се исклучува секоја можност за влијание од субјективна или објективна природа; оправданост, неопходност и потреба од примената на полиграфот за утврдување на интегритетот на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија; бенефит од употребата на полиграфот; дерогација на правото како крајна цел; секое службено лице кое работи на високо ризично работно место на граничната линија, еднаш годишно задолжително мора да биде ставено на полиграфско тестирање, а по барање на надлежниот Јавен обвинител и пред изминување на годишното задолжително полиграфирање; службеното лице кое нема да го помине полиграфскиот тест, веднаш се отстранува од работното место, а за негативниот полиграфски тест, по службена должност надлежната институција каде е вработено службеното лице, го известува надлежниот Јавен обвинител; службено лице кое одбива да биде полиграфски тестирано, да биде отстрането од работното место, како и дополнителни теми што ќе бидат предложени од учесниците. Посебно внимание ќе се посвети на воспоставување на самостоен и независен државен орган за спроведување на полиграфирањето, а примарен надзор и контрола над работењето ќе врши Собранието на Република Македонија, со цел оневозможување на субјективни влијанија врз полиграфистите. Прашањето што треба да се реши на краток рок е дерогацијата на правото. Учесниците на дебатите ќе ги проценат сите позитивни аспекти на овој проект, ќе ја анализираат законската постапка и начинот на полиграфирање на лицата кои работат на високо ризични работни места на граничната линија. Од дебатите ќе произлезат заклучоци за натамошно постапување со службеници со негативен резултат од полиграфското тестирање во насока на нивно отстранување од конкретното работно место. Оваа јавна дебата ја поддржува Владата на Република Македонија во заложбите за спречување на корупцијата и е комплементарна со активностите од Националната стратегија за спречување на корупција и напорите на надлежните институции за консолидација на одговорот во оваа област. „Неспорно е дека натамошното развивање на националниот систем за ИГУ, согласно европските стандарди, ќе ја подобри националната гранична безбедност и истовремено ќе овозможи поефикасен заеднички пристап и координирано справување со сегашните и идните закани по националната гранична безбедност и европската гранична безбедност во целина, а тоа се пред се тероризмот, илегалната миграција, корупцијата и други облици на организиран криминал“, заклучи на денешната прес-конференција Владимир Пивоваров, националниот координатор за гранично управување.

The post Пивоваров: Почнува јавна дебата за примена на полиграф како модел за спречување на корупцијата на граничните премини appeared first on Република.

]]>
Лукаревска изнесе нов поразителен податок – Македонија има повисока стапка на сива економија од Косово и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-iznese-nov-porazitelen-podatok-makedonija-ima-povisoka-stapka-na-siva-ekonomija-od-kosovo-i-albanija/ Tue, 06 Dec 2022 09:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=582475

Во гостувањето на Топ тема, Сања Лукаревска изнесе нов поразителен податок:  Македонија има повисока стапка на сива економија од Косово и Албанија.

 

The post Лукаревска изнесе нов поразителен податок – Македонија има повисока стапка на сива економија од Косово и Албанија appeared first on Република.

]]>

Во гостувањето на Топ тема, Сања Лукаревска изнесе нов поразителен податок:  Македонија има повисока стапка на сива економија од Косово и Албанија.  

The post Лукаревска изнесе нов поразителен податок – Македонија има повисока стапка на сива економија од Косово и Албанија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Зголемувањето на даноците е катастрофална мерка на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-zgolemuvanjeto-na-danocite-e-katastrofalna-merka-na-vladata/ Thu, 11 Aug 2022 19:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=539270

Зголемувањето на даноците е катастрофална мерка на Владата Откако ова го најавија ние сме во комуникација со реалниот сектор и тој во моментов, во тешката ситуација во која се наоѓа и поради економската криза, размислува или да затвори или да направи даночна евазија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој во неговото гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Жешко политичко лето“ истакна дека со ваквата даночна реформа, наместо повеќе во буџетот ќе има се помалку средства, затоа што со зголемувањето на давачките за данок и со зголемените сметки за струја, нема да можат профитабилно да работата, што ќе доведе и до илјадници луѓе да останата на улица без работа.

„Економијата ја водат луѓе кои што и немаат познавање од јавниот сектор и имаат познавање само од оној научен, условно кажано, дел кој што се однесува на статистика, но не на реалната економија. Откако министерот за финансии најави дека ќе зголемува даноци, бевме во комуникација со реалниот сектор. Реалниот сектор размислува за две работи, или да затвори, што би значело илјадници луѓе оставени на улица, што значи помалце даноци затоа што тие нема да работат и во буџет нема да приходуваат или размислуваат како да направат даночна евазија, односно да најдат начин да не плаќаат даноци, што ќе значи зголемување на сивата економија и повторно помалку средства во буџетот. Значи, од двете варијанти со зголемување на даноци, во буџетот ќе има помалце наместо повеќе средства како што планираат од владата“, рече Николоски.

Тоа што ние сметаме дека е правилно, додаде Николоски, е дека граѓаните не треба да се оптеретуваат со дополнителни давачки во една ваква криза, кога основните производи одат по четири- пет пати нагоре.

Посочи дека даноците треба да се кратат со цел на бизнисот да му се даде шанса да има рамен терен за игра, да може да отвара нови работни места, да вработува луѓе и на тој начин да расте економијата.

Ако на владата и фалат финансиски средства место дополнително да ги даночи оние што редовно плаќаат данок, нека намали со криминалните тендери во четири очи и нека ја спушти сивата економија на европскиот стандард од 20%, која што во моментов во Македонија достигна 40% и така ќе има доволно пари во буџетот за сервисирање на сите потреби.

„А, доколку на владата и фалат средства во буџетот, еве два совети од мене. Прво, да намалат со криминалните тендери кои што ги прават секој ден, тендерите во четири очи и прво да ја сузбијат сивата економија која што во Македонија повторно оди на 40% од ДБП. Само да ја спуштат сивата економија на 20% од БДП, колку што е стандардот во Европската унија, каде што сакаат да одат и каде што сакаме да одиме, ќе немаат никакви проблеми со буџетот. Ама не го прават тоа и удираат по оние кои што се чесни и кои што плаќаат данок, штитејќи ги оние кои што се нечесни и кои што не плаќаат“, рече Николоски.

The post Николоски: Зголемувањето на даноците е катастрофална мерка на Владата appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на даноците е катастрофална мерка на Владата Откако ова го најавија ние сме во комуникација со реалниот сектор и тој во моментов, во тешката ситуација во која се наоѓа и поради економската криза, размислува или да затвори или да направи даночна евазија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој во неговото гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Жешко политичко лето“ истакна дека со ваквата даночна реформа, наместо повеќе во буџетот ќе има се помалку средства, затоа што со зголемувањето на давачките за данок и со зголемените сметки за струја, нема да можат профитабилно да работата, што ќе доведе и до илјадници луѓе да останата на улица без работа.
„Економијата ја водат луѓе кои што и немаат познавање од јавниот сектор и имаат познавање само од оној научен, условно кажано, дел кој што се однесува на статистика, но не на реалната економија. Откако министерот за финансии најави дека ќе зголемува даноци, бевме во комуникација со реалниот сектор. Реалниот сектор размислува за две работи, или да затвори, што би значело илјадници луѓе оставени на улица, што значи помалце даноци затоа што тие нема да работат и во буџет нема да приходуваат или размислуваат како да направат даночна евазија, односно да најдат начин да не плаќаат даноци, што ќе значи зголемување на сивата економија и повторно помалку средства во буџетот. Значи, од двете варијанти со зголемување на даноци, во буџетот ќе има помалце наместо повеќе средства како што планираат од владата“, рече Николоски.
Тоа што ние сметаме дека е правилно, додаде Николоски, е дека граѓаните не треба да се оптеретуваат со дополнителни давачки во една ваква криза, кога основните производи одат по четири- пет пати нагоре. Посочи дека даноците треба да се кратат со цел на бизнисот да му се даде шанса да има рамен терен за игра, да може да отвара нови работни места, да вработува луѓе и на тој начин да расте економијата. Ако на владата и фалат финансиски средства место дополнително да ги даночи оние што редовно плаќаат данок, нека намали со криминалните тендери во четири очи и нека ја спушти сивата економија на европскиот стандард од 20%, која што во моментов во Македонија достигна 40% и така ќе има доволно пари во буџетот за сервисирање на сите потреби.
„А, доколку на владата и фалат средства во буџетот, еве два совети од мене. Прво, да намалат со криминалните тендери кои што ги прават секој ден, тендерите во четири очи и прво да ја сузбијат сивата економија која што во Македонија повторно оди на 40% од ДБП. Само да ја спуштат сивата економија на 20% од БДП, колку што е стандардот во Европската унија, каде што сакаат да одат и каде што сакаме да одиме, ќе немаат никакви проблеми со буџетот. Ама не го прават тоа и удираат по оние кои што се чесни и кои што плаќаат данок, штитејќи ги оние кои што се нечесни и кои што не плаќаат“, рече Николоски.

The post Николоски: Зголемувањето на даноците е катастрофална мерка на Владата appeared first on Република.

]]>