Сите најубави нешта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/site-najubavi-neshta/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 10:10:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сите најубави нешта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/site-najubavi-neshta/ 32 32 Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-monodramata-site-najubavi-neshta-so-igor-angelov/ Thu, 26 Sep 2024 10:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=819796

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан
МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор
Ангелов закажана е на 1 октомври во Центар – Јадро.

Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното
здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за
механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на
растењето и на животот како возрасни. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа
монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на
животниот список се причина за радување.

Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта” гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза, вели Игор Ангелов.

Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола.

Влезниците за премиерата се веќе распродадени, а следните изведби се закажани на 4, 14 и 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот.

The post Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов appeared first on Република.

]]>

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор Ангелов закажана е на 1 октомври во Центар – Јадро. Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на животниот список се причина за радување.
Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта” гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза, вели Игор Ангелов.
Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола. Влезниците за премиерата се веќе распродадени, а следните изведби се закажани на 4, 14 и 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот.

The post Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов appeared first on Република.

]]>