систематски преглед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sistematski-pregled/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 13:30:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png систематски преглед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sistematski-pregled/ 32 32 Мерењето на очниот притисок да се воведе во систематскиoт преглед, рече д-р Ирина Боогданова на Светскиот ден на глауком https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mereneto-na-ochniot-pritisok-da-se-vovede-vo-sistematskiot-pregled-reche-d-r-irina-boogdanova-na-svetskiot-den-na-glaukom/ Mon, 11 Mar 2024 13:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=753668

Мерењето на очниот притисок да се воведе во редовните систематски прегледи, побараа денеска офтамолозите на одбележувањето на Светскиот ден на глауком кое на плоштадот во Скопје го организираше Клиниката за очни болести.

Апелираме на редовни офталмолошки прегледи. Барем еднаш во годината, прегледите да бидат рутински. Луѓето да не се јавуваат кај офталмолог само кога имаат потреба, туку еднаш во годината да бидат рутински прегледани. Како што се мери крвен притисок секоја година, да се мери и очен, изјави офтамолог д-р Ирина Богданова од Клиниката за очни болести.

Според д-р Богданова, граѓаните треба да се запознаат со ова заболување бидејќи претставува втора причина за слепило во светски размери, исто така и кај нас.

Секојдневно на Клиниката се соочуваме со нови илјадници пациенти кај кои се дијагностицира ова заболување, случајно. Го напоменувам ова случајно бидејќи заболувањето оди асимптоматски, рече д-р Богданова.

Денеска на пладне во центарот на Скопје беше организирано бесплатно мерење очен притисок. Професионални офталмолози и обучени медицински сестри им мереа очен притисок на лица од сите возрасти, со цел подигнување на свесноста за навремено откривање на глаукомот.

Како што беше нагласено, станува збор за сериозна офталмолошка болест и ако не се третира, може да доведе до слепило, а најчест причинител е покачениот очен притисок. Особено треба да се има предвид дека глаукомот не покажува знаци и симптоми во почетокот, па токму затоа најдобар начин за откривање на ова болест е скринингот и превенцијата.

Доцент д-р Богданова информираше дека преку 200 прегледи биле реализирани од утрово.

Акцијата ќе продолжи во другите градови низ државата. Утре во Битола, во среда на ред е Тетово, Куманово во четврток, а Штип во петок. Истата акција, бесплатно мерење. Интересот е многу голем. Драго ми е што луѓето се запознаваат со болеста, има голем дел и што не слушнале дека оваа болест постои. Треба да се зголеми свеста, баш и заради тоа ја правиме оваа акција, подвлече Богданова.

Таа кажа оти и изработени се флаери со податоци околу заболувањето, колку често треба да се оди на преглед, како да се врши скринингот и слично.

 

The post Мерењето на очниот притисок да се воведе во систематскиoт преглед, рече д-р Ирина Боогданова на Светскиот ден на глауком appeared first on Република.

]]>

Мерењето на очниот притисок да се воведе во редовните систематски прегледи, побараа денеска офтамолозите на одбележувањето на Светскиот ден на глауком кое на плоштадот во Скопје го организираше Клиниката за очни болести.
Апелираме на редовни офталмолошки прегледи. Барем еднаш во годината, прегледите да бидат рутински. Луѓето да не се јавуваат кај офталмолог само кога имаат потреба, туку еднаш во годината да бидат рутински прегледани. Како што се мери крвен притисок секоја година, да се мери и очен, изјави офтамолог д-р Ирина Богданова од Клиниката за очни болести.
Според д-р Богданова, граѓаните треба да се запознаат со ова заболување бидејќи претставува втора причина за слепило во светски размери, исто така и кај нас.
Секојдневно на Клиниката се соочуваме со нови илјадници пациенти кај кои се дијагностицира ова заболување, случајно. Го напоменувам ова случајно бидејќи заболувањето оди асимптоматски, рече д-р Богданова.
Денеска на пладне во центарот на Скопје беше организирано бесплатно мерење очен притисок. Професионални офталмолози и обучени медицински сестри им мереа очен притисок на лица од сите возрасти, со цел подигнување на свесноста за навремено откривање на глаукомот. Како што беше нагласено, станува збор за сериозна офталмолошка болест и ако не се третира, може да доведе до слепило, а најчест причинител е покачениот очен притисок. Особено треба да се има предвид дека глаукомот не покажува знаци и симптоми во почетокот, па токму затоа најдобар начин за откривање на ова болест е скринингот и превенцијата. Доцент д-р Богданова информираше дека преку 200 прегледи биле реализирани од утрово.
Акцијата ќе продолжи во другите градови низ државата. Утре во Битола, во среда на ред е Тетово, Куманово во четврток, а Штип во петок. Истата акција, бесплатно мерење. Интересот е многу голем. Драго ми е што луѓето се запознаваат со болеста, има голем дел и што не слушнале дека оваа болест постои. Треба да се зголеми свеста, баш и заради тоа ја правиме оваа акција, подвлече Богданова.
Таа кажа оти и изработени се флаери со податоци околу заболувањето, колку често треба да се оди на преглед, како да се врши скринингот и слично.  

The post Мерењето на очниот притисок да се воведе во систематскиoт преглед, рече д-р Ирина Боогданова на Светскиот ден на глауком appeared first on Република.

]]>
Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци ќе одат на систематски кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/policijaci-od-tetovo-strumica-i-granichni-policajci-kje-odat-na-sistematski-kaj-eli-medika-koja-izdavashe-lazni-pcr-testovi-za-kazana/ Mon, 16 May 2022 16:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=503016

Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци на западната граница ќе одат на систематски преглед кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана, објави „Телма“.

Како што објави телевизијата „Телма“ вкупната сума на договорот меѓу фирмата „Ели медика“ чија лабораторија е осомничена дека издала лажни ПЦР тестови и МВР изнесува 16,75 милиони денари, или околу 272 илјади евра односно 800 денари за еден систематски преглед за полицаец.

Случајот со лажните ПЦР тестови го обелодени грчки новинар кој покажа како се делат такви уверенија на грчки казино туристи.

Обвинителството потврди дека истрагата се уште е активна, а била отворена и пред објавата на грчката телевизија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-dojran-za-10-evra-se-dobiva-lazen-negativen-pcr-test-i-zeton-za-kockanje/

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат одговорија дека се откриени пунктови за тестирање во казина кои тогаш се затворени и пломбирани.

На 11-ти јануари е испратено известување до министерот за здравство за натамошно одлучување, но досега здравствениот инспекторат не бил известен за никаква одлука од министерот поврзан со издадената дозвола за Ели Медика плус.

Во меѓувреме, на крајот на март другата фирма со иста сопственост Ели Медика се пријавила и добила повеќе од половина тендер за систематски прегледи на полицајци и на полициските тигри.

 

The post Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци ќе одат на систематски кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана appeared first on Република.

]]>

Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци на западната граница ќе одат на систематски преглед кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана, објави „Телма“. Како што објави телевизијата „Телма“ вкупната сума на договорот меѓу фирмата „Ели медика“ чија лабораторија е осомничена дека издала лажни ПЦР тестови и МВР изнесува 16,75 милиони денари, или околу 272 илјади евра односно 800 денари за еден систематски преглед за полицаец. Случајот со лажните ПЦР тестови го обелодени грчки новинар кој покажа како се делат такви уверенија на грчки казино туристи. Обвинителството потврди дека истрагата се уште е активна, а била отворена и пред објавата на грчката телевизија. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-dojran-za-10-evra-se-dobiva-lazen-negativen-pcr-test-i-zeton-za-kockanje/ Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат одговорија дека се откриени пунктови за тестирање во казина кои тогаш се затворени и пломбирани. На 11-ти јануари е испратено известување до министерот за здравство за натамошно одлучување, но досега здравствениот инспекторат не бил известен за никаква одлука од министерот поврзан со издадената дозвола за Ели Медика плус. Во меѓувреме, на крајот на март другата фирма со иста сопственост Ели Медика се пријавила и добила повеќе од половина тендер за систематски прегледи на полицајци и на полициските тигри.  

The post Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци ќе одат на систематски кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана appeared first on Република.

]]>