систем за наводнување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sistem-za-navodnuvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jul 2023 12:10:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png систем за наводнување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sistem-za-navodnuvanje/ 32 32 Системот за наводнување Макарија е саниран, од понеделник се пушта вода низ цевководот до посевите во Росоман и Градско https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sistemot-za-navodnuvane-makarija-e-saniran-od-ponedelnik-se-pushta-voda-niz-tsevkovodot-do-posevite-vo-rosoman-i-gradsko/ Sun, 30 Jul 2023 14:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=666930

Системот за наводнување Макарија е саниран, проблемот со оштетување е надминат, земјоделците во Росоман од утре ќе имаат вода. Благодарение на брзата реакција на Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, професорите од Градежниот факултет во Скопје, изведувачот како и поддршката од локалната самоуправа, за многу кус период од месец и половина изнајдено е решение за дефектот на системот за наводнување.

Владата на Република Македонија, на една од минатите седници го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави предлог измена на Програмата за водостопанство, со што се обезбедија потребните над 1,3 милиони евра за санација на проблемот.

Владата на Република Македонија успеа да обезбеди ефикасно наводнување на земјоделските површини со цел да се запази сезоната за наводнување и очекуваниот принос на земјоделските култури.

Се работи за непристапен терен, за систем за наводнување кој е оставен на забот на времето над 50 години.

Со цел да им се надомести штетата, за земјоделците од Росоман и Градско, предвидено е обештетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување Макарија.

Земјоделците деновиве треба да се пријават во општинските комисии за проценка на штетите од сушата и неостварените приноси, а потоа врз основа на тие податоци Владата ќе донесе одлука за обештетување.

Земјоделците од Росан навреме ги добија субвенциите, односно 290 милиони денари, во еден ден беа префрлени на сметките на 10.604 производители кои се занимаваат со овоштарство.

Овоштарството е наша важна земјоделска гранка. Оваа година за прв пат започнува авансната исплата на субвенциите, со што производителите на праски до крај на годината ќе добијат уште една финансиска поддршка од 12.000 денари по хектар како дел од новиот модел на брза и ефикасна исплата на субвенциите. Наместо во 2024 година овие пари земјоделците ќе ги добијат до крајот на 2023 година.

Дополнително, согласно новата Програма за откуп на свежо овошје и зеленчук, од минатата недела, за 38.000 деца од сите градинки во државава, веќе тече дистрибуцијата на 880.000 килограми свежо овошје. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм свежо сезонско овошје од прва класа. Ова е уште една поддршка за производителите на праски од Росоман, што има позитивно влијание во делот на откупот.

Со цел да имаат помали производствени трошоци, во најскоро време, ќе се дистрибуираат и картичките за зелена нафта како дополнителна поддршка при што производителите на праски добиваат околу 6.000 денари по хектар финансиска поддршка за зелена нафта.

И во следниот период, продолжуваат капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура, односно на реконструкција и изградба на модерни системи и брани за наводнување. Овие инвестиции значат намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна, влијаат на зголемување на производството на храна и создавање на модерно и европско земјоделство.

The post Системот за наводнување Макарија е саниран, од понеделник се пушта вода низ цевководот до посевите во Росоман и Градско appeared first on Република.

]]>

Системот за наводнување Макарија е саниран, проблемот со оштетување е надминат, земјоделците во Росоман од утре ќе имаат вода. Благодарение на брзата реакција на Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, професорите од Градежниот факултет во Скопје, изведувачот како и поддршката од локалната самоуправа, за многу кус период од месец и половина изнајдено е решение за дефектот на системот за наводнување.

Владата на Република Македонија, на една од минатите седници го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави предлог измена на Програмата за водостопанство, со што се обезбедија потребните над 1,3 милиони евра за санација на проблемот. Владата на Република Македонија успеа да обезбеди ефикасно наводнување на земјоделските површини со цел да се запази сезоната за наводнување и очекуваниот принос на земјоделските култури. Се работи за непристапен терен, за систем за наводнување кој е оставен на забот на времето над 50 години. Со цел да им се надомести штетата, за земјоделците од Росоман и Градско, предвидено е обештетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување Макарија. Земјоделците деновиве треба да се пријават во општинските комисии за проценка на штетите од сушата и неостварените приноси, а потоа врз основа на тие податоци Владата ќе донесе одлука за обештетување. Земјоделците од Росан навреме ги добија субвенциите, односно 290 милиони денари, во еден ден беа префрлени на сметките на 10.604 производители кои се занимаваат со овоштарство. Овоштарството е наша важна земјоделска гранка. Оваа година за прв пат започнува авансната исплата на субвенциите, со што производителите на праски до крај на годината ќе добијат уште една финансиска поддршка од 12.000 денари по хектар како дел од новиот модел на брза и ефикасна исплата на субвенциите. Наместо во 2024 година овие пари земјоделците ќе ги добијат до крајот на 2023 година. Дополнително, согласно новата Програма за откуп на свежо овошје и зеленчук, од минатата недела, за 38.000 деца од сите градинки во државава, веќе тече дистрибуцијата на 880.000 килограми свежо овошје. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм свежо сезонско овошје од прва класа. Ова е уште една поддршка за производителите на праски од Росоман, што има позитивно влијание во делот на откупот. Со цел да имаат помали производствени трошоци, во најскоро време, ќе се дистрибуираат и картичките за зелена нафта како дополнителна поддршка при што производителите на праски добиваат околу 6.000 денари по хектар финансиска поддршка за зелена нафта.

И во следниот период, продолжуваат капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура, односно на реконструкција и изградба на модерни системи и брани за наводнување. Овие инвестиции значат намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна, влијаат на зголемување на производството на храна и создавање на модерно и европско земјоделство.

The post Системот за наводнување Макарија е саниран, од понеделник се пушта вода низ цевководот до посевите во Росоман и Градско appeared first on Република.

]]>
Започна изградбата на системот за наводнување „Колибари“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zapochna-izgradbata-na-sistemot-za-navodnuvane-kolibari/ Wed, 17 May 2023 15:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=641866

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик министерката, Вјолца Бериша, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи и градоаначлникот на општина Кичево, Фатмир Дехари денес го означија почетокот од изградбата на системот за наводнување Колибари-Црвивци.

„Една од нашите главни цели како министерство е зголемувањето на домашното производство на храна и ставањето во функција на секоја една педа обработлива земјоделска површина. Оваа цел можеме да ја постигнеме само со големи и сериозни инвестиции во системите за наводнување. Нема стабилно земјоделство без доволни количини вода.“ истакна во своето обраќање министерот Љупчо Николовски.

Капиталните инвестиции во водостопанството се еден од пет приоритети на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа година. Вкупно 884,9 милиони денари од буџетот на министерството се наменети кон Управата за водостопанство за да може навремено да се реализааат планираните капитални проекти во делот на водостопанството.

Систем за наводнување Колибари-Црвивци се наоѓа во југозападниот плански регион во општина Кичево и опфаќа површина од 160 хекатари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 110 милиони денари, средства од буџетот на МЗШВ.

Оваа инвестиција обезебедува квалитетна вода и редовно наводнување на земјоделските површини, поттикнувајќи производство на продуктивни култури и одржливо сточарстко производство.

Наводнувањето на системот доаѓа од водите на Зајашка Река, која има просечен годишен протек проценет на 1,51 l/s, додека во летниот период расположливата вода достигнува до 400 l/s, а ќе се користи и за системот за наводнување Зајас 2.

Новиот систем за наводнување ќе биде под притисок за да се овозможи интензивно квалитетно наводнување на земјоделските култури во Проектното подрачје. Локацијата на конструкциите за пренасочување беше направена според потребните хидродинамички притисоци потребни во мрежата за да се овозможи наводнување под притисок. Системот за наводнување нема да користи пумпи, односно ќе биде базиран на гравитација.

При целиот процес на планирање преку повеќе состаноци покрај релевантните чинители и општинската служба, директно беа вклучени и жителите. На овој начин заеднички подготивме добар проект и ви благодарам на сите вас за ангажманот.

Инвестираме во сите региони и се грижиме за сите земјоделци. Ова е шестти по ред систем за наводнување по Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, а за оваа година предвидуваме почеток со изградба на уште два система за наводнување во Сопот и Новаци. Сите овие системи целосно се финасирани од страна на Европската Унија со вкупна поддршка од над 10 милиони евра.

The post Започна изградбата на системот за наводнување „Колибари“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик министерката, Вјолца Бериша, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи и градоаначлникот на општина Кичево, Фатмир Дехари денес го означија почетокот од изградбата на системот за наводнување Колибари-Црвивци. „Една од нашите главни цели како министерство е зголемувањето на домашното производство на храна и ставањето во функција на секоја една педа обработлива земјоделска површина. Оваа цел можеме да ја постигнеме само со големи и сериозни инвестиции во системите за наводнување. Нема стабилно земјоделство без доволни количини вода.“ истакна во своето обраќање министерот Љупчо Николовски. Капиталните инвестиции во водостопанството се еден од пет приоритети на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа година. Вкупно 884,9 милиони денари од буџетот на министерството се наменети кон Управата за водостопанство за да може навремено да се реализааат планираните капитални проекти во делот на водостопанството. Систем за наводнување Колибари-Црвивци се наоѓа во југозападниот плански регион во општина Кичево и опфаќа површина од 160 хекатари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 110 милиони денари, средства од буџетот на МЗШВ. Оваа инвестиција обезебедува квалитетна вода и редовно наводнување на земјоделските површини, поттикнувајќи производство на продуктивни култури и одржливо сточарстко производство. Наводнувањето на системот доаѓа од водите на Зајашка Река, која има просечен годишен протек проценет на 1,51 l/s, додека во летниот период расположливата вода достигнува до 400 l/s, а ќе се користи и за системот за наводнување Зајас 2. Новиот систем за наводнување ќе биде под притисок за да се овозможи интензивно квалитетно наводнување на земјоделските култури во Проектното подрачје. Локацијата на конструкциите за пренасочување беше направена според потребните хидродинамички притисоци потребни во мрежата за да се овозможи наводнување под притисок. Системот за наводнување нема да користи пумпи, односно ќе биде базиран на гравитација. При целиот процес на планирање преку повеќе состаноци покрај релевантните чинители и општинската служба, директно беа вклучени и жителите. На овој начин заеднички подготивме добар проект и ви благодарам на сите вас за ангажманот. Инвестираме во сите региони и се грижиме за сите земјоделци. Ова е шестти по ред систем за наводнување по Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, а за оваа година предвидуваме почеток со изградба на уште два система за наводнување во Сопот и Новаци. Сите овие системи целосно се финасирани од страна на Европската Унија со вкупна поддршка од над 10 милиони евра.

The post Започна изградбата на системот за наводнување „Колибари“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Инвестираме во капитални проекти во земјоделството за одржливо и зголемено производство на храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-investirame-vo-kapitalni-proekti-vo-zemjodelstvoto-za-odrzlivo-i-zgolemeno-proizvodstvo-na-hrana/ Sun, 28 Aug 2022 13:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=544948

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, присуствуваше на пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“, во Општина Ранковце, организиран и модерен систем за наводнување на земјоделските површини, со што се обезбедува одржливо производство за земјоделците од регионот.

Премиерот Ковачевски упати благодарност до делегацијата на Европската Унија, со чија финансиска поддршка во вредност од близу 1,8 милиони евра е изграден системот, како дел од проектот на ИПА за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, во повеќе региони во државата, чија што вкупна вредност е околу 10 милиони евра.

„Постоечкиот систем за наводнување беше нефункционален, со минимален капацитет за наводнување од само 40 хектари. Сега со новиот систем ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште кое го обработуваат околу 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци“, подвлече Ковачевски.

Тој посочи дека системот ќе придонесе за рационално искористување на водата од Крива Река, со што се обезбедува достапна вода за наводнување на земјоделските посеви, во текот на целата година, што ќе влијае на подобрување на земјоделското производство, во квантитет и во квалитет.

„Крајниот резултат е да се обезбеди што повеќе храна, особено за време на криза“, подвлече Ковачевски додавајќи дека системот „Славишко поле“ е само една од многуте инвестиции на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во изминатите пет години ресорното министерство вложува во капитални инвестиции во изградба и реконструкција на брани и системи за наводнување чија со вредност близу 230 милиони евра.

„За прв пат донесовме „Национален план за производство на храна“, кој содржи конкретни мерки за поддршка на овој важен сектор во време на криза, и планот веќе се реализира. Тоа се мерки за зголемено производство на домашна храна, за увозна независност, мерки со кои ги поттикнуваме земјоделците максимално да ги искористат сите ресурси, секоја педа обработливо земјоделско земјиште, за да произведат повеќе“, рече Ковачевски подвлекувајќи дека предвидените мерки, на среден рок ќе придонесат за зголемување на домашното производство на пченица за околу 30.000 тони.

Премиерот Ковачевски подвлече дека ова значително ќе влијае врз намалување на увозот и подвлече дека поради очекуваната тешка зима, земјоделството и менаџирањето со енергетската криза остануваат врвни приоритети.

The post Ковачевски: Инвестираме во капитални проекти во земјоделството за одржливо и зголемено производство на храна appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, присуствуваше на пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“, во Општина Ранковце, организиран и модерен систем за наводнување на земјоделските површини, со што се обезбедува одржливо производство за земјоделците од регионот. Премиерот Ковачевски упати благодарност до делегацијата на Европската Унија, со чија финансиска поддршка во вредност од близу 1,8 милиони евра е изграден системот, како дел од проектот на ИПА за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, во повеќе региони во државата, чија што вкупна вредност е околу 10 милиони евра.