систем на менаџирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sistem-na-menadhirane/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 08:12:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png систем на менаџирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sistem-na-menadhirane/ 32 32 Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи на реформи: Земјава и натаму се соочува со пожари и екстремно високи температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sistemot-za-menadhirane-na-krizi-ke-podlezhi-na-reformi-zemjava-i-natamu-se-soochuva-so-pozhari-i-ekstremno-visoki-temperaturi/ Wed, 14 Aug 2024 08:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=806373

Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека на седница на Владата е донесена одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи со цел поефикасно функционирање на системот за справување со кризи.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека е неопходна реформа во системот за менаџирање со кризи.

– Прв чекор што направивме е донесовме одлука да ДЗС и ЦУК да отпочнат процес на фузионирање, оптимирање прво на кадарот, а второ да имаме една институција која во услови на кризен менаџмент ќе знае како да делува по определени протоколи, рече премиерот по вчерашната посета на започнувањето на градежни активности за доградба на објектот „Изворче“ во детската градинка Срничка во Аеродром.

Дополни дека реформите ќе бидат направени откако ќе се изборат со огнената стихија, кога, како што рече „ќе седнеме и сериозно ќе се занимаваме со оваа тема за в година ова да не ни се случи“.

Информираше дека на владината седница одобриле повеќе средства за ЦУК и ДЗС кои се потребни за справување со пожарите.

Премиерот се осврна и на ситуацијата со пожарите при што посочи дека се соочиле со состојба да немаат летала да се справуваат со огнената стихија, додека, во меѓувреме, и пилотите се во пензија.

Немавме летала за да се справуваме со пожарите со кои што почнаа на 10 јули, освен тоа, пилотите беа во пензија. Армиските полициски хеликоптери беа на сервис. Практично, ние голораки, заедно со пожарникарите, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, со доброволците се бориме дневно со повеќе од 40 огнени стихии, секој ден, на целата територија на државава, рече тој, заблагодарувајќи им се на сите кои што учествуваат во гаснењето на пожарите.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека бројот на пожарите не се намалува и според досегашното искуство, се очекуваат и нови. Тој апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикуваат пожари, а доколку забележат пожар веднаш да го пријават.

The post Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи на реформи: Земјава и натаму се соочува со пожари и екстремно високи температури appeared first on Република.

]]>

Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи. Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека на седница на Владата е донесена одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи со цел поефикасно функционирање на системот за справување со кризи. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека е неопходна реформа во системот за менаџирање со кризи.
– Прв чекор што направивме е донесовме одлука да ДЗС и ЦУК да отпочнат процес на фузионирање, оптимирање прво на кадарот, а второ да имаме една институција која во услови на кризен менаџмент ќе знае како да делува по определени протоколи, рече премиерот по вчерашната посета на започнувањето на градежни активности за доградба на објектот „Изворче“ во детската градинка Срничка во Аеродром.
Дополни дека реформите ќе бидат направени откако ќе се изборат со огнената стихија, кога, како што рече „ќе седнеме и сериозно ќе се занимаваме со оваа тема за в година ова да не ни се случи“. Информираше дека на владината седница одобриле повеќе средства за ЦУК и ДЗС кои се потребни за справување со пожарите. Премиерот се осврна и на ситуацијата со пожарите при што посочи дека се соочиле со состојба да немаат летала да се справуваат со огнената стихија, додека, во меѓувреме, и пилотите се во пензија.