сируп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sirup/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 07:07:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сируп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sirup/ 32 32 Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochinaa-99-deca-vo-indonezija-bile-lekuvani-so-sirup-na-baza-na-paracetamol/ Wed, 19 Oct 2022 07:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=562772

Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство.

Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските медиуми.

Откриено е прекумерно ниво на диетилен гликол и етилен гликол во четири сирупи произведени од Мајден фармацеутикалс од Њу Делхи, што се продаваат во Гамбија.

Тие лекарства, според претставници на индонезиската Агенција за храна и лекови, не се достапни во Индонезија. Но, оттогаш забранета е употребата на овие состојки во сите медицински сирупи наменети за деца.

Претставничката на Министерството за здравје, Сити Надја Тармизи изјави дека идентификувани се 189 случаи на акутна бубрежна инсуфициенција меѓу индонезиските деца, мнозинството под пет години. Од почетокот на годината регистрирани се 99 смртни случаи.

Здравствените власти минатата недела појаснија дека формиран е стручен тим за истражување на порастот на случаи на акутна бубрежна инсуфициенција кај децата. Во него има претставници на Министерството за здравство, Индонезиската педијатриска асоцијација и на Светската здравствена организација.

Министерството за здравство тврди дека разговара со експерти на СЗО, кои ги истражуваат случаите во Гамбија.

 

The post Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол appeared first on Република.

]]>

Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство. Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските медиуми. Откриено е прекумерно ниво на диетилен гликол и етилен гликол во четири сирупи произведени од Мајден фармацеутикалс од Њу Делхи, што се продаваат во Гамбија. Тие лекарства, според претставници на индонезиската Агенција за храна и лекови, не се достапни во Индонезија. Но, оттогаш забранета е употребата на овие состојки во сите медицински сирупи наменети за деца. Претставничката на Министерството за здравје, Сити Надја Тармизи изјави дека идентификувани се 189 случаи на акутна бубрежна инсуфициенција меѓу индонезиските деца, мнозинството под пет години. Од почетокот на годината регистрирани се 99 смртни случаи. Здравствените власти минатата недела појаснија дека формиран е стручен тим за истражување на порастот на случаи на акутна бубрежна инсуфициенција кај децата. Во него има претставници на Министерството за здравство, Индонезиската педијатриска асоцијација и на Светската здравствена организација. Министерството за здравство тврди дека разговара со експерти на СЗО, кои ги истражуваат случаите во Гамбија.  

The post Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол appeared first on Република.

]]>
Кажете ѝ збогум на настинката: Направете сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kazete-zbogum-na-nastinkata-napravete-sirup-od-viski-i-bolkata-vo-grloto-kje-ischezne/ Sat, 22 Jan 2022 18:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=448175

Настинката знае да биде многу здодевна, а многумина веднаш посегнуваат по лекови. Упорната кивавица и болка во грлото може да ги излечите и по природен пат, а овој рецепт многу ќе ви помогне.

Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најевтините и најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото.

Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа.

Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови.

Сепак, бидете внимателни, бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни.

Потребни состојки:
0,5 децилитри виски
половина лимон
една чаша вода (по желба)
1 лажица мед

Начин на подготовка:
Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет.
Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед.
Измешајте, па повторно ставете го да се грее.
Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.

The post Кажете ѝ збогум на настинката: Направете сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне appeared first on Република.

]]>

Настинката знае да биде многу здодевна, а многумина веднаш посегнуваат по лекови. Упорната кивавица и болка во грлото може да ги излечите и по природен пат, а овој рецепт многу ќе ви помогне. Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најевтините и најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото. Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа. Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови. Сепак, бидете внимателни, бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни. Потребни состојки: 0,5 децилитри виски половина лимон една чаша вода (по желба) 1 лажица мед Начин на подготовка: Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет. Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед. Измешајте, па повторно ставете го да се грее. Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.

The post Кажете ѝ збогум на настинката: Направете сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне appeared first on Република.

]]>