сиромашни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siromashni/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Jul 2023 09:48:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сиромашни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siromashni/ 32 32 Европејците се посиромашни: Французите пијат помалку вино, Шпанците штедат на маслиново масло… https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropejtsite-se-posiromashni-frantsuzite-pijat-pomalku-vino-shpantsite-shtedat-na-maslinovo-maslo/ Sat, 22 Jul 2023 15:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=664264

Европејците со децении се побогати економски од генерација на генерација.Од година во година, жителите на Стариот континент стануваа се побогати и побогати, но на таа среќна приказна и дојде крајот, бидејќи во последната година Европејците станаа посиромашни.

Американскиот Wall Street Journal пишува дека куповната моќ практично во сите европски земји се намалува од месец во месец. Французите јадат помалку деликатеси како паштета од гускин џигер, а покрај тоа пијат помалку црвено вино, Шпанците штедат на маслиново масло, Финците ги палат своите сауни во ветровитите денови кога струјата е поевтина. Во Германија потрошувачката на месо и млеко падна на најниско ниво во последните три децении, а пазарот на органска храна, кој до неодамна беше во метеорски пораст, сега е во исто толку метеорски пад. Во Италија се свикуваат кризни состаноци поради цените на тестенините кои поскапеа двојно повеќе од инфлацијата. Во различни земји има стотици слични примери, а поради падот на потрошувачката, Европа на почетокот на годината падна во рецесија.

Сегашната состојба во која се наоѓа Европа не се случи преку ноќ. Нејзиното население старее, а освен тоа, Европејците претпочитаат се повеќе слободно време и пократка работна недела, што го забави економскиот раст и ја намали продуктивноста низ годините. Потоа следеше веќе познатата пандемија Ковид-19 и војната во Украина, што резултираше со прекин на глобалните синџири на снабдување и нагло зголемување на цените на енергијата и храната. Реакциите на владите ширум континентот само го влошија проблемот, бидејќи за да се спасат работните места, властодршците најмногу се определија за модел на субвенции што ги насочуваа кон работодавците, што ги остави граѓаните - потрошувачите - во незавидна положба кога цените во продавниците скокнаа. За разлика од Европејците, Американците имаа повеќекратни придобивки од евтината енергија и пакетите помош кои нивната влада ги насочуваше главно кон граѓаните наместо кон работодавците за да ги поттикне да трошат.

Европа инаку има моќна извозна индустрија, а во минатото жителите на Стариот континент можеа да се потпрат на неа. Сепак, Кина, која претставува клучен европски пазар, исто така е во економски проблеми, кои потоа се прелеваат во Европа. Високите трошоци за енергија и распространетата инфлација што не се забележани од 1970-тите, ја намалуваат конкурентноста на европските производители на меѓународните пазари и ги нарушуваат некогаш хармоничните работни односи на континентот. Со забавувањето на глобалната трговија, зависноста на Европа од извозот – кој сочинува околу 50% од БДП на еврозоната во споредба со 10% за Соединетите држави – станува слабост.

Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), потрошувачката во 20-те земји-членки на еврозоната е намалена за околу 1 отсто од крајот на 2019 година. Од друга страна, во САД истиот период се зголеми за речиси 9%. Европската унија сега сочинува околу 18% од вкупната светска потрошувачка, а САД со околу 28%. Пред 15 години, ЕУ и САД сочинуваа по околу четвртина од вкупната светска потрошувачка.

Прилагодени на инфлацијата и куповната моќ, платите паднаа за приближно 3% од 2019 година во Германија, 3,5% во Италија и Шпанија и 6% во Грција. Од друга страна, реалните плати во САД се зголемија за околу 6% во истиот период. Според податоците на ММФ, економијата на еврозоната пораснала за околу 6% во последните 15 години, а на САД за дури 82%. Директна последица на ова е што просечната земја на ЕУ е посиромашна од сите држави во САД, освен Ајдахо и Мисисипи. Ако сегашниот тренд продолжи до 2035 година, разликата помеѓу економското производство по глава на жител во САД и ЕУ ќе биде исто толку голема како онаа меѓу Јапонија и Еквадор.

Со оглед на зголемените трошоци за задолжување и потребата европските влади да ги зголемат воените трошоци, економистите очекуваат зголемување на даноците, што врши дополнителен притисок врз потрошувачите. А даноците во Европа се веќе високи во споредба со другите богати земји со околу 40-45% од БДП, во споредба со 27% во САД. Американските работници добиваат речиси три четвртини од платата, додека француските и германските работници задржуваат само половина од она што го заработуваат.

The post Европејците се посиромашни: Французите пијат помалку вино, Шпанците штедат на маслиново масло… appeared first on Република.

]]>

Европејците со децении се побогати економски од генерација на генерација.Од година во година, жителите на Стариот континент стануваа се побогати и побогати, но на таа среќна приказна и дојде крајот, бидејќи во последната година Европејците станаа посиромашни. Американскиот Wall Street Journal пишува дека куповната моќ практично во сите европски земји се намалува од месец во месец. Французите јадат помалку деликатеси како паштета од гускин џигер, а покрај тоа пијат помалку црвено вино, Шпанците штедат на маслиново масло, Финците ги палат своите сауни во ветровитите денови кога струјата е поевтина. Во Германија потрошувачката на месо и млеко падна на најниско ниво во последните три децении, а пазарот на органска храна, кој до неодамна беше во метеорски пораст, сега е во исто толку метеорски пад. Во Италија се свикуваат кризни состаноци поради цените на тестенините кои поскапеа двојно повеќе од инфлацијата. Во различни земји има стотици слични примери, а поради падот на потрошувачката, Европа на почетокот на годината падна во рецесија. Сегашната состојба во која се наоѓа Европа не се случи преку ноќ. Нејзиното население старее, а освен тоа, Европејците претпочитаат се повеќе слободно време и пократка работна недела, што го забави економскиот раст и ја намали продуктивноста низ годините. Потоа следеше веќе познатата пандемија Ковид-19 и војната во Украина, што резултираше со прекин на глобалните синџири на снабдување и нагло зголемување на цените на енергијата и храната. Реакциите на владите ширум континентот само го влошија проблемот, бидејќи за да се спасат работните места, властодршците најмногу се определија за модел на субвенции што ги насочуваа кон работодавците, што ги остави граѓаните - потрошувачите - во незавидна положба кога цените во продавниците скокнаа. За разлика од Европејците, Американците имаа повеќекратни придобивки од евтината енергија и пакетите помош кои нивната влада ги насочуваше главно кон граѓаните наместо кон работодавците за да ги поттикне да трошат. Европа инаку има моќна извозна индустрија, а во минатото жителите на Стариот континент можеа да се потпрат на неа. Сепак, Кина, која претставува клучен европски пазар, исто така е во економски проблеми, кои потоа се прелеваат во Европа. Високите трошоци за енергија и распространетата инфлација што не се забележани од 1970-тите, ја намалуваат конкурентноста на европските производители на меѓународните пазари и ги нарушуваат некогаш хармоничните работни односи на континентот. Со забавувањето на глобалната трговија, зависноста на Европа од извозот – кој сочинува околу 50% од БДП на еврозоната во споредба со 10% за Соединетите држави – станува слабост. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), потрошувачката во 20-те земји-членки на еврозоната е намалена за околу 1 отсто од крајот на 2019 година. Од друга страна, во САД истиот период се зголеми за речиси 9%. Европската унија сега сочинува околу 18% од вкупната светска потрошувачка, а САД со околу 28%. Пред 15 години, ЕУ и САД сочинуваа по околу четвртина од вкупната светска потрошувачка. Прилагодени на инфлацијата и куповната моќ, платите паднаа за приближно 3% од 2019 година во Германија, 3,5% во Италија и Шпанија и 6% во Грција. Од друга страна, реалните плати во САД се зголемија за околу 6% во истиот период. Според податоците на ММФ, економијата на еврозоната пораснала за околу 6% во последните 15 години, а на САД за дури 82%. Директна последица на ова е што просечната земја на ЕУ е посиромашна од сите држави во САД, освен Ајдахо и Мисисипи. Ако сегашниот тренд продолжи до 2035 година, разликата помеѓу економското производство по глава на жител во САД и ЕУ ќе биде исто толку голема како онаа меѓу Јапонија и Еквадор. Со оглед на зголемените трошоци за задолжување и потребата европските влади да ги зголемат воените трошоци, економистите очекуваат зголемување на даноците, што врши дополнителен притисок врз потрошувачите. А даноците во Европа се веќе високи во споредба со другите богати земји со околу 40-45% од БДП, во споредба со 27% во САД. Американските работници добиваат речиси три четвртини од платата, додека француските и германските работници задржуваат само половина од она што го заработуваат.

The post Европејците се посиромашни: Французите пијат помалку вино, Шпанците штедат на маслиново масло… appeared first on Република.

]]>
Инфлацијата во Македонија излезе од контрола, за првпат 10,5% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inflacijata-vo-makedonija-izleze-od-kontrola-za-prvpat-10-5/ Mon, 16 May 2022 06:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=502716

Инфлацијата во Македонија излезе од контрола заради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ. Рекордна двоцифрена инфлација од 10,5%, како што немало во последните 30 години во државата.Ненавременото справување со кризите, здравствената и енергетската, како и големиот раст на цените, донесе до тоа да Македонија биде рекордер по растење на инфлацијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според нив сиромаштијата е се поголема, а инфлацијата го изеде животниот стандард на граѓаните.

Додека цените на основните прехранбени продукти енормно растеше од 10 до 50%, цената на нафтата и електричната енергија се качија до плафон, платите на граѓаните останаа исти.

Граѓаните едвај го преживуваат месецот, а владата на СДСМ и ДУИ наместо помош за стопанството и граѓаните единствено мисли на криминални тендери, трошење на парите на граѓаните за непродуктивни работи и луксузирање на владините функционери.

Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за да се стави крај на погубните политики во економијата на оваа неспособна власт.

Граѓаните по победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори ќе добијат одговорна власт и посветена влада која ќе работи за заживување и ставање на здрави нозе економијата во државата.

The post Инфлацијата во Македонија излезе од контрола, за првпат 10,5% appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата во Македонија излезе од контрола заради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ. Рекордна двоцифрена инфлација од 10,5%, како што немало во последните 30 години во државата.Ненавременото справување со кризите, здравствената и енергетската, како и големиот раст на цените, донесе до тоа да Македонија биде рекордер по растење на инфлацијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.   Според нив сиромаштијата е се поголема, а инфлацијата го изеде животниот стандард на граѓаните.
Додека цените на основните прехранбени продукти енормно растеше од 10 до 50%, цената на нафтата и електричната енергија се качија до плафон, платите на граѓаните останаа исти. Граѓаните едвај го преживуваат месецот, а владата на СДСМ и ДУИ наместо помош за стопанството и граѓаните единствено мисли на криминални тендери, трошење на парите на граѓаните за непродуктивни работи и луксузирање на владините функционери. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за да се стави крај на погубните политики во економијата на оваа неспособна власт. Граѓаните по победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори ќе добијат одговорна власт и посветена влада која ќе работи за заживување и ставање на здрави нозе економијата во државата.

The post Инфлацијата во Македонија излезе од контрола, за првпат 10,5% appeared first on Република.

]]>
Земјите во развој одбиле 100 милиони дози вакцини поради краткиот преостанат рок на траење https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-vo-razvoj-odbile-100-milioni-dozi-vakcini-poradi-kratkiot-preostanat-rok-na-traenje/ Thu, 13 Jan 2022 17:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=444291

Посиромашните земји минатиот месец одбиле повеќе од 100 милиони дози вакцини против Ковид-19 понудени преку глобалната иницијатива Ковакс поради нивниот краток рок на траење.

Оваа бројка ги покажува проблемите во вакцинирањето во светот и покрај зголемената понуда на вакцини. Ковакс се приближува до бројката од една милијарда поделени дози во повеќе од 150 држави.

Повеќе од 100 милиони дози беа одбиени само во декември. Главна причина за тоа е понудата на вакцини со краток рок на траење. Посиромашните држави, исто така, морале да ги одложат набавките поради недоволен простор за складирање што вклучува недостиг на ладилници за вакцини - изјави пред европратениците Етлева Кадили од УНИЦЕФ .

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека 681 милион дози во моментов се неискористени во околу 90 посиромашни земји.

Хуманитарната организација „КАРЕ“ објави дека повеќе од 30 земји, вклучително и поголемите како Демократска Република Конго и Нигерија, искористиле помалку од половина од добиените дози. Нигерија уништила милион дози кон крајот на минатата година.

Ковакс, иницијатива во која учествува и Светската здравствена организација (СЗО), досега има испорачано 989 милиони дози вакцина во 144 земји.

Испораките во посиромашните земји долго се одложуваат поради недостиг на вакцини бидејќи побогатите држави резервираа најголем дел од дозите достапни од декември 2020 година.

Во јануари се вакцинирани 67 отсто од населението на развиените земји, а само осум отсто во земјите во развој, покажуваат податоците на СЗО.

The post Земјите во развој одбиле 100 милиони дози вакцини поради краткиот преостанат рок на траење appeared first on Република.

]]>

Посиромашните земји минатиот месец одбиле повеќе од 100 милиони дози вакцини против Ковид-19 понудени преку глобалната иницијатива Ковакс поради нивниот краток рок на траење. Оваа бројка ги покажува проблемите во вакцинирањето во светот и покрај зголемената понуда на вакцини. Ковакс се приближува до бројката од една милијарда поделени дози во повеќе од 150 држави.
Повеќе од 100 милиони дози беа одбиени само во декември. Главна причина за тоа е понудата на вакцини со краток рок на траење. Посиромашните држави, исто така, морале да ги одложат набавките поради недоволен простор за складирање што вклучува недостиг на ладилници за вакцини - изјави пред европратениците Етлева Кадили од УНИЦЕФ .
Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека 681 милион дози во моментов се неискористени во околу 90 посиромашни земји. Хуманитарната организација „КАРЕ“ објави дека повеќе од 30 земји, вклучително и поголемите како Демократска Република Конго и Нигерија, искористиле помалку од половина од добиените дози. Нигерија уништила милион дози кон крајот на минатата година. Ковакс, иницијатива во која учествува и Светската здравствена организација (СЗО), досега има испорачано 989 милиони дози вакцина во 144 земји. Испораките во посиромашните земји долго се одложуваат поради недостиг на вакцини бидејќи побогатите држави резервираа најголем дел од дозите достапни од декември 2020 година. Во јануари се вакцинирани 67 отсто од населението на развиените земји, а само осум отсто во земјите во развој, покажуваат податоците на СЗО.

The post Земјите во развој одбиле 100 милиони дози вакцини поради краткиот преостанат рок на траење appeared first on Република.

]]>