Сириза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siriza/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 08:22:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сириза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siriza/ 32 32 СИРИЗА избра нов лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-izbra-nov-lider-2/ Mon, 25 Nov 2024 08:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=841448

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

https://republika.mk/vesti/balkan/famelos-mitsotakis-bara-sosednata-zemja-da-go-pochituva-dogovorot-pa-odi-niz-grtsija-i-veli-deka-toj-e-losh/

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

The post СИРИЗА избра нов лидер appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина. Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг. Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите. Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час. По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“. https://republika.mk/vesti/balkan/famelos-mitsotakis-bara-sosednata-zemja-da-go-pochituva-dogovorot-pa-odi-niz-grtsija-i-veli-deka-toj-e-losh/ Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија. На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место. Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

The post СИРИЗА избра нов лидер appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА избра нов лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-izbra-nov-lider/ Mon, 25 Nov 2024 08:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=841443

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

The post СИРИЗА избра нов лидер appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина. Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг. Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите. Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час. По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“. Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија. На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место. Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

The post СИРИЗА избра нов лидер appeared first on Република.

]]>
Анкета во Грција: СИРИЗА на петтото место https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/anketa-vo-grtsija-siriza-na-pettoto-mesto/ Tue, 22 Oct 2024 08:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=829644

Грчката владејачка партија Нова демократија со 25 отсто е стабилна на првата позиција, ПАСОК е втора со 9,7 проценти помалку, потоа следат десничарско-националистичката Грчко решение и Комунистичката партија, а СИРИЗА е петта политичка сила во земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на тоа дали граѓаните се оптимисти дека ситуацијата за нив и нивното семејство во иднина ќе се подобри, 44 отсто сметаат дека состојбата ќе биде полоша, а исто толку дека ќе остане иста, додека пак за резултатите на владината политика, 53 проценти велат дека не се воопшто задоволни.

На прашањето која од опозициските партии може да понуди кредибилна владина алтернатива, речиси половина од анкетираните (49 проценти) одговориле „никоја“, а 21 отсто ја избрале ПАСОК.

Истражувањето на јавното мислење од агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“ било спроведено од 15 до 19 октомври со анкетирани 1.003 лица.

The post Анкета во Грција: СИРИЗА на петтото место appeared first on Република.

]]>

Грчката владејачка партија Нова демократија со 25 отсто е стабилна на првата позиција, ПАСОК е втора со 9,7 проценти помалку, потоа следат десничарско-националистичката Грчко решение и Комунистичката партија, а СИРИЗА е петта политичка сила во земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на тоа дали граѓаните се оптимисти дека ситуацијата за нив и нивното семејство во иднина ќе се подобри, 44 отсто сметаат дека состојбата ќе биде полоша, а исто толку дека ќе остане иста, додека пак за резултатите на владината политика, 53 проценти велат дека не се воопшто задоволни. На прашањето која од опозициските партии може да понуди кредибилна владина алтернатива, речиси половина од анкетираните (49 проценти) одговориле „никоја“, а 21 отсто ја избрале ПАСОК. Истражувањето на јавното мислење од агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“ било спроведено од 15 до 19 октомври со анкетирани 1.003 лица.

The post Анкета во Грција: СИРИЗА на петтото место appeared first on Република.

]]>
Геј претседателот на СИРИЗА не може пак да се кандидира за лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gej-pretsedatelot-na-siriza-ne-mozhe-pak-da-se-kandidira-za-lider/ Sat, 12 Oct 2024 19:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=825994

Со широко мнозинство Централниот комитет на СИРИЗА вечерва ја блокираше кандидатурата на разрешениот претседател Стефанос Каселакис, со што тој не може да биде кандидат за лидер на изборите што ќе се одржат на крајот на ноември, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми за предлогот да се исклучи Каселакис од трката за партиски претседател гласале 138 од 151 член на Централниот комитет.

Каселакис не беше присутен на денешниот состанок, а во изминатите денови постојат тензии во партијата, откако неговиот имотен лист добиен од партиски извори беше објавен во грчки весник, за што тој испрати судска белешка до партијата и дополнително ги зголеми несогласувањата.

Минатиот месец Централниот комитет на СИРИЗА го разреши Каселакис од позицијата претседател на партијата со што започнаа процедурите за избор на нов лидер.

Доставувањето на кандидатури за претседател е до 24 октомври, на почетокот на ноември партијата ќе одржи вонреден Конгрес, а изборите се на 24 ноември

The post Геј претседателот на СИРИЗА не може пак да се кандидира за лидер appeared first on Република.

]]>

Со широко мнозинство Централниот комитет на СИРИЗА вечерва ја блокираше кандидатурата на разрешениот претседател Стефанос Каселакис, со што тој не може да биде кандидат за лидер на изборите што ќе се одржат на крајот на ноември, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми за предлогот да се исклучи Каселакис од трката за партиски претседател гласале 138 од 151 член на Централниот комитет. Каселакис не беше присутен на денешниот состанок, а во изминатите денови постојат тензии во партијата, откако неговиот имотен лист добиен од партиски извори беше објавен во грчки весник, за што тој испрати судска белешка до партијата и дополнително ги зголеми несогласувањата. Минатиот месец Централниот комитет на СИРИЗА го разреши Каселакис од позицијата претседател на партијата со што започнаа процедурите за избор на нов лидер. Доставувањето на кандидатури за претседател е до 24 октомври, на почетокот на ноември партијата ќе одржи вонреден Конгрес, а изборите се на 24 ноември

The post Геј претседателот на СИРИЗА не може пак да се кандидира за лидер appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА се лути што турскиот министер нѐ нарече Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-se-luti-shto-turskiot-minister-n-nareche-makedonija/ Fri, 06 Sep 2024 10:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=813794

СИРИЗА недвосмислено ги осудува сериозните прекршувања на Договорот од Преспа од турскиот МНР Хакан Фидан за време на неговата посета на Република Македонија и ја повикува Владата да престане да ги потценува турските провокации и конечно да реагира динамично, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека „овој провокативен турски став не е случаен“, туку според нив е последица на политичките одлуки на Владата на Мицотакис, која „систематски води нетранспарентна надворешна политика, нанесувајќи им штета на националните интереси, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“.

- Индикативен е фактот што посетата на турскиот МНР има за цел зајакнување на стратешките односи со Македонија, а од друга страна Нова демократија не се погрижи да ги развие билатералните стратешки односи и улогата на Грција кај соседната земја, со ратификување на меморандумите, потпишување нови и свикување на предвидените Високи совети за стратешка соработка, при што веќе се очигледни последиците за нашите национални интереси, соопштија од СИРИЗА.

Дополнително, го повикаа грчкиот премиер да преземе дипломатски дејствија со демарши за „Турција конечно да се усогласи со меѓународното право и реалноста“.

Вчерашната посета на шефот на турската дипломатија на Скопје и прес- конференцијата со неговиот македонски колега се најдоа и во грчките медиуми, кои акцентот го ставија, не само на суштината на изјавите на двајцата министри и на пораките што ги испратија, туки и на тоа кое име го употребил Фидан, т.е. дека земјата ја нарекол Македонија.

Грчката телевизија „Скај“ коментираше дека министерот за надворешни работи на Турција на прес конференцијата користел и Македонија и Македонија, нешто што го поткрепија со видео од изјавите на Фидан.

-Изјавите беа хибридни, Македонија - Македонија, Македонија-Македонија. На почетокот рече Македонија, веднаш потоа рече Македонија. Подоцна пак Македонија, потоа повторно Македонија, објасни дописникот на „Скај“ од Турција

The post СИРИЗА се лути што турскиот министер нѐ нарече Македонија appeared first on Република.

]]>

СИРИЗА недвосмислено ги осудува сериозните прекршувања на Договорот од Преспа од турскиот МНР Хакан Фидан за време на неговата посета на Република Македонија и ја повикува Владата да престане да ги потценува турските провокации и конечно да реагира динамично, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина. Од СИРИЗА велат дека „овој провокативен турски став не е случаен“, туку според нив е последица на политичките одлуки на Владата на Мицотакис, која „систематски води нетранспарентна надворешна политика, нанесувајќи им штета на националните интереси, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“.
- Индикативен е фактот што посетата на турскиот МНР има за цел зајакнување на стратешките односи со Македонија, а од друга страна Нова демократија не се погрижи да ги развие билатералните стратешки односи и улогата на Грција кај соседната земја, со ратификување на меморандумите, потпишување нови и свикување на предвидените Високи совети за стратешка соработка, при што веќе се очигледни последиците за нашите национални интереси, соопштија од СИРИЗА. Дополнително, го повикаа грчкиот премиер да преземе дипломатски дејствија со демарши за „Турција конечно да се усогласи со меѓународното право и реалноста“.
Вчерашната посета на шефот на турската дипломатија на Скопје и прес- конференцијата со неговиот македонски колега се најдоа и во грчките медиуми, кои акцентот го ставија, не само на суштината на изјавите на двајцата министри и на пораките што ги испратија, туки и на тоа кое име го употребил Фидан, т.е. дека земјата ја нарекол Македонија. Грчката телевизија „Скај“ коментираше дека министерот за надворешни работи на Турција на прес конференцијата користел и Македонија и Македонија, нешто што го поткрепија со видео од изјавите на Фидан.
-Изјавите беа хибридни, Македонија - Македонија, Македонија-Македонија. На почетокот рече Македонија, веднаш потоа рече Македонија. Подоцна пак Македонија, потоа повторно Македонија, објасни дописникот на „Скај“ од Турција

The post СИРИЗА се лути што турскиот министер нѐ нарече Македонија appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА реагира што Мицкоски кажа Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-reagira-shto-mitskoski-kazha-makedonija/ Sat, 22 Jun 2024 14:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=789779

СИРИЗА недвосмислено го осудува новото прекршување на Договорот од Преспа од претседателот на ВМРО - ДПМНЕ и мандатар за премиер на Република Македонија, господинот Мицкоски и ја повикува Владата на Мицотакис конечно да ги преземе предвидените дејствија, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението од СИРИЗА велат дека „сакаат да го потсетат ВМРО дека континуираните прекршувања на Договорот од Преспа носат и предвидени санкции“, додавајќи дека целосното усогласување со Договорот „е неопходен услов за членство на Македонија во ЕУ“.

Паралелно од актуелната грчка Влада бараат „веднаш да го интернационализира прашањето со тоа што новото раководство на Македонија ќе биде соочено со своите одговорности пред меѓународната заедница од моментот кога ќе продолжи да го прекршува Договорот“.

-Навистина е жален фактот што Нова демократија и ВМРО, двете сестрински партии во ЕПП, се обидуваат, за да привлечат националистичка публика, да го торпедираат Договорот кој е пресвртница за сите народи на Балканот. Владата на Нова Демократија сноси тешка одговорност за оваа нова штета што ја нанесува на националните интереси, во име на својата неодговорна надворешна политика, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи, пишува во соопштението од СИРИЗА.

The post СИРИЗА реагира што Мицкоски кажа Македонија appeared first on Република.

]]>

СИРИЗА недвосмислено го осудува новото прекршување на Договорот од Преспа од претседателот на ВМРО - ДПМНЕ и мандатар за премиер на Република Македонија, господинот Мицкоски и ја повикува Владата на Мицотакис конечно да ги преземе предвидените дејствија, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението од СИРИЗА велат дека „сакаат да го потсетат ВМРО дека континуираните прекршувања на Договорот од Преспа носат и предвидени санкции“, додавајќи дека целосното усогласување со Договорот „е неопходен услов за членство на Македонија во ЕУ“. Паралелно од актуелната грчка Влада бараат „веднаш да го интернационализира прашањето со тоа што новото раководство на Македонија ќе биде соочено со своите одговорности пред меѓународната заедница од моментот кога ќе продолжи да го прекршува Договорот“.
-Навистина е жален фактот што Нова демократија и ВМРО, двете сестрински партии во ЕПП, се обидуваат, за да привлечат националистичка публика, да го торпедираат Договорот кој е пресвртница за сите народи на Балканот. Владата на Нова Демократија сноси тешка одговорност за оваа нова штета што ја нанесува на националните интереси, во име на својата неодговорна надворешна политика, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи, пишува во соопштението од СИРИЗА.

The post СИРИЗА реагира што Мицкоски кажа Македонија appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА двојно ја намали разликата пред Нова Демократија на Мицотакис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-dvojno-ja-namali-razlikata-pred-nova-demokratija-na-mitsotakis/ Tue, 11 Jun 2024 13:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=786576

Продолжуваме и наскоро ќе бидеме мнозинство, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, посочувајќи дека разликата со Нова демократија од 23 отсто колку што беше на ланските парламентарни избори, сега на европските се намали на 13 проценти, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис напиша дека добил многу пораки во кои граѓаните му напишале да не се откаже и да не ги изневери и им порача дека „заедно прогресивната партија повторно ќе ја направат мнозинство во државата“.

На европските избори во неделата СИРИЗА беше втора со 14,9 отсто, освои 593.133 гласа, наспроти 1.343.585 на евроизборите во 2019 година

The post СИРИЗА двојно ја намали разликата пред Нова Демократија на Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Продолжуваме и наскоро ќе бидеме мнозинство, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, посочувајќи дека разликата со Нова демократија од 23 отсто колку што беше на ланските парламентарни избори, сега на европските се намали на 13 проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис напиша дека добил многу пораки во кои граѓаните му напишале да не се откаже и да не ги изневери и им порача дека „заедно прогресивната партија повторно ќе ја направат мнозинство во државата“. На европските избори во неделата СИРИЗА беше втора со 14,9 отсто, освои 593.133 гласа, наспроти 1.343.585 на евроизборите во 2019 година

The post СИРИЗА двојно ја намали разликата пред Нова Демократија на Мицотакис appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-siriza-do-grchkata-vlada-ako-smetaat-deka-dogovorot-od-prespa-e-shteten-neka-odi-kaj-vmro-da-se-dogovorat-za-korisen-dogovor/ Fri, 31 May 2024 07:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=783363

Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.

- И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.

Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Македонија“.

-Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“

The post Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор appeared first on Република.

]]>

Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.
- И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.
Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Македонија“. -Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“

The post Лидерот на Сириза до грчката влада: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор appeared first on Република.

]]>
И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-tamu-li-ke-bara-prespanski-dogovor-liderot-na-siriza-vo-poseta-na-palestina/ Sun, 26 May 2024 10:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=781788

Лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска и утре ќе биде во Палестина, а како што соопштија од партијата, ќе ги посети Ерусалим, Витлеем и Рамала, каде, меѓу другото, ќе оствари средби со членовите на Владата на палестинската управа, со претставници на Палестинска ослободителна организација, како и со патријархот Теофил Трети, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис ќе биде придружуван од секретарката на СИРИЗА, надлежниот за одбрана и надворешни работи, како и дипломатскиот советник.

Секретарката на СИРИЗА Рања Свигу утрово на Фејсбук напиша дека „наскоро започнува историско патување“ и истакна дека во Палестина ќе ја пренесат пораката „за солидарност и поддршка до палестинскиот народ во име на СИРИЗА и грчкиот народ, за да запре хуманитарната трагедија, да се ослободат заложниците, да има прекин на огнот, за да победат мирот и правдата

The post И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина appeared first on Република.

]]>

Лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска и утре ќе биде во Палестина, а како што соопштија од партијата, ќе ги посети Ерусалим, Витлеем и Рамала, каде, меѓу другото, ќе оствари средби со членовите на Владата на палестинската управа, со претставници на Палестинска ослободителна организација, како и со патријархот Теофил Трети, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис ќе биде придружуван од секретарката на СИРИЗА, надлежниот за одбрана и надворешни работи, како и дипломатскиот советник. Секретарката на СИРИЗА Рања Свигу утрово на Фејсбук напиша дека „наскоро започнува историско патување“ и истакна дека во Палестина ќе ја пренесат пораката „за солидарност и поддршка до палестинскиот народ во име на СИРИЗА и грчкиот народ, за да запре хуманитарната трагедија, да се ослободат заложниците, да има прекин на огнот, за да победат мирот и правдата

The post И таму ли ќе бара преспански договор? Лидерот на СИРИЗА во посета на Палестина appeared first on Република.

]]>
Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/famelos-mitsotakis-bara-sosednata-zemja-da-go-pochituva-dogovorot-pa-odi-niz-grtsija-i-veli-deka-toj-e-losh/ Fri, 24 May 2024 15:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=781455

Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот, истакна од Парламентот, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада.

За Cеверна Македонија, јасно да ви кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот, посочи Фамелос.

Дополнително потенцираше дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Македонија“.

Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија, рече Фамелос.

Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘

Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.

Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“. Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

The post Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош appeared first on Република.

]]>

Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот, истакна од Парламентот, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката, јави дописничката на МИА од Атина. Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада.
За Cеверна Македонија, јасно да ви кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот, посочи Фамелос.
Дополнително потенцираше дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Македонија“.
Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија, рече Фамелос.
Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘ Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.
Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“. Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

The post Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siriza-ne-znae-koga-i-kako-ama-tvrdi-deka-ke-gi-podnese-memorandumite-so-makedonija-vo-grchkiot-parlament/ Tue, 14 May 2024 11:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=777952

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива.

Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.

Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.

На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Cеверна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“

Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Cеверна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Cеверна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.

Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

The post СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент appeared first on Република.

]]>

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива. Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.
Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.
На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Cеверна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“
Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Cеверна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Cеверна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.
Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“. Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

The post СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент appeared first on Република.

]]>
Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liderot-na-siriza-do-mitsotakis-neli-beshe-predavnichki-dogovorot-od-prespa/ Sun, 12 May 2024 15:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=777355

„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Cеверна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција.

Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.

Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.

Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.

The post Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? appeared first on Република.

]]>

„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Cеверна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција. Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.
Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.
Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.

The post Лидерот на СИРИЗА до Мицотакис: Нели беше предавнички Договорот од Преспа? appeared first on Република.

]]>
Можни нови внатрепартиски избори за лидер на СИРИЗА https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mozhni-novi-vnatrepartiski-izbori-za-lider-na-siriza/ Fri, 23 Feb 2024 09:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=747273

Пет месеци откако Стефанос Каселакис стана претседател на СИРИЗА, грчката опозициска партија можно е набргу да оди на нови избори за прв човек на партијата за, или да се потврди довербата за Каселакис или да се избере нов претседател, што доаѓа и поради внатрепартиските несогласувања и по реакцијата од поранешниот лидер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вчера се одржува четвртиот конгрес на СИРИЗА, а околу два часа пред почетокот и говорот на Каселакис, поранешниот лидер Алексис Ципрас излезе со писмена изјава преку социјалните мрежи, коментирајќи дека „партијата веќе подолго време е во континуирана и длабока криза“ и го повика актуелниот претседател да побара од членовите да му ја обноват довербата.

Каселакис, во говорот од конгресот одговори, порачувајќи дека партијата ќе оди на четирикратни избори: за организации на членови, за префектурите, за Централен комитет и за претседател.

-Најдете ми противник и одиме!, порача Каселакис.

Внатрепартиските изборни процедури во СИРИЗА се закажани за околу две седмици и останува отворено прашањето дали навистина ќе се одржи и избор на претседател, како и дали Каселакис ќе добие противник во трката за прв човек на партијата.

На 29 јуни минатата година, Ципрас се повлече од лидерската позиција, по што започна процесот за избор на нов претседател, а три месеци подоцна, на крајот на септември, Стефанос Каселакис, кој беше речиси непознат за грчката јавност, го презеде кормилото на партијата.

Веднаш потоа следеше и расцеп на партијата и заминување на неколку фракции, СИРИЗА од 47 пратеници избрани на изборите, остана со 36 со оглед на тоа дека 11, сега веќе поранешни пратеници, формираа независна пратеничка група во Парламентот.

Во пресрет на четвртиот партиски конгрес што од вчера до недела се одржува во Атина, Каселакис до членовите достави прашалник, а меѓу другото побара од нив да одговорат и на прашањата дали партијата треба да го промени името и симболот, што предизвика реакции во внатрешноста, што доведоа до вонреден состанок на политичкиот секретаријат и партијата стигна до точка да разговара за нови избори.

The post Можни нови внатрепартиски избори за лидер на СИРИЗА appeared first on Република.

]]>

Пет месеци откако Стефанос Каселакис стана претседател на СИРИЗА, грчката опозициска партија можно е набргу да оди на нови избори за прв човек на партијата за, или да се потврди довербата за Каселакис или да се избере нов претседател, што доаѓа и поради внатрепартиските несогласувања и по реакцијата од поранешниот лидер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина. Од вчера се одржува четвртиот конгрес на СИРИЗА, а околу два часа пред почетокот и говорот на Каселакис, поранешниот лидер Алексис Ципрас излезе со писмена изјава преку социјалните мрежи, коментирајќи дека „партијата веќе подолго време е во континуирана и длабока криза“ и го повика актуелниот претседател да побара од членовите да му ја обноват довербата. Каселакис, во говорот од конгресот одговори, порачувајќи дека партијата ќе оди на четирикратни избори: за организации на членови, за префектурите, за Централен комитет и за претседател. -Најдете ми противник и одиме!, порача Каселакис. Внатрепартиските изборни процедури во СИРИЗА се закажани за околу две седмици и останува отворено прашањето дали навистина ќе се одржи и избор на претседател, како и дали Каселакис ќе добие противник во трката за прв човек на партијата. На 29 јуни минатата година, Ципрас се повлече од лидерската позиција, по што започна процесот за избор на нов претседател, а три месеци подоцна, на крајот на септември, Стефанос Каселакис, кој беше речиси непознат за грчката јавност, го презеде кормилото на партијата. Веднаш потоа следеше и расцеп на партијата и заминување на неколку фракции, СИРИЗА од 47 пратеници избрани на изборите, остана со 36 со оглед на тоа дека 11, сега веќе поранешни пратеници, формираа независна пратеничка група во Парламентот. Во пресрет на четвртиот партиски конгрес што од вчера до недела се одржува во Атина, Каселакис до членовите достави прашалник, а меѓу другото побара од нив да одговорат и на прашањата дали партијата треба да го промени името и симболот, што предизвика реакции во внатрешноста, што доведоа до вонреден состанок на политичкиот секретаријат и партијата стигна до точка да разговара за нови избори.

The post Можни нови внатрепартиски избори за лидер на СИРИЗА appeared first on Република.

]]>
Се чувствуваме како граѓани од втор ред: СИРИЗА достави предлог-закон за истополовите бракови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-chuvstvuvame-kako-gragani-od-vtor-red-siriza-dostavi-predlog-zakon-za-istopolovite-brakovi/ Tue, 09 Jan 2024 10:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=731084

Предлог-закон со 16 посебни членови достави во грчкиот Парламент пратеничката група на СИРИЗА за „отстранување на половата дискриминација во семејното право, обезбедување на правото на брак за сите лица“, додека пак Владата се очекува утре да ги објасни своите позиции за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објаснувањето на предлог-законот на опозициската партија се наведува дека правата на ЛГБТ+ заедницата се човекови права, согласно резолуцијата на Европскиот парламент, а „ако бракот се земе предвид како индивидуално право, тогаш со родовите ограничувања на ЛГБТ+ луѓето, тие не можат да го уживаат ова право“.

Браковите меѓу истополовите двојки веќе се признати во 14 земји-членки на Европската унија и во 18 земји-членки на Советот на Европа, објаснуваат од СИРИЗА.

Доставувањето на предлог-законот го најави лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис минатата седмица, кога од грчкиот премиер побара да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.

Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА во петокот.

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека премиерот Кирјакос Мицотакис, в среда, во интервју за државната телевизија ЕРТ ќе излезе со повеќе информации за конкретната легислатива, односно за тоа кој е владиниот план, како ќе започне оваа дискусија итн.

The post Се чувствуваме како граѓани од втор ред: СИРИЗА достави предлог-закон за истополовите бракови appeared first on Република.

]]>

Предлог-закон со 16 посебни членови достави во грчкиот Парламент пратеничката група на СИРИЗА за „отстранување на половата дискриминација во семејното право, обезбедување на правото на брак за сите лица“, додека пак Владата се очекува утре да ги објасни своите позиции за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина. Во објаснувањето на предлог-законот на опозициската партија се наведува дека правата на ЛГБТ+ заедницата се човекови права, согласно резолуцијата на Европскиот парламент, а „ако бракот се земе предвид како индивидуално право, тогаш со родовите ограничувања на ЛГБТ+ луѓето, тие не можат да го уживаат ова право“. Браковите меѓу истополовите двојки веќе се признати во 14 земји-членки на Европската унија и во 18 земји-членки на Советот на Европа, објаснуваат од СИРИЗА. Доставувањето на предлог-законот го најави лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис минатата седмица, кога од грчкиот премиер побара да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост. Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА во петокот. Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека премиерот Кирјакос Мицотакис, в среда, во интервју за државната телевизија ЕРТ ќе излезе со повеќе информации за конкретната легислатива, односно за тоа кој е владиниот план, како ќе започне оваа дискусија итн.

The post Се чувствуваме како граѓани од втор ред: СИРИЗА достави предлог-закон за истополовите бракови appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА поднесе предлог-закон за легализација на истополовите бракови во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/siriza-podnese-predlog-zakon-za-legalizatsija-na-istopolovite-brakovi-vo-grtsija/ Tue, 09 Jan 2024 09:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=731078

Предлог-закон со 16 посебни членови достави во грчкиот Парламент пратеничката група на СИРИЗА за „отстранување на половата дискриминација во семејното право, обезбедување на правото на брак за сите лица“, додека пак Владата се очекува утре да ги објасни своите позиции за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објаснувањето на предлог-законот на опозициската партија се наведува дека правата на ЛГБТ+ заедницата се човекови права, согласно резолуцијата на Европскиот парламент, а „ако бракот се земе предвид како индивидуално право, тогаш со родовите ограничувања на ЛГБТ+ луѓето, тие не можат да го уживаат ова право“.

Браковите меѓу истополовите двојки веќе се признати во 14 земји-членки на Европската унија и во 18 земји-членки на Советот на Европа, објаснуваат од СИРИЗА.

Доставувањето на предлог-законот го најави лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис минатата седмица, кога од грчкиот премиер побара да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.

Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА во петокот.

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека премиерот Кирјакос Мицотакис, в среда, во интервју за државната телевизија ЕРТ ќе излезе со повеќе информации за конкретната легислатива, односно за тоа кој е владиниот план, како ќе започне оваа дискусија итн.

The post СИРИЗА поднесе предлог-закон за легализација на истополовите бракови во Грција appeared first on Република.

]]>

Предлог-закон со 16 посебни членови достави во грчкиот Парламент пратеничката група на СИРИЗА за „отстранување на половата дискриминација во семејното право, обезбедување на правото на брак за сите лица“, додека пак Владата се очекува утре да ги објасни своите позиции за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина. Во објаснувањето на предлог-законот на опозициската партија се наведува дека правата на ЛГБТ+ заедницата се човекови права, согласно резолуцијата на Европскиот парламент, а „ако бракот се земе предвид како индивидуално право, тогаш со родовите ограничувања на ЛГБТ+ луѓето, тие не можат да го уживаат ова право“.
Браковите меѓу истополовите двојки веќе се признати во 14 земји-членки на Европската унија и во 18 земји-членки на Советот на Европа, објаснуваат од СИРИЗА.
Доставувањето на предлог-законот го најави лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис минатата седмица, кога од грчкиот премиер побара да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.
Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА во петокот.
Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека премиерот Кирјакос Мицотакис, в среда, во интервју за државната телевизија ЕРТ ќе излезе со повеќе информации за конкретната легислатива, односно за тоа кој е владиниот план, како ќе започне оваа дискусија итн.

The post СИРИЗА поднесе предлог-закон за легализација на истополовите бракови во Грција appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА ќе достави предлог-закон за истополовите бракови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-ke-dostavi-predlog-zakon-za-istopolovite-brakovi/ Fri, 05 Jan 2024 10:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=729915

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис побарал од претседателот на пратеничка група Сократис Фамелос, штом се отвори Парламентот, одново да биде доставен нивниот предлог-закон за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис на социјалните мрежи утрово објави дека од Фамелос побарал доставување на законот, бидејќи како што напиша, „по вчерашната одлука на премиерот да го одложи неговиот предлог-закон“, ова е неговата единствена опција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, синоќа, по заклетвата на новите министри, во разговор со новинарите за тоа кога ќе биде доставен законот за еднополовите бракови рекол дека прво треба да објаснат што планираат, а потоа ќе говорат за временски рок.

По ова, Каселакис најави доставување на нивниот закон и паралелно побара од Мицотакис да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.

Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА.

 

The post СИРИЗА ќе достави предлог-закон за истополовите бракови appeared first on Република.

]]>

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис побарал од претседателот на пратеничка група Сократис Фамелос, штом се отвори Парламентот, одново да биде доставен нивниот предлог-закон за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис на социјалните мрежи утрово објави дека од Фамелос побарал доставување на законот, бидејќи како што напиша, „по вчерашната одлука на премиерот да го одложи неговиот предлог-закон“, ова е неговата единствена опција. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, синоќа, по заклетвата на новите министри, во разговор со новинарите за тоа кога ќе биде доставен законот за еднополовите бракови рекол дека прво треба да објаснат што планираат, а потоа ќе говорат за временски рок. По ова, Каселакис најави доставување на нивниот закон и паралелно побара од Мицотакис да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.
Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА.
 

The post СИРИЗА ќе достави предлог-закон за истополовите бракови appeared first on Република.

]]>
Независните пратеници кои ја напуштија СИРИЗА формираат пратеничка група https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nezavisnite-pratenitsi-koi-ja-napushtija-siriza-formiraat-pratenichka-grupa/ Wed, 29 Nov 2023 08:18:51 +0000 https://republika.mk/?p=717402

Единаесетмина пратениците, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА формираат пратеничка група во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратениците доцна синоќа одржаа состанок и како што беше очекувано и се најавуваше, се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници.

Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името, додека пак претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис.

Станува збор за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.

The post Независните пратеници кои ја напуштија СИРИЗА формираат пратеничка група appeared first on Република.

]]>

Единаесетмина пратениците, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА формираат пратеничка група во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Пратениците доцна синоќа одржаа состанок и како што беше очекувано и се најавуваше, се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници. Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името, додека пак претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис. Станува збор за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.

The post Независните пратеници кои ја напуштија СИРИЗА формираат пратеничка група appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА со новиот лидер има пад на рејтингот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-so-noviot-lider-ima-pad-na-rejtingot/ Fri, 24 Nov 2023 14:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=715856

Намалување на рејтингот на СИРИЗА за 2,5 отсто во споредба со минатата анкета, пад на третата позиција зад ПАСОК, песимизам за иднината на партијата и разочарување од иницијативите на новиот лидер Стефанос Каселакис, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Поголемиот дел од анкетата е посветен на случувањата во најголемата грчка опозициска партија, меѓутоа е спроведена пред заминувањето на втората фракција од СИРИЗА.

Шест од десет анкетирани сметаат дека ситуацијата во партијата ќе биде „многу или малку полоша“ и „веројатно“ или „сигурно“ негативно ги оценуваат иницијативите на лидерот.

Во однос на распоредот на силите, Нова демократија е прва со 33 отсто, ПАСОК е на втората позиција со 13 проценти, СИРИЗА трета со 12,5, а потоа следат Комунистичката партија и Грчко решение.

Истражување на агенцијата „Pulse“ за телевизијата „Скај“, било спроведено од 19 до 21 ноември со анкетирани 1.112 лица со право на глас.

The post СИРИЗА со новиот лидер има пад на рејтингот appeared first on Република.

]]>

Намалување на рејтингот на СИРИЗА за 2,5 отсто во споредба со минатата анкета, пад на третата позиција зад ПАСОК, песимизам за иднината на партијата и разочарување од иницијативите на новиот лидер Стефанос Каселакис, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Поголемиот дел од анкетата е посветен на случувањата во најголемата грчка опозициска партија, меѓутоа е спроведена пред заминувањето на втората фракција од СИРИЗА. Шест од десет анкетирани сметаат дека ситуацијата во партијата ќе биде „многу или малку полоша“ и „веројатно“ или „сигурно“ негативно ги оценуваат иницијативите на лидерот. Во однос на распоредот на силите, Нова демократија е прва со 33 отсто, ПАСОК е на втората позиција со 13 проценти, СИРИЗА трета со 12,5, а потоа следат Комунистичката партија и Грчко решение. Истражување на агенцијата „Pulse“ за телевизијата „Скај“, било спроведено од 19 до 21 ноември со анкетирани 1.112 лица со право на глас.

The post СИРИЗА со новиот лидер има пад на рејтингот appeared first on Република.

]]>
Девет актуелни пратеници од СИРИЗА ја напуштија партијата и станаа независни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devet-aktuelni-pratenitsi-od-siriza-ja-napushtija-partijata-i-stanaa-nezavisni/ Thu, 23 Nov 2023 10:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=715459

Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за партиски лидер Ефи Ахциоглу, во која се девет пратеници ја напуштија најголемата опозициска партија, станаа независни пратеници и сè поверојатно е дека во Парламентот ќе се формира нова пратеничка група, јави дописничката на МИА од Атина.

Деветтемина пратеници што денеска станаа независни, меѓу кои и поранешни министри, ги претставуваат Насос Илиопулос и Алексис Харицис, кои претпладнево се очекува да се сретнат со претседателот на Парламентот за да му ги достават одлуките дека повеќе не се дел од пратеничката група на СИРИЗА.

Станува збор за втора фракција што заминува од СИРИЗА за краток временски период, поради несогласувања со новиот претседател Стефанос Каселакис, со што најголемата грчка опозициска партија загуби вкупно 11 пратеници и од 47 по изборите, сега има 36 пратеници.

Претходно, партијата ја напуштија двајца пратеници, односно групата „Чадор“ на актуелниот пратеник и поранешен министер за финансии Ефклидис Цакалотос.

Со оглед на големиот број пратеници кои се вон СИРИЗА, сè поверојатни се сценаријата дека во Парламентот ќе формираат нова пратеничка група.

За да се фрмира нова пратеничка група што не произлегува од изборите потребни се десет независни пратенци, а поранешните членови на СИРИЗА се вкупно 11.

Паралелно со новиот расцеп во партијата, попладнево ќе се одржи состанок на Политичкиот Секретаријат на СИРИЗА.

The post Девет актуелни пратеници од СИРИЗА ја напуштија партијата и станаа независни appeared first on Република.

]]>

Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за партиски лидер Ефи Ахциоглу, во која се девет пратеници ја напуштија најголемата опозициска партија, станаа независни пратеници и сè поверојатно е дека во Парламентот ќе се формира нова пратеничка група, јави дописничката на МИА од Атина. Деветтемина пратеници што денеска станаа независни, меѓу кои и поранешни министри, ги претставуваат Насос Илиопулос и Алексис Харицис, кои претпладнево се очекува да се сретнат со претседателот на Парламентот за да му ги достават одлуките дека повеќе не се дел од пратеничката група на СИРИЗА. Станува збор за втора фракција што заминува од СИРИЗА за краток временски период, поради несогласувања со новиот претседател Стефанос Каселакис, со што најголемата грчка опозициска партија загуби вкупно 11 пратеници и од 47 по изборите, сега има 36 пратеници. Претходно, партијата ја напуштија двајца пратеници, односно групата „Чадор“ на актуелниот пратеник и поранешен министер за финансии Ефклидис Цакалотос. Со оглед на големиот број пратеници кои се вон СИРИЗА, сè поверојатни се сценаријата дека во Парламентот ќе формираат нова пратеничка група. За да се фрмира нова пратеничка група што не произлегува од изборите потребни се десет независни пратенци, а поранешните членови на СИРИЗА се вкупно 11. Паралелно со новиот расцеп во партијата, попладнево ќе се одржи состанок на Политичкиот Секретаријат на СИРИЗА.

The post Девет актуелни пратеници од СИРИЗА ја напуштија партијата и станаа независни appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА ја напуштија 45 членови, меѓу кои двајца пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siriza-ja-napushtija-45-chlenovi-megu-koi-dvajtsa-pratenitsi/ Mon, 13 Nov 2023 08:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=700886

Група членови на СИРИЗА, предводени од двајца актуелни пратеници ја напуштија СИРИЗА, поради несогласувањата со новиот претседател на партијата Стефанос Каселакис, кој од своја страна ги повика да ги вратат пратеничките места и говореше за почеток на единство во партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на викендот Централниот комитет на СИРИЗА одржа состанок што помина во клима на несогласувања и високи тонови.

Група од 45 членови под името „Чадор“, предводена од поранешниот министер и пратеник Евклидис Цакалотос, соопшти дека ја напушта партијата, велејќи дека со новото раководство идеите на обновената и радикална левица не се вклопуваат во сегашната СИРИЗА.

Меѓу оние кои ја напуштија партијата, двајца се пратеници и стануваат независни, а СИРИЗА, во Парламентот ќе остане со 45 од 47 пратенички места, колку што освои на последните избори во јуни годинава.

Лидерот на партијата Стефанос Каселакис ги повика да ги вратат пратеничките места, а истото да го стори и европратеникот Кулоглу, кој исто така ја напушти СИРИЗА и стана независен.

Каселакис на крајот од состанокот воедно порача дека „започнува единството во СИРИЗА“ и нов ден за партијата.

-Ве повикувам сите да ги преземете вашите одговорности пред историјата на оваа историска партија, порача Каселакис.

The post СИРИЗА ја напуштија 45 членови, меѓу кои двајца пратеници appeared first on Република.

]]>

Група членови на СИРИЗА, предводени од двајца актуелни пратеници ја напуштија СИРИЗА, поради несогласувањата со новиот претседател на партијата Стефанос Каселакис, кој од своја страна ги повика да ги вратат пратеничките места и говореше за почеток на единство во партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на викендот Централниот комитет на СИРИЗА одржа состанок што помина во клима на несогласувања и високи тонови. Група од 45 членови под името „Чадор“, предводена од поранешниот министер и пратеник Евклидис Цакалотос, соопшти дека ја напушта партијата, велејќи дека со новото раководство идеите на обновената и радикална левица не се вклопуваат во сегашната СИРИЗА. Меѓу оние кои ја напуштија партијата, двајца се пратеници и стануваат независни, а СИРИЗА, во Парламентот ќе остане со 45 од 47 пратенички места, колку што освои на последните избори во јуни годинава. Лидерот на партијата Стефанос Каселакис ги повика да ги вратат пратеничките места, а истото да го стори и европратеникот Кулоглу, кој исто така ја напушти СИРИЗА и стана независен. Каселакис на крајот од состанокот воедно порача дека „започнува единството во СИРИЗА“ и нов ден за партијата. -Ве повикувам сите да ги преземете вашите одговорности пред историјата на оваа историска партија, порача Каселакис.

The post СИРИЗА ја напуштија 45 членови, меѓу кои двајца пратеници appeared first on Република.

]]>