Сирил Бoмгартнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siril-bomgartner/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 12:50:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сирил Бoмгартнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siril-bomgartner/ 32 32 Средба на Мицкоски со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-mitskoski-so-frantsuskiot-ambasador-siril-bomgartner/ Mon, 01 Jul 2024 12:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=792440

Средба со Амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, објави премиерот на Република Македонија Христијн Мицкоски.

Разменивме мислења за тековните политички и економски прашања, како и европските интеграции.

Франција е наш значаен партнер и пријател. Заедно се обврзавме за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

Очекувам продолжување на одличната соработка и реализација на заедничките проекти кои ќе придонесат за подобра иднина за сите нас, пишува Мицкоски во својата објава.

The post Средба на Мицкоски со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер appeared first on Република.

]]>

Средба со Амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, објави премиерот на Република Македонија Христијн Мицкоски. Разменивме мислења за тековните политички и економски прашања, како и европските интеграции.
Франција е наш значаен партнер и пријател. Заедно се обврзавме за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес. Очекувам продолжување на одличната соработка и реализација на заедничките проекти кои ќе придонесат за подобра иднина за сите нас, пишува Мицкоски во својата објава.  

The post Средба на Мицкоски со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-frantsuskiot-ambasador-siril-bomgartner/ Mon, 03 Jun 2024 14:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=784432

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со традиционално пријателство, отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес, информираат од нејзиниот кабинет.

На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската Унија, како стратешки приоритет на државата. Во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека поддршката од страна на нашите пријатели и партнери во ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за нас е високо ценета и значајна.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, преку враќање на вербата во мериторниот процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхагенските критериуми. Таа изрази надеж дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите кои се главен национален приоритет и воедно изрази очекување за подлабока соработка со Француската петта република за примена на француските искуства во развојот на демократијата, се вели во соопштението.

Во контекст на владеење на правото, како прв и најважен критериум од Копенхаген, претседателката ги посочила актуелните внатрешни предизвици врзани за нарушениот уставен принцип на поделба на власта без која нема парламентарна демократија.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со традиционално пријателство, отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес, информираат од нејзиниот кабинет. На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската Унија, како стратешки приоритет на државата. Во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека поддршката од страна на нашите пријатели и партнери во ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за нас е високо ценета и значајна.
Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, преку враќање на вербата во мериторниот процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхагенските критериуми. Таа изрази надеж дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите кои се главен национален приоритет и воедно изрази очекување за подлабока соработка со Француската петта република за примена на француските искуства во развојот на демократијата, се вели во соопштението.
Во контекст на владеење на правото, како прв и најважен критериум од Копенхаген, претседателката ги посочила актуелните внатрешни предизвици врзани за нарушениот уставен принцип на поделба на власта без која нема парламентарна демократија.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер appeared first on Република.

]]>
Бомгартнер: Нема сомнеж дека жителите на Cеверна Македонија се Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bomgartner-nema-somnez-deka-zitelite-na-severna-makedonija-se-makedonci/ Sun, 10 Jul 2022 18:41:37 +0000 https://republika.mk/?p=526705

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер вели дека преговорите за постигнување на, како што нагласува, компромисниот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во Унијата морале да се водат во тајност за да бидат ефикасни. Но, нагласува, темата била претставена и споделена во повеќе наврати во КОРЕПЕР, во Советот на амбасадори на земји членки, но и на Советот на министри и за тоа немало никакви забелешки.

– Дали е штета тоа што беше така-да, но тоа не е невообичаено. Сметам дека не можеше да биде поинаку, бидејќи дипломатскиот принцип на преговарање наметнува оти доколку сакаме да бидеме ефикасни, треба да бидат вклучени многу мал број луѓе и генерално преговорите да се одвиваат во тајност, вели амбасадорот во Тема на денот на Сител во одговор на прашање дали ваквиот пристап во преговорите создаде дополнителен отпор кај граѓаните во прифаќањето на овој предлог.

Во врска со вчерашната изјава на претставници од невладиниот сектор од Чешка дека согласно информациите што ги добиле од нивното МНР, дека дури ни земји членки на ЕУ не биле информирани за деталите од преговорите, францускиот амбасадор вели дека тоа не е така и оти за официјални информации на оваа тема треба да се прашаат официјалните власти на земјата.

Тој не сакаше да навлегува во деталите на текстовите од договорот, но нагласува, има еден документ кој е над сите, а тоа е Преговарачката рамка.

-Во неа зборуваме за македонски јазик, нема ниту фусноти, ниту звездички. Ако сметате дека ова не соодветствува со црвените линии на суштествена тема за македонската страна, тогаш не би имал што да додадам, вели амбасадорот.

Во врска со тоа што францускиот претседател Емануел Макрон неколкупати употреби термин „северномакедонци“ во неколку дена, францускиот амбасадор рече дека веќе неколкупати било објаснето оти станувало збор за грешка.

-Ќе повторам дека нема никаков сомнеж дека жителите на Cеверна Македонија се Македонци. Имаше разговори меѓу Елисејската палата и македонското МНР на кои беа дадени објаснувања што одговараат на реалноста и им овозможуваат на сите да ги разберат околностите во кои тоа беше кажано. Сакам да потсетам и дека францускиот претседател пред два дена објави порака во која директно им се обраќа на Македонците, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

The post Бомгартнер: Нема сомнеж дека жителите на Cеверна Македонија се Македонци appeared first on Република.

Во врска со вчерашната изјава на претставници од невладиниот сектор од Чешка дека согласно информациите што ги добиле од нивното МНР, дека дури ни земји членки на ЕУ не биле информирани за деталите од преговорите, францускиот амбасадор вели дека тоа не е така и оти за официјални информации на оваа тема треба да се прашаат официјалните власти на земјата. Тој не сакаше да навлегува во деталите на текстовите од договорот, но нагласува, има еден документ кој е над сите, а тоа е Преговарачката рамка.
-Во неа зборуваме за македонски јазик, нема ниту фусноти, ниту звездички. Ако сметате дека ова не соодветствува со црвените линии на суштествена тема за македонската страна, тогаш не би имал што да додадам, вели амбасадорот.
Во врска со тоа што францускиот претседател Емануел Макрон неколкупати употреби термин „северномакедонци“ во неколку дена, францускиот амбасадор рече дека веќе неколкупати било објаснето оти станувало збор за грешка.
-Ќе повторам дека нема никаков сомнеж дека жителите на Cеверна Македонија се Македонци. Имаше разговори меѓу Елисејската палата и македонското МНР на кои беа дадени објаснувања што одговараат на реалноста и им овозможуваат на сите да ги разберат околностите во кои тоа беше кажано. Сакам да потсетам и дека францускиот претседател пред два дена објави порака во која директно им се обраќа на Македонците, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

The post Бомгартнер: Нема сомнеж дека жителите на Cеверна Македонија се Македонци appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот на Франција призна дека францускиот предлог се договарал во најголема тајност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-na-francija-prizna-deka-francuskiot-predlog-se-dogovaral-vo-najgolema-tajnost/ Sat, 09 Jul 2022 19:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=526404

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер вели дека преговорите за постигнување на, како што нагласува, компромисниот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во Унијата морале да се водат во тајност за да бидат ефикасни. Но, нагласува, темата била претставена и  споделена во повеќе наврати во КОРЕПЕР, во Советот на амбасадори на земји членки, но и на Советот на министри и за тоа немало никакви забелешки.

– Дали е штета тоа што беше така-да, но тоа не е невообичаено. Сметам дека не можеше да биде поинаку, бидејќи дипломатскиот принцип на преговарање наметнува оти доколку сакаме да бидеме ефикасни, треба да бидат вклучени многу мал број луѓе и генерално преговорите да се одвиваат во тајност, вели амбасадорот во Тема на денот на Сител во одговор на прашање дали ваквиот пристап во преговорите создаде дополнителен отпор кај граѓаните во прифаќањето на овој предлог.

Во врска со вчерашната изјава на претставници од невладиниот сектор од Чешка дека согласно информациите што ги добиле од нивното МНР, дека дури ни земји членки на ЕУ не биле информирани за деталите од преговорите, францускиот амбасадор вели дека тоа не е така и оти за официјални информации на оваа тема треба да се прашаат официјалните власти на земјата.

-Сметам дека тоа не соодветствува со реалноста. Темата беше претставена и споделена во повеќе наврати во КОРЕПЕР, во Советот на амбасадори на земји членки на ЕУ во Брисел на ниво на Советот на министри и немаше забелешки. Она што јас го забележувам е токму спротивното. Недвосмислени изјави за поддршка од страна на компетентните европски институции и државите членки во Советот. Поконкретно за Република Чешка прашањето треба да го поставите на официјалните претставници во земјата за да имате официјално мислење. Бидејќи завршуваме со претседавање во Советот на ЕУ, приморани сме на соодветна неутралност, кога сте во тоа својство не објавувате државен став, туку објаснувате за консензусот што е постигнат во рамки на Советот на ЕУ, Сојузот на државите членки, вели Бомгартнер.

Тој не сакаше да навлегува во деталите на текстовите од договорот, но нагласува, има еден документ кој е над сите, а тоа е Преговарачката рамка.

-Во неа зборуваме за македонски јазик, нема ниту фусноти, ниту звездички. Ако сметате дека ова не соодветствува со црвените линии на суштествена тема за македонската страна, тогаш не би имал што да додадам, вели амбасадорот.

Дека договорот е компромисен, според него, говори и фактот што тој предизвикал незадоволство и кај другата страна.

-Вистина е дека текстот предизвика реакции и дискусии и од другата страна на границата, дури падна и влада на ова прашање, рече Бомгартнер додавајќи дека едно истражување во Бугарија покажало оти 60 проценти од граѓаните не го поддржуваат предлогот или се дистанцираат од него. Станува збор, нагласи тој, за компрмис за кој се обидувавме да биде што поурамнотежен.

На прашањето дали е добра стратегијата на власта тоа што се уште во тајност ги држи деталите од Протоколот што треба да го потпишат МНР на Бугарија и Македонија францускиот амбасадор во земјава вели дека официјалните власти кажале дека тој документ ќе биде целосно достапен за јавноста, а оти во меѓувреме е потребно време за објаснување на договореното.

-Можам да ви кажам повеќе работи – Протоколот е билатерален документ за кој се преговара меѓу две држави. Двете земји треба да се договорат за најдобриот начин на делување. За оваа тема како и за други теми за кои разговаравме претходно потребно е време за преговарање, но потребно е време за комуникација и објаснување. Токму тоа треба да го имаме на ум. Доколку не се лажам официјалните претставници јавно кажаа дека тој документ ќе биде достапен за јавноста, вели амбасадорот.

За отпорот што се јави во македонската јавност за францускиот предлог, амбасадорот Бомгартнер вели дека е разбирлив со оглед на тоа што станува збор за мошне чувствителни теми.

-Сосема разбирливо е да има отпор затоа што станува збор за чувствителни теми за граѓаните, за јавното мислење и од политичка гледна точка. Неспорно е дека некогаш може да има одредени резерви и отпор кај населението. Потребно е објаснување, но и неопходно е време со ладна глава да се проучи за што всушност станува збор имајќи на ум дека самата тема е многу чувствителна. Од друга страна предлогот е доста сложен. Станува збор за текстови кои се доста технички и доколку не поседуваме соодветно првно знаење тешко е да се разберат. Оправдана е потребата за разбирање и може да постои одредено чувство на фрустрираност, ако го немаме клучот за сами да си донесеме мислење во поглед на текстовите тогаш ги слушаме другите. Овде станува збор за прашање на доверба во институциите од кои се бара објаснување, вели францускиот амбасадор додавајќи дека на сето ова треба да се гледа рационално, без чувства, со цел да се разбере смислата на предлозите и на нивниот опсег.

Во врска со тоа што францускиот претседател Емануел Макрон неколкупати употреби термин „северномакедонци“ во неколку дена, францускиот амбасадор рече дека веќе неколкупати било објаснето оти станувало збор за грешка.

-Ќе повторам дека нема никаков сомнеж дека жителите на Македонија се Македонци. Имаше разговори меѓу Елисејската палата и македонското МНР на кои беа дадени објаснувања што одговараат на реалноста и им овозможуваат на сите да ги разберат околностите во кои тоа беше кажано. Сакам да потсетам и дека францускиот претседател пред два дена објави порака во која директно им се обраќа на Македонците, рече францускиот амбасадор Бомгартнер

The post Амбасадорот на Франција призна дека францускиот предлог се договарал во најголема тајност appeared first on Република.

]]>

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер вели дека преговорите за постигнување на, како што нагласува, компромисниот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во Унијата морале да се водат во тајност за да бидат ефикасни. Но, нагласува, темата била претставена и  споделена во повеќе наврати во КОРЕПЕР, во Советот на амбасадори на земји членки, но и на Советот на министри и за тоа немало никакви забелешки. – Дали е штета тоа што беше така-да, но тоа не е невообичаено. Сметам дека не можеше да биде поинаку, бидејќи дипломатскиот принцип на преговарање наметнува оти доколку сакаме да бидеме ефикасни, треба да бидат вклучени многу мал број луѓе и генерално преговорите да се одвиваат во тајност, вели амбасадорот во Тема на денот на Сител во одговор на прашање дали ваквиот пристап во преговорите создаде дополнителен отпор кај граѓаните во прифаќањето на овој предлог. Во врска со вчерашната изјава на претставници од невладиниот сектор од Чешка дека согласно информациите што ги добиле од нивното МНР, дека дури ни земји членки на ЕУ не биле информирани за деталите од преговорите, францускиот амбасадор вели дека тоа не е така и оти за официјални информации на оваа тема треба да се прашаат официјалните власти на земјата.
-Сметам дека тоа не соодветствува со реалноста. Темата беше претставена и споделена во повеќе наврати во КОРЕПЕР, во Советот на амбасадори на земји членки на ЕУ во Брисел на ниво на Советот на министри и немаше забелешки. Она што јас го забележувам е токму спротивното. Недвосмислени изјави за поддршка од страна на компетентните европски институции и државите членки во Советот. Поконкретно за Република Чешка прашањето треба да го поставите на официјалните претставници во земјата за да имате официјално мислење. Бидејќи завршуваме со претседавање во Советот на ЕУ, приморани сме на соодветна неутралност, кога сте во тоа својство не објавувате државен став, туку објаснувате за консензусот што е постигнат во рамки на Советот на ЕУ, Сојузот на државите членки, вели Бомгартнер.
Тој не сакаше да навлегува во деталите на текстовите од договорот, но нагласува, има еден документ кој е над сите, а тоа е Преговарачката рамка.
-Во неа зборуваме за македонски јазик, нема ниту фусноти, ниту звездички. Ако сметате дека ова не соодветствува со црвените линии на суштествена тема за македонската страна, тогаш не би имал што да додадам, вели амбасадорот.
Дека договорот е компромисен, според него, говори и фактот што тој предизвикал незадоволство и кај другата страна. -Вистина е дека текстот предизвика реакции и дискусии и од другата страна на границата, дури падна и влада на ова прашање, рече Бомгартнер додавајќи дека едно истражување во Бугарија покажало оти 60 проценти од граѓаните не го поддржуваат предлогот или се дистанцираат од него. Станува збор, нагласи тој, за компрмис за кој се обидувавме да биде што поурамнотежен. На прашањето дали е добра стратегијата на власта тоа што се уште во тајност ги држи деталите од Протоколот што треба да го потпишат МНР на Бугарија и Македонија францускиот амбасадор во земјава вели дека официјалните власти кажале дека тој документ ќе биде целосно достапен за јавноста, а оти во меѓувреме е потребно време за објаснување на договореното. -Можам да ви кажам повеќе работи – Протоколот е билатерален документ за кој се преговара меѓу две држави. Двете земји треба да се договорат за најдобриот начин на делување. За оваа тема како и за други теми за кои разговаравме претходно потребно е време за преговарање, но потребно е време за комуникација и објаснување. Токму тоа треба да го имаме на ум. Доколку не се лажам официјалните претставници јавно кажаа дека тој документ ќе биде достапен за јавноста, вели амбасадорот. За отпорот што се јави во македонската јавност за францускиот предлог, амбасадорот Бомгартнер вели дека е разбирлив со оглед на тоа што станува збор за мошне чувствителни теми. -Сосема разбирливо е да има отпор затоа што станува збор за чувствителни теми за граѓаните, за јавното мислење и од политичка гледна точка. Неспорно е дека некогаш може да има одредени резерви и отпор кај населението. Потребно е објаснување, но и неопходно е време со ладна глава да се проучи за што всушност станува збор имајќи на ум дека самата тема е многу чувствителна. Од друга страна предлогот е доста сложен. Станува збор за текстови кои се доста технички и доколку не поседуваме соодветно првно знаење тешко е да се разберат. Оправдана е потребата за разбирање и може да постои одредено чувство на фрустрираност, ако го немаме клучот за сами да си донесеме мислење во поглед на текстовите тогаш ги слушаме другите. Овде станува збор за прашање на доверба во институциите од кои се бара објаснување, вели францускиот амбасадор додавајќи дека на сето ова треба да се гледа рационално, без чувства, со цел да се разбере смислата на предлозите и на нивниот опсег. Во врска со тоа што францускиот претседател Емануел Макрон неколкупати употреби термин „северномакедонци“ во неколку дена, францускиот амбасадор рече дека веќе неколкупати било објаснето оти станувало збор за грешка. -Ќе повторам дека нема никаков сомнеж дека жителите на Македонија се Македонци. Имаше разговори меѓу Елисејската палата и македонското МНР на кои беа дадени објаснувања што одговараат на реалноста и им овозможуваат на сите да ги разберат околностите во кои тоа беше кажано. Сакам да потсетам и дека францускиот претседател пред два дена објави порака во која директно им се обраќа на Македонците, рече францускиот амбасадор Бомгартнер

The post Амбасадорот на Франција призна дека францускиот предлог се договарал во најголема тајност appeared first on Република.

]]>
Бомгартнер: Франција не поддржува раздвојување на пакетот Македонија – Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bomgartner-francija-ne-poddrzuva-razdvojuvanje-na-paketot-makedonija-albanija/ Sun, 01 May 2022 18:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=496127

Прашањето Тирана сама да ги стартува преговорите беше покренато многу пати во рамки на повеќе дебати во Унијата и она што произлезе како одговор е - НЕ, нема раздвојување на пакетот Скопје Софија, вели францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер во интервју за емисијата ЕВРОПАТ на ТВ 24.

Правно нема поврзаност меѓу двете змеји и според новата методологија, секоја може да напредува според своите заслуги и во тој поглед што сепак постои тој двоец , може на прв поглед ви се чини чуден, но овде зборуваме за нешто поспецифично – отворање на преговорите за членство, а тоа е само една етапа од процесот и јасно е дека во таа перспектива има смисла тој двоец и паралелизм меѓу двете прашања, затоа што доколку се случи раздвојување - би било дестабилизирачко кон оние кои би се почувствувале како жртви, вели Бомгратнер.

The post Бомгартнер: Франција не поддржува раздвојување на пакетот Македонија – Албанија appeared first on Република.

Гир и Бомгартнер: Патот кон членство во ЕУ води преку разговорите со Бугарија и реформите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-i-bomgartner-patot-kon-chlenstvo-vo-eu-vodi-preku-razgovorite-so-bugarija-i-reformite/ Thu, 03 Mar 2022 14:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=467145

Македонија ги има исполнето условите за отворање на преговорите, така што следниот чекор е што треба да напредуваме кон отворање на пристапните преговори. Сигурно дека Украина нема да го забави тој процес, меѓутоа треба да ги спроведеме реформите, коишто се брзиот пат кон членство во ЕУ. Новиот геополитички контекст само ја зајакнува стратешката важност за стабилизирање на регионот, особено за Македонија на премин кон нова етапа, а тоа е регионална интеграција, така што тој нов концепт не може да предизвика спротивни ефекти.

Ова го посочија евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер на заедничката прес-конференција за ситуацијата во Украина, во одговор на новинарско прашање дали со оглед на новонастанатата ситуација постои размислување да се забрза процесот на пристапување на Македонија и Албанија, и дали се размислува прием на Украина по брза постапка во ЕУ.

Гир и Бомгартнер отфрлија брз прием на Украина во ЕУ и истакнаа дека ситуацијата во Украина ја нагласува важноста на блиското партнерство со Унијата и вредноста на Македонија како членка на НАТО.

Имаме силен стратешки интерес да ја видиме Македонија членка на ЕУ, но треба да испорачате реформи. Имаме силен стратешки интерес да ја видиме оваа земја како земја членка на ЕУ. Тоа веќе беше изразено од страна на сите европски лидери во Брдо и тоа е всушност клучната порака која што ние ја кажавме. Се разбира дека процесот на пристапување треба да биде испорака на реформи. Ова е тековен процес што ќе ја приближи земјата до ЕУ и тоа мора да продолжи - порачаа Гир и Бомгартнер.

Бомгартнер подвлече дека во процесот за европска интеграција на Македонија, Франција придава стратешко значење и тоа е нешто што е веќе признаено.

И француските власти имаат повод тоа да го истакнуваат во повеќе наврати јавно велејќи дека формално Македонија ги исполнува сите услови што се бараат од ЕУ, прецизирајќи дека според нас, а мислам дека тоа го споделуваат и сите други земји дека во последните години земјата навистина постигна забележителен напредок и со тоа навистина се зголемува динамиката за приближување кон ЕУ, но исто така ние сме истакнувале дека постои стратешко значење во тој процес заради регионалната стабилност и денес ќе кажам дека сосема е јасно дека новиот геополитички контекст само го зајакнува ова тврдење - изјави Бомгартнер.

Тој кажа дека во однос на состојбата со која се соочуваме, легитимните украински власти имаат право да се обратат со такво барање до ЕУ.

Но, уште еднаш ќе кажам дека соочени со состојбата, таква каква што е сега, не е тоа приоритет затоа што приоритетот е како што кажав и претходно е да се изолира агресорот и конкретно и ефикасно да се даде поддршка на жртвата на агресијата. И што се однесува до Украина, не би рекол само до Украина, туку генерално за прашањето за европска интеграција мислам дека приоритетот објективен не е во Украина туку во овој регион. Уште повеќе во оваа земја и во Албанија, а во тој поглед знаете дека има процес што е во тек, што од близу се следи од европските институции и во тие рамки од страна на француското претседателство со ЕУ и секоја корисна активност во тој поглед ќе биде преземена за да може во најкраток можен рок да се постигне таа цел која што е заедничка, а тоа е што побрзо отворање на преговорите за членство со ЕУ - изјави Бомгартнер.

Гир од своја страна посочи дека денес ЕУ и Украина се поблиску од било кога, но оти се уште претстои долг пат.

Мораме да ставиме крај на ова и ние треба да разговараме за следните чекори. Јас сум сигурен дека никој не се сомнева, дека луѓето кои се спротивставија се борат толку силно и храбро за европските вредности и нивното место е во ЕУ. Меѓутоа, како што кажав тоа е одлука која што треба да се донесе од раководството на ЕУ тоа што се однесува на оваа земја - додаде Гир.

Според него, владеењето на правото исто така ќе биде важно за самата стабилност на земјата и нејзината отпорност во рамките на ЕУ.

The post Гир и Бомгартнер: Патот кон членство во ЕУ води преку разговорите со Бугарија и реформите appeared first on Република.

]]>

Македонија ги има исполнето условите за отворање на преговорите, така што следниот чекор е што треба да напредуваме кон отворање на пристапните преговори. Сигурно дека Украина нема да го забави тој процес, меѓутоа треба да ги спроведеме реформите, коишто се брзиот пат кон членство во ЕУ. Новиот геополитички контекст само ја зајакнува стратешката важност за стабилизирање на регионот, особено за Македонија на премин кон нова етапа, а тоа е регионална интеграција, така што тој нов концепт не може да предизвика спротивни ефекти. Ова го посочија евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир и амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер на заедничката прес-конференција за ситуацијата во Украина, во одговор на новинарско прашање дали со оглед на новонастанатата ситуација постои размислување да се забрза процесот на пристапување на Македонија и Албанија, и дали се размислува прием на Украина по брза постапка во ЕУ. Гир и Бомгартнер отфрлија брз прием на Украина во ЕУ и истакнаа дека ситуацијата во Украина ја нагласува важноста на блиското партнерство со Унијата и вредноста на Македонија како членка на НАТО.
Имаме силен стратешки интерес да ја видиме Македонија членка на ЕУ, но треба да испорачате реформи. Имаме силен стратешки интерес да ја видиме оваа земја како земја членка на ЕУ. Тоа веќе беше изразено од страна на сите европски лидери во Брдо и тоа е всушност клучната порака која што ние ја кажавме. Се разбира дека процесот на пристапување треба да биде испорака на реформи. Ова е тековен процес што ќе ја приближи земјата до ЕУ и тоа мора да продолжи - порачаа Гир и Бомгартнер.
Бомгартнер подвлече дека во процесот за европска интеграција на Македонија, Франција придава стратешко значење и тоа е нешто што е веќе признаено.
И француските власти имаат повод тоа да го истакнуваат во повеќе наврати јавно велејќи дека формално Македонија ги исполнува сите услови што се бараат од ЕУ, прецизирајќи дека според нас, а мислам дека тоа го споделуваат и сите други земји дека во последните години земјата навистина постигна забележителен напредок и со тоа навистина се зголемува динамиката за приближување кон ЕУ, но исто така ние сме истакнувале дека постои стратешко значење во тој процес заради регионалната стабилност и денес ќе кажам дека сосема е јасно дека новиот геополитички контекст само го зајакнува ова тврдење - изјави Бомгартнер.
Тој кажа дека во однос на состојбата со која се соочуваме, легитимните украински власти имаат право да се обратат со такво барање до ЕУ.
Но, уште еднаш ќе кажам дека соочени со состојбата, таква каква што е сега, не е тоа приоритет затоа што приоритетот е како што кажав и претходно е да се изолира агресорот и конкретно и ефикасно да се даде поддршка на жртвата на агресијата. И што се однесува до Украина, не би рекол само до Украина, туку генерално за прашањето за европска интеграција мислам дека приоритетот објективен не е во Украина туку во овој регион. Уште повеќе во оваа земја и во Албанија, а во тој поглед знаете дека има процес што е во тек, што од близу се следи од европските институции и во тие рамки од страна на француското претседателство со ЕУ и секоја корисна активност во тој поглед ќе биде преземена за да може во најкраток можен рок да се постигне таа цел која што е заедничка, а тоа е што побрзо отворање на преговорите за членство со ЕУ - изјави Бомгартнер.
Гир од своја страна посочи дека денес ЕУ и Украина се поблиску од било кога, но оти се уште претстои долг пат.
Мораме да ставиме крај на ова и ние треба да разговараме за следните чекори. Јас сум сигурен дека никој не се сомнева, дека луѓето кои се спротивставија се борат толку силно и храбро за европските вредности и нивното место е во ЕУ. Меѓутоа, како што кажав тоа е одлука која што треба да се донесе од раководството на ЕУ тоа што се однесува на оваа земја - додаде Гир.
Според него, владеењето на правото исто така ќе биде важно за самата стабилност на земјата и нејзината отпорност во рамките на ЕУ.

The post Гир и Бомгартнер: Патот кон членство во ЕУ води преку разговорите со Бугарија и реформите appeared first on Република.

]]>
Гир и Бомгартнер: Македонија е усогласена со ЕУ и НАТО во реакцијата околу Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-i-bomgartner-makedonija-e-usoglasena-so-eu-i-nato-vo-reakcijata-okolu-ukraina/ Thu, 03 Mar 2022 13:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=467124

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир и амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, на онлајн прес-конференција изјавија дека Русија мора веднаш да ги прекине своите воени дејствија и безусловно да се повлече од целата територија на Украина за да се врати во нејзините меѓународно признаени граници. Тие додадо дека ЕУ е обединета во силната поддршка на Украина и нејзиниот народ.

Според амбасадорот Гир, меѓународната заедница се решила за целосна излолација на Русија за да го држи одговорен претседателот Путин.

Не можеме да дозволиме Русија да се извлече со инвазија врз мирољубива земја. Оваа инвазија ќе го уништи меѓународниот поредок. Која било земја членка на меѓународната заедница исто така може да се соочи со иста закана по нејзиниот суверенитет - вели амбасадорот Гир.

Амбасадорот Бомгартнер говорејќи од име на Франција како актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека постои агресија, а агресорот е идентификуван и првиот одговор што го дава Европа и меѓународната заедница е потребата да се изолира и да се ослабне агресорот. ЕУ, вели, навистина делува во таа насока, а Франција која претседава со Советот на ЕУ е активна во потрага по таа продуктивна мобилизација.  

Двајцата укажаа на широките санкции воведени против Русија, како и кон Белорусија, кои, оценуваат дека  се на ниво кое никогаш досега не било направено, а со цел да се стави притисок на тие што се одговорни за инвазијата врз Украина.

Според Гир, обезбедена е значителна хуманитарна помош на украинскиот народ. Европската комисија веќе најави 90 милиони за Украина и Молдавија, а од почетокот на кризата од 2014 година доделена е 248 милиони евра хуманитарната помош. ЕК , додаде, исто така ќе одвои 50 милиони евра од европскиот буџет со цел да се соочи со хуманитарните последици од оваа криза. Дополнително ЕК веќе најави 1,2 милијарди евра како помош на украинската економија и исто така механизмот за цивилна заштита на ЕУ којшто ги координира одговорноста, акциите на ЕУ. 

Помагаме и на земјите членки на ЕУ да обезбедат сигурно прибежиште за бегалците. Земјите членки на ЕУ посочија дека 650 000 луѓе веќе имаат избегано од Украина и тој број се зголемува. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ веќе разгледуваат можност за активација на привремена директива за заштита, да им помогне во брза и ефективна помош на луѓето кои бегаат од војната во Украина. Исто така, се дава привремен престој, пристап до образование, на пазарот на трудот и на работни места - вели амбасадорот Гир.

Францускиот амбасадор подвлече дека во однос на поддршка на Украина, активноста која што ја спроведува ЕУ е навистина забележителна.

Во тој поглед се наоѓаме во состојба на промена на односите затоа што за првпат Европа, односно ЕУ одлучи да финансира купување на оружје, дури и купување на смртоносно оружје за помош на херојскиот отпор на Украина. Надвор од таа поддршка има и масивна помош која што се доделува на хуманитарен, макроекономски план итн - изјави Бомгартнер.    

Според него, мултилатералниот систем е зајакнат, но подвлече дека Европа од сето ова е поголема и посилна.

За оние кои се уште и веруваат, Европа покажува дека не е политичко „џуџе“, туку се повеќе се наметнува како силен и незаобиколен актер на којшто можеме сега да сметаме. Мислам дека сите овие настани го зголемуваат расудувањето дека е навистина неопходно Европа да се зајакнува затоа што историјата се менува и Европа се повеќе станува сила која што сака сопствена одбрана, сопствена автономија стратешка од областа на енергетиката, но исто така и зајакнување на капацитети за сопствено производство во критични сектори. ЕУ се повеќе се афирмира како голем политички актер во светскиот поредок. И не случајно тоа се и приоритетите на француското претседателство - порача Бомгартнер. 

Амбасадорите Гир и Бомгартнер ја поздравија и улогата на Македонија, која, според нив, демонстрирала меѓународна солидарност и одговорност, веднаш се усогласила со итните санкции на ЕУ против Русија и служи за пример во рамките на НАТО, со својот придонес во реакцијата на случувањата во Украина. 

The post Гир и Бомгартнер: Македонија е усогласена со ЕУ и НАТО во реакцијата околу Украина appeared first on Република.

]]>

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир и амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, на онлајн прес-конференција изјавија дека Русија мора веднаш да ги прекине своите воени дејствија и безусловно да се повлече од целата територија на Украина за да се врати во нејзините меѓународно признаени граници. Тие додадо дека ЕУ е обединета во силната поддршка на Украина и нејзиниот народ. Според амбасадорот Гир, меѓународната заедница се решила за целосна излолација на Русија за да го држи одговорен претседателот Путин.
Не можеме да дозволиме Русија да се извлече со инвазија врз мирољубива земја. Оваа инвазија ќе го уништи меѓународниот поредок. Која било земја членка на меѓународната заедница исто така може да се соочи со иста закана по нејзиниот суверенитет - вели амбасадорот Гир.
Амбасадорот Бомгартнер говорејќи од име на Франција како актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека постои агресија, а агресорот е идентификуван и првиот одговор што го дава Европа и меѓународната заедница е потребата да се изолира и да се ослабне агресорот. ЕУ, вели, навистина делува во таа насока, а Франција која претседава со Советот на ЕУ е активна во потрага по таа продуктивна мобилизација.   Двајцата укажаа на широките санкции воведени против Русија, како и кон Белорусија, кои, оценуваат дека  се на ниво кое никогаш досега не било направено, а со цел да се стави притисок на тие што се одговорни за инвазијата врз Украина. Според Гир, обезбедена е значителна хуманитарна помош на украинскиот народ. Европската комисија веќе најави 90 милиони за Украина и Молдавија, а од почетокот на кризата од 2014 година доделена е 248 милиони евра хуманитарната помош. ЕК , додаде, исто така ќе одвои 50 милиони евра од европскиот буџет со цел да се соочи со хуманитарните последици од оваа криза. Дополнително ЕК веќе најави 1,2 милијарди евра како помош на украинската економија и исто така механизмот за цивилна заштита на ЕУ којшто ги координира одговорноста, акциите на ЕУ. 
Помагаме и на земјите членки на ЕУ да обезбедат сигурно прибежиште за бегалците. Земјите членки на ЕУ посочија дека 650 000 луѓе веќе имаат избегано од Украина и тој број се зголемува. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ веќе разгледуваат можност за активација на привремена директива за заштита, да им помогне во брза и ефективна помош на луѓето кои бегаат од војната во Украина. Исто така, се дава привремен престој, пристап до образование, на пазарот на трудот и на работни места - вели амбасадорот Гир.
Францускиот амбасадор подвлече дека во однос на поддршка на Украина, активноста која што ја спроведува ЕУ е навистина забележителна.
Во тој поглед се наоѓаме во состојба на промена на односите затоа што за првпат Европа, односно ЕУ одлучи да финансира купување на оружје, дури и купување на смртоносно оружје за помош на херојскиот отпор на Украина. Надвор од таа поддршка има и масивна помош која што се доделува на хуманитарен, макроекономски план итн - изјави Бомгартнер.    
Според него, мултилатералниот систем е зајакнат, но подвлече дека Европа од сето ова е поголема и посилна.
За оние кои се уште и веруваат, Европа покажува дека не е политичко „џуџе“, туку се повеќе се наметнува како силен и незаобиколен актер на којшто можеме сега да сметаме. Мислам дека сите овие настани го зголемуваат расудувањето дека е навистина неопходно Европа да се зајакнува затоа што историјата се менува и Европа се повеќе станува сила која што сака сопствена одбрана, сопствена автономија стратешка од областа на енергетиката, но исто така и зајакнување на капацитети за сопствено производство во критични сектори. ЕУ се повеќе се афирмира како голем политички актер во светскиот поредок. И не случајно тоа се и приоритетите на француското претседателство - порача Бомгартнер. 
Амбасадорите Гир и Бомгартнер ја поздравија и улогата на Македонија, која, според нив, демонстрирала меѓународна солидарност и одговорност, веднаш се усогласила со итните санкции на ЕУ против Русија и служи за пример во рамките на НАТО, со својот придонес во реакцијата на случувањата во Украина. 

The post Гир и Бомгартнер: Македонија е усогласена со ЕУ и НАТО во реакцијата околу Украина appeared first on Република.

]]>
Русковска на средба со францускиот амбасадор Бомгартнер и судијата за врска Дибост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-na-sredba-so-francuskiot-ambasador-bomgartner-i-sudijata-za-vrska-dibost/ Wed, 23 Feb 2022 20:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=462681

Шефицата на Основнито јавено обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, имаше работен ручек со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бoмгартнер и судијата за врска со седиште во Белград, Фредерик Дибост, која неодамна стапи на оваа функција.

Од Јавното обвинилтество информираат дека на средбата станало збор за надлежноста на судијата за врска при Амбасадата на Франција, кој нема судска функција, туку има за цел да ја олесни билатералната кривична и граѓанска судска соработка помеѓу Франција и земјите во нејзината јурисдикција – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Кипар, Косово,  Македонија, Црна Гора и Србија.

Воедно, покрај прашањата поврзани со актуелните состојби во Обвинителството, биле разменети и информации за францускиот правосуден систем и системот на земјите што се под нејзина јурисдикција, а беа понудени и можности за остварување на соработка преку организација, анимација или поддршка за обуки и семинари, учество на размена и состаноци поврзани со кривично правната материја.

The post Русковска на средба со францускиот амбасадор Бомгартнер и судијата за врска Дибост appeared first on Република.

]]>

Шефицата на Основнито јавено обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, имаше работен ручек со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бoмгартнер и судијата за врска со седиште во Белград, Фредерик Дибост, која неодамна стапи на оваа функција. Од Јавното обвинилтество информираат дека на средбата станало збор за надлежноста на судијата за врска при Амбасадата на Франција, кој нема судска функција, туку има за цел да ја олесни билатералната кривична и граѓанска судска соработка помеѓу Франција и земјите во нејзината јурисдикција – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Кипар, Косово,  Македонија, Црна Гора и Србија. Воедно, покрај прашањата поврзани со актуелните состојби во Обвинителството, биле разменети и информации за францускиот правосуден систем и системот на земјите што се под нејзина јурисдикција, а беа понудени и можности за остварување на соработка преку организација, анимација или поддршка за обуки и семинари, учество на размена и состаноци поврзани со кривично правната материја.

The post Русковска на средба со францускиот амбасадор Бомгартнер и судијата за врска Дибост appeared first on Република.

]]>
Петровска-Бомгартнер: Македонија и Франција имаат блиска и плодна соработка во одбраната, на која и претстојат нови и интересни перспективи во иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-bomgartner-makedonija-i-francija-imaat-bliska-i-plodna-sorabotka-vo-odbranata-na-koja-i-pretstojat-novi-i-interesni-perspektivi-vo-idnina/ Wed, 09 Feb 2022 12:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=456200

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска имаше средба со францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер. Заклучокот од средбата е дека и двете држави имаат блиска и плодна соработка во одбраната, а на оваа соработка и претстојат и нови и интересни перспективи во иднина зашто и двете земји се исклучително посветени на тоа.

Од Министерството велат дека Петровска говорела за заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата, при што посочила дека Македонија дава свој придонес во оваа сфера. Имајќи предвид дека Франција е претседавач со Европската Унија првата половина од годинава, министерката ја истакнала потребата за брз почеток на преговорите за членство во Унијата.

Македонија направи исклучително голем прогрес и потребно е Унијата да го направи следниот чекор кој ќе биде силна мотивација за уште поголем развој. Земјава ги почитува и поддржува европските политики и нашето место е во Европската Унија. Последните неколку години направивме многу, реформите се видливи и затоа заслужуваме да го почнеме пристапниот процес - истакнала Петровска.

Бомгартнер порачал дека Франција целосно ја поддржува Македонија на патот кон Унијата и оти пристапните преговори треба да почнат што е можно поскоро.

Од МО велат дека соработката помеѓу двете земји и двете армии може да се види и преку заедничките обуки и заедничкото учество во воени вежби. На претстојната најголема воена вежба досега организирана во земјава „Swift Response 22“ ќе учествуваат и француски војници.

Двете држави активно соработуваат и во доменот на јазичната обука и школувањето на припадници на Армијата на Република Македонија на највисоките воени школи во Франција.

The post Петровска-Бомгартнер: Македонија и Франција имаат блиска и плодна соработка во одбраната, на која и претстојат нови и интересни перспективи во иднина appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска имаше средба со францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер. Заклучокот од средбата е дека и двете држави имаат блиска и плодна соработка во одбраната, а на оваа соработка и претстојат и нови и интересни перспективи во иднина зашто и двете земји се исклучително посветени на тоа. Од Министерството велат дека Петровска говорела за заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата, при што посочила дека Македонија дава свој придонес во оваа сфера. Имајќи предвид дека Франција е претседавач со Европската Унија првата половина од годинава, министерката ја истакнала потребата за брз почеток на преговорите за членство во Унијата.
Македонија направи исклучително голем прогрес и потребно е Унијата да го направи следниот чекор кој ќе биде силна мотивација за уште поголем развој. Земјава ги почитува и поддржува европските политики и нашето место е во Европската Унија. Последните неколку години направивме многу, реформите се видливи и затоа заслужуваме да го почнеме пристапниот процес - истакнала Петровска.
Бомгартнер порачал дека Франција целосно ја поддржува Македонија на патот кон Унијата и оти пристапните преговори треба да почнат што е можно поскоро. Од МО велат дека соработката помеѓу двете земји и двете армии може да се види и преку заедничките обуки и заедничкото учество во воени вежби. На претстојната најголема воена вежба досега организирана во земјава „Swift Response 22“ ќе учествуваат и француски војници. Двете држави активно соработуваат и во доменот на јазичната обука и школувањето на припадници на Армијата на Република Македонија на највисоките воени школи во Франција.

The post Петровска-Бомгартнер: Македонија и Франција имаат блиска и плодна соработка во одбраната, на која и претстојат нови и интересни перспективи во иднина appeared first on Република.

]]>
Франција инвестираше 270 милиони евра во соларен парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/francija-investirashe-270-milioni-evra-vo-solaren-park/ Thu, 20 Jan 2022 16:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=447240

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер, на која беше истакнато дека од 2020 година, по средбата на францускиот претседателот Емануел Макрон со поранешниот премиер Зоран Заев, Франција и Македонија испишуваат ново поглавје на соработка кое се рефлектира со првата инвестиција со соларниот парк на компанијата „Акио Енерџи“ вреден преку 270 милиони евра.

Имено, тоа е прва инвестиција од Франција после 12 години и со влегувањето на Француската агенција за развој којашто во партнерство со Развојната банка на Македонија планира значајни инвестициони проекти за поддршка на бизнис секторот, за локалната самоуправа, за граѓанскиот сектор и за други области.

– Премиерот Ковачевски и амбасадорот Бомгартнер изразија подготвеност за исклучителна соработка во наредните месеци на планот на евроинтеграциите на Македонија со цел за време на претседавањето на Франција со ЕУ да биде постигнат видлив напредок кој двете земји ќе ги приближи до остварување на целта да се одржи првата Меѓувладина конференција како почеток на преговорите на нашата земја за членство во Унијата, соопштија од Влада.

Премиерот Ковачевски ги истакнал традиционалните пријателски односи меѓу двете земји кои во поновата историја на Македонија се поврзани со значаен придонес на истакнати личности од политичкиот живот на Франција, како што се Роберт Бадентер, како претседател на Комисијата за поранешна Југославија која во 1990 година потврди дека Република Македонија ги исполнува сите критериуми за независност, како и Ален Ле Роа со својот придонес во постигнувањето на Охридскиот договор

The post Франција инвестираше 270 милиони евра во соларен парк appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер, на која беше истакнато дека од 2020 година, по средбата на францускиот претседателот Емануел Макрон со поранешниот премиер Зоран Заев, Франција и Македонија испишуваат ново поглавје на соработка кое се рефлектира со првата инвестиција со соларниот парк на компанијата „Акио Енерџи“ вреден преку 270 милиони евра. Имено, тоа е прва инвестиција од Франција после 12 години и со влегувањето на Француската агенција за развој којашто во партнерство со Развојната банка на Македонија планира значајни инвестициони проекти за поддршка на бизнис секторот, за локалната самоуправа, за граѓанскиот сектор и за други области. – Премиерот Ковачевски и амбасадорот Бомгартнер изразија подготвеност за исклучителна соработка во наредните месеци на планот на евроинтеграциите на Македонија со цел за време на претседавањето на Франција со ЕУ да биде постигнат видлив напредок кој двете земји ќе ги приближи до остварување на целта да се одржи првата Меѓувладина конференција како почеток на преговорите на нашата земја за членство во Унијата, соопштија од Влада. Премиерот Ковачевски ги истакнал традиционалните пријателски односи меѓу двете земји кои во поновата историја на Македонија се поврзани со значаен придонес на истакнати личности од политичкиот живот на Франција, како што се Роберт Бадентер, како претседател на Комисијата за поранешна Југославија која во 1990 година потврди дека Република Македонија ги исполнува сите критериуми за независност, како и Ален Ле Роа со својот придонес во постигнувањето на Охридскиот договор

The post Франција инвестираше 270 милиони евра во соларен парк appeared first on Република.

]]>
Франција ги закопа надежите за датум во догледно време, а не пак за јануари како што се надеваше Димитров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/francija-gi-zakopa-nadezite-za-datum-vo-dogledno-vreme-a-ne-pak-za-januari-kako-shto-se-nadevashe-dimitrov/ Fri, 14 Jan 2022 08:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=444443

Со вчерашното претставување на приоритетите на француското претседателство со ЕУ стана јасно она што и од порано се знаеше дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите.

Амбасадорот Сирил Бомгартнер, на културен, дипломатски рече дека Франција не се обврзува со временска рамка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Приоритет во следните шест месеви ќе биде  ковид кризата.

Разбирливо е што овде во Македонија се зборува само за членство, но Унијата се соочува со големи предизвици, рече францускиот амбасадор.

Досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров по последното вето од Бугарија рече дека и јануари е опција да добиеме датум за почеток на преговорите.

Од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време-оптимист беше Димитров во ноември.

За потсетување, и пратеникот Кастриот Реџепи откако не се појави на гласање за недоврерба на владата рече дека неговата сопруга слушнала на телевизија дека францускиот претседател Макрон ќе ни даде датум за преговори.

The post Франција ги закопа надежите за датум во догледно време, а не пак за јануари како што се надеваше Димитров appeared first on Република.

]]>

Со вчерашното претставување на приоритетите на француското претседателство со ЕУ стана јасно она што и од порано се знаеше дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите. Амбасадорот Сирил Бомгартнер, на културен, дипломатски рече дека Франција не се обврзува со временска рамка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Приоритет во следните шест месеви ќе биде  ковид кризата.
Разбирливо е што овде во Македонија се зборува само за членство, но Унијата се соочува со големи предизвици, рече францускиот амбасадор.
Досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров по последното вето од Бугарија рече дека и јануари е опција да добиеме датум за почеток на преговорите.
Од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време-оптимист беше Димитров во ноември.
За потсетување, и пратеникот Кастриот Реџепи откако не се појави на гласање за недоврерба на владата рече дека неговата сопруга слушнала на телевизија дека францускиот претседател Макрон ќе ни даде датум за преговори.  

The post Франција ги закопа надежите за датум во догледно време, а не пак за јануари како што се надеваше Димитров appeared first on Република.

]]>
Датум не вети: За францускиот амбасадор приоритет е изградба на силна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/datum-ne-veti-za-francuskiot-ambasador-prioritet-e-izgradba-na-silna-evropa/ Thu, 13 Jan 2022 11:35:37 +0000 https://republika.mk/?p=444119

Зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвци со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година. Во тој контекст, како што најави амбасадорот на Француската Република во Македонија Сирил Бомгартнер, во следните шест месеци ќе бидат и активностите што во рамки на француското претседателство ќе се преземаат и во земјава. Ќе зборуваме за Европа, вели тој, но, не само од аспект на прашањето за членство, туку и од останатите кои се важни за Унијата, но и за земјата како идна членка на ЕУ.

-Што се однесува до прашањето на проширувањето и отворање на преговорите за членство на Македонија, за оваа тема нема некој точно утврден рок, затоа што тој зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите. Во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но, јасно е дека со француското претседателство постојано ќе се поддржува земјата, за да може работите да напредуваат конструктивно и во добра насока, со цел колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок кој сите го очекуваат, порача амбасадорот Бомгартнер пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции пред кој ги презентираше приоритетите на француското претседателство.

Во рамки на франциското претседавање со Советот на ЕУ, нагласува тој, оваа половина од годината во Македонија ќе биде повод да зборуваме за Европа, но, малку пошироко од прашањето за члентво во ЕУ.

-Многу зборуваме за ЕУ, но, секогаш низ призмата на членството и проширувањето, што е можеби нормално и природно. Но, Европа се соочува со големи предизвици и за да можат да се решат има политичка амбиција во повеќе области од сето тоа и вие Македонците сте директно засегнати, затоа што е добро да се подготви утрешна Европа, но, тоа е и ваша иднина како европски народ и како земја која еден ден ден ќе биде дел од ЕУ, додаде тој.

Според него, Европа е заедничко добро и не треба да се заборави дека на европскиот континент споделуваме заеднички суштински вредности, како што е демократијата, хуманизмот, просветителството, човековите права. Токму тие вредности, нагласи, се тие кои не обединуваат сите нас Европејци и кога сите тие вредности се заедно, не разликуваат од остатокот на светот.

Со ставот дека реформите во ЕУ се битни и за регионот се согласува и евроамбасадорот Дејвид Гир.

-Реформите кои ги планирате ќе бидат добри за Европската унија, а со тоа и за идните земји членки и за оваа држава. Важно е во исто време да видиме напредок на билатералното прашање со Бугарија и да видиме дека Македонија продолжува да напредува и со реформите на својот европски пат, рече Гир.

Тој истакна дека и од владејачките и од опозициските партии очекува обединување околу европските приориотети како придобивка за сите.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров смета дека земјава и Европската Унија се заемно поврзани и оти успехот или неуспехот на едната е успех и ли неуспех на другата.

-Ние сме во ситуација на заеднички успех или заеднички неуспех. Македонскиот случај е најубедливиот, најдрастичниот тест за кредибилитетот на политиката на ЕУ кон регинот на Западен Балкан. Тоа го кажа и самата Комисија во пакетот за проширување во октомври, тоа го кажуваат и официјални претставници на Франција. Затоа ако успееме, успехот ќе биде и на ЕУ, ќе биде добар за регионот, ќе биде добар за Македонија и за Бугарија. Неуспехот е исто така пораз и голем проблем за сите, вклучувајќи не и нас нашите комшии и самата ЕУ, рече Димитров.

Александар Николовски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции смета дека во претстојниот период се клучни две работи – енергетската и економската криза, со која се соочуваат и другите земји, но и Македонија.

-Се надевам ќе има релаксација од страна на глобалниот пазар, по однос прогласувањето транзиторна зелена енергија на гасот, тоа ќе ги релаксира малку цените на европскиот пазар, рече Николовски.

Тој ја искористи приликата и се осврна на вчерашната прес конференција на вицепремиерот Димитров. Според него, она што вчера го изјави Димитров е во насока на тоа на што опозицијата предупредувала подолг временски период. Тој вели дека последните случувања во Бугарија кај него не оставаат простор за оптимизам и тука, вели, треба да сме реални и искрени кон граѓаните.

– Четири години имаме ветувања, не овој јуни, следниот декември, прво се ветуваше во декември, па во јануари иако бевме свесни дека тоа е невозможно, треба да сме порезервирани во однос на ветувањата, рече Николовски.  

Арбер Адеми во дискусијата истакна дека доколку со една реченица би го резимирал француското претседавање би рекол дека нашата цел е Македонија да добие позитивен сигнал за одобрување на преговарачката рамка за почеток на преговори.

-Пред 17 години бевме лидери меѓу државите од Западен Балкан и успеавме во сложени политички услови во ЕУ покрај неуспешниот референдум во тој период да добиеме статус на кандидатска земја. Сега после толку многу години со право очекуваме позитивен исчекор за земјите од Западен Балкан кон европското семејство. Нивната интерација во ЕУ е од стратешки интерес за двете страни и е потребно поголемо вклучување за дебатата за иднината на ЕУ, рече Адеми.  

Во контекст на нашиот актуелен билатерален спор со Бугарија, тој се надева дека новите влади во двете земји ќе имаат позитивен ефект во унапредувањето на нашите билатерални односи.

 –Недозволиво е сега после толку години да се откажеме од нашите зацртани стратешки цели. Тоа се генерациски, а не дневнополитички стратешки цели. Мора да го изнајдеме вистинскиот пат по кој државата ќе се движи, од нас ќе зависи да покажеме способност како институции со цел да работиме со посветеност од нашите домашни обврски кои се значајни за членство во ЕУ, но повеќе за нас, рече Адеми.  

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ смета дека целите што ги презентираше францускиот амбасадор се амбициони, но оти тоа се цели со чие остварување конечно Европа, не само ЕУ, ќе биде една слободна, суверена, деморкатска, развиена и безбедна Европа.

-Сонот кој сите Европејци го имаат многу одамна, бидејќи Европа е лулка на слободата и демократијата. Верувам дека овој претставен план конечно ќе може да ја врати Европа на вистинските постулати и вредности на кои почива Европскиот договор, рече таа додавајќи дека во остварувањето на поставените цели треба да биде вклучени и Западен Балкан како дел од Европа. 

Соња Мираковска од НСДП, верува дека до крајот на француското претседателство со Советот ќе се дојде до нашата приоритетна цел тоа е првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Она што не сопна, е спорот со Бугарија. Во решавањето на овој спор имаме потреба од помош и посредништво, придружување во процесот за поефикасно приближување. И затоа сметам дека посредништвото на Франција во решавањето на билатералниот спор е потребно и ќе биде исклучително значајно, рече Мираковска додавајќи оти е уверена дека на овој начин ќе се дојде до посакуваниот резултат. 

The post Датум не вети: За францускиот амбасадор приоритет е изградба на силна Европа appeared first on Република.

]]>

Зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвци со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година. Во тој контекст, како што најави амбасадорот на Француската Република во Македонија Сирил Бомгартнер, во следните шест месеци ќе бидат и активностите што во рамки на француското претседателство ќе се преземаат и во земјава. Ќе зборуваме за Европа, вели тој, но, не само од аспект на прашањето за членство, туку и од останатите кои се важни за Унијата, но и за земјата како идна членка на ЕУ.
-Што се однесува до прашањето на проширувањето и отворање на преговорите за членство на Македонија, за оваа тема нема некој точно утврден рок, затоа што тој зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите. Во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но, јасно е дека со француското претседателство постојано ќе се поддржува земјата, за да може работите да напредуваат конструктивно и во добра насока, со цел колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок кој сите го очекуваат, порача амбасадорот Бомгартнер пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции пред кој ги презентираше приоритетите на француското претседателство.
Во рамки на франциското претседавање со Советот на ЕУ, нагласува тој, оваа половина од годината во Македонија ќе биде повод да зборуваме за Европа, но, малку пошироко од прашањето за члентво во ЕУ. -Многу зборуваме за ЕУ, но, секогаш низ призмата на членството и проширувањето, што е можеби нормално и природно. Но, Европа се соочува со големи предизвици и за да можат да се решат има политичка амбиција во повеќе области од сето тоа и вие Македонците сте директно засегнати, затоа што е добро да се подготви утрешна Европа, но, тоа е и ваша иднина како европски народ и како земја која еден ден ден ќе биде дел од ЕУ, додаде тој. Според него, Европа е заедничко добро и не треба да се заборави дека на европскиот континент споделуваме заеднички суштински вредности, како што е демократијата, хуманизмот, просветителството, човековите права. Токму тие вредности, нагласи, се тие кои не обединуваат сите нас Европејци и кога сите тие вредности се заедно, не разликуваат од остатокот на светот. Со ставот дека реформите во ЕУ се битни и за регионот се согласува и евроамбасадорот Дејвид Гир. -Реформите кои ги планирате ќе бидат добри за Европската унија, а со тоа и за идните земји членки и за оваа држава. Важно е во исто време да видиме напредок на билатералното прашање со Бугарија и да видиме дека Македонија продолжува да напредува и со реформите на својот европски пат, рече Гир. Тој истакна дека и од владејачките и од опозициските партии очекува обединување околу европските приориотети како придобивка за сите. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров смета дека земјава и Европската Унија се заемно поврзани и оти успехот или неуспехот на едната е успех и ли неуспех на другата. -Ние сме во ситуација на заеднички успех или заеднички неуспех. Македонскиот случај е најубедливиот, најдрастичниот тест за кредибилитетот на политиката на ЕУ кон регинот на Западен Балкан. Тоа го кажа и самата Комисија во пакетот за проширување во октомври, тоа го кажуваат и официјални претставници на Франција. Затоа ако успееме, успехот ќе биде и на ЕУ, ќе биде добар за регионот, ќе биде добар за Македонија и за Бугарија. Неуспехот е исто така пораз и голем проблем за сите, вклучувајќи не и нас нашите комшии и самата ЕУ, рече Димитров. Александар Николовски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции смета дека во претстојниот период се клучни две работи – енергетската и економската криза, со која се соочуваат и другите земји, но и Македонија. -Се надевам ќе има релаксација од страна на глобалниот пазар, по однос прогласувањето транзиторна зелена енергија на гасот, тоа ќе ги релаксира малку цените на европскиот пазар, рече Николовски. Тој ја искористи приликата и се осврна на вчерашната прес конференција на вицепремиерот Димитров. Според него, она што вчера го изјави Димитров е во насока на тоа на што опозицијата предупредувала подолг временски период. Тој вели дека последните случувања во Бугарија кај него не оставаат простор за оптимизам и тука, вели, треба да сме реални и искрени кон граѓаните. – Четири години имаме ветувања, не овој јуни, следниот декември, прво се ветуваше во декември, па во јануари иако бевме свесни дека тоа е невозможно, треба да сме порезервирани во однос на ветувањата, рече Николовски.   Арбер Адеми во дискусијата истакна дека доколку со една реченица би го резимирал француското претседавање би рекол дека нашата цел е Македонија да добие позитивен сигнал за одобрување на преговарачката рамка за почеток на преговори. -Пред 17 години бевме лидери меѓу државите од Западен Балкан и успеавме во сложени политички услови во ЕУ покрај неуспешниот референдум во тој период да добиеме статус на кандидатска земја. Сега после толку многу години со право очекуваме позитивен исчекор за земјите од Западен Балкан кон европското семејство. Нивната интерација во ЕУ е од стратешки интерес за двете страни и е потребно поголемо вклучување за дебатата за иднината на ЕУ, рече Адеми.   Во контекст на нашиот актуелен билатерален спор со Бугарија, тој се надева дека новите влади во двете земји ќе имаат позитивен ефект во унапредувањето на нашите билатерални односи.  –Недозволиво е сега после толку години да се откажеме од нашите зацртани стратешки цели. Тоа се генерациски, а не дневнополитички стратешки цели. Мора да го изнајдеме вистинскиот пат по кој државата ќе се движи, од нас ќе зависи да покажеме способност како институции со цел да работиме со посветеност од нашите домашни обврски кои се значајни за членство во ЕУ, но повеќе за нас, рече Адеми.   Пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ смета дека целите што ги презентираше францускиот амбасадор се амбициони, но оти тоа се цели со чие остварување конечно Европа, не само ЕУ, ќе биде една слободна, суверена, деморкатска, развиена и безбедна Европа. -Сонот кој сите Европејци го имаат многу одамна, бидејќи Европа е лулка на слободата и демократијата. Верувам дека овој претставен план конечно ќе може да ја врати Европа на вистинските постулати и вредности на кои почива Европскиот договор, рече таа додавајќи дека во остварувањето на поставените цели треба да биде вклучени и Западен Балкан како дел од Европа.  Соња Мираковска од НСДП, верува дека до крајот на француското претседателство со Советот ќе се дојде до нашата приоритетна цел тоа е првата меѓувладина конференција со ЕУ.Она што не сопна, е спорот со Бугарија. Во решавањето на овој спор имаме потреба од помош и посредништво, придружување во процесот за поефикасно приближување. И затоа сметам дека посредништвото на Франција во решавањето на билатералниот спор е потребно и ќе биде исклучително значајно, рече Мираковска додавајќи оти е уверена дека на овој начин ќе се дојде до посакуваниот резултат. 

The post Датум не вети: За францускиот амбасадор приоритет е изградба на силна Европа appeared first on Република.

]]>
Николоски го прозва МНР зошто не реагираше на изјавите на Трифонов, Рамчиловиќ скокна да ја брани бугарската страна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-go-prozva-mnr-zoshto-ne-reagirashe-na-izjavite-na-trifonov-ramchilovikj-skokna-da-ja-brani-bugarskata-strana/ Tue, 04 Jan 2022 15:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=440576

Подготовката за собраниската седница предвидена за 13 јануари на која амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер ќе ги презентира приоритетите на француското претседателство со ЕУ, беше една од главните теми на денешниот заседание на Националниот совет за евроинтеграции.

Според најавите, на собраниската седница на 13 јануари, покрај Бомгартнер, ќе присуствуваат и амбасадорите на Германија и Чешка во Скопје, Анке Холштајн и Мирослав Томан, како и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оцени дека непримерно и недозволиво е што Министерството за надворешни работи не реагирало за ставовите на лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов, кој стартот на преговорите на Македонија со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната.

Недозволиво е да не се реагира на вакви изјави. Да имаше изјава обратно од оваа страна, да речеме претседателот на СДСМ или на ДУИ да имаа ваква навредлива изјава кон Бугарија и бугарскиот народ, бидете убедени дека амбасадорот, кој што за жал го немаме во Софија, односно во случајов претставник на македонската Амбасада, ќе беше повикан и ќе му беше испратена протесна нота од бугарското МНР, изјави Николоски.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ, нема да поддржи решение со Софија кое би било надвор од Резолуцијата усвоена во Собранието со која беа исцртани црвените линии на земјава.

За членот на Националниот совет за евроинтеграции Зекир Рамчиловиќ, кој е од редовите на коалицијата предводена од СДСМ, изјавите на Трифонов се негов личен став, желби и видувања, од кои не зависат преговорите на земјава со Унијата.

Верувам во она што се најавите од новиот бугарски премиер дека работите ќе се одвиваат во друга насока, изјави Рамчиловиќ, изразувајќи надеж за брзо започнување на преговорите на земјава со ЕУ.

Тој го повтори очекувањето дека бугарските барање нема да бидат дел од преговарачката рамка на земјава со ЕУ, ниту пак услов за започнување преговорите со Унијата.

Според Рамчиловиќ, не би требало да дојде ни до одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, бидејќи со тоа би била упатена погрешна порака не само за граѓаните на земјава, туку и за целиот регион.

The post Николоски го прозва МНР зошто не реагираше на изјавите на Трифонов, Рамчиловиќ скокна да ја брани бугарската страна appeared first on Република.

]]>

Подготовката за собраниската седница предвидена за 13 јануари на која амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер ќе ги презентира приоритетите на француското претседателство со ЕУ, беше една од главните теми на денешниот заседание на Националниот совет за евроинтеграции. Според најавите, на собраниската седница на 13 јануари, покрај Бомгартнер, ќе присуствуваат и амбасадорите на Германија и Чешка во Скопје, Анке Холштајн и Мирослав Томан, како и евроамбасадорот Дејвид Гир. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оцени дека непримерно и недозволиво е што Министерството за надворешни работи не реагирало за ставовите на лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов, кој стартот на преговорите на Македонија со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната.
Недозволиво е да не се реагира на вакви изјави. Да имаше изјава обратно од оваа страна, да речеме претседателот на СДСМ или на ДУИ да имаа ваква навредлива изјава кон Бугарија и бугарскиот народ, бидете убедени дека амбасадорот, кој што за жал го немаме во Софија, односно во случајов претставник на македонската Амбасада, ќе беше повикан и ќе му беше испратена протесна нота од бугарското МНР, изјави Николоски.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ, нема да поддржи решение со Софија кое би било надвор од Резолуцијата усвоена во Собранието со која беа исцртани црвените линии на земјава. За членот на Националниот совет за евроинтеграции Зекир Рамчиловиќ, кој е од редовите на коалицијата предводена од СДСМ, изјавите на Трифонов се негов личен став, желби и видувања, од кои не зависат преговорите на земјава со Унијата.
Верувам во она што се најавите од новиот бугарски премиер дека работите ќе се одвиваат во друга насока, изјави Рамчиловиќ, изразувајќи надеж за брзо започнување на преговорите на земјава со ЕУ.
Тој го повтори очекувањето дека бугарските барање нема да бидат дел од преговарачката рамка на земјава со ЕУ, ниту пак услов за започнување преговорите со Унијата. Според Рамчиловиќ, не би требало да дојде ни до одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, бидејќи со тоа би била упатена погрешна порака не само за граѓаните на земјава, туку и за целиот регион.

The post Николоски го прозва МНР зошто не реагираше на изјавите на Трифонов, Рамчиловиќ скокна да ја брани бугарската страна appeared first on Република.

]]>