Сириец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siriec/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Jun 2023 11:44:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сириец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siriec/ 32 32 Објавено видео како луѓе трчаат по Сириецот кој избоде деца во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/objaveno-video-kako-luge-trchaat-po-sirietsot-koj-izbode-detsa-vo-frantsija/ Thu, 08 Jun 2023 11:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=649230

Четири мали деца и еден возрасен се повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи, соопшти француската полиција, откако првично извести дека осум деца се повредени.

Животите на три жртви се во опасност, пренесуваат агенциите. Според некои медиуми станува збор за три деца, а според други медиуми две деца и еден возрасен. Децата се на околу три години, соопшти полицијата.

Луѓето трчаа, плачеа, паничеа … беше ужасно, изјави еден сведок за радио Франс Инфо.

Ужасната сум … да напаѓаш деца е одвратно. Незамисливо е што се случи овде утрово на место кое е толку мирно, место кое го сакаат и жителите и туристите. Потресени сме, изјави пратеничката Вирџинија Дуби-Мулер изјави за BFMTV.

Во паркот покрај езерото во Анеси, деца на околу три години биле на утрински излет кога одеднаш се појавил маж со нож и почнал да ги боде. Некои од децата биле во колички, јави Би-Би-Си. Напаѓачот потоа побегнал од местото на настанот, а потоа нападнал постар човек кој се движел во близина. Во тој момент интервенирала полицијата, при што напаѓачот бил застрелан во нозете и совладан.


Полицијата соопшти дека осомничениот е Абдалмасих Х., сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон се огласи на Твитер за нападот со нож, нарекувајќи го чин на „кукавичлук“.

Нацијата е во шок. Нашите мисли се со повредените, како и со нивните семејства и со итните служби, додаде тој.

The post Објавено видео како луѓе трчаат по Сириецот кој избоде деца во Франција appeared first on Република.

]]>

Четири мали деца и еден возрасен се повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи, соопшти француската полиција, откако првично извести дека осум деца се повредени. Животите на три жртви се во опасност, пренесуваат агенциите. Според некои медиуми станува збор за три деца, а според други медиуми две деца и еден возрасен. Децата се на околу три години, соопшти полицијата.
Луѓето трчаа, плачеа, паничеа … беше ужасно, изјави еден сведок за радио Франс Инфо. Ужасната сум … да напаѓаш деца е одвратно. Незамисливо е што се случи овде утрово на место кое е толку мирно, место кое го сакаат и жителите и туристите. Потресени сме, изјави пратеничката Вирџинија Дуби-Мулер изјави за BFMTV.
Во паркот покрај езерото во Анеси, деца на околу три години биле на утрински излет кога одеднаш се појавил маж со нож и почнал да ги боде. Некои од децата биле во колички, јави Би-Би-Си. Напаѓачот потоа побегнал од местото на настанот, а потоа нападнал постар човек кој се движел во близина. Во тој момент интервенирала полицијата, при што напаѓачот бил застрелан во нозете и совладан. Полицијата соопшти дека осомничениот е Абдалмасих Х., сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година. Францускиот претседател Емануел Макрон се огласи на Твитер за нападот со нож, нарекувајќи го чин на „кукавичлук“.
Нацијата е во шок. Нашите мисли се со повредените, како и со нивните семејства и со итните служби, додаде тој.

The post Објавено видео како луѓе трчаат по Сириецот кој избоде деца во Франција appeared first on Република.

]]>