сипаници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sipanici/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 17:03:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сипаници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sipanici/ 32 32 СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-brojot-na-zaboleni-od-sipanitsi-vo-svetot-minatata-godina-se-zgolemil-za-20-otsto/ Sun, 17 Nov 2024 17:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=838905

Бројот на случаи на мали сипаници на глобално ниво се зголеми за 20 отсто лани поради недостиг на вакцинација во најсиромашните земји во светот и оние кои се погодени од конфликти, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и американските центри за контрола и превенција на болести.

Се прецизира дека минатата година биле регистрирани околу 10,3 милиони случаи на заразени со сипаници во споредба со 8,65 милиони во 2022 година.

Повеќе од 22 милиони деца ја пропуштија првата доза вакцини против сипаници минатата година, се нагласува во соопштението.

Бројот на смртни случаи поврзани со таа болест се намали за осум отсто минатата година на 107.500 поради подобриот пристап до здравствени услуги и вакцини во земјите со високи приходи, како што е Европа.

Во соопштението се наведува дека речиси половина од сите епидемии на сипаници се случиле во африканските земји, каде што бројот на смртни случаи е зголемен за 37 отсто.

 

The post СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто appeared first on Република.

]]>

Бројот на случаи на мали сипаници на глобално ниво се зголеми за 20 отсто лани поради недостиг на вакцинација во најсиромашните земји во светот и оние кои се погодени од конфликти, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и американските центри за контрола и превенција на болести. Се прецизира дека минатата година биле регистрирани околу 10,3 милиони случаи на заразени со сипаници во споредба со 8,65 милиони во 2022 година. Повеќе од 22 милиони деца ја пропуштија првата доза вакцини против сипаници минатата година, се нагласува во соопштението. Бројот на смртни случаи поврзани со таа болест се намали за осум отсто минатата година на 107.500 поради подобриот пристап до здравствени услуги и вакцини во земјите со високи приходи, како што е Европа. Во соопштението се наведува дека речиси половина од сите епидемии на сипаници се случиле во африканските земји, каде што бројот на смртни случаи е зголемен за 37 отсто.  

The post СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-vkupno-903-litsa-so-ovchi-sipanitsi-vo-januari/ Mon, 19 Feb 2024 18:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=745814

Во текот на првиот месец од годинава во земјава пријавени се вкупно 1.182 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 64,4 на 100.000 жители. Во текот на јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 23,8 отсто, во однос на претходниот месец, декември 2023 година, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014–2023, за 16,7 проценти. Во однос на јануари 2023, се бележи зголемување за 5,3 отсто, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на центрите за јавно здравје (ЦЈЗ) е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид.

Низ јануари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 903 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,4 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,9 проценти.

На второ место по број на пријавени заболени во месец јануари се ентероколити, со 163 случаи.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, се регистрирани четири заболени лица и тоа пријавени се по два случаја на вирусен хепатитис Б и инфекција со хламидија.

Во текот на месец јануари, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 31 јануари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 639 и тоа: 126 лица починале, 513 живеат со ХИВ/СИДА.

– Регистрирани се и по два случаја на вирусен хепатитис Б и пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Македонија и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски. Еден случај на заразни заушки е регистриран во Кичево, кај лице на возраст од 19 години, вакцинирано, а дијагнозата е потврдена клинички, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на месец јануари, пријавени се вкупно 187 случаи на КОВИД-19, според податоците на ИЈЗ. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јануари, пријавени се вкупно 350.503 потврдени случаи на КОВИД-19 и 9.976 смртни случаи.

Во текот на месец јануари, до Институтот за јавно здравје е пристигната една пријава за епидемија на алиментарна интоксикација од ЦЈЗ Куманово. Епидемијата е пријавена на 02.01.2024, како семејна епидемија во која од експонираните 14 лица заболеле пет, на возраст од 5 до 59 години, од кои три лица биле хоспитализирани. Направено е епидемиолошко истражување и едукација на населението за придржување кон принципите за подготовка и консумација на безбедна храна. Епидемијата е одјавена на 10.01.2024, велат од ИЈЗ.

– Во текот на месец јануари пријавен е еден смртен случај од акутно заразно заболување – не сметајќи ги КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со дг: пневмококен менингитис. Регистрираниот случај е машко лице на возраст од 38 години од Скопје. Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) од 2 до 21 јануари годинава, кога настапил смртниот исход, покажуваат податоците од извештајот на ИЈЗ.

Во текот на месец јануари, пристигнати се две пријави за заразно заболување за салмонелоза кај странски државјанин од САД и алиментарна интоксикација кај странски државјанин од Словенија, кои престојувале во државава.

The post ИЈЗ: Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари appeared first on Република.

]]>

Во текот на првиот месец од годинава во земјава пријавени се вкупно 1.182 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 64,4 на 100.000 жители. Во текот на јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 23,8 отсто, во однос на претходниот месец, декември 2023 година, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014–2023, за 16,7 проценти. Во однос на јануари 2023, се бележи зголемување за 5,3 отсто, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на центрите за јавно здравје (ЦЈЗ) е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид. Низ јануари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 903 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,4 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,9 проценти. На второ место по број на пријавени заболени во месец јануари се ентероколити, со 163 случаи. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, се регистрирани четири заболени лица и тоа пријавени се по два случаја на вирусен хепатитис Б и инфекција со хламидија. Во текот на месец јануари, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 31 јануари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 639 и тоа: 126 лица починале, 513 живеат со ХИВ/СИДА. – Регистрирани се и по два случаја на вирусен хепатитис Б и пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Македонија и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски. Еден случај на заразни заушки е регистриран во Кичево, кај лице на возраст од 19 години, вакцинирано, а дијагнозата е потврдена клинички, се наведува во извештајот на ИЈЗ. Во текот на месец јануари, пријавени се вкупно 187 случаи на КОВИД-19, според податоците на ИЈЗ. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јануари, пријавени се вкупно 350.503 потврдени случаи на КОВИД-19 и 9.976 смртни случаи. Во текот на месец јануари, до Институтот за јавно здравје е пристигната една пријава за епидемија на алиментарна интоксикација од ЦЈЗ Куманово. Епидемијата е пријавена на 02.01.2024, како семејна епидемија во која од експонираните 14 лица заболеле пет, на возраст од 5 до 59 години, од кои три лица биле хоспитализирани. Направено е епидемиолошко истражување и едукација на населението за придржување кон принципите за подготовка и консумација на безбедна храна. Епидемијата е одјавена на 10.01.2024, велат од ИЈЗ. – Во текот на месец јануари пријавен е еден смртен случај од акутно заразно заболување – не сметајќи ги КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со дг: пневмококен менингитис. Регистрираниот случај е машко лице на возраст од 38 години од Скопје. Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) од 2 до 21 јануари годинава, кога настапил смртниот исход, покажуваат податоците од извештајот на ИЈЗ. Во текот на месец јануари, пристигнати се две пријави за заразно заболување за салмонелоза кај странски државјанин од САД и алиментарна интоксикација кај странски државјанин од Словенија, кои престојувале во државава.

The post ИЈЗ: Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари appeared first on Република.

]]>
Поради зголемениот број на случаи со морбили, отворени два пункта за вакцинација во Сараево https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/poradi-zgolemeniot-broj-na-sluchai-so-morbili-otvoreni-dva-punkta-za-vaktsinatsija-vo-saraevo/ Thu, 25 Jan 2024 11:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=736698

Поради зголемениот број на заболени од сипаници (морбили), денеска во Сараево беа отворени два посебни пункта за вакцинација, каде во наредниот период ќе се врши вакцинација со МРП вакцината која штити од сипаници, заушки и рубеола.

Педијатарот Мубера Хасановиќ изјави дека вакцинацијата против заразни болести е единствениот начин за спречување на болеста и дека последиците може да бидат тешка клиничка слика.

Сипаниците доаѓаат со тешка клиничка слика - многу висока температура која трае со денови, со лоша општа состојба, осип што се појавува дури на четвртиот или петтиот ден од болеста. Тогаш можеме само да кажеме дека тоа е сипаница. Болеста е многу сериозна, но може да се спречи и треба да го искористиме тоа што го имаме, а тоа е вакцинација, вели таа.

Министерот за здравство Енис Хасановиќ посочи дека досега имаат потврдено 11 случаи и се уште не се во фаза на епидемија.

Едно дете е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести на КЦУС и денеска е отпуштено од лекување. Две други деца кои денеска беа примени имаат поблага клиничка слика, изјави министерот.

Како што рече, приоритет е да се спречи ширењето и да се вакцинираат што повеќе деца, затоа ги повика родителите масовно да реагираат и да ги вакцинираат своите деца.

Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во последните 20 години е намален бројот на деца вакцинирани против мали сипаници. Според евиденцијата на организацијата, 74 отсто од децата во Босна и Херцеговина примиле втора доза од вакцината против морбили во 2000 година, додека во 2022 година биле евидентирани 60 отсто од вакцинираните.

 

The post Поради зголемениот број на случаи со морбили, отворени два пункта за вакцинација во Сараево appeared first on Република.

]]>

Поради зголемениот број на заболени од сипаници (морбили), денеска во Сараево беа отворени два посебни пункта за вакцинација, каде во наредниот период ќе се врши вакцинација со МРП вакцината која штити од сипаници, заушки и рубеола. Педијатарот Мубера Хасановиќ изјави дека вакцинацијата против заразни болести е единствениот начин за спречување на болеста и дека последиците може да бидат тешка клиничка слика.
Сипаниците доаѓаат со тешка клиничка слика - многу висока температура која трае со денови, со лоша општа состојба, осип што се појавува дури на четвртиот или петтиот ден од болеста. Тогаш можеме само да кажеме дека тоа е сипаница. Болеста е многу сериозна, но може да се спречи и треба да го искористиме тоа што го имаме, а тоа е вакцинација, вели таа.
Министерот за здравство Енис Хасановиќ посочи дека досега имаат потврдено 11 случаи и се уште не се во фаза на епидемија.
Едно дете е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести на КЦУС и денеска е отпуштено од лекување. Две други деца кои денеска беа примени имаат поблага клиничка слика, изјави министерот.
Како што рече, приоритет е да се спречи ширењето и да се вакцинираат што повеќе деца, затоа ги повика родителите масовно да реагираат и да ги вакцинираат своите деца. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во последните 20 години е намален бројот на деца вакцинирани против мали сипаници. Според евиденцијата на организацијата, 74 отсто од децата во Босна и Херцеговина примиле втора доза од вакцината против морбили во 2000 година, додека во 2022 година биле евидентирани 60 отсто од вакцинираните.  

The post Поради зголемениот број на случаи со морбили, отворени два пункта за вакцинација во Сараево appeared first on Република.

]]>
СЗО: Алармантен пораст на случаите на сипаници во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-alarmanten-porast-na-sluchaite-na-sipanitsi-vo-evropa/ Wed, 24 Jan 2024 07:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=736159

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си.

Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето. Повеќе од 30 илјади луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година.

СЗО смета дека причината за ова е бидејќи помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата Ковид-19.

Видовме, во регионот, не само 30-кратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21 илјади хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

The post СЗО: Алармантен пораст на случаите на сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си. Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето. Повеќе од 30 илјади луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година. СЗО смета дека причината за ова е бидејќи помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата Ковид-19. Видовме, во регионот, не само 30-кратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21 илјади хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

The post СЗО: Алармантен пораст на случаите на сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>
Изолација и строги контроли: Како Русија за само две недели ја спречи епидемијата на големи сипаници во 1959 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/izolatsija-i-strogi-kontroli-kako-rusija-za-samo-dve-nedeli-ja-sprechi-epidemijata-na-golemi-sipanitsi-vo-1959-godina/ Wed, 22 Mar 2023 10:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=622329

Речиси целиот свет треба да учи од руската медицина во справувањето со епидемии. Голема епидемија на сипаници се случила во 1959 година во Русија.

Нив ги донел рускиот сликар Алексеј Кококерин од Русија. Кога тој пристигнал во Москва неколку дена не можее да откријат од што му е висоската температура и болките по телото.

Кога му поставиле дијагнозата тој починал по неколку дена во соба со уште неколку пациенти кои боледувале од обичен грип.

И тогаш почнала битката на руските лекари да го запрат ширењето на болеста која е позната и како вариола вера.

А тоа значело целосен карантин и изолација на буквално сите луѓе кои биле во контакт со лекарот и неговото семејство . Издвојување на сите, па дури и на оние кои се возеле со него во ист воз и авион.

Во излолација биле ставени дури колегите на неговата ќерка со кои таа слушала предавања на факултет.

Откако се превенирале сите луѓе следела масовна вакцинација на луѓето.Резултатот бил целосно искоренување на епидемијата за само две недели.

The post Изолација и строги контроли: Како Русија за само две недели ја спречи епидемијата на големи сипаници во 1959 година appeared first on Република.

]]>

Речиси целиот свет треба да учи од руската медицина во справувањето со епидемии. Голема епидемија на сипаници се случила во 1959 година во Русија. Нив ги донел рускиот сликар Алексеј Кококерин од Русија. Кога тој пристигнал во Москва неколку дена не можее да откријат од што му е висоската температура и болките по телото. Кога му поставиле дијагнозата тој починал по неколку дена во соба со уште неколку пациенти кои боледувале од обичен грип. И тогаш почнала битката на руските лекари да го запрат ширењето на болеста која е позната и како вариола вера. А тоа значело целосен карантин и изолација на буквално сите луѓе кои биле во контакт со лекарот и неговото семејство . Издвојување на сите, па дури и на оние кои се возеле со него во ист воз и авион. Во излолација биле ставени дури колегите на неговата ќерка со кои таа слушала предавања на факултет. Откако се превенирале сите луѓе следела масовна вакцинација на луѓето.Резултатот бил целосно искоренување на епидемијата за само две недели.

The post Изолација и строги контроли: Како Русија за само две недели ја спречи епидемијата на големи сипаници во 1959 година appeared first on Република.

]]>
Црна Гора на прагот на епидемија на сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsrna-gora-na-pragot-na-epidemija-na-sipanitsi/ Thu, 12 Jan 2023 19:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=596330

Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, бидејќи, како што посочуваат од установата, државата е на прагот на епидемија.

Мали сипаници - морбили, кои се појавија во регионот, се една од најзаразните болести, а само едно инфицирано лице ќе го пренесе вирусот на 12-18 ранливи, објаснува епидемиологот, Милена Поповиќ Самарџиќ.

Таа на својот Фејсбук профил напиша дека човек се смета за ранлив доколку не е вакциниран или не прележал морбили.

Пред воведувањето на вакцината, честите циклични епидемии на сипаници однесоа дури 2,6 милиони животи годишно според податоците на СЗО. По воведувањето на МРП вакцината, бројот на смртни случаи се намали за 73 отсто во периодот од 2000 до 2018 година. Се проценува дека со вакцинација против големи сипаници во овој период биле спречени 23,2 милиони смртни случаи. Сепак, ефектите од вакцинацијата МРП зависат од опфатот, вели Поповиќ Самарџиќ.

Како што појаснува таа, благодарение на вакцинацијата, бројот на смртни случаи од сипаници се намалил од 1.070.000 во 2000 година на 60.700 во 2020 година (извор СЗО).

Морбилите се респираторна инфекција. Вирусот се пренесува со директен контакт и преку воздух. Затоа, честичките што го содржат вирусот се исфрлаат со кашлање, кивање и зборување. Тие честички, кои потоа ги вдишуваме, остануваат во воздухот до два часа. Доволно е да поминете низ коридор или затворен простор во кој престојувало заразено лице, кое тоа сè уште не го знае или не го препознало, бидејќи лицето е заразно четири дена пред и четири дена по појавата на сипаници, и да се вдишат овие честички кои содржат вирус, објаснува Поповиќ Самарџиќ.

The post Црна Гора на прагот на епидемија на сипаници appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, бидејќи, како што посочуваат од установата, државата е на прагот на епидемија.
Мали сипаници - морбили, кои се појавија во регионот, се една од најзаразните болести, а само едно инфицирано лице ќе го пренесе вирусот на 12-18 ранливи, објаснува епидемиологот, Милена Поповиќ Самарџиќ.
Таа на својот Фејсбук профил напиша дека човек се смета за ранлив доколку не е вакциниран или не прележал морбили.
Пред воведувањето на вакцината, честите циклични епидемии на сипаници однесоа дури 2,6 милиони животи годишно според податоците на СЗО. По воведувањето на МРП вакцината, бројот на смртни случаи се намали за 73 отсто во периодот од 2000 до 2018 година. Се проценува дека со вакцинација против големи сипаници во овој период биле спречени 23,2 милиони смртни случаи. Сепак, ефектите од вакцинацијата МРП зависат од опфатот, вели Поповиќ Самарџиќ.
Како што појаснува таа, благодарение на вакцинацијата, бројот на смртни случаи од сипаници се намалил од 1.070.000 во 2000 година на 60.700 во 2020 година (извор СЗО).
Морбилите се респираторна инфекција. Вирусот се пренесува со директен контакт и преку воздух. Затоа, честичките што го содржат вирусот се исфрлаат со кашлање, кивање и зборување. Тие честички, кои потоа ги вдишуваме, остануваат во воздухот до два часа. Доволно е да поминете низ коридор или затворен простор во кој престојувало заразено лице, кое тоа сè уште не го знае или не го препознало, бидејќи лицето е заразно четири дена пред и четири дена по појавата на сипаници, и да се вдишат овие честички кои содржат вирус, објаснува Поповиќ Самарџиќ.

The post Црна Гора на прагот на епидемија на сипаници appeared first on Република.

]]>
Двојно зголемен бројот на заболени од овчи сипаници во ноември https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-ovchi-sipanici-vo-noemvri/ Wed, 21 Dec 2022 21:48:30 +0000 https://republika.mk/?p=588561

Зголемен број на овчи сипаници во земјава регистрира Институтот за јавно здравје во месец ноември.

Според последниот извештај на ИЈЗ, во текот на ноември најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчи сипаници со вкупно 864 пријавени лица.

Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,3%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,7%.

-Во однос на претходниот месец октомври 2022, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,1 пати, a во однос на месец ноември 2021 се регистрира зголемување за 6,4 пати. Во однос на аритметичката средина се регистрира зголемување од 2,2%. Во вкупниот број на регистрирани овчи сипаници во 2022, пријавените случаи во ноември учествуваат со 27,5% Во вкупниот број на регистрирани акутни заразни заболувања во 2022 година, овчи сипаници учествуваат со 56.5%, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Кумулативниот број на заболени од овчи сипаници во 2022 е за 5,8 пати поголем во однос на кумулативата за истиот период во 2021.

The post Двојно зголемен бројот на заболени од овчи сипаници во ноември appeared first on Република.

]]>

Зголемен број на овчи сипаници во земјава регистрира Институтот за јавно здравје во месец ноември. Според последниот извештај на ИЈЗ, во текот на ноември најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчи сипаници со вкупно 864 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,3%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,7%. -Во однос на претходниот месец октомври 2022, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,1 пати, a во однос на месец ноември 2021 се регистрира зголемување за 6,4 пати. Во однос на аритметичката средина се регистрира зголемување од 2,2%. Во вкупниот број на регистрирани овчи сипаници во 2022, пријавените случаи во ноември учествуваат со 27,5% Во вкупниот број на регистрирани акутни заразни заболувања во 2022 година, овчи сипаници учествуваат со 56.5%, се наведува во извештајот на ИЈЗ. Кумулативниот број на заболени од овчи сипаници во 2022 е за 5,8 пати поголем во однос на кумулативата за истиот период во 2021.

The post Двојно зголемен бројот на заболени од овчи сипаници во ноември appeared first on Република.

]]>
Пет случаи на мајмунски сипаници во Португалија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-sluchai-na-majmunski-sipanici-vo-portugalija/ Wed, 18 May 2022 12:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=503873

Португалските власти денеска соопштија дека регистрирале пет случаи на ретка инфекција со мајмунски сипаници.

Сите пет пациенти со потврдена болест (од 20 сомнителни случаи) се мажи и сите живеат во регионот на Лисабон и долината Тејо и се во стабилна здравствена состојба, соопштија португалските здравствени власти.

И шпанските здравствени служби тестираат осум потенцијални случаи, но кај ниту еден од нив не се потврдени мајмунски сипаници, соопшти денеска Министерството за здравство на Шпанија.

Двете земји испратија предупредувања до здравствените работници да помогнат во идентификувањето на нови случаи.

Европските здравствени власти ја следат секоја појава на болеста откако Велика Британија го пријави првиот случај на мајмунски сипаници на 7 мај годинава.

Мајмунските сипаници се ретка вирусна инфекција слична на човечките сипаници, иако поблага, а првпат беше пријавена во Демократска Република Конго во 1970-тите.

The post Пет случаи на мајмунски сипаници во Португалија appeared first on Република.

]]>

Португалските власти денеска соопштија дека регистрирале пет случаи на ретка инфекција со мајмунски сипаници. Сите пет пациенти со потврдена болест (од 20 сомнителни случаи) се мажи и сите живеат во регионот на Лисабон и долината Тејо и се во стабилна здравствена состојба, соопштија португалските здравствени власти. И шпанските здравствени служби тестираат осум потенцијални случаи, но кај ниту еден од нив не се потврдени мајмунски сипаници, соопшти денеска Министерството за здравство на Шпанија. Двете земји испратија предупредувања до здравствените работници да помогнат во идентификувањето на нови случаи. Европските здравствени власти ја следат секоја појава на болеста откако Велика Британија го пријави првиот случај на мајмунски сипаници на 7 мај годинава. Мајмунските сипаници се ретка вирусна инфекција слична на човечките сипаници, иако поблага, а првпат беше пријавена во Демократска Република Конго во 1970-тите.

The post Пет случаи на мајмунски сипаници во Португалија appeared first on Република.

]]>
СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-brojot-na-sluchai-na-sipanici-vo-svetot-vo-golem-porast/ Thu, 28 Apr 2022 06:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=494514

Бројот на случаи на сипаници во светот е во голем пораст, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) објавен во Женева.

Според извештајот, бројот на пријавени случаи на морбили во првите два месеца од 2022 година е за 79 отсто поголем отколку во истиот период минатата година.

Причината за порастот е што премалку деца се вакцинираат, делумно затоа што кампањите за вакцинација беа прекинати за време на пандемијата на Ковид-19, а делумно затоа што земјите беа принудени да пренаменат пари за други проблеми, соопшти СЗО.

Конфликтите и војните во Украина, Етиопија, Сомалија и Авганистан принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови. На децата им е оневозможено да се вакцинираат и често се принудени да живеат во пренатрупани сместувања. Појавата на големи епидемии на оваа крајно заразна болест претставува опасност, особено по укинувањето на мерките за социјално дистанцирање воведени поради пандемијата.

Малите сипаници се пренесуваат со капки при зборување, кивање или кашлање. Инфекцијата започнува со симптоми слични на грип, проследено со осип на кожата и може да доведе до пневмонија, воспаление на средното уво или дури и воспаление на мозокот.

Во јануари и февруари 2022 година биле пријавени 17.338 случаи на мали сипаници. Помеѓу април 2021 година и април 2022 година, регистрирани се вкупно 21 голема епидемија на сипаници, повеќето од нив во Африка и источниот Медитеран, се наведува во извештајот.

The post СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст appeared first on Република.

]]>

Бројот на случаи на сипаници во светот е во голем пораст, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) објавен во Женева. Според извештајот, бројот на пријавени случаи на морбили во првите два месеца од 2022 година е за 79 отсто поголем отколку во истиот период минатата година. Причината за порастот е што премалку деца се вакцинираат, делумно затоа што кампањите за вакцинација беа прекинати за време на пандемијата на Ковид-19, а делумно затоа што земјите беа принудени да пренаменат пари за други проблеми, соопшти СЗО. Конфликтите и војните во Украина, Етиопија, Сомалија и Авганистан принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови. На децата им е оневозможено да се вакцинираат и често се принудени да живеат во пренатрупани сместувања. Појавата на големи епидемии на оваа крајно заразна болест претставува опасност, особено по укинувањето на мерките за социјално дистанцирање воведени поради пандемијата. Малите сипаници се пренесуваат со капки при зборување, кивање или кашлање. Инфекцијата започнува со симптоми слични на грип, проследено со осип на кожата и може да доведе до пневмонија, воспаление на средното уво или дури и воспаление на мозокот. Во јануари и февруари 2022 година биле пријавени 17.338 случаи на мали сипаници. Помеѓу април 2021 година и април 2022 година, регистрирани се вкупно 21 голема епидемија на сипаници, повеќето од нив во Африка и источниот Медитеран, се наведува во извештајот.

The post СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст appeared first on Република.

]]>