Синтези Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sintezi/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 13:03:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синтези Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sintezi/ 32 32 Книжевниот гласник „Синтези” посветен на делото на Ацо Шопов во чест на 100 години од раѓањето на великанот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizevniot-glasnik-sintezi-posveten-na-deloto-na-aco-shopov-vo-chest-na-100-godini-od-ragjanjeto-na-velikanot/ Fri, 18 Nov 2022 13:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=575442

Во пресрет на националното одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов (1923-2023), новиот, 54 број на книжевниот гласник „Синтези", целосно е посветен на делото на овој голем македонски поет.

По повод стогодишнината од раѓањето на Шопов, списанието го свртува вниманието кон творештвото на еден од најзначајните македонски поети чиј опус е еквивалентен на неколку важни и неодминливи фази од развојот на современата македонска литература“, пишува главниот уредник на „Синтези" Веле Смилевски, во воведниот текст со наслов „Возвишеното и трагичното".

Избор од поезијата на Ацо Шопов е презентиран во циклусите:„Небиднина", „Гледач во пепелта", "Раѓање на зборот", „Мечтаење крај брегот на езерото" и „Дрво на ридот". Објавени се толкувачки текстови од Катица Ќулавкова, Георги Старделов, Едуард Моник, Лидија Капушевска Дракулевска, Раде Силјан и Ефтим Клетников со кои се фрла светлина на дел од најзначајните остварувања на поетот. Во посебен прилог, во факсимил, приопштена е последната песна на Ацо Шопов со наслов „Некогаш и сега", со белешка на Иван Чаповски.

Објавени се и стихови посветени на Шопов, од Ристо Лазаров.

Во одделот „Меѓу животот и литературата", „Синтези" донесува искажувања од Ацо Шопов од различни датуми и општествени и книжевни ситуации, со меѓунаслови: „За своите почетоци во литературата", „Вера Јоциќ во очите на Ацо Шопов", „Македонската литература – штит против измислиците", „Слобода и одговорност", "За чинот на поетското создавање" и „Литературата мора да остане автономна".

Поезијата на Ацо Шопов во новиот број на „Синтези" е илустрирана со репродукции на слики од Димитар Кондовски, Глигор Чемерски и Трајче Јанчевски, а објавени се и портрети со неговиот лик во уметнички остварувања на Лазар Личеноски, Димитар Кондовски и Василие Поповиќ Цицо.

На страниците на „Синтези", посебно во одделот „Фотопис", презентирани се триесетина фотографии на Ацо Шопов кои илустрираат моменти од неговото учество во книжевниот живот во различни фази од развојот на македонската литература.

The post Книжевниот гласник „Синтези” посветен на делото на Ацо Шопов во чест на 100 години од раѓањето на великанот appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на националното одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов (1923-2023), новиот, 54 број на книжевниот гласник „Синтези", целосно е посветен на делото на овој голем македонски поет. По повод стогодишнината од раѓањето на Шопов, списанието го свртува вниманието кон творештвото на еден од најзначајните македонски поети чиј опус е еквивалентен на неколку важни и неодминливи фази од развојот на современата македонска литература“, пишува главниот уредник на „Синтези" Веле Смилевски, во воведниот текст со наслов „Возвишеното и трагичното". Избор од поезијата на Ацо Шопов е презентиран во циклусите:„Небиднина", „Гледач во пепелта", "Раѓање на зборот", „Мечтаење крај брегот на езерото" и „Дрво на ридот". Објавени се толкувачки текстови од Катица Ќулавкова, Георги Старделов, Едуард Моник, Лидија Капушевска Дракулевска, Раде Силјан и Ефтим Клетников со кои се фрла светлина на дел од најзначајните остварувања на поетот. Во посебен прилог, во факсимил, приопштена е последната песна на Ацо Шопов со наслов „Некогаш и сега", со белешка на Иван Чаповски. Објавени се и стихови посветени на Шопов, од Ристо Лазаров. Во одделот „Меѓу животот и литературата", „Синтези" донесува искажувања од Ацо Шопов од различни датуми и општествени и книжевни ситуации, со меѓунаслови: „За своите почетоци во литературата", „Вера Јоциќ во очите на Ацо Шопов", „Македонската литература – штит против измислиците", „Слобода и одговорност", "За чинот на поетското создавање" и „Литературата мора да остане автономна". Поезијата на Ацо Шопов во новиот број на „Синтези" е илустрирана со репродукции на слики од Димитар Кондовски, Глигор Чемерски и Трајче Јанчевски, а објавени се и портрети со неговиот лик во уметнички остварувања на Лазар Личеноски, Димитар Кондовски и Василие Поповиќ Цицо. На страниците на „Синтези", посебно во одделот „Фотопис", презентирани се триесетина фотографии на Ацо Шопов кои илустрираат моменти од неговото учество во книжевниот живот во различни фази од развојот на македонската литература.

The post Книжевниот гласник „Синтези” посветен на делото на Ацо Шопов во чест на 100 години од раѓањето на великанот appeared first on Република.

]]>