сино знаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sino-zname/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 08:45:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сино знаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sino-zname/ 32 32 22 грчки плажи останаа без Сино знаме https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/22-grchki-plazhi-ostanaa-bez-sino-zname/ Fri, 26 Jul 2024 08:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=800411

Вкупно 22 грчки плажи во различни делови на земјата, од кои четири на Крит и три на Халкидики ја загубија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од националната и меѓународната листа за 2024 година бидејќи или не се организирале правилно за овогодишната сезона или не ги исполниле строгите критериуми на програмата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Грчкото друштво за заштита на природата, што воедно и националниот оператор во меѓународната програма „Сино знаме“ соопштија дека според нивните оценки и соодветните процедури, по ненајавени посети на плажите констатирале недостатоци во почитувањето на критериумите што се однесуваат на: услугите за капачите и посетителите (вклучувајќи ги и лицата со инвалидитети), хигиената, точни информации, безбедност на капачите и посетителите, правилно управување со животната средина, како и зафаќање слободен крајбрежен простор.

Потенцираме дека повлекувањата на наградите се поради лошата организација, а квалитетот на водите за капење останува одличен, според стандардите на Програмата, нагласија од Грчкото друштво за заштита на природата.

Додадоа дека паралелно продолжуваат со контролите на сите наградени плажи во земјата, контроли кои, „во најголем дел, се спроведуваат ненајавено“.

„Сините знамиња“ се повлечени од четири плажи во различни делови на Крит, без награда останаа по три плажи на Халкидики, Родос и Наксос, две плажи во областа Атика, поширокиот регион на Атина и на Крф, како и по една во Превеза и на островите Андрос, Милос, Миконос, Тинос.

На крајот на мај годинава беа соопштени наградените плажи во Грција за 2024 година, земјата останува на второ место во светот по „Сини знамиња“ со 652 наградени места, од кои 625 се плажи, 18 марини и девет туристички јахти.

The post 22 грчки плажи останаа без Сино знаме appeared first on Република.

]]>

Вкупно 22 грчки плажи во различни делови на земјата, од кои четири на Крит и три на Халкидики ја загубија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од националната и меѓународната листа за 2024 година бидејќи или не се организирале правилно за овогодишната сезона или не ги исполниле строгите критериуми на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Грчкото друштво за заштита на природата, што воедно и националниот оператор во меѓународната програма „Сино знаме“ соопштија дека според нивните оценки и соодветните процедури, по ненајавени посети на плажите констатирале недостатоци во почитувањето на критериумите што се однесуваат на: услугите за капачите и посетителите (вклучувајќи ги и лицата со инвалидитети), хигиената, точни информации, безбедност на капачите и посетителите, правилно управување со животната средина, како и зафаќање слободен крајбрежен простор.
Потенцираме дека повлекувањата на наградите се поради лошата организација, а квалитетот на водите за капење останува одличен, според стандардите на Програмата, нагласија од Грчкото друштво за заштита на природата.
Додадоа дека паралелно продолжуваат со контролите на сите наградени плажи во земјата, контроли кои, „во најголем дел, се спроведуваат ненајавено“. „Сините знамиња“ се повлечени од четири плажи во различни делови на Крит, без награда останаа по три плажи на Халкидики, Родос и Наксос, две плажи во областа Атика, поширокиот регион на Атина и на Крф, како и по една во Превеза и на островите Андрос, Милос, Миконос, Тинос. На крајот на мај годинава беа соопштени наградените плажи во Грција за 2024 година, земјата останува на второ место во светот по „Сини знамиња“ со 652 наградени места, од кои 625 се плажи, 18 марини и девет туристички јахти.

The post 22 грчки плажи останаа без Сино знаме appeared first on Република.

]]>
104 од нив се на краците: Грција втора во светот по број на плажи со „сино знаме“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/104-od-niv-se-na-kratsite-grtsija-vtora-vo-svetot-po-broj-na-plazhi-so-sino-zname/ Fri, 24 May 2024 14:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=781445

Вкупно 625 грчки плажи, 18 марини и девет туристички јахти оваа година ја освоија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ со што Грција останува на второто место во светот во конкуренција од 52 земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Во програмата „Сино знаме“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата за пливање, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Во грчкиот град Каламата, на специјален настан денеска беа соопштени наградените плажи во Грција за 2024 година.

На ниво на региони, Крит е на првата позиција со 146 знамиња, додека, пак, префектурата Халкидики е прва меѓу префектурите во Грција, со 104 знамиња, а на второто место е островот Родос.

Од Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и националниот оператор во меѓународната програма соопштија дека во Грција постои нагорен тренд и секоја година се зголемува бројот на наградувани плажи.

Оваа година, Меѓународната комисија додели „Сино знаме“ на 4.252 плажи, 733 марини и 141 туристички јахти ширум светот, прва е Шпанија, втора Грција, а Турција е на трета позиција.

The post 104 од нив се на краците: Грција втора во светот по број на плажи со „сино знаме“ appeared first on Република.

]]>

Вкупно 625 грчки плажи, 18 марини и девет туристички јахти оваа година ја освоија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ со што Грција останува на второто место во светот во конкуренција од 52 земји, јави дописничката на МИА од Атина. Во програмата „Сино знаме“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата за пливање, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн. Во грчкиот град Каламата, на специјален настан денеска беа соопштени наградените плажи во Грција за 2024 година. На ниво на региони, Крит е на првата позиција со 146 знамиња, додека, пак, префектурата Халкидики е прва меѓу префектурите во Грција, со 104 знамиња, а на второто место е островот Родос. Од Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и националниот оператор во меѓународната програма соопштија дека во Грција постои нагорен тренд и секоја година се зголемува бројот на наградувани плажи. Оваа година, Меѓународната комисија додели „Сино знаме“ на 4.252 плажи, 733 марини и 141 туристички јахти ширум светот, прва е Шпанија, втора Грција, а Турција е на трета позиција.

The post 104 од нив се на краците: Грција втора во светот по број на плажи со „сино знаме“ appeared first on Република.

]]>