Синиша Стојановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sinisha-stojanovski/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Jul 2022 18:26:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синиша Стојановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sinisha-stojanovski/ 32 32 Стојаноски: Да се држиме до она што е суштината на Резолуцијата, не може некој од страна да ни кажува која е генезата на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-da-se-drzime-do-ona-shto-e-sushtinata-na-rezolucijata-ne-moze-nekoj-od-strana-da-ni-kazuva-koja-e-genezata-na-makedonskiot-jazik/ Fri, 15 Jul 2022 18:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=529531

Денес како втор ден од пленарната расправа, пред нас ја имаме владината информација во форма на предлог заклучоци. Она што веројатно веќе и целата јавност го знае е дека оваа информација е нешто кое што од формално правен аспект нема никаква обврзувачка рамка кон никого. Добро е да ја разгледаме и добро е да се знае содржината на овие предлог заклучоци. Но, суштината на целата оваа дискусија ние веќе ја имавме во ова Собрание и тоа во форма на една Резолуција која што сите заедно ја изгласавме. Така што реално овие предлог заклучоци со оглед дека од формално правен аспект нема обврзувачка сила кон никого, нема ни потреба да се разгледуваат од аспектот кој што денеска ги разгледуваме“, истакна Синиша Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Стојаноски додаде Македонија е ставена во една подредена положба, каде што една соседна држава се обидува да диктира кои ќе бидат услови за влез во ЕУ.

За жал, ставени сме во една подредена положба каде што од позиција на сила една соседна држава пробува да диктира кои ќе бидат нашите услови за влез во ЕУ и европското семејство. Да, нашето место е таму. И ние веќе неколку пати ја имаме препораката која што е потврдена дека ги исполнуваме условите за почеток на преговорите. Но, некако на тој трнлив пат постојано се наоѓа некоја пречка која што не враќа многу чекори назад. Дали е потребно да настапува нашата соседна Република Бугарија кон нас вака? Не! Затоа што никогаш не сме покажале никакви претензии кон нив. ние сме мирољубив народ. Кога зборувам за мирољубив народ, зборувам за сите луѓе, за сите граѓани на Република Македонија. И никој од нас на никаков начин не може да наштети на Република Бугарија, како што не можеше да и наштети ни на Република Грција. Да, компромис, меѓутоа компромис кој што ќе биде реален. Компромис кој што ќе биде рамноправен. А, не компромис кој што ќе не стави во подредена положба“, појасни пратеникот.

https://www.youtube.com/watch?v=YPW_exHYfc0

Тој посочи дека не треба некој друг да кажува на Македонците што биле низ историјата, и кои се корените македонски. Не треба друг да кажува која е генезата на македонскиот јазик.

Знаете сите ние сме учеле историја, сите ние сме потомци на нашите предци. И сите многу добро знаат што сме биле низ таа историја. Иако можеби низ историјата не сме ја имале државата во оваа форма во која што ја имаме сега. Затоа би замолил да се држиме до она што беше суштината на Резолуцијата која што сите заедно ја изгласавме во ова Собрание“, порача Стојаноски.

The post Стојаноски: Да се држиме до она што е суштината на Резолуцијата, не може некој од страна да ни кажува која е генезата на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Денес како втор ден од пленарната расправа, пред нас ја имаме владината информација во форма на предлог заклучоци. Она што веројатно веќе и целата јавност го знае е дека оваа информација е нешто кое што од формално правен аспект нема никаква обврзувачка рамка кон никого. Добро е да ја разгледаме и добро е да се знае содржината на овие предлог заклучоци. Но, суштината на целата оваа дискусија ние веќе ја имавме во ова Собрание и тоа во форма на една Резолуција која што сите заедно ја изгласавме. Така што реално овие предлог заклучоци со оглед дека од формално правен аспект нема обврзувачка сила кон никого, нема ни потреба да се разгледуваат од аспектот кој што денеска ги разгледуваме“, истакна Синиша Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Стојаноски додаде Македонија е ставена во една подредена положба, каде што една соседна држава се обидува да диктира кои ќе бидат услови за влез во ЕУ.
За жал, ставени сме во една подредена положба каде што од позиција на сила една соседна држава пробува да диктира кои ќе бидат нашите услови за влез во ЕУ и европското семејство. Да, нашето место е таму. И ние веќе неколку пати ја имаме препораката која што е потврдена дека ги исполнуваме условите за почеток на преговорите. Но, некако на тој трнлив пат постојано се наоѓа некоја пречка која што не враќа многу чекори назад. Дали е потребно да настапува нашата соседна Република Бугарија кон нас вака? Не! Затоа што никогаш не сме покажале никакви претензии кон нив. ние сме мирољубив народ. Кога зборувам за мирољубив народ, зборувам за сите луѓе, за сите граѓани на Република Македонија. И никој од нас на никаков начин не може да наштети на Република Бугарија, како што не можеше да и наштети ни на Република Грција. Да, компромис, меѓутоа компромис кој што ќе биде реален. Компромис кој што ќе биде рамноправен. А, не компромис кој што ќе не стави во подредена положба“, појасни пратеникот.
https://www.youtube.com/watch?v=YPW_exHYfc0 Тој посочи дека не треба некој друг да кажува на Македонците што биле низ историјата, и кои се корените македонски. Не треба друг да кажува која е генезата на македонскиот јазик.