синиша пекевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sinisha-pekevski/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 12:40:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png синиша пекевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sinisha-pekevski/ 32 32 Проект „Биди зелен, почитувај ја природата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/proekt-bidi-zelen-pochituvaj-ja-prirodata/ Wed, 12 Jun 2024 12:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=786951

Концепт Плус од Скопје започна со имплементирање на проектот “Биди зелен, почитувај ја природата“ чија цел има за подигање на свеста за заштита на природата со слоган "Почитувај ја природата, биди зелен" има за цел да едуцира и подигне јавната свест кај младите луѓе за почитување на природата и значењето на заштитата на нашата природа и животна средина.
Овој проект ќе се фокусира на подигнување на свеста кај младите за почитување на природата преку нивно вклучување преку креирање креативни дизајни за кампањите и промовирање на дизајните преку социјални медиуми.
Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите. Според податоците од Светската здравствена организација, загадениот воздухот предизвикува преку 4.2 милиони смртни случаи годишно.
Отпадоците кои се фрлаат во океаните ги загрозуваат морските животни и ги затруднуваат животните во морските екосистеми. Од друга страна, одржувањето на зелени простори и засадувањето на дрвја помага во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и влијае на подобрување на квалитетот на воздухот. Почитувањето на природата не само што го одржува балансот во екосистемите, туку и создава благодатни услови за здрав живот и процват на сите форми на живот на земјата.
Загаденоста во Македонија е сериозен проблем, особено во градските области како Скопје, Битола, Тетово, каде што емисиите од возилата, индустријата и домувањето предизвикуваат загадување на воздухот.
Младите луѓе често не се свесни за влијанието на своите постапки врз природата и не почитуваат ја околината. Отпадоците се фрлаат непропорционално, а недостатокот на еколошка свест за заштита на природата дополнително влијае врз загаденоста и неквалитетниот возсух
Преку имплем,ентација на нашиот проект за подигање на свеста за заштита и почитуивање на природата добива уште поголема релевантност и значење. Целта не е само да ги мотивираме младите луѓе да се вклучат во активности за заштита на природата, туку и да ги образоваме за важноста на оваа тема.
Синиша Пекевски – Концепт плуs:
“Екстремно е значајно да се работи на подигнувањ ена свеста за заштита на природата и зголемување на свеста особено кај младите за заштита на природата. Преку различни активност во рамките на проектот се надеваме дека ќе влијаеме да се зголеми свеста и да се чува природата.„
Ален Адиловиќ – менаџер на Грин ленд:
Ние како компанија се грижиме за заштита на природата и секогаш подржуваме активности кои се во насока на зајакнување на свеста за заштита и чување на природата.„
Предвидено е проектпт да трае до 31 август 2024 година, но Концепт плус ќе продолжи со имплементација и по тој период заради огромната важност на оваа тема за населението. Проектот го спроведува Концепт плус од Скопје, и е финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање и од колективниот постапувач за управување со масла и отпадни масла, Грин Ленд Груп

The post Проект „Биди зелен, почитувај ја природата“ appeared first on Република.

]]>

Аналитичарот Пекевски најавува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ: Убеден сум дека Мицкоски ќе освои над 61 пратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/analiticharot-pekevski-najavuva-golema-pobeda-na-vmro-dpmne-ubeden-sum-deka-mitskoski-ke-osvoi-nad-61-pratenik/ Mon, 12 Feb 2024 13:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=743229

За аналитичарот Синиша Пекевски, нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе голема победа на парламентарните избори.

Според неговите прогнози, најголемата опозициска партија ќе освои апсолутно мнозинство во македонското Собрание.

Јас сум убеден дека Христијан Мицкоски ќе освои над 61 пратеник. Веќе подолго време го тврдам тоа, со последниве потези нема да биде тоа на граница со еден до два пратеници, туку апсолутно мнозинство. Ако ја направат коалицијата СДСМ и ДУИ тоа ќе биде уште поголемо фијаско, не толку за ДУИ, колку за СДСМ. Тие што не сакаат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за Левица, својот глас ќе го дадат на ЗНАМ - смета Пекевски, кој беше гостин во утринската програма на Слободен печат.

The post Аналитичарот Пекевски најавува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ: Убеден сум дека Мицкоски ќе освои над 61 пратеник appeared first on Република.

]]>

За аналитичарот Синиша Пекевски, нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе голема победа на парламентарните избори. Според неговите прогнози, најголемата опозициска партија ќе освои апсолутно мнозинство во македонското Собрание.
Јас сум убеден дека Христијан Мицкоски ќе освои над 61 пратеник. Веќе подолго време го тврдам тоа, со последниве потези нема да биде тоа на граница со еден до два пратеници, туку апсолутно мнозинство. Ако ја направат коалицијата СДСМ и ДУИ тоа ќе биде уште поголемо фијаско, не толку за ДУИ, колку за СДСМ. Тие што не сакаат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за Левица, својот глас ќе го дадат на ЗНАМ - смета Пекевски, кој беше гостин во утринската програма на Слободен печат.

The post Аналитичарот Пекевски најавува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ: Убеден сум дека Мицкоски ќе освои над 61 пратеник appeared first on Република.

]]>
Со месеци знаела за војната, а власта не успеа да реагира нема ни Б ни Ц план https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-meseci-znaela-za-vojnata-a-vlasta-ne-uspea-da-reagira-nema-ni-b-ni-c-plan/ Wed, 11 May 2022 21:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=501232

Бизнис консултантот, Синиша Пекевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека власта не успеала да се снајде и навремено да реагира за да ги ублажи последиците од војната во Украина иако имале сознанија за конфликтот неколку месеци пред почетокот на руската офанзива.

Македонија воопшто не се снаоѓа. Нема ниту план Б ниту Ц, што во услови кога се случуваат одредени предизвици…ако нашите институции знаеле дека ќе има криза, требало да се спремат и за енергетска криза, оти еден од клучните моменти ако се случи конфликт е дека цената на енергенсите драстично ќе пораснат. Наместо да потпишат добри, подолгорочни договори, ние го преспавме тој момент, вели Пекевски.

Според директорот во Макстил, Петар Јанески, правната несигурност и апсурдностите со кои би можело да се сретнат инвеститорите има мошне неповолно влијание врз бизнисот и може да ги доведе до момент на одлука да ја напуштат државата.

Сите вакви апсурди, со коишто се соочуваме секој ден, многу негативно влијаат на стопанството. Се појавува парадокс каде што треба да размислуваат дали да го одржат бизнисот, од аспект на инвестиции или да гледаат што може да спасат, да си ги соберат парталите и да си одат, вели Јанески.

The post Со месеци знаела за војната, а власта не успеа да реагира нема ни Б ни Ц план appeared first on Република.