сини нозе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sini-noze/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Aug 2023 19:38:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сини нозе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sini-noze/ 32 32 Ако имате сини нозе сигурно боледувате од постковид синдром https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-imate-sini-noze-sigurno-boleduvate-od-postkovid-sindrom/ Sat, 19 Aug 2023 20:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=673778

Короната е сè уште присутна, а со неа и пост-ковид и продолжениот ковид, односно проблемите со кои се соочуваат заболените по номиналното закрепнување. На оваа тема во светот се вршат истражувања и студии, а досега е забележано дека долгорочни и потенцијално фатални последици можат да останат на срцето и крвните садови, да ги загрозат белите дробови и да предизвикаат невролошки проблеми.

Во се подолгиот опсег на симптоми, од преку 50 различни тегоби, предничат срцевите заболувања, кардиоваскуларни нарушувања, респираторни нарушувања и деменција, како и некои сосема нови, меѓу кои е и синдромот на „сини нозе“.

Во најновиот научен труд д-р Маној Сивана од Велика Британија го истакнува токму овој симптом на долгиот ковид. Д-р Сиван објаснува дека има 33-годишен пациент чии нозе почнале да стануваат црвени, а потоа станале изразито сини со истакнати вени.

- По 10 минути сината боја беше поизразена. Пациентот почувствува силно чешање во нозете. Кога седна, неговата нормална боја се врати по околу две минути. Симптомот се нарекува акроцијаноза: венско здружување на крв во нозете. Овој човек рече дека неговите нозе ја промениле бојата по инфекцијата со Ковид. Потоа му беше дијагностициран синдром на постурална ортостатска тахикардија (POTS), кој предизвикува абнормално зголемување на отчукувањата на срцето кога засегнатото лице ќе стане - вели д-р Сиван.

The post Ако имате сини нозе сигурно боледувате од постковид синдром appeared first on Република.

]]>

Короната е сè уште присутна, а со неа и пост-ковид и продолжениот ковид, односно проблемите со кои се соочуваат заболените по номиналното закрепнување. На оваа тема во светот се вршат истражувања и студии, а досега е забележано дека долгорочни и потенцијално фатални последици можат да останат на срцето и крвните садови, да ги загрозат белите дробови и да предизвикаат невролошки проблеми. Во се подолгиот опсег на симптоми, од преку 50 различни тегоби, предничат срцевите заболувања, кардиоваскуларни нарушувања, респираторни нарушувања и деменција, како и некои сосема нови, меѓу кои е и синдромот на „сини нозе“. Во најновиот научен труд д-р Маној Сивана од Велика Британија го истакнува токму овој симптом на долгиот ковид. Д-р Сиван објаснува дека има 33-годишен пациент чии нозе почнале да стануваат црвени, а потоа станале изразито сини со истакнати вени.