Синеплекс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sinepleks/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Oct 2023 14:13:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синеплекс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sinepleks/ 32 32 Од 12 октомври во „Синеплекс“ започнува кино дистрибуцијата на „Домаќинство за почетници“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/od-12-oktomvri-vo-sinepleks-zapochnuva-kino-distributsijata-na-domakinstvo-za-pochetnitsi/ Fri, 06 Oct 2023 15:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=688647

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ и е еден од селектираните филмови за Европските филмски награди, од 12. октомври (четврток) ќе почне да се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје.

Светската премиера на „Домаќинство за почетници“ се одржа во рамките на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби Queer Lion наградата, а доби и специјално признание од италијанската фондација „Fondazione Fai Persona Lavoro Ambiente“ за социјално ангажиран филм.

„Домаќинство за почетници“, кој премиерно беше прикажан на отворањето на годинашниот Интернационален фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, доби и номинација за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во Европа. Свеченото доделување на наградите, познати како европски Оскари, е закажано за 9 декември 2023 во Берлин.

Филмот на Столевски, кој е во продукција на Лист Продукција од Скопје, е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, а преку компанијата Focus Features ќе биде дистрибуриран на територијата на САД. Интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии е Universal Pictures, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

„Домаќинство за почетници“ деновиве беше прикажан на фестивал во Бусан, Јужна Кореја, а викендов ќе се одржат две проекции и во рамките на Лондон филм фестивал. Филмот понатаму го продолжува фестивалскиот живот, а наскоро се очекуваат проекции и низ другите градови во Македонија.

Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно.

Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот “4 месеци 3 недели 2 дена” на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредните улоги играат македонските актерки Сара Климоска и Ајше Усеини и Розафа Челај од Косово.

Продуцент на филмот е Марија Димитрова, кинематографер е Наум Доксевски, а остатокот од филмската екипа ја сочинуваат Ана Жежничек – сценограф, Роза Трајческа Ристовска – костимограф, Александара Чевреска – арт директор, Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа – маскери, Ален Синкауз и Ненад Синкауз –композитори, Зоран Максимовиќ – снимател на звук и Ема Бортињон – дизајнер на звук.

 

 

 

 

The post Од 12 октомври во „Синеплекс“ започнува кино дистрибуцијата на „Домаќинство за почетници“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ и е еден од селектираните филмови за Европските филмски награди, од 12. октомври (четврток) ќе почне да се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје. Светската премиера на „Домаќинство за почетници“ се одржа во рамките на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби Queer Lion наградата, а доби и специјално признание од италијанската фондација „Fondazione Fai Persona Lavoro Ambiente“ за социјално ангажиран филм. „Домаќинство за почетници“, кој премиерно беше прикажан на отворањето на годинашниот Интернационален фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, доби и номинација за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во Европа. Свеченото доделување на наградите, познати како европски Оскари, е закажано за 9 декември 2023 во Берлин. Филмот на Столевски, кој е во продукција на Лист Продукција од Скопје, е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, а преку компанијата Focus Features ќе биде дистрибуриран на територијата на САД. Интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии е Universal Pictures, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа. „Домаќинство за почетници“ деновиве беше прикажан на фестивал во Бусан, Јужна Кореја, а викендов ќе се одржат две проекции и во рамките на Лондон филм фестивал. Филмот понатаму го продолжува фестивалскиот живот, а наскоро се очекуваат проекции и низ другите градови во Македонија. Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно. Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот “4 месеци 3 недели 2 дена” на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредните улоги играат македонските актерки Сара Климоска и Ајше Усеини и Розафа Челај од Косово. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, кинематографер е Наум Доксевски, а остатокот од филмската екипа ја сочинуваат Ана Жежничек – сценограф, Роза Трајческа Ристовска – костимограф, Александара Чевреска – арт директор, Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа – маскери, Ален Синкауз и Ненад Синкауз –композитори, Зоран Максимовиќ – снимател на звук и Ема Бортињон – дизајнер на звук.        

The post Од 12 октомври во „Синеплекс“ започнува кино дистрибуцијата на „Домаќинство за почетници“ appeared first on Република.

]]>
„Фабијан: За Крајот на Светот“ од вечерва во Синеплекс https://arhiva3.republika.mk/scena/film/fabijan-za-krajot-na-svetot-od-vecherva-vo-sinepleks/ Thu, 07 Jul 2022 08:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=525186

Филм за човек кој се обидува да се пронајде во чувствителен период во Германија, помеѓу две светски војни, приказна за љубовта, стравот, препреките, за звуците на претстојното владеење на Хитлер - продукцијата „Фабијан: За крајот на светот“ од денеска е достапен за публиката на големото платно . Премиерно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал минатата година, каде беше номиниран во категоријата најдобар филм.
Берлин, 1930. Доктор Јакоб Фабијан дење рекламира цигари, додека ноќе талка по улиците на градот и се заљубува во актерка. Како што таа напредува во кариерата, неговите планови се повеќе и повеќе се распаѓаат.
Филмските критичари од магазинот IndieWire немаат ништо друго освен пофални зборови за режисерот: „Граф го направи филмот „Крајот на светот“ непредвидливо визуелно искуство со кое експериментира, а режисерот иако има 68 години, воопшто не е без енергија и идеи“.

Тој ги става своите филмски херои - млади германски интелектуалци и нивните судбини во поширок контекст на состојбата на општеството непосредно пред Хитлер и неговите националсоцијалисти да дојдат на власт. Корнелија е единствениот зрак на надеж во распадното постоење на Фабијан. Неговата фатална љубов ја попречуваат „повисоките сили“, но и празен фрижидер и скршен сон за среќа.

Режисерот Доминик Граф е познат по многу филмови, меѓу кои и „Возљубени сестри“, додека во улогата на главниот лик Џејкоб Фабијан, германски актер кој последниве години добива награди на германски филмски фестивали - Том Шилинг, познат на публиката по неговите улоги во филмовите: „Никогаш не гледај настрана“, „Дело без автор“. Предвоената драма на Доминик Граф од денес може да се види во градското кино Синеплекс.

https://www.youtube.com/watch?v=fMWUWPy-8vc

The post „Фабијан: За Крајот на Светот“ од вечерва во Синеплекс appeared first on Република.

]]>

Филм за човек кој се обидува да се пронајде во чувствителен период во Германија, помеѓу две светски војни, приказна за љубовта, стравот, препреките, за звуците на претстојното владеење на Хитлер - продукцијата „Фабијан: За крајот на светот“ од денеска е достапен за публиката на големото платно . Премиерно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал минатата година, каде беше номиниран во категоријата најдобар филм. Берлин, 1930. Доктор Јакоб Фабијан дење рекламира цигари, додека ноќе талка по улиците на градот и се заљубува во актерка. Како што таа напредува во кариерата, неговите планови се повеќе и повеќе се распаѓаат. Филмските критичари од магазинот IndieWire немаат ништо друго освен пофални зборови за режисерот: „Граф го направи филмот „Крајот на светот“ непредвидливо визуелно искуство со кое експериментира, а режисерот иако има 68 години, воопшто не е без енергија и идеи“. Тој ги става своите филмски херои - млади германски интелектуалци и нивните судбини во поширок контекст на состојбата на општеството непосредно пред Хитлер и неговите националсоцијалисти да дојдат на власт. Корнелија е единствениот зрак на надеж во распадното постоење на Фабијан. Неговата фатална љубов ја попречуваат „повисоките сили“, но и празен фрижидер и скршен сон за среќа. Режисерот Доминик Граф е познат по многу филмови, меѓу кои и „Возљубени сестри“, додека во улогата на главниот лик Џејкоб Фабијан, германски актер кој последниве години добива награди на германски филмски фестивали - Том Шилинг, познат на публиката по неговите улоги во филмовите: „Никогаш не гледај настрана“, „Дело без автор“. Предвоената драма на Доминик Граф од денес може да се види во градското кино Синеплекс. https://www.youtube.com/watch?v=fMWUWPy-8vc

The post „Фабијан: За Крајот на Светот“ од вечерва во Синеплекс appeared first on Република.

]]>
На 24 февруари во „Синеплекс“ премиера на филмот „Не е лошо да се биде човек“ на Душан Ковачевиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/na-24-fevruari-vo-sinepleks-premiera-na-filmot-ne-e-losho-da-se-bide-chovek-na-dushan-kovachevikj/ Fri, 18 Feb 2022 09:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=460283

Легендарниот Душан Ковачевиќ, режисерот на класиците „Балкански Шпион“, „Професионалец“, „Маратонците го трчаат последниот круг“, „Урнебесна трагедија“, се враќа на филмската сцена по цели 18 години со комедија која го поставува вечното прашање – дали крајот на животот е крај на престојот на овој свет, или постои можност да се продолжи животот во друг облик?

Приказната го следи професорот по пијано Милан, пет години откако неговиот кум, некогашната поп ѕвезда Бели, исчезнува под неразјаснети околности.

Милан одлучува да ја разреши мистеријата и конечно да дознае што се случило. Не наоѓајќи поддршка од семејството и околината, Милан развива пријателски однос со куче скитник.

Ѕвездената актерска екипа ја сочинуваат: Бранка Катиќ, Христина Поповиќ, Ненад Јездиќ, Срџан Жика Тодоровиќ, Андрија Милошевиќ и многу други. Автор на музиката е Бајага.

Филмот ќе игра во нашите кина веќе од следната недела, а премиерата е на 24 февруари во „Синеплекс“.

The post На 24 февруари во „Синеплекс“ премиера на филмот „Не е лошо да се биде човек“ на Душан Ковачевиќ appeared first on Република.

]]>

Легендарниот Душан Ковачевиќ, режисерот на класиците „Балкански Шпион“, „Професионалец“, „Маратонците го трчаат последниот круг“, „Урнебесна трагедија“, се враќа на филмската сцена по цели 18 години со комедија која го поставува вечното прашање – дали крајот на животот е крај на престојот на овој свет, или постои можност да се продолжи животот во друг облик? Приказната го следи професорот по пијано Милан, пет години откако неговиот кум, некогашната поп ѕвезда Бели, исчезнува под неразјаснети околности. Милан одлучува да ја разреши мистеријата и конечно да дознае што се случило. Не наоѓајќи поддршка од семејството и околината, Милан развива пријателски однос со куче скитник. Ѕвездената актерска екипа ја сочинуваат: Бранка Катиќ, Христина Поповиќ, Ненад Јездиќ, Срџан Жика Тодоровиќ, Андрија Милошевиќ и многу други. Автор на музиката е Бајага. Филмот ќе игра во нашите кина веќе од следната недела, а премиерата е на 24 февруари во „Синеплекс“.

The post На 24 февруари во „Синеплекс“ премиера на филмот „Не е лошо да се биде човек“ на Душан Ковачевиќ appeared first on Република.

]]>