Синедејс 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sinedejs-2022/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Jul 2022 09:23:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синедејс 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sinedejs-2022/ 32 32 Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Калтрина Красниќи, режисерката на „Вера сонува за моето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ovoj-film-go-gledam-kako-moznost-za-dijalog-megju-zenite-no-i-mazite-veli-kaltrina-krasnikji-reziserkata-na-vera-sonuva-za-moeto/ Wed, 13 Jul 2022 09:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=527910

Борбите на Вера на многу начини не ги претставуваат предизвиците на мојата генерација и тоа само по себе беше мошне интересно за размислување. Затоа што како жени, не само на Балканот, туку и глоболно, напредувавме со неверојатна брзина во 20. век, вели режисерката на филмот „Вера сонува за морето“ Калтрина Красниќи, кој вечерва во 20,30 часот на Кровот на ГТЦ ќе биде прикажан на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој е во тек во Скопје.

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, како главна улога на филмот, одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

„Вера сонува за морето“ беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, во септември 2021 година. Оттогаш е премиерно прикажан во дваесетина земји, гостувал на повеќе од триесет фестивали и во следните месеци ќе биде прикажан на уште неколку Фестивали.

Кино-прикажувањето на филмот започнува на крајот на август, почнувајќи со Косово, Македонија и Албанија, а потоа и Италија.

Доста интензивно патував со филмот и го презентирав пред многу публика. Морам да кажам, проекциите обично се многу емотивни, бидејќи приказната на Вера не зборува само за нејзината географија. Нејзината драма предизвикува многу прашања, но и одекнува универзално. Бидејќи економскиот диспаритет на жените не е специфичен за Балканот, туку ги погодува жените ширум светот, вели режисерката Красниќи за „Република“.

Покрај Теута Ајдини-Јегени во филмот играат Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други. Сценариото за филмот е на Дорутина Баша, а кинематографија на Севдије Кастрати.

Со Дорунтина Баша се знаеме од детството. Во 2014 година, таа ми понуди да прочитам многу ран нацрт на „Вера сонува за морето“. Бев неизмерно трогнатa од тоа, бидејќи приказната ја раскажуваше жена, преведувач на знаковен јазик, во раните 60-ти. Не можев да се сетам кога последен пат сум гледалa филм, драма или сум прочитала книга каде жена од таа генерација била главна улога. Нејзината возраст овозможи да навлезе во општеството од некои многу сложени агли и исто така да изгради многу слоевит филм. Борбите на Вера на многу начини не ги претставуваат предизвиците на мојата генерација и тоа само по себе беше мошне интересно за размислување. Затоа што како жени, не само на Балканот, туку и на глобално ниво, напредувавме со неверојатна брзина во 20. век. Понекогаш промените се толку радикални од една генерација до друга што дури ни недостасуваат средства за комуникација. Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Красниќи.

Во „Вера сонува за морето“ монтажер е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски.

Нашиот македонски копродуцент е Огнен Антов - Dream Factory, и соработката со него беше исклучителна! Освен со кастингот на Теута Ајдини Јегени и Рефет Абази, работевме со одлична македонска екипа во снимање и дизајн на звук (Игор Поповски, Дарко Спасовски) како и монтажа со Владимир Павловски.
Косовската и македонската филмска сцена имаат зад себе речиси една деценија одлична соработка која се покажа како успешна на меѓународен план. Нашите мали земји беа добри во промоцијата и поддршката на талентите преку границите. Сметам дека овој став е многу здрав, тоа е став кој ветува иднина за раскажувачите, вели Красниќи.

The post Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Калтрина Красниќи, режисерката на „Вера сонува за моето“ appeared first on Република.

]]>

Борбите на Вера на многу начини не ги претставуваат предизвиците на мојата генерација и тоа само по себе беше мошне интересно за размислување. Затоа што како жени, не само на Балканот, туку и глоболно, напредувавме со неверојатна брзина во 20. век, вели режисерката на филмот „Вера сонува за морето“ Калтрина Красниќи, кој вечерва во 20,30 часот на Кровот на ГТЦ ќе биде прикажан на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој е во тек во Скопје. „Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, како главна улога на филмот, одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив. „Вера сонува за морето“ беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, во септември 2021 година. Оттогаш е премиерно прикажан во дваесетина земји, гостувал на повеќе од триесет фестивали и во следните месеци ќе биде прикажан на уште неколку Фестивали. Кино-прикажувањето на филмот започнува на крајот на август, почнувајќи со Косово, Македонија и Албанија, а потоа и Италија.
Доста интензивно патував со филмот и го презентирав пред многу публика. Морам да кажам, проекциите обично се многу емотивни, бидејќи приказната на Вера не зборува само за нејзината географија. Нејзината драма предизвикува многу прашања, но и одекнува универзално. Бидејќи економскиот диспаритет на жените не е специфичен за Балканот, туку ги погодува жените ширум светот, вели режисерката Красниќи за „Република“.
Покрај Теута Ајдини-Јегени во филмот играат Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други. Сценариото за филмот е на Дорутина Баша, а кинематографија на Севдије Кастрати.
Со Дорунтина Баша се знаеме од детството. Во 2014 година, таа ми понуди да прочитам многу ран нацрт на „Вера сонува за морето“. Бев неизмерно трогнатa од тоа, бидејќи приказната ја раскажуваше жена, преведувач на знаковен јазик, во раните 60-ти. Не можев да се сетам кога последен пат сум гледалa филм, драма или сум прочитала книга каде жена од таа генерација била главна улога. Нејзината возраст овозможи да навлезе во општеството од некои многу сложени агли и исто така да изгради многу слоевит филм. Борбите на Вера на многу начини не ги претставуваат предизвиците на мојата генерација и тоа само по себе беше мошне интересно за размислување. Затоа што како жени, не само на Балканот, туку и на глобално ниво, напредувавме со неверојатна брзина во 20. век. Понекогаш промените се толку радикални од една генерација до друга што дури ни недостасуваат средства за комуникација. Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Красниќи.
Во „Вера сонува за морето“ монтажер е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски.
Нашиот македонски копродуцент е Огнен Антов - Dream Factory, и соработката со него беше исклучителна! Освен со кастингот на Теута Ајдини Јегени и Рефет Абази, работевме со одлична македонска екипа во снимање и дизајн на звук (Игор Поповски, Дарко Спасовски) како и монтажа со Владимир Павловски. Косовската и македонската филмска сцена имаат зад себе речиси една деценија одлична соработка која се покажа како успешна на меѓународен план. Нашите мали земји беа добри во промоцијата и поддршката на талентите преку границите. Сметам дека овој став е многу здрав, тоа е став кој ветува иднина за раскажувачите, вели Красниќи.

The post Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Калтрина Красниќи, режисерката на „Вера сонува за моето“ appeared first on Република.

]]>
„Одлука за заминување“, „Тори и Локита“, „Крпеница“, „Како го дозволивте ова?“,„Рез“…денеска на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odluka-za-zaminuvanje-tori-i-lokita-krpenica-kako-go-dozvolivte-ova-rez-deneska-na-sinedejs/ Tue, 12 Jul 2022 07:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=527363

На репертоарот на 21. CINEDAYS за 12.07.2022 (вторник) се следниве проекции:

ГТЦ Кров

20:30 часот

 

Одлука за заминување– Гала селекција

Сценарио и режија: Парк Чан Вок

 

Кога маж загинува на планина, случајот го добива детекти- вот Хе-Чон. Тој ја испитува Со-Ре, сопругата на починатиот, која е рамнодушна на смртта на сопругот, што ја прави со- вршениот виновник. Но чувствата што му се раѓаат за неа, го исфрлаат од колосек...

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

 

Кино Милениум

20:30 часот

 

Тори и Локита - Гала селекција

Режија: Жан Пиер Дарден и Лук Дарден

Во Белгија денес, мало момче и девојка адолесцент, кои допатувале сами од Африка, ги здружуваат силите во не- победливо пријателство против суровите услови на нивниот егзил. Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кинотека

 

20:30 часот

Крпеница – официјална селекција

Режија: Петрос Чараламбоус

Хара си го сака семејство, но сеедно, понекогаш размислува каков би бил животот без нив. Колебливото пријателство со една сра- межлива и пркосна девојка неумоливо ја принудува да се соочи со својот егзистенцијален гнев и болното минато што се обидува да го заборави.

 

22:30 часот

Рез  – ретроспектива на Фатих Акин  

 

Мардин, 1915 година: една ноќ, турската полиција ги собира сите ерменски мажи во градот, меѓу кои и младиот ковач, Назарет Манугјан, кого го разделуваат од семејството. Неколку години подоцна, откако ќе успее да ги преживее ужасите на геноцидот, ќе дознае дека неговите две ќерки се исто така живи. Ќе се опседне со идејата да ги пронајде и тргнува да ги бара. Потрагата го носи преку месопотамските пустини и Хавана до соголените и пусти прерии во Северна Дакота. За време на оваа одисеја, тој среќава многу различни луѓе: добродушни луѓе со ангелско срце, но и луѓе што се вистинско олицетворение на ѓаволот.

МКС парк

21:00 часот

 

Перики - МК кратки

Режија: Ангела Димеска

 

Адам е срамежлив тинејџер, кој сѐ уште ја истражува својата сексуалност. Овој негов внатрешен конфликт доаѓа до израз кога оди кај својата девојка Лена и прави сѐ што е во негова моќ за да избегне сексуален однос.

 

Како го дозволивте ова?  – Официјална селекција

Режија: Јаир Ашер и Атамир Лапид

Јишај оди во посета кај семејство во Израел, во надеж дека ќе открие што со иднината. Се зближува со помладиот брат Омер, слободоумник по природа. Јишај наоѓа утеха во откачените и изненадувачки средби од минатото, но мора да ја земе предвид и својата иднина, како и климавиот однос со Омер.

Поп Ап кино

21:00 часот

Средно Водно

 

Злосторство на иднината - Гала селекција

Режија: Дејвид Кроненберг

Како што луѓето се приспособуваат на синтетичка среди-на, телото претрпува промени и мутации. Заедно со својата партнерка Каприс, познатиот уметник Саул Тенсер јавно ја прикажува метаморфозата на неговите органи преку аван- гардни перформанси. Тимлин, иследничка од Националниот регистар за органи, опсесивно ги следи нивните движења. Токму тогаш се открива мистериозна група... Нивната мисија е да ја искористат славата на Саул за да ја разоткријат след- ната фаза на еволуцијата на човекот.

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

 

 

The post „Одлука за заминување“, „Тори и Локита“, „Крпеница“, „Како го дозволивте ова?“,„Рез“…денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

На репертоарот на 21. CINEDAYS за 12.07.2022 (вторник) се следниве проекции: ГТЦ Кров 20:30 часот   Одлука за заминување– Гала селекција Сценарио и режија: Парк Чан Вок   Кога маж загинува на планина, случајот го добива детекти- вот Хе-Чон. Тој ја испитува Со-Ре, сопругата на починатиот, која е рамнодушна на смртта на сопругот, што ја прави со- вршениот виновник. Но чувствата што му се раѓаат за неа, го исфрлаат од колосек... Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.   Кино Милениум 20:30 часот   Тори и Локита - Гала селекција Режија: Жан Пиер Дарден и Лук Дарден Во Белгија денес, мало момче и девојка адолесцент, кои допатувале сами од Африка, ги здружуваат силите во не- победливо пријателство против суровите услови на нивниот егзил. Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава. Кинотека   20:30 часот Крпеница – официјална селекција Режија: Петрос Чараламбоус Хара си го сака семејство, но сеедно, понекогаш размислува каков би бил животот без нив. Колебливото пријателство со една сра- межлива и пркосна девојка неумоливо ја принудува да се соочи со својот егзистенцијален гнев и болното минато што се обидува да го заборави.   22:30 часот Рез  – ретроспектива на Фатих Акин     Мардин, 1915 година: една ноќ, турската полиција ги собира сите ерменски мажи во градот, меѓу кои и младиот ковач, Назарет Манугјан, кого го разделуваат од семејството. Неколку години подоцна, откако ќе успее да ги преживее ужасите на геноцидот, ќе дознае дека неговите две ќерки се исто така живи. Ќе се опседне со идејата да ги пронајде и тргнува да ги бара. Потрагата го носи преку месопотамските пустини и Хавана до соголените и пусти прерии во Северна Дакота. За време на оваа одисеја, тој среќава многу различни луѓе: добродушни луѓе со ангелско срце, но и луѓе што се вистинско олицетворение на ѓаволот. МКС парк 21:00 часот   Перики - МК кратки Режија: Ангела Димеска   Адам е срамежлив тинејџер, кој сѐ уште ја истражува својата сексуалност. Овој негов внатрешен конфликт доаѓа до израз кога оди кај својата девојка Лена и прави сѐ што е во негова моќ за да избегне сексуален однос.   Како го дозволивте ова?  – Официјална селекција Режија: Јаир Ашер и Атамир Лапид Јишај оди во посета кај семејство во Израел, во надеж дека ќе открие што со иднината. Се зближува со помладиот брат Омер, слободоумник по природа. Јишај наоѓа утеха во откачените и изненадувачки средби од минатото, но мора да ја земе предвид и својата иднина, како и климавиот однос со Омер. Поп Ап кино 21:00 часот Средно Водно   Злосторство на иднината - Гала селекција Режија: Дејвид Кроненберг Како што луѓето се приспособуваат на синтетичка среди-на, телото претрпува промени и мутации. Заедно со својата партнерка Каприс, познатиот уметник Саул Тенсер јавно ја прикажува метаморфозата на неговите органи преку аван- гардни перформанси. Тимлин, иследничка од Националниот регистар за органи, опсесивно ги следи нивните движења. Токму тогаш се открива мистериозна група... Нивната мисија е да ја искористат славата на Саул за да ја разоткријат след- ната фаза на еволуцијата на човекот. Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.    

The post „Одлука за заминување“, „Тори и Локита“, „Крпеница“, „Како го дозволивте ова?“,„Рез“…денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
„Брат и сестра“, „Осумте планини“ и „Засекогаш млади“ во гала програмата на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bogata-programa-vecherva-na-sinedejs-brat-i-sestra-osumte-planini-i-zasekogash-mladi-vo-gala-programata/ Mon, 11 Jul 2022 08:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=526849

Во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, вечерва во Скопје, како дел од гала- програмата ќе бидат прикажани француското остварување „Брат и сестра“, италијанското „Осумте планини“ и француско-италијанското „Засекогаш млад“.

Протагонистите на филмот „Брат и сестра“, кој ќе биде прикажан на покривот на ГТЦ во 20:30 часот, се Алис и Луј. Таа е актерка; тој бил наставник и поет. Повеќе од дваесет години, Алис го мрази својот брат. Со години се немаат видено. Смртта на родителите ги принудува повторно да се сретнат.

Филмот „Осумте планини“, пак, е приказна за пријателството. За момчиња што стануваат мажи кои се обидуваат да ги избришат стапалките на своите татковци, но кои, преку разните животни избори што ги прават, секогаш на крајот се враќаат дома. Пјетро е момче од град, Бруно е последното дете од заборавено планинско село. Низ годините, Бруно ѝ останува верен на својата планина, додека Пјетро е тој што доаѓа и заминува. Заедничките средби ги запознаваат со љубовта и загубата, потсетувајќи ги на нивното потекло и расплетувајќи ги нивните судбини како што откриваат што значи да се биде доживотен пријател. Филмот ќе биде прикажан во 22:30 часот, во киното „Милениум“.

Третиот филм од гала-програмата е „Засекогаш млад“. Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат приемен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во театарот „Де Амандје“ во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја искусат пресвртницата на своите животи, но и првата трагедија. Филмот ќе биде прикажан во 21 часот, на покривот на Домот на градежниците.

Во 22,30 часот во Кинотека ќе се прикаже „Од никаде“ – ретроспектива на Фатих Акин.
Од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да и ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот. Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја, отворајќи рани и сомневања.

Во МКЦ парк во 21 часот во програмата МК кратки ќе биде прикажан филмот „Исти“ во режија: на Ферди Јајаи.

The post „Брат и сестра“, „Осумте планини“ и „Засекогаш млади“ во гала програмата на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, вечерва во Скопје, како дел од гала- програмата ќе бидат прикажани француското остварување „Брат и сестра“, италијанското „Осумте планини“ и француско-италијанското „Засекогаш млад“. Протагонистите на филмот „Брат и сестра“, кој ќе биде прикажан на покривот на ГТЦ во 20:30 часот, се Алис и Луј. Таа е актерка; тој бил наставник и поет. Повеќе од дваесет години, Алис го мрази својот брат. Со години се немаат видено. Смртта на родителите ги принудува повторно да се сретнат. Филмот „Осумте планини“, пак, е приказна за пријателството. За момчиња што стануваат мажи кои се обидуваат да ги избришат стапалките на своите татковци, но кои, преку разните животни избори што ги прават, секогаш на крајот се враќаат дома. Пјетро е момче од град, Бруно е последното дете од заборавено планинско село. Низ годините, Бруно ѝ останува верен на својата планина, додека Пјетро е тој што доаѓа и заминува. Заедничките средби ги запознаваат со љубовта и загубата, потсетувајќи ги на нивното потекло и расплетувајќи ги нивните судбини како што откриваат што значи да се биде доживотен пријател. Филмот ќе биде прикажан во 22:30 часот, во киното „Милениум“. Третиот филм од гала-програмата е „Засекогаш млад“. Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат приемен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во театарот „Де Амандје“ во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја искусат пресвртницата на своите животи, но и првата трагедија. Филмот ќе биде прикажан во 21 часот, на покривот на Домот на градежниците. Во 22,30 часот во Кинотека ќе се прикаже „Од никаде“ – ретроспектива на Фатих Акин. Од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да и ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот. Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја, отворајќи рани и сомневања. Во МКЦ парк во 21 часот во програмата МК кратки ќе биде прикажан филмот „Исти“ во режија: на Ферди Јајаи.

The post „Брат и сестра“, „Осумте планини“ и „Засекогаш млади“ во гала програмата на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на „Мими“ на Дарјан Пејовски за отворањето на 21. издание на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-mimi-na-darjan-pejovski-za-otvoranjeto-na-21-izdanie-na-sinedejs/ Tue, 28 Jun 2022 15:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=520842

Со македонска премиера на новиот долгометражен филм „Мими“ на режисерот Даријан Пејовски, ќе се отвори 21. издание на фестивалот на европски филм Синедејс. Филмот ќе се прикаже на 7 јули на кровот на ГТЦ.

„Мими“ ќе има светска премиера на Пулскиот филмски фестивал, чие 69. издание ќе се одржи од 16 до 24 јули. Филмот е селектиран во Меѓународната програма на фестивалот, покрај десет други наслови.

Филмот е селектиран во SEE програмата на Синедејс и ќе се натпреварува за една од наградите.

Улогите во „Мими“ ги толкуваат: Наталија Теодосиевска како Мими, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.

Пејовски е автор на сценариото на филмот, Дејан Димески е кинематографер, сценографијата е на Игор Тошевски, Емилија И.Атанасовска – костимограф, Ива Куробаса - шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ. Филмот е копродукција на Македонија, Хрватска и Црна Гора.

Мими ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара - млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има - мајчинството.

„Мими“ е втор филм на Пејовски, по „Три дена во септември“.

Годинашниот „Синедејс“ фестивал ќе се одржува до 14 јули под слоганот „Од високо подобро се гледа“ и ќе содржи повеќе од 50 филмови.

The post Македонска премиера на „Мими“ на Дарјан Пејовски за отворањето на 21. издание на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Со македонска премиера на новиот долгометражен филм „Мими“ на режисерот Даријан Пејовски, ќе се отвори 21. издание на фестивалот на европски филм Синедејс. Филмот ќе се прикаже на 7 јули на кровот на ГТЦ. „Мими“ ќе има светска премиера на Пулскиот филмски фестивал, чие 69. издание ќе се одржи од 16 до 24 јули. Филмот е селектиран во Меѓународната програма на фестивалот, покрај десет други наслови. Филмот е селектиран во SEE програмата на Синедејс и ќе се натпреварува за една од наградите. Улогите во „Мими“ ги толкуваат: Наталија Теодосиевска како Мими, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други. Пејовски е автор на сценариото на филмот, Дејан Димески е кинематографер, сценографијата е на Игор Тошевски, Емилија И.Атанасовска – костимограф, Ива Куробаса - шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ. Филмот е копродукција на Македонија, Хрватска и Црна Гора. Мими ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара - млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има - мајчинството. „Мими“ е втор филм на Пејовски, по „Три дена во септември“. Годинашниот „Синедејс“ фестивал ќе се одржува до 14 јули под слоганот „Од високо подобро се гледа“ и ќе содржи повеќе од 50 филмови.

The post Македонска премиера на „Мими“ на Дарјан Пејовски за отворањето на 21. издание на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>