синџири за снег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sindziri-za-sneg/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 19:59:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png синџири за снег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sindziri-za-sneg/ 32 32 Подгответе се на време: Доколку го немате овој уред во автомобилот, од 15 ноември може да добиете казна од 45 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/podgotvete-se-na-vreme-dokolku-go-nemate-ovoj-ured-vo-avtomobilot-od-15-noemvri-moze-da-dobiete-kazna-od-45-evra/ Sat, 22 Oct 2022 06:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=564192

Од 15 ноември до 15 март сите возачи задолжително треба да имаат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возила, велосипеди и запрежни возила за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и трактори за безбедно возење на земјоделски  и шумарски работи (т.е. Службен весник бр. 31 од 2010 година).

Според Правилникот, како зимска опрема за моторни возила со максимална дозволена тежина не поголема од 3.500 кг. се смета следново:

• зимски гуми на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарата од четири милиметри во обем и ширина;

• пневматици со летни профили на сите четири тркала со длабочина на шарите во обем и ширина, со минимум од 4 мм, доколку возилото како целина има синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни средства.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) значи:

• зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарата од 6 мм во обем и ширина;

• гуми со летен профил на сите четири тркала со длабочина на шарите во обемот и ширина од најмалку 4 мм, доколку возилото во целина има синџири за снег и во случај да имаат постојано движење, синџирите за снег мора да имаат најмалку на задната оска, а во случај на преклопен погон, синџирите за снег мора да бидат барем трајно поставени на оската.

Како зимска опрема за моторни возила со максимална дозволена маса поголема од 3500 кг. значи:

• Зимски гуми на погонски тркала со минимална длабочина на шарата од 6 мм во обем и ширина.

• гуми со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите, обем и ширина од најмалку 4 мм, доколку возилото е опремено со синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни средства;

• автобусите и товарните моторни возила кои од технички причини не можат да стават синџири за снег на погонските тркала мора да имаат зимски гуми на погонските тркала и рачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние гуми кои имаат ознаки „MS“, „M+S“, „M & S“ и симбол за снег на стилизирана планина со три врвови.

Од АМСМ АпелираАТ до граѓаните да ја почитуваат законската обврска за поседување зимска опрема, бидејќи на Тој начин овозможуваат непречен и безбеден сообраќај на коловозот во зимски услови.

The post Подгответе се на време: Доколку го немате овој уред во автомобилот, од 15 ноември може да добиете казна од 45 евра appeared first on Република.

]]>

Од 15 ноември до 15 март сите возачи задолжително треба да имаат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возила, велосипеди и запрежни возила за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и трактори за безбедно возење на земјоделски  и шумарски работи (т.е. Службен весник бр. 31 од 2010 година). Според Правилникот, како зимска опрема за моторни возила со максимална дозволена тежина не поголема од 3.500 кг. се смета следново: • зимски гуми на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарата од четири милиметри во обем и ширина; • пневматици со летни профили на сите четири тркала со длабочина на шарите во обем и ширина, со минимум од 4 мм, доколку возилото како целина има синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни средства. Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) значи: • зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарата од 6 мм во обем и ширина; • гуми со летен профил на сите четири тркала со длабочина на шарите во обемот и ширина од најмалку 4 мм, доколку возилото во целина има синџири за снег и во случај да имаат постојано движење, синџирите за снег мора да имаат најмалку на задната оска, а во случај на преклопен погон, синџирите за снег мора да бидат барем трајно поставени на оската. Како зимска опрема за моторни возила со максимална дозволена маса поголема од 3500 кг. значи: • Зимски гуми на погонски тркала со минимална длабочина на шарата од 6 мм во обем и ширина. • гуми со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите, обем и ширина од најмалку 4 мм, доколку возилото е опремено со синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни средства; • автобусите и товарните моторни возила кои од технички причини не можат да стават синџири за снег на погонските тркала мора да имаат зимски гуми на погонските тркала и рачен алат – лопата. Зимски пневматици се оние гуми кои имаат ознаки „MS“, „M+S“, „M & S“ и симбол за снег на стилизирана планина со три врвови. Од АМСМ АпелираАТ до граѓаните да ја почитуваат законската обврска за поседување зимска опрема, бидејќи на Тој начин овозможуваат непречен и безбеден сообраќај на коловозот во зимски услови.

The post Подгответе се на време: Доколку го немате овој уред во автомобилот, од 15 ноември може да добиете казна од 45 евра appeared first on Република.

]]>