синдикат на полицијата во македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sindikat-na-policijata-vo-makedonija/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Oct 2022 20:32:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png синдикат на полицијата во македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sindikat-na-policijata-vo-makedonija/ 32 32 СПМ: Помошник-директорот на БЈБ Лукароски на партиски митинг му ракоплеска на премиерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-pomoshnik-direktorot-na-bjb-lukaroski-na-partiski-miting-mu-rakopleska-na-premierot/ Sun, 30 Oct 2022 20:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=567552

Кога ќе се спомнат реформи во нашава држава Македонија, сите веднаш помислуваме ете дојде крајот на страдањава. И би било така, да ги нема оние кои мислат дека се над сите и само затоа што во моментот се наоѓаат на високи позиции, се им е дозволено. Одат дури до таму што си дозволуваат да не почитуваат нити наредби, нити телеграми. За нив не постои ни Министер ни закон, па си тераат по свое, па и светот да се преврти наопаку. Еден таков е и нашиот “Оли Лукаро” од Прилеп. Не дека е наш, ама во МВР е. Министерот со цела доверба му дал место кај Директорот на БЈБ, ејј НАЈВИСОКО МЕСТО помошник на Директор, ама овој си го зел здраво за готово. Ај тоа што се однесува како “цар”, па се треба да му е на тацна, баткава игнорира и наредби од Министерот. За него не важат ни закони ни правилници, за него нема внатрешна контрола, за него не постои дисциплинска одговорност, стои во Фејсбук објавата на Синдикатот на полиција во Македонија – СПМ.

Синдикат на полиција во Македонија СПМ ги повикува министерот Спасовски, директорот на БЈБ Тасевски и Одделот за внатрешна контрола да го испитаат настанот кога високи полициски структури во МВР учествувале на настан и ка преставувале политичката партија СДСМ а со тоа го прекршиле член 168 од Законот за внатрешни работи каде е најстрого забрането припадник на МВР да преставува политичка партија. Станува збор за Помошник на Директорот на БЈБ за кримималистичка полиција О.Л и Виш полициски советник А.Џ како и командирот на полициско одделение Ропотово В.К. Бидејќи сметаме дека наведените го прекршиле кодексот на полициска етика и Законот за внатрешни работи бараме во рок од три дена внатрешната контрола да го расчисти случајот и за тоа да ја извести јавноста, велат од СПМ.

Целиот текст ви го пренесуваме во продолжение:

„Па така, последно, решил јавно да се појави на трибини пред некој ден и да промовира една ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА. Ни срам ни перде ни почитување од Министерот. Замислете на високи позиции во МВР без срам и перде ракоплеска на лидер на една партија. Ако ова не е преставување на партија тогаш најверојатно вратата на внатрешна треба да ја заковаме со клинци и запечатиме.

А толку гласно и јасно беше најавена од Министерот ЗАБРАНАТА ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА и останати работи поврзани со партиски дејности. Човеков или не знае да чита или баш му е гајле за зборот на Министерот, за законот за внатрешни работи. Ако не знае да чита, може да слуша. Барем се надеваме дека е така, бидејќи и Министерот и Директорот на неколку наврати најавуваа дисциплинска одговорност… НАЈМАЛКУ за прекршување и непочитување на тој член од законот и колективниот. Ама кога е Оли “Лукаро” во прашање и Внатрешна контрола е изглед а и глува и слепа “Не гледам зло, не слушам зло”. Од не знам кај нас поарно нема, изгледа.

Додуша Оли не е сам. На такви собири не се оди сам. Има уште бааѓи такви како “Лукаро”, ама тие барем се појавуваат од време на време. Кога ќе им здожежи или почне да им се ниша фотељата, па мораат да покажат колку добри” војници” се , колку меко и добро можат да држат…говори. За професионализам, де. Еден од таквите е Вишиот полициски советник, во Прилеп го викаат “Џаферо”.

За таквите професионализам и партија се едно те исто, само прво доаѓа партијата, па после законот!!!

Но, по се изгледа дека со ваквите излети, не можат да сватат каква штета прават на Министерот. Ваквото нивно, нивно однесување е на штета на цело МВР. И ситниве полтрончиња земаат пример од големите во смисол “Кога овој се качил горе со партијава, оти не и јас???” И ете ти проблем- Оли “Лукаро” со заменичињата си направил своја војска и го гази делото и зборот на Министерот.

Еве, да речеме пример таков случај од “нашиве” е командирката на полициско одделение Ропотово, но и таа е наша па и неа закон ниту колективен не ја фаќа. За закон веќе не станува ни збор, што беше тоа⁉️

А пак од друга страна, чесниот полицаец глава не може да крене од притисоци, дисциплински, закани за тоа пусто партиско членство. Иако е уставно право и слобода, полицаецот не смее ни да членува, ни да подржува, па од страв дури и дома под ќебе не изговара партија. Ама за Оли наш “Лукаро” и неговата војска послушници тоа не важи. За него не постојат граници во рамките на МВР.

До кога Министерот ќе си дозволува ваков луксуз со неговите најблиски соработници? До кога едно ќе зборуваме, друго ќе бараме а трето ќе правиме? Или ќе ни остане попската “Слушај што зборувам, не гледај што правам!”.

Министре, или покажи им ја вратата на Внатрешна контрола или ние да им ја покажеме. Третата опција баш и не е добра, се споменуваа нешто како отказ на договор за работа и слично. Ама тоа само муабети, нема врска за овие нашиве нели?
Не си поп, Оли “лукаро”, полицаец си, без разлика какво звање носиш. И за тебе важи ЗВР и КД!!! Или ние може се лажеме дека си еден од нас?

И така Оли наш од Прилеп,”Џаферо” и командирката наша си чекорат “Силно и одлучно кон иднината”.

Ја повикуваме внатрешната контрола да преземе мерки против овие тројца непрофесионалци и да покаже и докаже дека внатрешна контрола не е само за полицајци и дека не работи само за неистомисленици и за тоа писмено да не извести како Синдикат.Ако не знае еве и помош член 168 став 1 од ЗВР.

РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА МОРА ДА ИМА!

И ТОА ТРЕБА ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ!

ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА мора да се врати!

Напомена: Реакцијата на СПМ е по повод реакција на повеќе наши членови од Куманово, Штип, Велес и Тетово кои во целост се залагаат за професионализам и отргнување на политичките партии од Полицијата!

Сите фотографии кои ни се пратени, се преземени од официјалната страница на една партија.“

The post СПМ: Помошник-директорот на БЈБ Лукароски на партиски митинг му ракоплеска на премиерот appeared first on Република.

]]>

Кога ќе се спомнат реформи во нашава држава Македонија, сите веднаш помислуваме ете дојде крајот на страдањава. И би било така, да ги нема оние кои мислат дека се над сите и само затоа што во моментот се наоѓаат на високи позиции, се им е дозволено. Одат дури до таму што си дозволуваат да не почитуваат нити наредби, нити телеграми. За нив не постои ни Министер ни закон, па си тераат по свое, па и светот да се преврти наопаку. Еден таков е и нашиот “Оли Лукаро” од Прилеп. Не дека е наш, ама во МВР е. Министерот со цела доверба му дал место кај Директорот на БЈБ, ејј НАЈВИСОКО МЕСТО помошник на Директор, ама овој си го зел здраво за готово. Ај тоа што се однесува како “цар”, па се треба да му е на тацна, баткава игнорира и наредби од Министерот. За него не важат ни закони ни правилници, за него нема внатрешна контрола, за него не постои дисциплинска одговорност, стои во Фејсбук објавата на Синдикатот на полиција во Македонија – СПМ.
Синдикат на полиција во Македонија СПМ ги повикува министерот Спасовски, директорот на БЈБ Тасевски и Одделот за внатрешна контрола да го испитаат настанот кога високи полициски структури во МВР учествувале на настан и ка преставувале политичката партија СДСМ а со тоа го прекршиле член 168 од Законот за внатрешни работи каде е најстрого забрането припадник на МВР да преставува политичка партија. Станува збор за Помошник на Директорот на БЈБ за кримималистичка полиција О.Л и Виш полициски советник А.Џ како и командирот на полициско одделение Ропотово В.К. Бидејќи сметаме дека наведените го прекршиле кодексот на полициска етика и Законот за внатрешни работи бараме во рок од три дена внатрешната контрола да го расчисти случајот и за тоа да ја извести јавноста, велат од СПМ.
Целиот текст ви го пренесуваме во продолжение:
„Па така, последно, решил јавно да се појави на трибини пред некој ден и да промовира една ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА. Ни срам ни перде ни почитување од Министерот. Замислете на високи позиции во МВР без срам и перде ракоплеска на лидер на една партија. Ако ова не е преставување на партија тогаш најверојатно вратата на внатрешна треба да ја заковаме со клинци и запечатиме. А толку гласно и јасно беше најавена од Министерот ЗАБРАНАТА ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА и останати работи поврзани со партиски дејности. Човеков или не знае да чита или баш му е гајле за зборот на Министерот, за законот за внатрешни работи. Ако не знае да чита, може да слуша. Барем се надеваме дека е така, бидејќи и Министерот и Директорот на неколку наврати најавуваа дисциплинска одговорност… НАЈМАЛКУ за прекршување и непочитување на тој член од законот и колективниот. Ама кога е Оли “Лукаро” во прашање и Внатрешна контрола е изглед а и глува и слепа “Не гледам зло, не слушам зло”. Од не знам кај нас поарно нема, изгледа. Додуша Оли не е сам. На такви собири не се оди сам. Има уште бааѓи такви како “Лукаро”, ама тие барем се појавуваат од време на време. Кога ќе им здожежи или почне да им се ниша фотељата, па мораат да покажат колку добри” војници” се , колку меко и добро можат да држат…говори. За професионализам, де. Еден од таквите е Вишиот полициски советник, во Прилеп го викаат “Џаферо”. За таквите професионализам и партија се едно те исто, само прво доаѓа партијата, па после законот!!! Но, по се изгледа дека со ваквите излети, не можат да сватат каква штета прават на Министерот. Ваквото нивно, нивно однесување е на штета на цело МВР. И ситниве полтрончиња земаат пример од големите во смисол “Кога овој се качил горе со партијава, оти не и јас???” И ете ти проблем- Оли “Лукаро” со заменичињата си направил своја војска и го гази делото и зборот на Министерот. Еве, да речеме пример таков случај од “нашиве” е командирката на полициско одделение Ропотово, но и таа е наша па и неа закон ниту колективен не ја фаќа. За закон веќе не станува ни збор, што беше тоа⁉️ А пак од друга страна, чесниот полицаец глава не може да крене од притисоци, дисциплински, закани за тоа пусто партиско членство. Иако е уставно право и слобода, полицаецот не смее ни да членува, ни да подржува, па од страв дури и дома под ќебе не изговара партија. Ама за Оли наш “Лукаро” и неговата војска послушници тоа не важи. За него не постојат граници во рамките на МВР. До кога Министерот ќе си дозволува ваков луксуз со неговите најблиски соработници? До кога едно ќе зборуваме, друго ќе бараме а трето ќе правиме? Или ќе ни остане попската “Слушај што зборувам, не гледај што правам!”. Министре, или покажи им ја вратата на Внатрешна контрола или ние да им ја покажеме. Третата опција баш и не е добра, се споменуваа нешто како отказ на договор за работа и слично. Ама тоа само муабети, нема врска за овие нашиве нели? Не си поп, Оли “лукаро”, полицаец си, без разлика какво звање носиш. И за тебе важи ЗВР и КД!!! Или ние може се лажеме дека си еден од нас? И така Оли наш од Прилеп,”Џаферо” и командирката наша си чекорат “Силно и одлучно кон иднината”. Ја повикуваме внатрешната контрола да преземе мерки против овие тројца непрофесионалци и да покаже и докаже дека внатрешна контрола не е само за полицајци и дека не работи само за неистомисленици и за тоа писмено да не извести како Синдикат.Ако не знае еве и помош член 168 став 1 од ЗВР. РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА МОРА ДА ИМА! И ТОА ТРЕБА ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ! ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА мора да се врати! Напомена: Реакцијата на СПМ е по повод реакција на повеќе наши членови од Куманово, Штип, Велес и Тетово кои во целост се залагаат за професионализам и отргнување на политичките партии од Полицијата! Сите фотографии кои ни се пратени, се преземени од официјалната страница на една партија.“

The post СПМ: Помошник-директорот на БЈБ Лукароски на партиски митинг му ракоплеска на премиерот appeared first on Република.

]]>
Синдикалната пролет не ги даде резултатите, каде и дали грешат синдикатите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikalnata-prolet-ne-gi-dade-rezultatite-kade-i-dali-greshat-sindikatite/ Sat, 30 Apr 2022 09:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=495638

Ова е веста која осамна по порталите во Македонија и која најверојатно предизвика различни чувства и реакции помеѓу граѓаните на Македонија. Веднаш мора да потенцираме дека таквата констатација и наслов се сосема грешни и во најмала рака, еднострани. Зошто се поставува прашање: Каде грешат синдикатите? Каде е грешката? Доколку може да се смета за грешка, бидејќи секоја расправија, дијалог има две страни. А кога нема резултати, не се нагласува едната страна. Тоа е поттикнување на мислење и подривање на нетрпение. Согледувајќи ги целокуните состојби, во овој случај, најмногу личи на онаа старата “Кај што има сила, нема правдина.”, а во тој контекст во ниеден момент не се мисли на Синдикат. Зошто е тоа така?

Вака почнува реакцијата на Синдикатот на полицијата во Македонија, која ви ја пренесуваме во целост:

Па да тргнеме од една Европска гледна точка. Во многу, а можеби и во сите, Европски земји, постоењето и функционирањето на Синдикат е задолжително, без разлика дали тоа е во јавен или приватен сектор. Тоа им е регулирано со закон како одговор и почитување на Европската конвенција за човекови права во делот за права за слобода на здружување, во кој значаен дел има и Синдикалното здружување. Разликата во Македонија уште веднаш е воочлива- немаме закон за синдикати нити пак се почитува таа конвенција, најнапред од Владата, како краен работодавец, потоа од самите Министерства, а да не зборуваме во приватниот сектор каде синдикат е мисловна именка. И само затоа што “газдите” не дозволуваат. Во приватниот сектор и самата помисла на синдикат е ригорозна и “штетна по здравјето”. Пред некоја година постоеше таков предлог закон за синдикати, но за многу кратко време, исчезна и иницијативата, а и предлогот и со самото тоа и вољата за таков закон од народните избраници. Никој не се запрашал ни зошто ни како. Како да не постоело. Немање на воља за такво решение го остави работникот дирекно зависен од работодавецот и некои длабоко политизирани и запоседнати квази-организации кои сами себе се нарекуваат синдикати. Тука веќе навлегуваме во почетното нефункционирање на синдикална организација, а мора да се знае дека тоа е единствено на штета на работникот, на никој друг. Децении на назад, таквите полтронски здруженија, функционираа исклучиво на довербата на работниците, доверба заостаната од претходниот систем каде синдикат имаше и значеше нешто. Заради таквата доверба, синдикатот како поим, падна во една летаргична состојба која потоа прерасна во алатка на актуелните власти, за да се претвори во дополнителна финансиска каса и дувло на фотељаши. Тој контра еволутивен процес траеше со децении при што правата на работникот не само што не беа подобрувани или барем задржани на едно статус кво, туку беа изменети, избришани, одземени за на крај да се дојде до точка на вриење и будење на запоставената работничка класа. Тогаш се појавија гладните за власт поединци, кои гледајќи ја можноста за искористување на веќе наталожената нетрпеливост и крајно незадоволство на работникот, видоа “отскочна даска” за задоволување на свои лични интереси и формира синдикати. А пак власта, од стравот и фактот дека ќе им се случи будење на свеста и општа “Синдикална пролет”, побрза да ги врбува таквите поединци во своја корист заради контрола и од тоа меѓусебно разбирање се изродија нови олигарси, автократи како сакате наречете ги, но во никој случај Синдикалци. И повторно кој најмногу настрада од тоа? Работникот, кој друг. Овој пат не само што не доби ништо туку и потполно ја загуби довербата во оние што би требало да се борат за негова заштита. И како тоа да е малку, многу од нив останаа без работа, беа прогонувани од сопствените работодавачи па дури им беа монтирани и судски процеси. И тоа беше остварување на целта на газдите од приватниот сектор, но и јавниот сектор се ослободи од притисокот да мора да се грижи за работникот. Без синдикат во вистинска смисла на зборот, продолжија со остварување личните интереси и зголемување на ионака натрупаното богатство, без притоа некој да му застане на патот.
Но во Македонија секогаш имало и ќе има идеалисти и борци, па така дојде нов бран на синдикалци на кои веќе им дојде преку глава од се, кои не сакаа да ја напуштат оваа држава но и многу од нив немаа ни можност тоа да го сторат, било тоа да е од лични или други причини. И како по "дифолт", овој пат тие се соочија не само со огромниот притисок на актуелните власти, како своевремено така и денес, туку и со недовербата на работникот предизвикана од дотогашните, досегашните така речи, предавства и од државата и од синдикатите. Борбата на тој нов бран на синдикати се водеше на два фронта- со актуелната власт и со самиот работник. Со власта за да се афирмираат како заштитници на веќе уништениот концепт на заштита на работничките права, а со работникот за враќање на неговата доверба. А довербата на работникот во синдикатот е основната движечка сила на една сидикална организација. Без тоа не би постоел синдикат, а и со оглед на се она што претрпел работникот во Македонија во овие 30-тина години, кој би можел и да го криви за тоа? И со таква нарушена доверба, со секојдневни притисоци од власта, секојдневни опструкции, клевети од полтронските квази-синдикати, дојде момент кога работникот веќе не може ни да преживее во Македонија, па овие идеалисти се решија на најрадикални чекори во синдикалното работење- протести и штрајкови. Тука веќе е вклучен црвениот аларм кај властите кои досега мирно си ја остваруваа својата агенда но и кај полтронските здруженија, засегнати од губење на своите позиции и фотељи заради своето неделување и дејство со кое ги уништија сите права на работникот. Од овој момент почнува вистинското “покажување на заби” од страна на власта и нејзините послушници.

Имено, и јавно и лично се изрекуваат закани, се најавуваат и спроведуваат откази, се објавуваат лажни вести, медиумите блиски до власта со цел свој потенцијал ги извртуваат фактите и вистините за вината за кризата да падне на грбот на синдикатите, се објавуваат лични навредливи и омаловажувачки информации за организатори и учесници на протести и штрајкови, па дури и синдикати се бришат од евиденции и им се забранува синдикалната дејност. Апсурд до апсурд. Ноторно кршење на законски права, извртување на вистината, непочитување на колективни договори и уште што не. Со една реченица, таква антикампања против синдикалното движење, небаре се работи за најголем државен непријател. Но и тоа не им успева до крај, многу од работниците и синдикалците повторно излегуваат на улица во потрага по своите права.

Во таа такаречи конфузија, полтронските здруженија увидувајќи дека немаат друг излез, во содејство и со амин од власта, предлагаат Соломонски решенија за работникот и што е најважно, враќање на некои права кои работникот ги загубил баш заради нивното неработење. Истовремено и синхронизирано со своите полтрони, власта врши невиден мобинг и притисок врз членството на синдикатите, до таа мера што се вклучени сите партиски и лични ботови за заканите да допрат до секој еден учесник во протестите и штрајковите. Буквална војна на власта со сопствениот работник!!!

Не секој ментален склоп може да го издржи сето тоа. Не секој семеен човек или воопшто човек, може да биде рамнодушен на толку многу закани како на професионално, така и на лично ниво. Тоа веќе е главната причина заради која не успеаа протестите. Синдикатите никаде не згрешија, синдикалците не потфрлија. Власта и полтронските здруженија, барем навидум и привремено, успеаа да си ги заштитат сопствените интереси. Ако власта имаше воља за решавање на наталожените проблеми, немаше да биде важна нити репрезентативност, нити политичка определеност, нити финансиски импликации, туку во овој период од 10-тина месеци ќе изнајдеше било какво решение кое не е популистичко, штетно, навредливо и потценувачко за работникот. Бидејќи работникот е основната движечка сила на еден систем, основната единица мерка за економијата, работникот е најважниот сегмент на било која државно уредување. Кога станува збор за работникот, треба да се води војна,да. Но војна во која ќе биде победник оној кој ќе успее најповеќе да го мотивира и награди за што тој би вратил со зголемена продуктивност. А не војна во која по секоја цена ќе се уништува вољата, желбата, мотивацијата на работникот, а и самиот работник како човек и идентитет.

Заради ваквото деструктивно, деградирачко, штетно и контрапродуктивно делување на власта во содејство со своите полтронски здруженија не успева и не просперира и самата држава, а не било какви протести или штрајкови!!!

Затоа утре ќе се случи сценарио, однапред договорено, се на штета на работникот а се со цел да се уништи неговата вистинска сила која ја има.

Работникот заслужува ДОСТОИНСТВЕНА ПЛАТА а не трошки кои утре ќе се бараат а најверојатно предвреме договорено да се добијат !

The post Синдикалната пролет не ги даде резултатите, каде и дали грешат синдикатите? appeared first on Република.

]]>

Ова е веста која осамна по порталите во Македонија и која најверојатно предизвика различни чувства и реакции помеѓу граѓаните на Македонија. Веднаш мора да потенцираме дека таквата констатација и наслов се сосема грешни и во најмала рака, еднострани. Зошто се поставува прашање: Каде грешат синдикатите? Каде е грешката? Доколку може да се смета за грешка, бидејќи секоја расправија, дијалог има две страни. А кога нема резултати, не се нагласува едната страна. Тоа е поттикнување на мислење и подривање на нетрпение. Согледувајќи ги целокуните состојби, во овој случај, најмногу личи на онаа старата “Кај што има сила, нема правдина.”, а во тој контекст во ниеден момент не се мисли на Синдикат. Зошто е тоа така? Вака почнува реакцијата на Синдикатот на полицијата во Македонија, која ви ја пренесуваме во целост: Па да тргнеме од една Европска гледна точка. Во многу, а можеби и во сите, Европски земји, постоењето и функционирањето на Синдикат е задолжително, без разлика дали тоа е во јавен или приватен сектор. Тоа им е регулирано со закон како одговор и почитување на Европската конвенција за човекови права во делот за права за слобода на здружување, во кој значаен дел има и Синдикалното здружување. Разликата во Македонија уште веднаш е воочлива- немаме закон за синдикати нити пак се почитува таа конвенција, најнапред од Владата, како краен работодавец, потоа од самите Министерства, а да не зборуваме во приватниот сектор каде синдикат е мисловна именка. И само затоа што “газдите” не дозволуваат. Во приватниот сектор и самата помисла на синдикат е ригорозна и “штетна по здравјето”. Пред некоја година постоеше таков предлог закон за синдикати, но за многу кратко време, исчезна и иницијативата, а и предлогот и со самото тоа и вољата за таков закон од народните избраници. Никој не се запрашал ни зошто ни како. Како да не постоело. Немање на воља за такво решение го остави работникот дирекно зависен од работодавецот и некои длабоко политизирани и запоседнати квази-организации кои сами себе се нарекуваат синдикати. Тука веќе навлегуваме во почетното нефункционирање на синдикална организација, а мора да се знае дека тоа е единствено на штета на работникот, на никој друг. Децении на назад, таквите полтронски здруженија, функционираа исклучиво на довербата на работниците, доверба заостаната од претходниот систем каде синдикат имаше и значеше нешто. Заради таквата доверба, синдикатот како поим, падна во една летаргична состојба која потоа прерасна во алатка на актуелните власти, за да се претвори во дополнителна финансиска каса и дувло на фотељаши. Тој контра еволутивен процес траеше со децении при што правата на работникот не само што не беа подобрувани или барем задржани на едно статус кво, туку беа изменети, избришани, одземени за на крај да се дојде до точка на вриење и будење на запоставената работничка класа. Тогаш се појавија гладните за власт поединци, кои гледајќи ја можноста за искористување на веќе наталожената нетрпеливост и крајно незадоволство на работникот, видоа “отскочна даска” за задоволување на свои лични интереси и формира синдикати. А пак власта, од стравот и фактот дека ќе им се случи будење на свеста и општа “Синдикална пролет”, побрза да ги врбува таквите поединци во своја корист заради контрола и од тоа меѓусебно разбирање се изродија нови олигарси, автократи како сакате наречете ги, но во никој случај Синдикалци. И повторно кој најмногу настрада од тоа? Работникот, кој друг. Овој пат не само што не доби ништо туку и потполно ја загуби довербата во оние што би требало да се борат за негова заштита. И како тоа да е малку, многу од нив останаа без работа, беа прогонувани од сопствените работодавачи па дури им беа монтирани и судски процеси. И тоа беше остварување на целта на газдите од приватниот сектор, но и јавниот сектор се ослободи од притисокот да мора да се грижи за работникот. Без синдикат во вистинска смисла на зборот, продолжија со остварување личните интереси и зголемување на ионака натрупаното богатство, без притоа некој да му застане на патот. Но во Македонија секогаш имало и ќе има идеалисти и борци, па така дојде нов бран на синдикалци на кои веќе им дојде преку глава од се, кои не сакаа да ја напуштат оваа држава но и многу од нив немаа ни можност тоа да го сторат, било тоа да е од лични или други причини. И како по "дифолт", овој пат тие се соочија не само со огромниот притисок на актуелните власти, како своевремено така и денес, туку и со недовербата на работникот предизвикана од дотогашните, досегашните така речи, предавства и од државата и од синдикатите. Борбата на тој нов бран на синдикати се водеше на два фронта- со актуелната власт и со самиот работник. Со власта за да се афирмираат како заштитници на веќе уништениот концепт на заштита на работничките права, а со работникот за враќање на неговата доверба. А довербата на работникот во синдикатот е основната движечка сила на една сидикална организација. Без тоа не би постоел синдикат, а и со оглед на се она што претрпел работникот во Македонија во овие 30-тина години, кој би можел и да го криви за тоа? И со таква нарушена доверба, со секојдневни притисоци од власта, секојдневни опструкции, клевети од полтронските квази-синдикати, дојде момент кога работникот веќе не може ни да преживее во Македонија, па овие идеалисти се решија на најрадикални чекори во синдикалното работење- протести и штрајкови. Тука веќе е вклучен црвениот аларм кај властите кои досега мирно си ја остваруваа својата агенда но и кај полтронските здруженија, засегнати од губење на своите позиции и фотељи заради своето неделување и дејство со кое ги уништија сите права на работникот. Од овој момент почнува вистинското “покажување на заби” од страна на власта и нејзините послушници. Имено, и јавно и лично се изрекуваат закани, се најавуваат и спроведуваат откази, се објавуваат лажни вести, медиумите блиски до власта со цел свој потенцијал ги извртуваат фактите и вистините за вината за кризата да падне на грбот на синдикатите, се објавуваат лични навредливи и омаловажувачки информации за организатори и учесници на протести и штрајкови, па дури и синдикати се бришат од евиденции и им се забранува синдикалната дејност. Апсурд до апсурд. Ноторно кршење на законски права, извртување на вистината, непочитување на колективни договори и уште што не. Со една реченица, таква антикампања против синдикалното движење, небаре се работи за најголем државен непријател. Но и тоа не им успева до крај, многу од работниците и синдикалците повторно излегуваат на улица во потрага по своите права. Во таа такаречи конфузија, полтронските здруженија увидувајќи дека немаат друг излез, во содејство и со амин од власта, предлагаат Соломонски решенија за работникот и што е најважно, враќање на некои права кои работникот ги загубил баш заради нивното неработење. Истовремено и синхронизирано со своите полтрони, власта врши невиден мобинг и притисок врз членството на синдикатите, до таа мера што се вклучени сите партиски и лични ботови за заканите да допрат до секој еден учесник во протестите и штрајковите. Буквална војна на власта со сопствениот работник!!! Не секој ментален склоп може да го издржи сето тоа. Не секој семеен човек или воопшто човек, може да биде рамнодушен на толку многу закани како на професионално, така и на лично ниво. Тоа веќе е главната причина заради која не успеаа протестите. Синдикатите никаде не згрешија, синдикалците не потфрлија. Власта и полтронските здруженија, барем навидум и привремено, успеаа да си ги заштитат сопствените интереси. Ако власта имаше воља за решавање на наталожените проблеми, немаше да биде важна нити репрезентативност, нити политичка определеност, нити финансиски импликации, туку во овој период од 10-тина месеци ќе изнајдеше било какво решение кое не е популистичко, штетно, навредливо и потценувачко за работникот. Бидејќи работникот е основната движечка сила на еден систем, основната единица мерка за економијата, работникот е најважниот сегмент на било која државно уредување. Кога станува збор за работникот, треба да се води војна,да. Но војна во која ќе биде победник оној кој ќе успее најповеќе да го мотивира и награди за што тој би вратил со зголемена продуктивност. А не војна во која по секоја цена ќе се уништува вољата, желбата, мотивацијата на работникот, а и самиот работник како човек и идентитет. Заради ваквото деструктивно, деградирачко, штетно и контрапродуктивно делување на власта во содејство со своите полтронски здруженија не успева и не просперира и самата држава, а не било какви протести или штрајкови!!! Затоа утре ќе се случи сценарио, однапред договорено, се на штета на работникот а се со цел да се уништи неговата вистинска сила која ја има. Работникот заслужува ДОСТОИНСТВЕНА ПЛАТА а не трошки кои утре ќе се бараат а најверојатно предвреме договорено да се добијат !

The post Синдикалната пролет не ги даде резултатите, каде и дали грешат синдикатите? appeared first on Република.

]]>