Синдикат на културата на Република Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sindikat-na-kulturata-na-republika-makedonija/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 11:26:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синдикат на културата на Република Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sindikat-na-kulturata-na-republika-makedonija/ 32 32 Вработените во културата стравуваат дека нема да го добијат зголемувањето на платата согласно колективните договори https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-vo-kulturata-stravuvaat-deka-nema-da-go-dobijat-zgolemuvaneto-na-platata-soglasno-kolektivnite-dogovori/ Wed, 03 Apr 2024 11:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=761658

Вработените во културата стравуваат дека нема да го земат зголемувањето согласно усогласувањето со минималната плата и предвидените 10 проценти како што е предвидено со Општиот колективен договор за јавен сектор.

Тие денеска на протест пред Министертвото за култура ја повикаа министерката за култура да им достави законски упаства за пресметка на плата со што ќе се испочитуиваат двата колективни договора - колективниот договор потпишан со Министерството за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор.

Ја повикуваме министерката уште еднаш да не биде трагичар во културата, туку да се одважи, да се соочи и да им застане на патот на сите оние кои сакаат да го растурат она што заеднички го градевме. Ја повикуваме да достави законски упатства за пресметка на плата со што ќе се испочитуваат двата колективни договора, а избегнат големи судски трошоци што ќе паднат на товар на државата, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот на култура.

Таа посочи дека на последната седница на Советот се донесени неколку одлуки меѓу кои и одлука за протести.

Поддршка на вработените од културата им даде и Сојузот на синдикати на Македонија.

Тоа што треба да го направат е во решението јасно да напишат дека основицата за пресметка на коефициент 1 е минималната плата или 22.567 денари, таа се множи по коефициент на сложеност и да стават уште една ставка дека основната бруто плата на работикот согласно ОКД се зголемува за дополнителни 10 проценти. И на тој начин да се реши дилемата дека овие вработени нема да добијат само 2,15 проценти, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

На ова реагираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која на прес-конференција рече дека нема промена во Општиот колективен договор, ниту во колективниот договор за култура.

-Во самото решение стои дека платата се пресметува на следниот начин - основна бруто плата по следните основи: минимална бруто плата која е објавена во Службен весник согласно закон и општ колективен договор, коефициентот на сложеност согласно колективниот договор на вработениот има право на 0,5 додаток на основна бруто плата за секоја година работен стаж најмногу за 20 отсто. Овие три компоненти се непроменети. Нема промена во општиот колективен договор, нема промена во колективниот договор на Синдикатот за култура и правото за секоја годима работен стаж останува, рече Костадиновска Стојчевска.

Како што посочи, единствената промена што е внесена во диспозитивот е минималната плата, затоа што таа е единствената компонента што е променета.

Со измените на Законот за минималната плата, минималната плата сметана од месец март 2024 година изнесува 33,352,000 денари. Ова значи дека единствената компонента која што од оваа плата е менлива, е минималната плата. Токму затоа таа стои во диспозитивот, рече министерката, додавајќи дека во изработката на ова решение се консултирале и со МТСП и Државниот инспекторат за труд.

 

The post Вработените во културата стравуваат дека нема да го добијат зголемувањето на платата согласно колективните договори appeared first on Република.

]]>

Вработените во културата стравуваат дека нема да го земат зголемувањето согласно усогласувањето со минималната плата и предвидените 10 проценти како што е предвидено со Општиот колективен договор за јавен сектор. Тие денеска на протест пред Министертвото за култура ја повикаа министерката за култура да им достави законски упаства за пресметка на плата со што ќе се испочитуиваат двата колективни договора - колективниот договор потпишан со Министерството за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор.
Ја повикуваме министерката уште еднаш да не биде трагичар во културата, туку да се одважи, да се соочи и да им застане на патот на сите оние кои сакаат да го растурат она што заеднички го градевме. Ја повикуваме да достави законски упатства за пресметка на плата со што ќе се испочитуваат двата колективни договора, а избегнат големи судски трошоци што ќе паднат на товар на државата, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот на култура.
Таа посочи дека на последната седница на Советот се донесени неколку одлуки меѓу кои и одлука за протести. Поддршка на вработените од културата им даде и Сојузот на синдикати на Македонија.
Тоа што треба да го направат е во решението јасно да напишат дека основицата за пресметка на коефициент 1 е минималната плата или 22.567 денари, таа се множи по коефициент на сложеност и да стават уште една ставка дека основната бруто плата на работикот согласно ОКД се зголемува за дополнителни 10 проценти. И на тој начин да се реши дилемата дека овие вработени нема да добијат само 2,15 проценти, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
На ова реагираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која на прес-конференција рече дека нема промена во Општиот колективен договор, ниту во колективниот договор за култура.
-Во самото решение стои дека платата се пресметува на следниот начин - основна бруто плата по следните основи: минимална бруто плата која е објавена во Службен весник согласно закон и општ колективен договор, коефициентот на сложеност согласно колективниот договор на вработениот има право на 0,5 додаток на основна бруто плата за секоја година работен стаж најмногу за 20 отсто. Овие три компоненти се непроменети. Нема промена во општиот колективен договор, нема промена во колективниот договор на Синдикатот за култура и правото за секоја годима работен стаж останува, рече Костадиновска Стојчевска.
Како што посочи, единствената промена што е внесена во диспозитивот е минималната плата, затоа што таа е единствената компонента што е променета.
Со измените на Законот за минималната плата, минималната плата сметана од месец март 2024 година изнесува 33,352,000 денари. Ова значи дека единствената компонента која што од оваа плата е менлива, е минималната плата. Токму затоа таа стои во диспозитивот, рече министерката, додавајќи дека во изработката на ова решение се консултирале и со МТСП и Државниот инспекторат за труд.
 

The post Вработените во културата стравуваат дека нема да го добијат зголемувањето на платата согласно колективните договори appeared first on Република.

]]>
Министерката за култура и СКРМ се договорија да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-za-kultura-i-skrm-se-dogovorija-da-se-formira-nova-komisija-za-obnovuvanje-na-kolektivniot-dogovor/ Tue, 22 Feb 2022 14:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=462004

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и претставници на Синдикатот на  културата на Република Македонија (СКРМ) се договориле да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор за култура и негово подобрување во однос на одредбите кои предизвикуваат забуни или можност за различно толкување.

СКРМ информираше дека на денешниот состанок со министерката Костадиновска Стојчевска присустувал и советникот во Владата Милан Живковиќ.

Министерката ја искажа својата силна поддршка за правата на вработените во инситуциите од културата и истакна дека проблемот со неисплатените плати поради „недела неработен ден“ ќе биде надминат уште во текот на денот, а кај оние институции каде што е исплатена плата, ќе бидат извршени дополнителни корекции и работењето во недела ќе биде исплатено согласно Законот за работни односи. Беше договорена поголема соработка меѓу синдикатот и министерството, при што од страна на Министерката беше потенцирана нејзината подготовеност за почеста директна комуникација, велат од СКРМ.

Договорена е и отворена средба со членовите на СКРМ, која ќе се одржи во 10 часот во петок, 25 февруари во Националната опера и балет.

На состанокот биле разгледани проблемите со неспроведување на заклучоците на Комисијата за следење на примената и толкување на Колективниот договор, како и прекршувањата на Колективниот договор од страна на службите во Министерствиото за култура и одредени директори, кои директно ги поткопуваат социјалните политики на Владата и правата на вработените во културата.

Синдикатот алрамираше и за неквалификуваните директори и за членовите на Управните одбори кои не ги исполнуваат законските критериуми.
Од страна на Министерката Костадиновска Стојчевска и советникот во Владата Милан Живковиќ, добивме уверување дека во институциите од културата ќе биде извршено покачување на платите согласно Колективниот договор за култура и Законот за минимална плата. Во оваа прилика сакаме да ги повикаме сите политички субјекти во државата да бидат свесни за финансиските последици од глобалната инфлација и да бидат конструктивни во што поскоро усвојување на Законот за минимална плата како основа за спирално покачување на сите плати во државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните, велат од СКРМ.

The post Министерката за култура и СКРМ се договорија да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и претставници на Синдикатот на  културата на Република Македонија (СКРМ) се договориле да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор за култура и негово подобрување во однос на одредбите кои предизвикуваат забуни или можност за различно толкување. СКРМ информираше дека на денешниот состанок со министерката Костадиновска Стојчевска присустувал и советникот во Владата Милан Живковиќ.
Министерката ја искажа својата силна поддршка за правата на вработените во инситуциите од културата и истакна дека проблемот со неисплатените плати поради „недела неработен ден“ ќе биде надминат уште во текот на денот, а кај оние институции каде што е исплатена плата, ќе бидат извршени дополнителни корекции и работењето во недела ќе биде исплатено согласно Законот за работни односи. Беше договорена поголема соработка меѓу синдикатот и министерството, при што од страна на Министерката беше потенцирана нејзината подготовеност за почеста директна комуникација, велат од СКРМ.
Договорена е и отворена средба со членовите на СКРМ, која ќе се одржи во 10 часот во петок, 25 февруари во Националната опера и балет. На состанокот биле разгледани проблемите со неспроведување на заклучоците на Комисијата за следење на примената и толкување на Колективниот договор, како и прекршувањата на Колективниот договор од страна на службите во Министерствиото за култура и одредени директори, кои директно ги поткопуваат социјалните политики на Владата и правата на вработените во културата.
Синдикатот алрамираше и за неквалификуваните директори и за членовите на Управните одбори кои не ги исполнуваат законските критериуми. Од страна на Министерката Костадиновска Стојчевска и советникот во Владата Милан Живковиќ, добивме уверување дека во институциите од културата ќе биде извршено покачување на платите согласно Колективниот договор за култура и Законот за минимална плата. Во оваа прилика сакаме да ги повикаме сите политички субјекти во државата да бидат свесни за финансиските последици од глобалната инфлација и да бидат конструктивни во што поскоро усвојување на Законот за минимална плата како основа за спирално покачување на сите плати во државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните, велат од СКРМ.

The post Министерката за култура и СКРМ се договорија да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор appeared first on Република.

]]>