сина супермесечина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sina-supermesechina/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 19:04:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сина супермесечина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sina-supermesechina/ 32 32 „Сина супермесечина“ вечерва над македонското небо https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/sina-supermesechina-vecherva-nad-makedonskoto-nebo/ Mon, 19 Aug 2024 19:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=808051

Вечерва после 20 часот, луѓето од нашето подрачје ќе имаат можност да го проследат феноменот на тн. „сина супермесечина“. Доколку времето дозволи – Месечината ќе блесне во полн сјај и ќе изгледа поголема од вообичаеното.

Кога нашиот природен сателит во неговото кружење ќе ја достигне најблиската точка до Земјата, што е познато како „перигеј“ (точката каде што Месечината е најдалеку од нашата планета е „апогеј“). „Супермесечината“ се јавува кога полната месечина е на перигеј, а „микромесечината“, т.е. апогеј се нарекува она кога таа изгледа најмала.

За четири месеци по ред ќе имаме четири „супермесечини“ – појава којашто се нарекува „сина полна супермесечина“.

Месечината е оддалечена од Земјата, во просек, околу 384.000 километри, но вечерва растојанието ќе биде 23.000 километри поблиску. Ако небото е ведро, покрај „сината супермесечина“, ќе бидат видливи и Сатурн и неговите прстени, но, со двоглед или телескоп.

The post „Сина супермесечина“ вечерва над македонското небо appeared first on Република.

]]>

Вечерва после 20 часот, луѓето од нашето подрачје ќе имаат можност да го проследат феноменот на тн. „сина супермесечина“. Доколку времето дозволи – Месечината ќе блесне во полн сјај и ќе изгледа поголема од вообичаеното. Кога нашиот природен сателит во неговото кружење ќе ја достигне најблиската точка до Земјата, што е познато како „перигеј“ (точката каде што Месечината е најдалеку од нашата планета е „апогеј“). „Супермесечината“ се јавува кога полната месечина е на перигеј, а „микромесечината“, т.е. апогеј се нарекува она кога таа изгледа најмала. За четири месеци по ред ќе имаме четири „супермесечини“ – појава којашто се нарекува „сина полна супермесечина“. Месечината е оддалечена од Земјата, во просек, околу 384.000 километри, но вечерва растојанието ќе биде 23.000 километри поблиску. Ако небото е ведро, покрај „сината супермесечина“, ќе бидат видливи и Сатурн и неговите прстени, но, со двоглед или телескоп.

The post „Сина супермесечина“ вечерва над македонското небо appeared first on Република.

]]>
Утре вистнски спектакл на небото, ќе се пoјави сина супермесечина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-vistnski-spektakl-na-neboto-ke-se-pojavi-sina-supermesechina/ Tue, 29 Aug 2023 08:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=676804

На небото в среда ќе може да се види тн. сина супермесечина. Оваа појава се случува кога целиот диск на Месечината е осветлен и кога таа е најблиску до Земјата, во истовреме.

Тоа, сепак, не значи дека нашиот природен сателит ќе биде син по боја, туку тој назив го означува второто појавување на полна месечина во еден месец. Имено, првата полна месечина овој месец се случи на 1 август, а втората - задутре. Зенитот е во 8:46 часот наутро по македонско време, но појавата може да се види од секаде на планетава ако небото е чисто. Околу 25 отсто од полните месечини се супермесечини, но само три отсто се сини месечини, според НАСА, што е релативно ретка појава.

Заедно со сината супермесечина, в среда на небото ќе биде видлив и Сатурн.

Супермесечината е околу 16 насто посветла од вообичаената појава на Месечина, а изгледа и поголема од просечната полна месечина. Супермесечината на 30 август ќе изгледа уште поблиску до Земјата отколку полната месечина на почетокот на август. Последната од четирите супермесечини за оваа година ќе биде тн. „Месечината на жетвата“ на 28 септември.

Следната сина Месечина е предвидена за мај 2026 година, а наредната ќе може да се види во 2037., и во јануари и во март.

Во просек, Месечината е оддалечена од Земјата околу 384.400 километри. Патеката по којашто орбитира околу нашата планета не е совршен круг, туку е малку издолжена елипса. Исто време, таа е малку и „изместена“, па точката каде што е најблиску до Земјата се нарекува перигеј (околу 363.295 км), а точката каде што е најдалеку (околу 405.503 км) се нарекува апогеј.

Под влијание на гравитацијата на Сонцето и планетите (првенствено Сонцето), патеката на Месечината се поместува малку подалеку во однос на Земјата, така што секој перигеј не е подеднакво блиску, како што и не секој апогеј подеднакво далеку.

 

The post Утре вистнски спектакл на небото, ќе се пoјави сина супермесечина appeared first on Република.

]]>

На небото в среда ќе може да се види тн. сина супермесечина. Оваа појава се случува кога целиот диск на Месечината е осветлен и кога таа е најблиску до Земјата, во истовреме. Тоа, сепак, не значи дека нашиот природен сателит ќе биде син по боја, туку тој назив го означува второто појавување на полна месечина во еден месец. Имено, првата полна месечина овој месец се случи на 1 август, а втората - задутре. Зенитот е во 8:46 часот наутро по македонско време, но појавата може да се види од секаде на планетава ако небото е чисто. Околу 25 отсто од полните месечини се супермесечини, но само три отсто се сини месечини, според НАСА, што е релативно ретка појава. Заедно со сината супермесечина, в среда на небото ќе биде видлив и Сатурн. Супермесечината е околу 16 насто посветла од вообичаената појава на Месечина, а изгледа и поголема од просечната полна месечина. Супермесечината на 30 август ќе изгледа уште поблиску до Земјата отколку полната месечина на почетокот на август. Последната од четирите супермесечини за оваа година ќе биде тн. „Месечината на жетвата“ на 28 септември. Следната сина Месечина е предвидена за мај 2026 година, а наредната ќе може да се види во 2037., и во јануари и во март. Во просек, Месечината е оддалечена од Земјата околу 384.400 километри. Патеката по којашто орбитира околу нашата планета не е совршен круг, туку е малку издолжена елипса. Исто време, таа е малку и „изместена“, па точката каде што е најблиску до Земјата се нарекува перигеј (околу 363.295 км), а точката каде што е најдалеку (околу 405.503 км) се нарекува апогеј. Под влијание на гравитацијата на Сонцето и планетите (првенствено Сонцето), патеката на Месечината се поместува малку подалеку во однос на Земјата, така што секој перигеј не е подеднакво блиску, како што и не секој апогеј подеднакво далеку.  

The post Утре вистнски спектакл на небото, ќе се пoјави сина супермесечина appeared first on Република.

]]>