син Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sin/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 15:09:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png син Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sin/ 32 32 Пресврт: Судот ѝ го врати синот на Северина https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/presvrt-sudot-go-vrati-sinot-na-severina/ Tue, 20 Feb 2024 15:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=746190

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд, кој ја прифати ревизијата и ја поништи одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, а старателството целосно му го врати на таткото, повторно се случува пресврт, пишува „Слободна Далмација“.

Според изворите на хрватскиот медиум, на седницата одржана на 6 февруари годинава, Жупанискиот суд во Сплит практично ја повторил претходната конечна одлука според која таткото и мајката на 12-годишното момче се обврзани „родителската грижа да ја спроведуваат заеднички и еднакво“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

The post Пресврт: Судот ѝ го врати синот на Северина appeared first on Република.

]]>

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд, кој ја прифати ревизијата и ја поништи одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, а старателството целосно му го врати на таткото, повторно се случува пресврт, пишува „Слободна Далмација“. Според изворите на хрватскиот медиум, на седницата одржана на 6 февруари годинава, Жупанискиот суд во Сплит практично ја повторил претходната конечна одлука според која таткото и мајката на 12-годишното момче се обврзани „родителската грижа да ја спроведуваат заеднички и еднакво“.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Severina (@severina)

The post Пресврт: Судот ѝ го врати синот на Северина appeared first on Република.

]]>
На само 18 години: Синот на Кадиров стана министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-samo-18-godini-sinot-na-kadirov-stana-minister/ Sun, 18 Feb 2024 10:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=745305

Најстариот син на авторитарниот владетел на руската севернокавкаска област Чеченија, Рамзан Кадиров, 18-годишниот Ахмат Кадиров е назначен за министер за млади и спорт во Чеченија. Оваа информација ја објави висок чеченски функционер на социјалната платформа Телеграм. Воедно на Ахмат Кадиров му беше доделена и највисоката награда во регионот, Орденот именуван по неговиот татко „Кадиров“.

За ова назначување не беше објавено посебно од Владата, но претседателот на владата на чеченската република Магомед Даудов во својата објава за доделувањето на орденот истакна дека синот на Кадиров „ги решава сите зададени задачи на високо ниво“, без да прецизира кои точно се неговите заслуги.

Во 2023 година, Ахмат Кадиров стана помошник на неговиот татко и претседател на огранокот на провладиното „Движење на првите“. Покрај тоа, во пролетта тинејџерот беше примен во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин - политиколози го сметаа ова како свадбен подарок на синот на шефот на Чеченија.

Нивната средба во која беше во формат еден на еден во Москва, предизвика шпекулации дека Кадиров и Кремљ се подготвуваат за негово наследство поради гласините за лошото здравје на лидерот на Чеченија.

Севкупно, владините позиции на различни нивоа во Чеченија се окупирани од околу 100 роднини на семејството Кадиров - деца, сестри, зетови, внуци, браќа со различен степен на сродство. Рамзан Кадиров, цврст сојузник на Кремљ, наводно има најмалку 10 деца.

The post На само 18 години: Синот на Кадиров стана министер appeared first on Република.

]]>

Најстариот син на авторитарниот владетел на руската севернокавкаска област Чеченија, Рамзан Кадиров, 18-годишниот Ахмат Кадиров е назначен за министер за млади и спорт во Чеченија. Оваа информација ја објави висок чеченски функционер на социјалната платформа Телеграм. Воедно на Ахмат Кадиров му беше доделена и највисоката награда во регионот, Орденот именуван по неговиот татко „Кадиров“. За ова назначување не беше објавено посебно од Владата, но претседателот на владата на чеченската република Магомед Даудов во својата објава за доделувањето на орденот истакна дека синот на Кадиров „ги решава сите зададени задачи на високо ниво“, без да прецизира кои точно се неговите заслуги. Во 2023 година, Ахмат Кадиров стана помошник на неговиот татко и претседател на огранокот на провладиното „Движење на првите“. Покрај тоа, во пролетта тинејџерот беше примен во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин - политиколози го сметаа ова како свадбен подарок на синот на шефот на Чеченија. Нивната средба во која беше во формат еден на еден во Москва, предизвика шпекулации дека Кадиров и Кремљ се подготвуваат за негово наследство поради гласините за лошото здравје на лидерот на Чеченија. Севкупно, владините позиции на различни нивоа во Чеченија се окупирани од околу 100 роднини на семејството Кадиров - деца, сестри, зетови, внуци, браќа со различен степен на сродство. Рамзан Кадиров, цврст сојузник на Кремљ, наводно има најмалку 10 деца.

The post На само 18 години: Синот на Кадиров стана министер appeared first on Република.

]]>
Чиста емоција: Синот на Северина најде начин да и прати подарок на својата мајка за Денот на вљубените https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/chista-emotsija-sinot-na-severina-najde-nachin-da-i-prati-podarok-na-svojata-majka-za-denot-na-vlubenite/ Wed, 14 Feb 2024 21:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=744219

За Денот на вљубените, хрватската пејачка Северина (51) доби посебен подарок од својот син, а со тоа се пофали на социјалните мрежи.

Имено, таа од Александар доби букет црвени рози. Пејачката специјално му се заблагодари преку фотографијата објавена на инстаграм-профилот.

Ти благодарам синe, кратко напиша Северина.

Инаку, во вторникот на концертот во Самобор, Северина за време на емотивната изведба на песната „Родено мое“ на сцената излезе и нејзиниот син.

The post Чиста емоција: Синот на Северина најде начин да и прати подарок на својата мајка за Денот на вљубените appeared first on Република.

]]>

За Денот на вљубените, хрватската пејачка Северина (51) доби посебен подарок од својот син, а со тоа се пофали на социјалните мрежи. Имено, таа од Александар доби букет црвени рози. Пејачката специјално му се заблагодари преку фотографијата објавена на инстаграм-профилот. Ти благодарам синe, кратко напиша Северина. Инаку, во вторникот на концертот во Самобор, Северина за време на емотивната изведба на песната „Родено мое“ на сцената излезе и нејзиниот син.

The post Чиста емоција: Синот на Северина најде начин да и прати подарок на својата мајка за Денот на вљубените appeared first on Република.

]]>
Уште еден син нападна татко во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-sin-napadna-tatko-vo-tetovo/ Thu, 08 Feb 2024 13:07:01 +0000 https://republika.mk/?p=741860

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 16 часот го лишиле од слобода 24-годишниот тетовец М.Н., кој претходно бил пријавен од неговиот 48-годишен татко дека во семејниот дом физички го нападнал и му се заканил со остар предмет.

Тој е задржан во Полициска станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

Според последните статистики, во текот на минатата 2023 година на подрачјето на СВР Тетово евидентирани се вкупно 132 кривични дела поврзани со семејно насилство од кои 71 во тетовскиот регион, а 60 на гостиварското подрачје. Вкупната бројка е за 21 дело помалку во споредба со претходната година.

Повеќе од половината од овие дела (ТЕ-38 и ГВ-37) биле со нанесување телесни повреди. Во ланските кривични дела вкупно бил инволвиран, односно пријавен 131 сторител, а најголемиот број од нив се целосно расчистени и заокружени со 113 кривични пријави. Меѓу сторители и натаму се најбројни машките лица (122), претежно сопрузи, поранешни, вонбрачни сопрузи, татковци, синови и други, а се среќаваат и 9 женски лица-сторители на ваков вид насилство. Бројот на „жртвите“ на семејно насилство во овој период, пак, изнесувал 130, од кои дури 106 биле женски лица (сопруги, поранешни, вонбрачни, мајки, сестри), како и 24 машки лица, најмногу татковци и синови, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Според анализата на податоците за 2023 година најчести причини за овој вид насилство, според досегашните сознанија и професионални искуства на СВР Тетово, се нервните растројства, разните пороци, а пред сè алкохол, дрога и друго.

The post Уште еден син нападна татко во Тетово appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 16 часот го лишиле од слобода 24-годишниот тетовец М.Н., кој претходно бил пријавен од неговиот 48-годишен татко дека во семејниот дом физички го нападнал и му се заканил со остар предмет. Тој е задржан во Полициска станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од СВР Тетово. Според последните статистики, во текот на минатата 2023 година на подрачјето на СВР Тетово евидентирани се вкупно 132 кривични дела поврзани со семејно насилство од кои 71 во тетовскиот регион, а 60 на гостиварското подрачје. Вкупната бројка е за 21 дело помалку во споредба со претходната година.
Повеќе од половината од овие дела (ТЕ-38 и ГВ-37) биле со нанесување телесни повреди. Во ланските кривични дела вкупно бил инволвиран, односно пријавен 131 сторител, а најголемиот број од нив се целосно расчистени и заокружени со 113 кривични пријави. Меѓу сторители и натаму се најбројни машките лица (122), претежно сопрузи, поранешни, вонбрачни сопрузи, татковци, синови и други, а се среќаваат и 9 женски лица-сторители на ваков вид насилство. Бројот на „жртвите“ на семејно насилство во овој период, пак, изнесувал 130, од кои дури 106 биле женски лица (сопруги, поранешни, вонбрачни, мајки, сестри), како и 24 машки лица, најмногу татковци и синови, вели портпаролот Марјан Јосифоски.
Според анализата на податоците за 2023 година најчести причини за овој вид насилство, според досегашните сознанија и професионални искуства на СВР Тетово, се нервните растројства, разните пороци, а пред сè алкохол, дрога и друго.

The post Уште еден син нападна татко во Тетово appeared first on Република.

]]>
Северина остана без старателство: Еве зошто е прогласена за несовесна мајка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/severina-ostana-bez-staratelstvo-eve-zoshto-e-proglasena-za-nesovesna-majka/ Thu, 25 Jan 2024 09:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=736605

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството на малолетниот Александар Поповиќ на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ, што значи дека целосно и е одземено старателството на хрватската пејачка Северина.

Откако Жупанискиот суд во Сплит донесе одлука во август 2021 година старателството на малолетниот Александар да го подели меѓу таткото Милан Поповиќ и мајката Северина Вучковиќ, новата пресуда на Врховниот суд открива дека Поповиќ повторно го презема целосно старателството без да го дели тоа со мајката Северина.

-Ваквата одлука на Врховниот суд е донесена единствено затоа што во 2019 година, кога детето било трето одделение, не одело на училиште 46 дена, туку било на турнеја на Северина, па таткото, подоцна, кога детето било кај него, се ангажирал за момчето да не падне одделение, вели изворот на српските медиуми.

Се наведува дека кога сето тоа го разгледа Основниот суд, пет судии едноставно гласаа дека нема друга опција.

-На Северина не и беше целосно одземено старателството, но судот и ги намали деновите на пејачката. А зошто судот го ограничи времето кога таа ќе биде со детето? Само затоа што советот од пет судии оценил дека Северина била несовесна мајка затоа што не го однела синот на училиште цели 46 дена, заклучува изворот.

Инаку, од пресудата се гледа дека никој од вештаците во случајот Поповиќ-Вучковиќ не бил сослушан, туку судот ги поседувал писмените наоди и мислења на вештакот. Обвинителот немаше забелешки на истото, а обвинетиот се спротивстави на наодот и мислењето, што секако влијаеше на расплетот на овој случај.

The post Северина остана без старателство: Еве зошто е прогласена за несовесна мајка appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството на малолетниот Александар Поповиќ на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ, што значи дека целосно и е одземено старателството на хрватската пејачка Северина. Откако Жупанискиот суд во Сплит донесе одлука во август 2021 година старателството на малолетниот Александар да го подели меѓу таткото Милан Поповиќ и мајката Северина Вучковиќ, новата пресуда на Врховниот суд открива дека Поповиќ повторно го презема целосно старателството без да го дели тоа со мајката Северина. -Ваквата одлука на Врховниот суд е донесена единствено затоа што во 2019 година, кога детето било трето одделение, не одело на училиште 46 дена, туку било на турнеја на Северина, па таткото, подоцна, кога детето било кај него, се ангажирал за момчето да не падне одделение, вели изворот на српските медиуми. Се наведува дека кога сето тоа го разгледа Основниот суд, пет судии едноставно гласаа дека нема друга опција. -На Северина не и беше целосно одземено старателството, но судот и ги намали деновите на пејачката. А зошто судот го ограничи времето кога таа ќе биде со детето? Само затоа што советот од пет судии оценил дека Северина била несовесна мајка затоа што не го однела синот на училиште цели 46 дена, заклучува изворот. Инаку, од пресудата се гледа дека никој од вештаците во случајот Поповиќ-Вучковиќ не бил сослушан, туку судот ги поседувал писмените наоди и мислења на вештакот. Обвинителот немаше забелешки на истото, а обвинетиот се спротивстави на наодот и мислењето, што секако влијаеше на расплетот на овој случај.

The post Северина остана без старателство: Еве зошто е прогласена за несовесна мајка appeared first on Република.

]]>
Најтоплата и најболна порака на снегот: „Те сакам, сине“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/najtoplata-i-najbolna-poraka-na-snegot-te-sakam-sine/ Sat, 20 Jan 2024 19:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=735000

Снегот во Белград им донесе радост на децата кои поитаа со санките да уживаат во зимските лудости, но и на оние кои можат да ги гледаат само од прозорец. Едно од нив е момче, кое овие зимски денови ги поминува во Универзитетската детска клиника во Белград.

За него снегот ја донесе најсилната порака овозможувајќи му на таткото на момчето да му порача: „Те сакам, сине“.

Фотографијата е објавена на Инстаграм профилот @serbialive_beograd и предизвика многу емоции во цел регион.

„Најубавата слика во оваа 2024“. „Од ова ми застана кнедла во грлото. Нека е жив и здрав синот, голем човеку“.  „Ова навистина боли... Синот нека ти излезе оттаму и никогаш веќе да не се врати. Ни тој ни ниедно друго дете“, пишува во коментарите, а меѓу оние кои му посакуваат брзо закрепнување на синот од пораката има и родители кои со болка се сеќаваат на паркот пред болницата каде што е напишана пораката.

The post Најтоплата и најболна порака на снегот: „Те сакам, сине“ appeared first on Република.

]]>

Снегот во Белград им донесе радост на децата кои поитаа со санките да уживаат во зимските лудости, но и на оние кои можат да ги гледаат само од прозорец. Едно од нив е момче, кое овие зимски денови ги поминува во Универзитетската детска клиника во Белград. За него снегот ја донесе најсилната порака овозможувајќи му на таткото на момчето да му порача: „Те сакам, сине“. Фотографијата е објавена на Инстаграм профилот @serbialive_beograd и предизвика многу емоции во цел регион.

„Најубавата слика во оваа 2024“. „Од ова ми застана кнедла во грлото. Нека е жив и здрав синот, голем човеку“.  „Ова навистина боли... Синот нека ти излезе оттаму и никогаш веќе да не се врати. Ни тој ни ниедно друго дете“, пишува во коментарите, а меѓу оние кои му посакуваат брзо закрепнување на синот од пораката има и родители кои со болка се сеќаваат на паркот пред болницата каде што е напишана пораката.

The post Најтоплата и најболна порака на снегот: „Те сакам, сине“ appeared first on Република.

]]>
Уапсени татко и малолетен син од Скопје, тепале сограѓанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-tatko-i-maloleten-sin-od-skopje-tepale-sograganin/ Sat, 13 Jan 2024 16:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=732672

Денеска (13.01.2024) во 11.10 часот во Скопје, во Полициското одделение Шуто Оризари полициски службеници го лишиле од слобода С.Ф.(37) поради тоа што тој, неговиот малолетен син и А.И.(24) сите од Скопје.

На 12.01.2024 околу 23.30 часот на подрачје на oпштина Шуто Оризари поради претходна расправија физички го нападнале Е.М.(43) од Скопје“.

По целосно расчистување случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

The post Уапсени татко и малолетен син од Скопје, тепале сограѓанин appeared first on Република.

]]>

Денеска (13.01.2024) во 11.10 часот во Скопје, во Полициското одделение Шуто Оризари полициски службеници го лишиле од слобода С.Ф.(37) поради тоа што тој, неговиот малолетен син и А.И.(24) сите од Скопје.
На 12.01.2024 околу 23.30 часот на подрачје на oпштина Шуто Оризари поради претходна расправија физички го нападнале Е.М.(43) од Скопје“.
По целосно расчистување случајот ќе следи соодветен поднесок.  

The post Уапсени татко и малолетен син од Скопје, тепале сограѓанин appeared first on Република.

]]>
Српскиот актер Милош Биковиќ со забава до зори го славеше раѓањето на синот https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/srpskiot-akter-milosh-bikovik-so-zabava-do-zori-go-slaveshe-raganeto-na-sinot/ Fri, 12 Jan 2024 11:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=732211

На 9 јануари актерот Милош Биковиќ и неговата свршеница Ивана Малиќ добија син кого го нарекоа Василије.

По тој повод Биковиќ организираше прослава и ја сподели среќата со пријателите, а на прославата присуствуваа голем број актери меѓу кои Миодраг Радоњиќ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Јелисавете Орашанин и многу други, па заедно славеа до зори.

Тие пееја и играа, а гордиот татко имаше искината маица околу главата и меч во раката.

Да потсетиме, со оглед на тоа дека малиот е роден на Свети Стефан, многумина мислеа дека ќе се вика Стефан.

Сепак, колегата на Милош, Милош Петровиќ Тројпец објави фотографија со новиот татко, заедно со која напиша:

– Васааа.

Сите фанови на Биковиќ веднаш помислија дека тоа е името на детето, а дека се вика Васа или Василије, објави српски Телеграф

 

The post Српскиот актер Милош Биковиќ со забава до зори го славеше раѓањето на синот appeared first on Република.

]]>

На 9 јануари актерот Милош Биковиќ и неговата свршеница Ивана Малиќ добија син кого го нарекоа Василије. По тој повод Биковиќ организираше прослава и ја сподели среќата со пријателите, а на прославата присуствуваа голем број актери меѓу кои Миодраг Радоњиќ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Јелисавете Орашанин и многу други, па заедно славеа до зори. Тие пееја и играа, а гордиот татко имаше искината маица околу главата и меч во раката. Да потсетиме, со оглед на тоа дека малиот е роден на Свети Стефан, многумина мислеа дека ќе се вика Стефан. Сепак, колегата на Милош, Милош Петровиќ Тројпец објави фотографија со новиот татко, заедно со која напиша: – Васааа. Сите фанови на Биковиќ веднаш помислија дека тоа е името на детето, а дека се вика Васа или Василије, објави српски Телеграф  

The post Српскиот актер Милош Биковиќ со забава до зори го славеше раѓањето на синот appeared first on Република.

]]>
Актерот Милош Биковиќ доби син https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/akterot-milosh-bikovik-dobi-sin/ Tue, 09 Jan 2024 19:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=731294

Српскиот актер Милош Биковиќ и неговата вереница Ивана Малиќ станаа родители на машко дете. Како што објавија српските медиуми, сѐ поминало во најдобар ред, а мајката и детето се во добра здравствена состојба.

Филмската ѕвезда ја потврди среќната вест со објава на Инстаграм, каде сподели симпатичен цртеж – татко, мајка и дете, со што укажа дека неговото семејство за проширило за уште еден член.

Биковиќ и Ивана Малиќ се во романтична врска нешто повеќе од две години.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

The post Актерот Милош Биковиќ доби син appeared first on Република.

]]>

Српскиот актер Милош Биковиќ и неговата вереница Ивана Малиќ станаа родители на машко дете. Како што објавија српските медиуми, сѐ поминало во најдобар ред, а мајката и детето се во добра здравствена состојба. Филмската ѕвезда ја потврди среќната вест со објава на Инстаграм, каде сподели симпатичен цртеж – татко, мајка и дете, со што укажа дека неговото семејство за проширило за уште еден член. Биковиќ и Ивана Малиќ се во романтична врска нешто повеќе од две години.  
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

The post Актерот Милош Биковиќ доби син appeared first on Република.

]]>
Скопјанка (48) нападната од нејзиниот син https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-48-napadnata-od-nejziniot-sin/ Sun, 24 Dec 2023 16:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=726193

Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје 48-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, физички била нападната од нејзиниот син Д.И. од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанка (48) нападната од нејзиниот син appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје 48-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, физички била нападната од нејзиниот син Д.И. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанка (48) нападната од нејзиниот син appeared first on Република.

]]>
„Син на годината“ од Тетово: Дивјачки ја срушил портата на татко му, му го смачкал возилото, па насрнал и на него https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-na-godinata-od-tetovo-divjachki-ja-srushil-portata-na-tatko-mu-mu-go-smachkal-voziloto-pa-nasrnal-i-na-nego/ Sun, 24 Dec 2023 15:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=726191

На 23 декември во 12.15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Х.(44) од Тетово поради тоа што физички го нападнал неговиот 65-годишен татко, а претходно со неговото возило целосно ја оштетил металната влезна врата во дворот пред семејната куќа, како и возилото на неговиот татко.

Притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

The post „Син на годината“ од Тетово: Дивјачки ја срушил портата на татко му, му го смачкал возилото, па насрнал и на него appeared first on Република.

]]>

На 23 декември во 12.15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Х.(44) од Тетово поради тоа што физички го нападнал неговиот 65-годишен татко, а претходно со неговото возило целосно ја оштетил металната влезна врата во дворот пред семејната куќа, како и возилото на неговиот татко. Притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

The post „Син на годината“ од Тетово: Дивјачки ја срушил портата на татко му, му го смачкал возилото, па насрнал и на него appeared first on Република.

]]>
Почина момчето чија мајка го поли со бензин и запали https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pochina-momcheto-chija-majka-go-poli-so-benzin-i-zapali/ Fri, 08 Dec 2023 15:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=721041

Дваесет и шестгодишниот А.Т. од Српска Црна, кој се здоби со тешки повреди откако неговата мајка го поли со бензин и го запалила, почина утрово во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, јави РТС.

Младиот човек со изгореници опасни по живот итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, интензивно лекување и терапија на болка на Клиничкиот центар во Војводина, каде по седум дена им подлегнал на повредите.

На мајката на С.М ѝ е изречена мерка притвор до 30 дена, а бидејќи смртта настапила по кривичното дело, случајот најверојатно од Основното јавно обвинителство Кикинда ќе биде префрлен во Вишото јавно обвинителство во Зрењанин.

Според досегашните информации, С.М. се сомничи дека на 3 декември околу 19 часот, во семејната куќа во Српска Црња, по кавга го полеала момчето со запаллива течност, по што од сѐ уште неутврдени причини, неговата облека се запалила.

Неговиот татко Раде за медиумите раскажал дека не му е јасно како можела мајката да го повреди своето дете.

Тој ми е најстар син. Голема рана ми е ова и тешко ми е да зборувам. Се здобил со изгореници, над 50 проценти, веројатно ќе го загуби видиот и косата му е целосно изгорена, вели неговиот татко.

Вели дека неговиот син понекогаш знаел да ја испровоцира својата мајка, но не може да најде причина за она што се случило.

Како може мајка ова да му го стори на своето дете. Таа ме остави и отиде кај друг човек. Син ми беше лут поради тоа и го разбирам, знаеше да ја навреди, но нема работи што можел да и ги каже, за таа поради тоа да го запали, вели тој.

Осомничената жена издржувала казна куќен притвор без електронски надзор, а синот и дошол во посета кога таа после кавга го полила со бензин и го запалила.

Според изјавата на нејзиниот помлад син, таа ги оставила осумте деца кај првиот сопруг и заминала да живее со друг маж кој исто така бил алкохоличар. Била казнета за нанесување на тешка телесна повреда, но не лежела во затвор.

The post Почина момчето чија мајка го поли со бензин и запали appeared first on Република.

]]>

Дваесет и шестгодишниот А.Т. од Српска Црна, кој се здоби со тешки повреди откако неговата мајка го поли со бензин и го запалила, почина утрово во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, јави РТС. Младиот човек со изгореници опасни по живот итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, интензивно лекување и терапија на болка на Клиничкиот центар во Војводина, каде по седум дена им подлегнал на повредите. На мајката на С.М ѝ е изречена мерка притвор до 30 дена, а бидејќи смртта настапила по кривичното дело, случајот најверојатно од Основното јавно обвинителство Кикинда ќе биде префрлен во Вишото јавно обвинителство во Зрењанин. Според досегашните информации, С.М. се сомничи дека на 3 декември околу 19 часот, во семејната куќа во Српска Црња, по кавга го полеала момчето со запаллива течност, по што од сѐ уште неутврдени причини, неговата облека се запалила. Неговиот татко Раде за медиумите раскажал дека не му е јасно како можела мајката да го повреди своето дете.
Тој ми е најстар син. Голема рана ми е ова и тешко ми е да зборувам. Се здобил со изгореници, над 50 проценти, веројатно ќе го загуби видиот и косата му е целосно изгорена, вели неговиот татко.
Вели дека неговиот син понекогаш знаел да ја испровоцира својата мајка, но не може да најде причина за она што се случило.
Како може мајка ова да му го стори на своето дете. Таа ме остави и отиде кај друг човек. Син ми беше лут поради тоа и го разбирам, знаеше да ја навреди, но нема работи што можел да и ги каже, за таа поради тоа да го запали, вели тој.
Осомничената жена издржувала казна куќен притвор без електронски надзор, а синот и дошол во посета кога таа после кавга го полила со бензин и го запалила. Според изјавата на нејзиниот помлад син, таа ги оставила осумте деца кај првиот сопруг и заминала да живее со друг маж кој исто така бил алкохоличар. Била казнета за нанесување на тешка телесна повреда, но не лежела во затвор.

The post Почина момчето чија мајка го поли со бензин и запали appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Црна Гора: Татко и син со „голф“ намерно излетале во кањон Морача https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tragedija-vo-tsrna-gora-tatko-i-sin-so-golf-namerno-izletale-vo-kanon-moracha/ Fri, 01 Dec 2023 19:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=718476

Автомобил „голф“, во кој биле 36-годишен Црногорец и неговиот шестгодишен син, излета во реката Морача на местото Криви Мост, по што двајцата загинаа, а нивните мртви тела и возилото беа извлечени од спасувачките екипи, јавуваат црногорските медиуми.

Станува збор за А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син К.Ѓ., а несреќата се случила денеска во 13 часот и 20 минути.

Засега не се познати причините поради кои возило слетало во Морача, но постојат индиции дека возачот самоволно го усмерил „голфот“ кон провалијата.

Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ од правец на Делта најпрвин со својот автомобил полека се качил на тротоарот, а потоа наеднаш нагазил и со полна брзина слетал во Морача.

The post Трагедија во Црна Гора: Татко и син со „голф“ намерно излетале во кањон Морача appeared first on Република.

]]>

Автомобил „голф“, во кој биле 36-годишен Црногорец и неговиот шестгодишен син, излета во реката Морача на местото Криви Мост, по што двајцата загинаа, а нивните мртви тела и возилото беа извлечени од спасувачките екипи, јавуваат црногорските медиуми. Станува збор за А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син К.Ѓ., а несреќата се случила денеска во 13 часот и 20 минути. Засега не се познати причините поради кои возило слетало во Морача, но постојат индиции дека возачот самоволно го усмерил „голфот“ кон провалијата. Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ од правец на Делта најпрвин со својот автомобил полека се качил на тротоарот, а потоа наеднаш нагазил и со полна брзина слетал во Морача.

The post Трагедија во Црна Гора: Татко и син со „голф“ намерно излетале во кањон Морача appeared first on Република.

]]>
Малолетник во гостиварско со нож го избодел татка си, кој пред тоа се распаравал со сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-vo-gostivarsko-so-nozh-go-izbodel-tatka-si-koj-pred-toa-se-rasparaval-so-soprugata/ Wed, 29 Nov 2023 11:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=717528

Синоќа околу 20 часот и 30 минути полицијата привела малолетник од гостиварско село.

Како што информира МВР, тој претходно бил пријавен дека со остар предмет го нападнал и повредил неговиот 46-годишен татко, кој пред тоа се расправал со неговата 40-годишна сопруга, мајка на малолетникот.

Се расчистува и документира случајот, соопшти полицијата.

 

The post Малолетник во гостиварско со нож го избодел татка си, кој пред тоа се распаравал со сопругата appeared first on Република.

]]>

Синоќа околу 20 часот и 30 минути полицијата привела малолетник од гостиварско село. Како што информира МВР, тој претходно бил пријавен дека со остар предмет го нападнал и повредил неговиот 46-годишен татко, кој пред тоа се расправал со неговата 40-годишна сопруга, мајка на малолетникот. Се расчистува и документира случајот, соопшти полицијата.  

The post Малолетник во гостиварско со нож го избодел татка си, кој пред тоа се распаравал со сопругата appeared first on Република.

]]>
Крвава драма: Жена пронајдена почината, полицијата се сомнева дека ја убил синот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krvava-drama-zhena-pronajdena-pochinata-politsijata-se-somneva-deka-ja-ubil-sinot/ Fri, 24 Nov 2023 16:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=716002

На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско.

Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74).

Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство.

Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Крвава драма: Жена пронајдена почината, полицијата се сомнева дека ја убил синот appeared first on Република.

]]>

На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско. Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74). Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Крвава драма: Жена пронајдена почината, полицијата се сомнева дека ја убил синот appeared first on Република.

]]>
Пронајдена почината жена во кочанското село Бели, полицијата се сомнева дека ја убил синот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdena-pochinata-zhena-vo-kochanskoto-selo-beli-politsijata-se-somneva-deka-ja-ubil-sinot/ Fri, 24 Nov 2023 12:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=715932

Истражните полициски служби од Одделението за внатрешни работи од Кочани работат на расчистување на случај со почината 74-годишна жена, а за што постојат сомневања дека е последица на семејно насилство.

Неподвижното тело на жената го нашла роднина која живее во близина на семејниот дом на починатата, по што ја известила полицијата.

На 23. ноември, околу 09:30 часот било пријавено дека во својот дом во селото Бели, во кој живеела со 53 годишниот син М.Р., била пронајдена почината В.Р. Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, стои во известувањето од Полицијата.

Синот на почината бил лишен од слобода, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Пронајдена почината жена во кочанското село Бели, полицијата се сомнева дека ја убил синот appeared first on Република.

]]>

Истражните полициски служби од Одделението за внатрешни работи од Кочани работат на расчистување на случај со почината 74-годишна жена, а за што постојат сомневања дека е последица на семејно насилство. Неподвижното тело на жената го нашла роднина која живее во близина на семејниот дом на починатата, по што ја известила полицијата.
На 23. ноември, околу 09:30 часот било пријавено дека во својот дом во селото Бели, во кој живеела со 53 годишниот син М.Р., била пронајдена почината В.Р. Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, стои во известувањето од Полицијата.
Синот на почината бил лишен од слобода, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Пронајдена почината жена во кочанското село Бели, полицијата се сомнева дека ја убил синот appeared first on Република.

]]>
Тетовец си ја истепа 79-годишната мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovets-si-ja-istepa-79-godishnata-majka/ Thu, 16 Nov 2023 12:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=702145

Вчера во 14 часот и 45 минути во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 60-годишниот тетовец Д.Б. кој претходно бил пријавен од неговата 56-годишна сестра дека во семејниот дом физички ја нападнал нивната 79-годишна мајка.

Тетовецот е задржан во Полициската станица Тетово и, како што соопштуваат од СВР Тетово, по документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

The post Тетовец си ја истепа 79-годишната мајка appeared first on Република.

]]>

Вчера во 14 часот и 45 минути во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 60-годишниот тетовец Д.Б. кој претходно бил пријавен од неговата 56-годишна сестра дека во семејниот дом физички ја нападнал нивната 79-годишна мајка. Тетовецот е задржан во Полициската станица Тетово и, како што соопштуваат од СВР Тетово, по документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

The post Тетовец си ја истепа 79-годишната мајка appeared first on Република.

]]>
Убиениот скопјанец се плашел за својот живот, синот бил пуштен од „Бардовци“ пред неколку дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-skopjanets-se-plashel-za-svojot-zhivot-sinot-bil-pushten-od-bardovtsi-pred-nekolku-dena/ Fri, 10 Nov 2023 15:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=700327

28-годишниот скопјанец А.П., кој во вторникот до смрт го избол татко му, бил со нарушено психичко здравје и лекуван во психијатриската болница „Скопје“ лоцирана во Бардовци, дознава порталот „Скопје1“, според чии информации синот убиството го извршил шест дена откако бил пуштен дома.

Таткото, стравувал дека може да биде убиен, а се жалел и на пријатели, дознава „Скопје1“ од запознаен со случајот, кој имал комуникација со сега убиениот. Според него, таткото прво одбивал да го земе син му зошто бил сигурен дека не бил во добра психичка состојба. Додава дека откако секој ден добивал повици, се предомислил. Според информации на „Скопје1“, таткото бил убиен со убодни рани и во главата. „Скопје1“ поседува и листа од повици, за кои сведокот тврди дека се разговорите кога сега убиенот побарал помош.

 

 

The post Убиениот скопјанец се плашел за својот живот, синот бил пуштен од „Бардовци“ пред неколку дена appeared first on Република.

]]>

28-годишниот скопјанец А.П., кој во вторникот до смрт го избол татко му, бил со нарушено психичко здравје и лекуван во психијатриската болница „Скопје“ лоцирана во Бардовци, дознава порталот „Скопје1“, според чии информации синот убиството го извршил шест дена откако бил пуштен дома. Таткото, стравувал дека може да биде убиен, а се жалел и на пријатели, дознава „Скопје1“ од запознаен со случајот, кој имал комуникација со сега убиениот. Според него, таткото прво одбивал да го земе син му зошто бил сигурен дека не бил во добра психичка состојба. Додава дека откако секој ден добивал повици, се предомислил. Според информации на „Скопје1“, таткото бил убиен со убодни рани и во главата. „Скопје1“ поседува и листа од повици, за кои сведокот тврди дека се разговорите кога сега убиенот побарал помош.    

The post Убиениот скопјанец се плашел за својот живот, синот бил пуштен од „Бардовци“ пред неколку дена appeared first on Република.

]]>
Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич, додека јас сум на фронтот: Израелските војници го нападнаа синот на Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jair-uzhiva-vo-svojot-zhivot-vo-majami-bich-dodeka-jas-sum-na-frontot-izraelskite-vojnitsi-go-napadnaa-sinot-na-netanjahu/ Wed, 25 Oct 2023 09:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=694825

Израелските војници кои доброволно се пријавија да учествуваат во војната против Хамас го обвинија синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир, поради тоа што остана во САД по почетокот на војната со палестинската милитантна група.

Стотици Израелци се вратија дома од странство откако армијата регрутираше повеќе од 300.000 резервисти да се борат во најголемата мобилизација во историјата на Израел, објави Дејли Меил.

Најстариот син на Нетанјаху, Јаир, има 32 години и ги исполнува сите услови за мобилизација, која вклучува луѓе до 40 години.

Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич, додека јас сум на фронтот, рече еден војник кој побара да остане анонимен од безбедносни причини. Тој додаде дека луѓето одат на фронт и ги напуштаат своите семејства и работа, додека Јаир остана да ужива на плажата во Флорида, каде што се пресели на почетокот на оваа година. „Тоа не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, рече војникот.

Иако никогаш не бил војник, Јаир ја отслужил својата задолжителна воена служба и работел во единицата на портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ). Јаир се пресели во САД по контроверзите околу неговите активности на социјалните мрежи кога ги нарече „терористи“ стотици илјади Израелци кои протестираа против владините реформи во правосудството и ги обвини САД дека ги финансираат немирите.

The post Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич, додека јас сум на фронтот: Израелските војници го нападнаа синот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Израелските војници кои доброволно се пријавија да учествуваат во војната против Хамас го обвинија синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир, поради тоа што остана во САД по почетокот на војната со палестинската милитантна група. Стотици Израелци се вратија дома од странство откако армијата регрутираше повеќе од 300.000 резервисти да се борат во најголемата мобилизација во историјата на Израел, објави Дејли Меил. Најстариот син на Нетанјаху, Јаир, има 32 години и ги исполнува сите услови за мобилизација, која вклучува луѓе до 40 години. Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич, додека јас сум на фронтот, рече еден војник кој побара да остане анонимен од безбедносни причини. Тој додаде дека луѓето одат на фронт и ги напуштаат своите семејства и работа, додека Јаир остана да ужива на плажата во Флорида, каде што се пресели на почетокот на оваа година. „Тоа не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, рече војникот. Иако никогаш не бил војник, Јаир ја отслужил својата задолжителна воена служба и работел во единицата на портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ). Јаир се пресели во САД по контроверзите околу неговите активности на социјалните мрежи кога ги нарече „терористи“ стотици илјади Израелци кои протестираа против владините реформи во правосудството и ги обвини САД дека ги финансираат немирите.

The post Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич, додека јас сум на фронтот: Израелските војници го нападнаа синот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
САД воведоа санкции за ќерката и синот на Милорад Додик и нивните компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sad-vovedoa-sanktsii-za-kerkata-i-sinot-na-milorad-dodik-i-nivnite-kompanii/ Fri, 20 Oct 2023 17:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=693412

САД денеска воведоа санкции за Горица и Игор Додик, ќерката и синот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и фирмите во нивна сопственост.

Игор и Горица Додик се клучен дел од мрежата за поддршка на Додик и ја овозможуваат неговата корупција. Тие земаа јавни средства на Република Српска и граѓаните за сопствено збогатување, објави американската амбасада во Сараево.

Се додава дека поддржале и „дестабилизирачки политики, акции и реторика, кои го оспоруваат и поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, вклучително и нападите врз Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина“.

Ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, сопругата на Игор Додик, фирмата „Агровоќе“ која се поврзува со Горица Додик, фирмата „Фрут Еко“ која се поврзува со Игор Додик, како и фирмата „Глобал Либерти“, кои се поврзани со Игор и Горица Додик.

Министерството за финансии на САД денеска објави дека се воведени санкции за „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и за други поединци и ентитети поврзани со него, пренесе Бета.

Милорад Додик претходно беше на американската „црна листа“ поради попречување на Дејтонскиот мировен договор.

Додик е под санкции и на Велика Британија.

The post САД воведоа санкции за ќерката и синот на Милорад Додик и нивните компании appeared first on Република.

]]>

САД денеска воведоа санкции за Горица и Игор Додик, ќерката и синот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и фирмите во нивна сопственост.
Игор и Горица Додик се клучен дел од мрежата за поддршка на Додик и ја овозможуваат неговата корупција. Тие земаа јавни средства на Република Српска и граѓаните за сопствено збогатување, објави американската амбасада во Сараево.
Се додава дека поддржале и „дестабилизирачки политики, акции и реторика, кои го оспоруваат и поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, вклучително и нападите врз Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина“. Ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, сопругата на Игор Додик, фирмата „Агровоќе“ која се поврзува со Горица Додик, фирмата „Фрут Еко“ која се поврзува со Игор Додик, како и фирмата „Глобал Либерти“, кои се поврзани со Игор и Горица Додик. Министерството за финансии на САД денеска објави дека се воведени санкции за „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и за други поединци и ентитети поврзани со него, пренесе Бета. Милорад Додик претходно беше на американската „црна листа“ поради попречување на Дејтонскиот мировен договор. Додик е под санкции и на Велика Британија.

The post САД воведоа санкции за ќерката и синот на Милорад Додик и нивните компании appeared first on Република.

]]>