Симон Трпчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simon-trpchevski/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 08:48:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Симон Трпчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simon-trpchevski/ 32 32 Благодарница за Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“ по повод Денот на ослободувањето на Делчево – 7 Септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/blagodarnitsa-za-simon-trpcheski-i-proektot-makedonisimo-po-povod-denot-na-osloboduvaneto-na-delchevo-7-septemvri/ Sat, 07 Sep 2024 08:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=814033

Благодарница во чест на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември градоначалникот Горан Трајковски додели на пијанистот Симон Трпчески. Светски познатиот уметник синоќа со неговите пријатели на летната сцена го претставија проектот „Македонисимо“ за што добија стоечки овации од публиката.

Благодариме на човекот со големо срце кој и покрај многуте концертот ширум светот заедно со своите пријатели одвои време и ни го разубави празнувањето по повод Денот на ослободувањето и Денот на независноста. Во таа чест Општината им доделува благодарница за тоа што ни го разубавуваат на овој наш значаен празник, рече Трајковски.

Концертот во Делчево Трпчески го посвети на Влатко Нушев, член на ансамблот по потекло од Делчево. Заблагодарувајќи се за наградата тој изрази задоволство и посебна среќа за концертот во Делчево и од име на целиот ансамбл Македонисимо на граѓаните на Делчево им го честиташе Денот на ослободувањето и Денот на градот кој го носи името на великанот Гоце Делчев.

Како што тој велел Делчев дека светот го разбира ,,како поле за културен натпревар меѓу народите" и ние сме тука вечерва преку културата и преку музиката да ве прегрнеме. Посебна е среќата што сме во вашиот град и овој концерт да го посветиме на Влатко Нушев, нашиот колега, пријател, другар човекот кој на концерт не бил во своето Делчево цели 20 години, целото негово семејство талент со кој треба да се гордеете, рече Трпчески.

Во рамки на концерти беа претставени повеќе сплетови на композиции меѓу кои и за прв пат обработка на стара делчевска песна по текст на Димитар Узунски насловена „Останхме с тата, беќаре и двата“.

Стара изворна пијанечка песна аплауз за Димитар Узунски кој оставил многу песни да се пеат и да играат со неговата дејноста остави за нас за години и векови. Благодарност до Дејан Георгиевски Ѕенен, кој ми најде една идеја како да тече песната. Со негова и моја идеја успеав да направам аранжман како подарок за сите вас да уживате, рече Нушев.

Празнувањето на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември продолжува денес со низа активности.

The post Благодарница за Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“ по повод Денот на ослободувањето на Делчево – 7 Септември appeared first on Република.

]]>

Трпчески: Никогаш нема да користам одредница пред името, апсолутно сум горд што сум од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trpcheski-nikogash-nema-da-koristam-odrednitsa-pred-imeto-apsolutno-sum-gord-shto-sum-od-makedonija/ Sun, 19 Feb 2023 07:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=610624

Македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ уште еднаш го промовира својот патриотизам и својата љубов кон татковината Македонија.

На прашањето „Благодарејќи на клавирот, го обиколивте целиот свет, имавте бројни концерти и Ве сметаат за еден од највиртуозните пијанисти на светот. Колку му е тешко на еден талентиран музичар од мала земја каква што е Cеверна Македонија да се пробие на светската сцена?“, маестро Трпчески одговори:

Македонија (никогаш нема да користам одредници како северна, јужна, западна пред името, затоа што мислам дека тоа е прашање на политика) е мала земја како Црна Гора и вистинско чудо е човек од толку мала држава да успее да ги досегне височините. Апсолутно сум горд на тоа што сум од Македонија и што потекнувам од скромно семејство, со нозете сум цврсто на земја и никогаш не сум заборавил кој сум, што сум и од каде потекнувам. Мислам дека тоа е успех на една личност. Секој има право на надеж и треба да се бори. Татко ми секогаш велеше дека животот е борба. Ова што сум денес се должи, пред сè, на моето семејство, кое секогаш ме поддржувало. Имавме исклучително лоши услови за живот, па дадоа повеќе од што можеа за да имам можности и шанси. Им должам и на моите професори, кои несебично ми дадоа знаење и горд сум што сум производ на македонското образование. Научив многу кога почнав да патувам низ светот, запознав многу луѓе, неверојатни личности, бев отворен и подготвен за нови знаења. Поради мојата отвореност, станав и духовно богат. Јас сум едноставна личност и тоа ми помага во животот, иако денешниот свет е поинаков и оди во чудни правци. Верувам во чистотата на човечката душа, во природата, отвореноста на изразувањето и моќта на музиката. Можам да кажам дека луѓето кои доаѓаат од мали земји и кои имале многу предизвици се поцврсти, знаат како да стигнат до целта. Друг проблем е што владите на овие мали земји не сакаат да одат напред побрзо за да се развиваат, но што е – тука е. Немаме време за чекање, треба да одиме напред и тоа го знаат сите свесни луѓе од која било професија. Горд сум што доаѓам од Македонија и што успеав да го направам сето тоа и одам напред.

The post Трпчески: Никогаш нема да користам одредница пред името, апсолутно сум горд што сум од Македонија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ уште еднаш го промовира својот патриотизам и својата љубов кон татковината Македонија. На прашањето „Благодарејќи на клавирот, го обиколивте целиот свет, имавте бројни концерти и Ве сметаат за еден од највиртуозните пијанисти на светот. Колку му е тешко на еден талентиран музичар од мала земја каква што е Cеверна Македонија да се пробие на светската сцена?“, маестро Трпчески одговори:
Македонија (никогаш нема да користам одредници како северна, јужна, западна пред името, затоа што мислам дека тоа е прашање на политика) е мала земја како Црна Гора и вистинско чудо е човек од толку мала држава да успее да ги досегне височините. Апсолутно сум горд на тоа што сум од Македонија и што потекнувам од скромно семејство, со нозете сум цврсто на земја и никогаш не сум заборавил кој сум, што сум и од каде потекнувам. Мислам дека тоа е успех на една личност. Секој има право на надеж и треба да се бори. Татко ми секогаш велеше дека животот е борба. Ова што сум денес се должи, пред сè, на моето семејство, кое секогаш ме поддржувало. Имавме исклучително лоши услови за живот, па дадоа повеќе од што можеа за да имам можности и шанси. Им должам и на моите професори, кои несебично ми дадоа знаење и горд сум што сум производ на македонското образование. Научив многу кога почнав да патувам низ светот, запознав многу луѓе, неверојатни личности, бев отворен и подготвен за нови знаења. Поради мојата отвореност, станав и духовно богат. Јас сум едноставна личност и тоа ми помага во животот, иако денешниот свет е поинаков и оди во чудни правци. Верувам во чистотата на човечката душа, во природата, отвореноста на изразувањето и моќта на музиката. Можам да кажам дека луѓето кои доаѓаат од мали земји и кои имале многу предизвици се поцврсти, знаат како да стигнат до целта. Друг проблем е што владите на овие мали земји не сакаат да одат напред побрзо за да се развиваат, но што е – тука е. Немаме време за чекање, треба да одиме напред и тоа го знаат сите свесни луѓе од која било професија. Горд сум што доаѓам од Македонија и што успеав да го направам сето тоа и одам напред.

The post Трпчески: Никогаш нема да користам одредница пред името, апсолутно сум горд што сум од Македонија appeared first on Република.

]]>
Трпчески одушеви во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trpcheski-odushevi-vo-zagreb-na-koncertot-so-kralskiot-filharmoniski-orkestar-od-london/ Sun, 09 Oct 2022 07:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=558950

Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со пијанистот Симон Трпчески и диригентот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко вечерва продолжува во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија. Нашиот пијанист своите концертни настапи до крајот на месецов ги продолжува во Романија, Ирска и САД.

Трпчески, кого хрватскиот печат го нарекува еден од најбараните пијанисти на денешницата, деновиве е солист на турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, во чии рамки синоќа блесна и на големата сцена на „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Ова се деби концерти на Трпчески со овој реномиран светски оркестар што минатата година одбележа 75 години постоење. Од „… Лисински“ настанот го најавија како „концерт на годината“. Одушевената загрепска публика и Трпчески и оркестарот ја наградија со по две изведби на бис.

На турнејата што почна на 2 октомври во „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон, а продолжи во петокот во Братислава, Словачка, Трпчески учествува во изведбата на концертот за пијано и оркестар во а-мол, опус 16 од Едвард Григ. Со Петренко нашиот пијанист има долгогодишна соработка, додека британскиот печат ги нарекува „тим од соништата“.

The post Трпчески одушеви во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон appeared first on Република.

]]>

Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со пијанистот Симон Трпчески и диригентот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко вечерва продолжува во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија. Нашиот пијанист своите концертни настапи до крајот на месецов ги продолжува во Романија, Ирска и САД. Трпчески, кого хрватскиот печат го нарекува еден од најбараните пијанисти на денешницата, деновиве е солист на турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, во чии рамки синоќа блесна и на големата сцена на „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Ова се деби концерти на Трпчески со овој реномиран светски оркестар што минатата година одбележа 75 години постоење. Од „… Лисински“ настанот го најавија како „концерт на годината“. Одушевената загрепска публика и Трпчески и оркестарот ја наградија со по две изведби на бис. На турнејата што почна на 2 октомври во „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон, а продолжи во петокот во Братислава, Словачка, Трпчески учествува во изведбата на концертот за пијано и оркестар во а-мол, опус 16 од Едвард Григ. Со Петренко нашиот пијанист има долгогодишна соработка, додека британскиот печат ги нарекува „тим од соништата“.

The post Трпчески одушеви во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон appeared first on Република.

]]>
Златна Бубамара на популарноста за музичкиот амбасадор Симон Трпчески https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zlatna-bubamara-na-popularnosta-za-muzichkiot-ambasador-simon-trpcheski/ Sun, 08 May 2022 16:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=499554

Златна Бубамара на популарноста во категоријата „музички амбасадор“ годинава добива пијанистот со светска репутација Симон Трпчески.

Со својата фасцинантна концертна активност ширум светот, Симон Трпчески веќе одамна дејствува како своевиден музички амбасадор и како амбасадор на севкупната култура на Македонија.

Неговиот проект „Македонисимо“, премиерно изведен пред пет години на фестивал во Лудвигсбург, Германија, е своевидна музичка посвета на Македонија, на македонската народна музика и на луѓето од Македонија. Овие сплетови од традиционални ора и народни песни во специјална пијанистичка обработка и во нов музички аранжман на сите светски концертни сцени, каде Трпчески редовно ги изведува, се примени со овации и долготрајни аплаузи.

Впрочем, на ваков врел прием од публиката Трпчески наидува во сиот период на неговите меѓународни настапи во светот, каде од првиот момент е пропознаена неговата посебна техника и врвната изведба. Ѕвездените мигови на Трпчески започнуваат по освојувањето на Светскиот милениумски натпревар по пијано во Лондон (,,Millenium World Piano Competition London"), во април 2000 година, додека се уште беше студент на ФМУ. Оттогаш наградите постојано се нижат.

Во неговата дводецениска фасцинантна кариера настапувал на најпрестижните концертни сцени во светот и со највлијателните оркестри – од Лондон до Сингапур, од Торонто до Хонг Конг. Снимил 13 албуми за престижни светски музички издавачи, а во неговото портфолио можат да се најдат исклучителни коментари од некои од највлијателните светски музички критичари.

The post Златна Бубамара на популарноста за музичкиот амбасадор Симон Трпчески appeared first on Република.

]]>

Златна Бубамара на популарноста во категоријата „музички амбасадор“ годинава добива пијанистот со светска репутација Симон Трпчески.

Со својата фасцинантна концертна активност ширум светот, Симон Трпчески веќе одамна дејствува како своевиден музички амбасадор и како амбасадор на севкупната култура на Македонија. Неговиот проект „Македонисимо“, премиерно изведен пред пет години на фестивал во Лудвигсбург, Германија, е своевидна музичка посвета на Македонија, на македонската народна музика и на луѓето од Македонија. Овие сплетови од традиционални ора и народни песни во специјална пијанистичка обработка и во нов музички аранжман на сите светски концертни сцени, каде Трпчески редовно ги изведува, се примени со овации и долготрајни аплаузи. Впрочем, на ваков врел прием од публиката Трпчески наидува во сиот период на неговите меѓународни настапи во светот, каде од првиот момент е пропознаена неговата посебна техника и врвната изведба. Ѕвездените мигови на Трпчески започнуваат по освојувањето на Светскиот милениумски натпревар по пијано во Лондон (,,Millenium World Piano Competition London"), во април 2000 година, додека се уште беше студент на ФМУ. Оттогаш наградите постојано се нижат. Во неговата дводецениска фасцинантна кариера настапувал на најпрестижните концертни сцени во светот и со највлијателните оркестри – од Лондон до Сингапур, од Торонто до Хонг Конг. Снимил 13 албуми за престижни светски музички издавачи, а во неговото портфолио можат да се најдат исклучителни коментари од некои од највлијателните светски музички критичари.

The post Златна Бубамара на популарноста за музичкиот амбасадор Симон Трпчески appeared first on Република.

]]>