Симон Тролчески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simon-trolcheski/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Oct 2023 13:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Симон Тролчески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simon-trolcheski/ 32 32 Балканската турнеја на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите почнува во Сомбор, а завршува во Темишвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/balkanskata-turneja-na-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-pochnuva-vo-sombor-a-zavrshuva-vo-temishvar/ Sat, 21 Oct 2023 13:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=693641

По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако (каде што со голем успех и блескави критики ја стартуваше резиденцијалната серија од 4 различни концертни возбудувања во текот на сезонава) и трите настапи со Симфонискиот оркестар на Детроит во овој американски град, нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, продолжува со балкански концерти на кои со своите пријатели ќе го изведе проектот „Македонисимо“.

Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев во овој концертен циклус ќе настапат на 23 октомври во Сомбор, Србија, следниот ден во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска, на 26 октомври се враќаат во Србија за гостувањето на Фестивалот НОМУС во Нови Сад, заокружувајќи ја серијата со концерт во Темишвар, Романија на 28-ми овој месец.

Нашиот пијанист веќе наредниот месец е на турнеја во Австралија, а исполнетиот распоред до крајот на годинава, како што информира „КултурОп“, го води и на концертите со Лондонскиот симфониски оркестар и повторната соработка со прославениот диригент Џанандреа Нозеда.

Во рамките на најавите за новиот албум на Трпчески чие излегување се очекува наредниот месец, нашиот пијанист гостуваше во популарната рубрика „Музика за моите уши“ на „Би-Би-Си музичкиот магазин“, на чии што страници одговори на прашањето што слуша во моментов. Така, освен „Пијано концертот број 5“ од Сен-Санс што наскоро треба да го сними и Симфонијата број 10 од Шостакович, Трпчески духовито се навраќа и на македонската хит песна „Мара“ на Нулта позитив и нејзините многубројни алузии.

The post Балканската турнеја на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите почнува во Сомбор, а завршува во Темишвар appeared first on Република.

]]>

По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако (каде што со голем успех и блескави критики ја стартуваше резиденцијалната серија од 4 различни концертни возбудувања во текот на сезонава) и трите настапи со Симфонискиот оркестар на Детроит во овој американски град, нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, продолжува со балкански концерти на кои со своите пријатели ќе го изведе проектот „Македонисимо“. Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев во овој концертен циклус ќе настапат на 23 октомври во Сомбор, Србија, следниот ден во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска, на 26 октомври се враќаат во Србија за гостувањето на Фестивалот НОМУС во Нови Сад, заокружувајќи ја серијата со концерт во Темишвар, Романија на 28-ми овој месец. Нашиот пијанист веќе наредниот месец е на турнеја во Австралија, а исполнетиот распоред до крајот на годинава, како што информира „КултурОп“, го води и на концертите со Лондонскиот симфониски оркестар и повторната соработка со прославениот диригент Џанандреа Нозеда. Во рамките на најавите за новиот албум на Трпчески чие излегување се очекува наредниот месец, нашиот пијанист гостуваше во популарната рубрика „Музика за моите уши“ на „Би-Би-Си музичкиот магазин“, на чии што страници одговори на прашањето што слуша во моментов. Така, освен „Пијано концертот број 5“ од Сен-Санс што наскоро треба да го сними и Симфонијата број 10 од Шостакович, Трпчески духовито се навраќа и на македонската хит песна „Мара“ на Нулта позитив и нејзините многубројни алузии.

The post Балканската турнеја на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите почнува во Сомбор, а завршува во Темишвар appeared first on Република.

]]>