Симеон Сакскобурготски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simeon-sakskoburgotski/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 18:15:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Симеон Сакскобурготски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simeon-sakskoburgotski/ 32 32 Боди билдерка: Ова е внуката на Цар Борис Втори https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/bodi-bilderka-ova-e-vnukata-na-tsar-boris-vtori/ Fri, 07 Jun 2024 20:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=785128

Принцезата Калина од Бугарија е родена на 19 јануари 1972 година во Мадрид, како петто дете и единствена ќерка на кралот Симеон II и неговата сопруга Маргарита.

Таа е внука на Цар Борис Втори кому му отвараа клуб во Македонија.

Иако Калина ретко се појавува во јавноста и малку се знае за нејзиниот живот,

Нејзиниот татко Симеон стана нов крал во 1943 година во екот на Втората светска војна. Но, тој тогаш бил малолетен, а кралските должности ги извршувал тричлено вицекралство, но веќе следната година се случил државен удар и комунистите го презеле.

На референдумот било изгласано дека народот сака да продолжи да живее во републиката, па семејството ја напушти Бугарија На почетокот на 1960-тите, кралот Симеон се оженил со Маргарита Гомез-Ацебо, со која ги добил синовите Кардам, Кирил, Кубрат и Константин и ќерката Калина. Судејќи по фотографиите на кои се гледа дека принцезата има мускулести раце, може да се заклучи дека вежба верно.

Посветена сум на тренирањето со тегови и здравјето на телото, спортист сум“, изјави принцезата за „Ел Мундо“.

The post Боди билдерка: Ова е внуката на Цар Борис Втори appeared first on Република.

]]>

Принцезата Калина од Бугарија е родена на 19 јануари 1972 година во Мадрид, како петто дете и единствена ќерка на кралот Симеон II и неговата сопруга Маргарита.
Таа е внука на Цар Борис Втори кому му отвараа клуб во Македонија. Иако Калина ретко се појавува во јавноста и малку се знае за нејзиниот живот, Нејзиниот татко Симеон стана нов крал во 1943 година во екот на Втората светска војна. Но, тој тогаш бил малолетен, а кралските должности ги извршувал тричлено вицекралство, но веќе следната година се случил државен удар и комунистите го презеле. На референдумот било изгласано дека народот сака да продолжи да живее во републиката, па семејството ја напушти Бугарија На почетокот на 1960-тите, кралот Симеон се оженил со Маргарита Гомез-Ацебо, со која ги добил синовите Кардам, Кирил, Кубрат и Константин и ќерката Калина. Судејќи по фотографиите на кои се гледа дека принцезата има мускулести раце, може да се заклучи дека вежба верно.
Посветена сум на тренирањето со тегови и здравјето на телото, спортист сум“, изјави принцезата за „Ел Мундо“.

The post Боди билдерка: Ова е внуката на Цар Борис Втори appeared first on Република.

]]>
Бугарите снимаат филм за другарот на Хитлер, а ние ќе треба да ги прашаме ако сакаме за Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarite-snimaat-film-za-drugarot-na-hitler-a-nie-ke-treba-da-gi-prashame-ako-sakame-za-gotse-delchev/ Thu, 10 Aug 2023 08:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=670640

Бугарските медиуми денеска објавија дека ќе снимаат филм за нивниот Цар Борис Трети и дека главната улога ќе ја има шпанската звезда Антонио Бандерас.

Навистина не може ништо да му се забележи на заводникот Бандерас што ќе игра лик што кај Македонците буди лоши спомени од минатото.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-ke-snimaat-film-za-tsar-boris-treti-ke-go-igra-antonio-banderas/

Тој си работи за пари и тоа е сосема легитимно, но овој филм отвора многу прашања што ги засегаат македонско-бугарските односи.

Бугарите со ништо не се условени да снимаат филм за нивни историски личности, за разлика од нас. „Благодарение“ на Договорот за добрососедство на Заев и Борисов, Македонија ќе треба да бара дозвола и да ја праша Бугарија ако сака да сними филм за личности од македонската историја.

Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамернапропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти,насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетилена нивните односи-се наведува во договорот.

Цар Борис Третиво бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, во чие владение Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија.

Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија.Цар Борис Трети и Владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијатана повеќе од 11.300 Евреи од о Македонија, Грција и Србија.

Цар Борис Трети на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија.Почина ненадејно на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на АдолфХитлер во Берлин.

На престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарскатадржава до септември 1946 година, а од јули 2001 до август 2005 година беше премиер наБугарија, под името Симеон Сакскобурготски.Името на Цар Борис Трети го носеше името на затворениот клуб во Охрид.

The post Бугарите снимаат филм за другарот на Хитлер, а ние ќе треба да ги прашаме ако сакаме за Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Бугарските медиуми денеска објавија дека ќе снимаат филм за нивниот Цар Борис Трети и дека главната улога ќе ја има шпанската звезда Антонио Бандерас. Навистина не може ништо да му се забележи на заводникот Бандерас што ќе игра лик што кај Македонците буди лоши спомени од минатото. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-ke-snimaat-film-za-tsar-boris-treti-ke-go-igra-antonio-banderas/ Тој си работи за пари и тоа е сосема легитимно, но овој филм отвора многу прашања што ги засегаат македонско-бугарските односи. Бугарите со ништо не се условени да снимаат филм за нивни историски личности, за разлика од нас. „Благодарение“ на Договорот за добрососедство на Заев и Борисов, Македонија ќе треба да бара дозвола и да ја праша Бугарија ако сака да сними филм за личности од македонската историја.
Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамернапропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти,насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетилена нивните односи-се наведува во договорот.
Цар Борис Третиво бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, во чие владение Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија.Цар Борис Трети и Владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијатана повеќе од 11.300 Евреи од о Македонија, Грција и Србија. Цар Борис Трети на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија.Почина ненадејно на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на АдолфХитлер во Берлин. На престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарскатадржава до септември 1946 година, а од јули 2001 до август 2005 година беше премиер наБугарија, под името Симеон Сакскобурготски.Името на Цар Борис Трети го носеше името на затворениот клуб во Охрид.

The post Бугарите снимаат филм за другарот на Хитлер, а ние ќе треба да ги прашаме ако сакаме за Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Нашите власти поим немаат: Лично синот на царот Борис Трети дал дозвола во Охрид да се отвори здружение на неговиот татко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nashite-vlasti-poim-nemaat-lichno-sinot-na-carot-boris-treti-dal-dozvola-vo-ohrid-da-se-otvori-zdruzenie-na-negoviot-tatko/ Fri, 12 Aug 2022 10:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=539526

Лично Симеон Сакскобурготски, син на Цар Борис Трети и поранешен премиер на Бугарија, познат во тамошната јавност како Царот, ја дал согласноста за здружението во Охрид да го носи името на неговиот татко. Писмената согласност од Симеон Сакскобурготски е дел од документите со кои Централниот регистар го впишал Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид,објави „360 степени“.

Со интерес дознав дека вие и вашите истомисленици сакате да основате културно-просветно друштво во Охрид. Ви благодариме за иницијативата ова друштво да го носи името на мојот татко цар Борис III. Вашиот предлог ме трогна и секако дека ја имате мојата согласност и мојата поддршка.Мило ми е што знам дека младите како вас имаат време и желба да се зафатат и со оваа задача, така што ќе се зачува во историската меморија.Ви посакувам успех во вашиот напор и се надевам цека ќе се видиме еден ден“ пишува во преводот на изјавата од Симеон Сакскобурготски.

Основачите на ваквите здруженија ја користат дупката во законот и ги регистирираат и без дозвола од Министерството за правда бидејќи не постои регистар на недозволени историски личности чии имиња не смеат да носат клубови, здруженија и фондации. Па така Централниот регистар си ги регистрира без никаков проблем.

Кој е царот Борис Трети

Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобурготски, станува „Цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна.

По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија. Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Хитлер. Него на престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарската држава до септември 1946 година, а од јули 2001 до август 2005 година беше премиер на Бугарија, под името Симеон Сакскобурготски.

The post Нашите власти поим немаат: Лично синот на царот Борис Трети дал дозвола во Охрид да се отвори здружение на неговиот татко appeared first on Република.

]]>

Лично Симеон Сакскобурготски, син на Цар Борис Трети и поранешен премиер на Бугарија, познат во тамошната јавност како Царот, ја дал согласноста за здружението во Охрид да го носи името на неговиот татко. Писмената согласност од Симеон Сакскобурготски е дел од документите со кои Централниот регистар го впишал Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид,објави „360 степени“.
Со интерес дознав дека вие и вашите истомисленици сакате да основате културно-просветно друштво во Охрид. Ви благодариме за иницијативата ова друштво да го носи името на мојот татко цар Борис III. Вашиот предлог ме трогна и секако дека ја имате мојата согласност и мојата поддршка.Мило ми е што знам дека младите како вас имаат време и желба да се зафатат и со оваа задача, така што ќе се зачува во историската меморија.Ви посакувам успех во вашиот напор и се надевам цека ќе се видиме еден ден“ пишува во преводот на изјавата од Симеон Сакскобурготски.
Основачите на ваквите здруженија ја користат дупката во законот и ги регистирираат и без дозвола од Министерството за правда бидејќи не постои регистар на недозволени историски личности чии имиња не смеат да носат клубови, здруженија и фондации. Па така Централниот регистар си ги регистрира без никаков проблем.

Кој е царот Борис Трети

Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобурготски, станува „Цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна. По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија. Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Хитлер. Него на престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарската држава до септември 1946 година, а од јули 2001 до август 2005 година беше премиер на Бугарија, под името Симеон Сакскобурготски.

The post Нашите власти поим немаат: Лично синот на царот Борис Трети дал дозвола во Охрид да се отвори здружение на неговиот татко appeared first on Република.

]]>
Сакскобурготски: Улогата на Бугарија треба да биде таква да може да каже „браќа” и да помогне на секој кој сака влез во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sakskoburgotski-ulogata-na-bugarija-treba-da-bide-takva-da-moze-da-kaze-brakja-i-da-pomogne-na-sekoj-koj-saka-vlez-vo-eu/ Sat, 09 Jul 2022 15:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=526294

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој ја извршуваше оваа функција од 2001-2005 година, во интервју за „Нова” вели дека честопати се прашува каде би била Бугарија доколку не станела член на НАТО и Европската унија. Во тој контекст, нагласува дека поволностите што од членството ги има Бугарија, би требало да им се овозможат и на Албанија и Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Сакскобурготски нагласува дека многу е важна благосостојбата на народите во Албанија и Македонија, исто како и на Бугарија. Зошто, прашува тој, тие да бидат изземени од тие придобивки. Затоа, нагласува, не треба да ги гледаме само негативните работи и не треба да се зборува за предавници.

Поранешниот премиер на Бугарија бара да се најде формула за се овозможи членство на Македонија и Албанија во Европската унија. Тој нагласува дека не треба да се бараат негативни работи за да се поставуваат препреки, туку да се види како да се излезе од таа ситуација без притоа некој да биде предавник.

Според него, во некои држави имало тврдења кои сугерираат дека Бугарија се обидува да изнуди нешто, што, како што нагласува, е страшно и грозно. Улогата на Бугарија треба да биде таква да може да каже „браќа”, да помогне на секој пред да влезе бидејќи таа е веќе член на ЕУ и да помага. Тој не сака да го коментира внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.

Поранешниот бугарски премиер, коментирајќи го протерувањето на 70-те руски дипломати од Амбасадата на Русија во Софија вели дека тоа е нечуена работа, која според него е излишна и провокативна, и оти Бугарија за да го направи тоа била под некаков странски притисок. Во однос на политичката криза во Бугарија тој вели дека политичарите треба да го надминат сопственото его, бидејќи државата, како што нагласува, нема време да губи за спроведување нови избори.

The post Сакскобурготски: Улогата на Бугарија треба да биде таква да може да каже „браќа” и да помогне на секој кој сака влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој ја извршуваше оваа функција од 2001-2005 година, во интервју за „Нова” вели дека честопати се прашува каде би била Бугарија доколку не станела член на НАТО и Европската унија. Во тој контекст, нагласува дека поволностите што од членството ги има Бугарија, би требало да им се овозможат и на Албанија и Македонија. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Сакскобурготски нагласува дека многу е важна благосостојбата на народите во Албанија и Македонија, исто како и на Бугарија. Зошто, прашува тој, тие да бидат изземени од тие придобивки. Затоа, нагласува, не треба да ги гледаме само негативните работи и не треба да се зборува за предавници. Поранешниот премиер на Бугарија бара да се најде формула за се овозможи членство на Македонија и Албанија во Европската унија. Тој нагласува дека не треба да се бараат негативни работи за да се поставуваат препреки, туку да се види како да се излезе од таа ситуација без притоа некој да биде предавник. Според него, во некои држави имало тврдења кои сугерираат дека Бугарија се обидува да изнуди нешто, што, како што нагласува, е страшно и грозно. Улогата на Бугарија треба да биде таква да може да каже „браќа”, да помогне на секој пред да влезе бидејќи таа е веќе член на ЕУ и да помага. Тој не сака да го коментира внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. Поранешниот бугарски премиер, коментирајќи го протерувањето на 70-те руски дипломати од Амбасадата на Русија во Софија вели дека тоа е нечуена работа, која според него е излишна и провокативна, и оти Бугарија за да го направи тоа била под некаков странски притисок. Во однос на политичката криза во Бугарија тој вели дека политичарите треба да го надминат сопственото его, бидејќи државата, како што нагласува, нема време да губи за спроведување нови избори.

The post Сакскобурготски: Улогата на Бугарија треба да биде таква да може да каже „браќа” и да помогне на секој кој сака влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>